Одржан состанок на тема „Фармакогенетика во секојдневна клиничка пракса“

На 20 декември 2018 година во Zan Mitrev Clinic се одржа стручен состанок на Здружението за кардиоваскуларна хирургија на Р. Македонија и Македонското здружение по кардиологија. Главната тема на која што се говореше е „Фармакогенетика во секојдневна клиничка пракса “ по што следуваше општа дискусија, прашања и одговори, генерално на сите теми од областа  на кардиоваскуларната хирургија и кардиологија.

Состанокот со свој поздравен говор го отвори првиот човек на клиниката, доктор Жан Митрев, кој ги поздрави присутните и се осврна на важноста на генетиката во третманот на пациентите, пред и постоперативно, со цел успешно заздравување.

– Мене ми е многу драго да ве видам во вака голем број, колеги, професионалци, коишто во главно се бавите со интерна кардиологија и слични гранки. Јас како хирург имав поодамнешна желба да се запознаам со генетиката пред се чисто од љубопиност и желба да се следи она до каде стигнала науката на ова поле. Така поодамна ми се всади таа идеа да се има една генетска лабораторија во нашата клиника за која сфатив дека е многу важна работа и не само важна туку и животно важна за пациентите, а и за нас како доктори коишто ги даваме тие услуги. Со оформувањето на новата болница една од желбите ми беше да формирам ваква лабораторија, идеа на која што веднаш почнав да работам. Во тоа време се запознавме со двајца млади генетичати со кои направивме една симбиоза од која се изроди нашата Генетска лабораторија која успешно работи веќе втора година. Јас искрено сум многу среќен од таа наша соработка. Ова произлезе од потребата на пациентот да можеме да му овозможиме адекватна терапија од една страна, а од друга страна докторот да биде заштитен од она што значи неуспешна терапија.  Исто така сакам да напоменам дека ова е несомнено многу важна гранка, новите трендови во медицината ќе одат се` повеќе во оваа насока, се` повеќе се заговара генетска хирургија. Па можеби нашите деца или некои други генерации ќе работат на таков начин каде што претходно ќе ги оперираат гените за да не дојде до болести коишто ние сега ги лекуваме на еден или друг начин. Значи тој дел многу ќе се развива во иднина и јас сум среќен што ние сме една од ретките институции во Европа каде што нудиме генетски испитувања поврзани со клиничката пракса – изјави доктор Митрев.

Во наредните два часа свои излагања имаа д-р. сци. Славица Јосифовска и проф. д-р Сашо Панов на тематиката „Молекуларна генетика и геномика на кардиоваскуларните заболувања “

Проф. д-р Марјан Бошевски зборуваше за белодробна тромбоемболија – генетски основи и клинички аспекти , додека Д-р Милка Клинчева имаше излагање за „Рутинска примена на фармакогенетски тестови во секојдневна клиничка пракса кај кардиоваскуларни пациенти“.

„Фармако(генетика) во Zan Mitrev Clinic , првите чекори кон персонализирана генетика“ беше областа на која говореа нашите колеги д-р сци. Горан Кунгуловски и м-р Сања Механџиска.

 

Улогата на психологот во здравствен сетинг

Во рамки на меморандумот за соработка помеѓу Zan Mitrev Clinic и International Balkan University на 21.12.2018 година студентите од Факултетот за психологија и Факултетот за советување имаа можност да ја посетат нашата клиника и да учествуваат на предавање насловено Улогата на психологот во здравствен сетинг кое го одржа нашиот психолог и психотерапевт Фросина Ристовска. Тие имаа можност и да дознаат нешто повеќе за начинот на уредување и услугите кои ги нудиме преку презентацијата на Славица Пециоска Докузовска. Како болница нашиот тим секогаш се стреми кон промоција на вредностите кон кои ние се стремиме и кон работа со млади кои понатаму ќе можат овие вреднсти да ги пренесат на нивните работни места. Споделувањето на знаењето е една од основните вредности на нашиот тим.

 

Одржан меѓународен семинар за „КЛИНИЧКА ФИЗИОТЕРАПИЈА“

На 15 и 16 декември 2018 во Zan Mitrev Clinic, Македонското Физиотерапевтско Здружение одржа семинар на тема „КЛИНИЧКА ФИЗИОТЕРАПИЈА“.

– Настанот којшто започна во сабота во нашата клиника ќе се одвива два дена, денеска и утре. Денеска се одвива семинарот со предавања од искуствата, а утре, недела, ќе организираме две работилници за сите присутни. Имаме гости од цела држава како и гости од Бугарија кои претежно се физиотерапевти. Акцентот на денешните предавања е клиничката физиотерапија односно на споделување на искуствата коишто ги имаме како физиотерапевти. Утре пак имаме акцент на работилница за респираторна физиотерапија и манипулативни техники кај пациенти после мозочен удар – непосредно пред отворањето на настанот изјави Никодин Велјаноски Спец. Физиотерапевт, за рех. во хирургија, ортопедија и травматологија и Сертифициран Кинезиотејпинг практичар, дел од тимот на Zan Mitrev Clinic.

Семинарот е поддржан од нашата клиника и на него освен тимот физиотерапевти кои работат во клиниката го следат и претставници од други здравствени организации од државава како и од странство.

 

Саботната сесија ја отвори Доц. Д-р Константин Митев, од Z.M.C. со темата „Минимално инвазивна остеосинтеза“. Во текот на првиот ден Дипл. ФТ. Лепосава Јовановска, од Z.M.C. имаше излагање на тема: „Физиотерапевтски пристап кај пациент со ревизиска ендопротеза на колк – приказ на случај“ по што следеа и останатите колеги од клиниката.

„Терапевтски пристап кај пациенти со мозочен удар базиран на PNF и Bobath концептите“ е тематиката на која говореше гостинот од Бугарија – Стојан Стоев, IPNF Certified Therapist, IBITA Certified Therapist.

Со свои излагања се обрати и дипл. ФТ. Рита Синани – Халими како и спец. ФТ Аријан Селмани.

Zan Mitrev Clinic вработува психолог

My alt text

Zan Mitrev Clinic вработува психолог

Потребни квалификации:

Минимум Високо образование – Дипломиран психолог

– Претходно работно искуство од минимум две (2) години во здравствена установа како психолог ќе се смета за предност.

– Лиценца за работа од Комората на психолози

– Одлично познавање на Македонски, Албански и Англиски јазик

– Одлично познавање на MS Office програмот

Искуство во истражување и познавање на SPSS програмот ќе се смета за предност

– Акредитираност од Европските здруженија за психотерапија ќе се смета за предност

 

Одговорности и работни задачи:

– Идентификување на однесувања кои може да го нарушат здравјето на индивидуата

– Поттикнување на позитивни однесувања и здрави животни навики

– Соодветно планирање на психолошки интервенции наменети за поддршка на пациентите кои се спремаат или поминале низ оперативен третман на сите оддели низ болницата, вклучувајќи:

* Психоедукација на пациенти и семејства

* Активно учество во тековната работа на одделот

* Учество во научно-истражувачката работа на одделот

 

Вештини и способности:

-Висок степен на лична организираност

-Способност за менаџирање со време и одредување на приоритети

-Способност за тимска работа

-Развиени интерперсонални вештини

-Способност за работа во динамична средина

-Висока флексибилност и адаптибилност

 

Вашето CV испратете го на е-маил: vrabotuvanje@zmc.mk .

Истиот ќе трае до 25.12.2018 година.

Со новите процедури и материјали можност да се интервенира и кај новороденчиња со срцеви маани

Во Zan Mitrev Clinic направен е нов чекор во лекување на деца и возрасни со срцеви маани. Од денеска за пациентите достапни се нови напредни интервенции со нови пофлексибилни материјали, кои може да се применуваат дури и кај новороденчиња.

Конкретно станува збор за затворање на вентрикуларен септален дефект што спаѓа во доста напредните процедури на интервентната кардиологија, на структурните дефекти на срцето.

Доктор Иван Милев, со останатиот дел од тимот, имаше реализација на неколку вакви случаи во текот на денот заедно со доктор од Турција, земја која има напредната медицина во делот на детската кардиохирургија и интервенции на вродени срцеви маани

Сепак, доктор Милев појаснува дека ова се напреднати интервенции коишто во Zan Mitrev Clinic се работат повеќе од 10 години, но сега со нови пософистицирани материјали погодни за повеќе групи на пациенти.

– Ова е затворање на вентрикуларен септален дефект што спаѓа во доста напредните процедури на интервентната кардиологија на структурните дефекти на срцето. Специфичноста е во тоа што за прв пат се користи нов материјал, нови протези, коишто се погодни за затворање на вакви дефекти и кај помала возраст, така да се надеваме дека во догледно време ќе можеме оваа програма да ја спуштиме на возраст, на ниво, на мали деца, па дури и на доенчиња бидејќи материјалите со коишто се направени се пофлексибилни, системите за имплантација помалку оштетуваат ткива, како вените, артериите на нозете… Ова на некој начин е нов чекор на лекување на деца и возрасни со срцеви мани, така да задоволни сме од тоа како трендовите во светот и новините се имплементираат тука во Zan Mitrev Clinic.

Докторот кој е дојден денеска кај нас е од Турција. Турција има напредната медицина во делот на детската кардиохирургија и интервенции на вродени срцеви мани. Јас бев таму поканет пред неколку месеци како гостин и таму ги видов сите овие процедури што се прават и учествував во дел од нив така да нашата цел беше првите имплантации да бидат покриени со луѓе коишто имаа поголемо искуство за да ни биде успешен почетокот, но, техниката на имплантација е иста како кај претходните затворања – појаснува доктор Иван Милев.