Во клиничката болница „Жан Митрев“ беше поставена првата „Heart Mate“ пумпа

Со вградување на Срцева пумпа наречена левовентрикуларен дивајс за поддршка (ЛВАД) може да се помогне на срцето да пумпа крв богата со кислород низ целото тело и да ги намали тегобите на тешкото срцево попуштање.Токму ваква пумпа беше вградена кај пациент во нашата болница од тим предводен од доктор Жан Митрев.

Heart Mate 3 – ЛВАД е опција за пациентите со напредната срцева слабост и неговата функција е да го подобри крвотокот, да го зголеми преживувањето и да им обезбеди подобар квалитет на живот на пациентите. Heart Mate 3 дивајсот е мала вградувачка направа што е дизајнирана да ја поддржи пумпната функција на срцето и помага крвта да циркулира низ телото на пациентот, чие срце е многу слабо за да ја испумпува крвта. Се постава во градниот кош и се вградува во левата комора на срцето од страна на искусен кардиохирург.

Heart Mate 3 – ЛВАД овозможува значително подобрување на квалитетот на живот и подолго преживување, со помалку несакани ефекти за разлика од другите дивајси, затоа што користи специјално направена електромагнетна центрифугална пумпа Full MagLev проточна технологија, која ја заштитува крвта и протокот низ пумпата

Треба да се знае дека овој дивајс се постава во операциона сала на отворен граден кош и секогаш од страна на искусен кардиохирург.

Послеоперативно пациентот останува обично до 21 ден на одделот за интензивно лекување. Во овој период самиот пациент и неговата фамилија добиваат специјална едукација и практичен тренинг како да живеат со дивајсот, како да ракуваат како да си ги прават преврските, како да одржуваат лична хигиена со тоа пациентот се осамостојува и се враќа во нормален живот, што всушност и се случуваше во нашата клиника.

Во моментов во светот има повеќе студии кои го следат квалитетот на живот на овие пациенти и сите покажуваат дека пациентите се враќаат во нормален квалитет на живот после првиот месец од вградувањето на овој дивајс.

Оваа терапија може да се користи како привремена кога кај пациентот после одреден временски период контролите покажуваат дека има подобрување на срцевата пумпна снага и дека може да се извади дивајсот и пациентот да има нормален живот живот. Втора група пациенти се оние кои имаат подобрување на квалитетот на живот, но левата комора не е во состојба да закрепне комплетно, да работи самостојно и кај овие пациенти се планира трансплантација и тогаш се вели дека

Heart Mate 3 ЛВАД е премостување до трансплантација.

Третата категорија пациенти се оние каде се користи како дестинацијска – трајна терапија каде се планира траен живот на пациентот со овој дивајс. Тоа се обично пациенти во напредната возраст.

Во клиничката болница „Жан Митрев“ воведен е специјален програм за третман и следење на оваа најтешка категорија на пациенти, со што им се обезбедува максимална сигурност и безбедност во нивното лекување.

Во продолжение погледнете го видеото кое беше направено во нашата клиника а е поврзано со овој случај.

Презентација на Arthrex Angel системот

Во понеделник, на 21.01.2019, во аудиториумот на нашата клиника се одржа презентација на Arthrex Angel системот за добивање на PRP (platelet reach plasma), која покрај ортопедија може да има примена во третман на рани, декубитуси, дерматологија, гинекологија, абдомен и др.

Интересот кај медицинскиот кадар беше голем по што следуваа многу прашања до претставникот на компанијата.

Состанокот завши со пригоден коктел во Ресторан Пулс кој е во склоп на клиниката.

Специјалисти од сите области

ПЗУ Клиничка Болница ЖАН МИТЕВ Скопје

19 ГОДИНИ ВРВНА МЕДИЦИНСКА НЕГА

Ориентирана кон суштински вредности, Клиничка Болница „Жан Митрев“ – Скопје, ги поставува принципите и практиките на одговорност, транспарентност, етичко однесување, а пред сè почитување на интересите на своите вработени. Задоволна и здрава работна сила води до зголемена продуктивност, а процесите на работење кои ги задоволуваат и највисоките светски стандарди, ни даваат за право со гордост да зборуваме за нашата општествена одговорност. Ние нудиме пакет со кој придонесуваме нашите стручњаци, докажани секој во својата област, да останат дома и да бидат дел од нашата клиника, а при тоа работејќи во средина во која има врвна дијагностичка опрема и воспоставени светски квалитети. Ние го донесовме „странство”, дома, а Ваше е правото на избор.

Нашата клиника е круната на нашето здравство, а задоволните вработени го чинат нашиот имиџ.

СПЕЦИЈАЛИСТИ ОД СИТЕ ОБЛАСТИ

Одговорности и работни задачи:

Специјалистот треба да има добро разбирање не само за негата на пациентите, туку и за  уникатните аспекти на болницата, културата на лекарите и клиничкиот персонал, и за тоа како овие делови функционираат заеднички за спроведување на квалитет во нега на пациентите и комплетните услуги. Да помагаат во процесот на развој на план за постигнување на организациските цели и редовно да го следат процесот за да се осигурат дека постои напредок кој води до успех Тој/таа покажува висок степен на критичко размислување, техничка вештина, иницијатива, интегритет, точност и внимателна медицинска нега.

За остварување на оваа цел неопходно е специјалистите да претстават свој личен план/ програма за реализација за 2019 година, во која детално ќе бидат објаснети процесите на развој /подобрување во специјалноста, новитетите во технологијата и услугите, како и начинот на придобивање/зголемување на пациенти.

Вештини и способности:

  • Проценува, оценува, дијагностицира и обезбедува иницијален третман на пациенти од сите возрасти;
  • Ги извршува сите должности и одговорности во согласност со воспоставените политики, процедури и упатства на ПЗУ Клиничка болница „ЖАН МИТРЕВ“;
  • Внимателно ги користи ресурсите на болницата; ги почитува времето и ресурсите на пациентите и семејството;
  • Презема одговорност за сопствените постапки и дејства; има храброст да преземе вистински чекори; искрен e и постигнува висока професионалност во сите активности преку етичко и правно однесување;
  • Демонстрира храброст да преземе иницијатива за изнаоѓање на егзактни решенија;
  • Демонстрира посветеност за подобрување на индивидуалните перформанси и придонесува кон постигнувањата на тимот и иницијативите за подобрување на квалитетот;
  • Ги препознава и ги предвидува потребите на пациентите и се стреми да ги надмине очекувањата на пациентите;
  • Демонстрира навремени и точни работни процеси и економично користење на ресурсите во секојдневната работа.

Потребни квалификации:

  • Специјалистистичко медицинско образование во дејноста
  • Лиценца за работа во дејноста
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Office програмот

Клиничка болница „ЖАН МИТРЕВ“ нуди одлични услови за работа и високо професионална работна атмосфера. Можност за личен развој, едукација и доусовршување, како и имплементирање на нови технологии и третмани.

Основната бруто месечна почетна плата за горенаведената работна позиција, по поднесенa и прифатена програма за реализација изнесува 390.000 илјади денари (нето почетна плата 240.000).

Испратете мотивационо писмо и CV на vrabotuvanje@zmc.mk

МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ СО НАД 5 ГОДИНИ ИСКУСТВО

Ориентирана кон суштински вредности, Клиничка Болница „Жан Митрев“ – Скопје, ги поставува принципите и практиките на одговорност, транспарентност, етичко однесување, а пред сè почитување на интересите на своите вработени. Задоволна и здрава работна сила води до зголемена продуктивност, а процесите на работење кои ги задоволуваат и највисоките светски стандарди, ни даваат за право со гордост да зборуваме за нашата општествена одговорност. Ние нудиме пакет со кој придонесуваме нашите стручњаци, докажани секој во својата област, да останат дома и да бидат дел од нашата клиника, а при тоа работејќи во средина во која има врвна дијагностичка опрема и воспоставени светски квалитети. Ние го донесовме „странство”, дома, а Ваше е правото на избор.

Нашата клиника е круната на нашето здравство, а задоволните вработени го чинат нашиот имиџ.

Одговорности и работни задачи:

  • Професионалната медицинска сестра е одговорна за испораката на квалификувана, висококвалитетна нега на пациентот; за помагање во планирањето, организирањето, спроведувањето и оценувањето на сестринската пракса во согласност со Мисијата на клиниката и за услугите за професионална сестринска нега.
  • Тој/таа покажува висок степен на критичко размислување, техничка вештина, иницијатива, интегритет, точност и внимателна медицинска нега. Извршување на сите должности и одговорности во согласност со воспоставените политики, процедури и упатства на ПЗУ Клиничка болница ЖАН МИТРЕВ. Извршување на други должности како што се бара.

Вештини и способности:

  • Висок степен на лична организираност
  • Способност за менаџирање со време и одредување на приоритети
  • Способност за тимска работа
  • Развиени интерперсонални вештини
  • Способност за работа во динамична средина
  • Висока флексибилност и адаптибилност

Потребни квалификации:

  • Медицинско образование
  • Лиценца за работа во дејноста
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Office програмот

Клиничка болница ЖАН МИТРЕВ нуди одлични услови за работа и високо професиoнална работна атмосфера. Основната почетна бруто месечна плата за горенаведеното рботно место изнесува 60.000 илјади денари (нето почетна плата 40.000).

Испратете мотивационо писмо и CV на vrabotuvanje@zmc.mk

Промовирана книгата „ЖАН МИТРЕВ – ОД СОН ДО РЕАЛНОСТ, ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА МОДЕРНА МЕДИЦИНА НА БАЛКАНОТ“

Втората годишна конференција „Медицината и трансформацијата на општеството во Европа и светот“, со екслузивно присуство на Н.Е. Романо Проди, добитник на Светската награда за хуманизам за 2019 година, поранешен премиер на Италија, Претседател на Европската комисија и еден од водечките мислители на Европа, се одржa во четврток, 17 јануари, во Кинотеката на Македонија. Оваа конференција се одржа во организација на:

• Европската академија на науките, уметностите и книжевностите и нејзиниот претседател Жан-Патрик Конрад, од Империал Колеџ од Лондон

• Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска, театарска и танцова академија, ЕФТА – Скопје

• Асоцијацијата на фестивалите на Југоисточна Европа, SEE a Paris – Париз, Берлин

• Охридската академија на хуманизмот – Охрид

• Zan Mitrev Clinic – Скопје

На конференцијата свечено беше промовирана книгата „ЖАН МИТРЕВ – ОД СОН ДО РЕАЛНОСТ, ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА МОДЕРНА МЕДИЦИНА НА БАЛКАНОТ“ од професорот Жан-Патрик Конрад.
Воедно, од страна на Н.Е. Романо Проди, за прв пат ќе биде врачена наградата „Млад Хуманист 2019“ на Д-р Седрик Оуанекпоне од Централоафриканската република, за неговата пожртвувана борба против најтешките болести во земјите од африканскиот континент. Оваа награда ја доделува Универзитетот за аудиовизуелни уметности, во соработка со Охридската академија на хуманизмот.

 

 

Лигаментите, зглобовите и коските најчесто страдаат при зимски повреди

Снегот е радост за сите генерации и причина плус за да ги напуштиме топлите домови и да излеземе на прошетка, но пред да се препуштиме на зимската идила треба прво да знаеме како да се заштитиме од евентуални повреди. Зимските повреди т.е повредите настанати при користење на снегот за рекреативни или спортски активности можат да бидат доста опасни и болни, и истите можат да ве оддалечат од секојдневните работни активности со месеци. Во зимскиот период најчести се повредите на скочниот зглоб при одење или скијање на снег но доколку паднете може да настанат и многу тешки повреди на главата или скршеници на екстремитетите или ’рбетниот столб.

Најчести зимски повреди:

Превиткување (dystorsio) е повреда на лигаментите, меките ткива, крвни садови или нерви и кое е резултат на нагло, прејако движење на зглобот. Се јавува остра болка, проследена со оток на болното место.

Исчашување (luxatio) е повреда при којашто зглобната глава излегува од зглобната чашка, заради прекин на лигаментите или расцеп на зглобната чашка. Како последица на тоа, зглобот е деформиран и се чувствува силна болка, а екстремитетот е во неприродна (невообичаена) положба, а при движењето на зглобот, се чувствува мал отпор поради контракциите на мускулите.

Скршеница (fractura), претставува оштетување на меките ткива и прекин на континуитетот на коските или ’рскавиците. Големината на оваа повреда зависи од обемот на оштетената коска, крвните садови, губење на крв или трауматски шок.

За сите овие повреди потребно е консултација со медицинско лице т.е посета во болница за соодветно санирање на повредите, навременото санирање на повредите го забрзуваат и процесот на рехабилитација во кој задолжително треба да биде вклучен физиотерапевт.

Превенција од зимски повреди:

Елеонора и Теодора до полнолетството штитенички на нашата клиника

Zan Mitrev Clinic донесе одлука, на девојчињата Елеонора и Теодора Стојановски од Штип да им обезбеди бесплатна медициска помош и лекување до наполнување на полнолетство.
– Тоа значи, дека во нашата клиника малите две сестрички ќе можат да бидат бесплатно прегледувани, медициски згрижени од педијатрискиот тим секогаш кога за тоа ќе се укаже потреба, изјави д-р Наташа Чучкова Нокчевска, педијатар во нашата клиника.
Бројни пакети со храна, облека и новогодишни пакетчиња пристигнуваа буквално од сите страни на земјата. Објавениот прилог на социјалните мрежи и Тв Стар иницира решавање на дел од проблемите со кои се соочува семејството Стојановски, меѓу кои и здравствените со кој се соочуваат девојчињата.

– Што и да посакаат или јас посакам да им купам, немам можност да им овозможам, бидејќи пари немам. Еве за Нова Година, моите мали ќерки сакаат елка, пакетчиња, да се сликаат со Дедо Мраз, но нема. Немам пари да им ги исполнам желбите и тоа многу ме боли, претходно изјави Влатко Стојановски, кој е самохран родител.
Со социјална помош од 5.000 денари, тешко се поминува месецот, вели Влатко. Голем проблем е редовната набавка на лекови за помалата Теодора. На нејзе како бебе, веднаш по раѓањето извршен и е оперативен зафат на срцето.

– Неполни четири години, откако е родена помалата ќерка Теодора, само по болници трчаме. Сега е малку подобра. Ќерките не ми ги примаат во градинка, бидејќи немам пари да ја платам градинката. Со социјална помош од 5.000 денари што попрво да скрпам во месецот. Да ги платам сметките за вода, струја, најважното лекови за малата, за храна. Не стигаат пари, објасни Стојановски.
Елеонора и Тодора се израдуваа и на дедо Мраз. Тој пристигна во нивниот дом со преставниците на штипскиот Црвен Крст носејќи им грст новогодишни подароци, храна, играчки и неодминливите новогодишни пакетчиња…
Јавувањата за понуда на своја помош од страна на хуманите луѓе не стивнуваа со денови. Сите се со заедничка мисла. Елеонора и Теодора имаат право да ја почувствуваат магијата што ја носи новогодишната атмосфера…
Тука сме и ние секогаш да помогнеме на оние на кои неопходна им е итна помош …