Како да се храните здраво за време на празниците

Новогодишните празници се исполнети со многу храна, пијалок и весела атмосфера која ги поместува границите за здрав и балансиран животен стил.

Се разбира дека сите ги обожаваме овие денови, па затоа предлагаме неколку здрави совети во комбинација со многу забава и добри семејни моменти.

  1. Комбинациите со храна се најважни

Многу често храната за новогодишните празници е направена со повеќе сол, зачини и маснотии кои ја отежнуваат работата на нашиот организам и лесно доведуваат до надуеност, отоци и нелагодност. Ограничете го внесот на храна, комбинирајте млечни производи со салата или месо со салата но одбегнете го лебот и пржените специјалитети кои ќе ја намалат вашата енергија во овие прекрасни денови.

  1. Не – за прејадувањето

Да одбереме помали порции со лесна храна и повеќе зеленчук. При сервирање на храна не ги преполнувајте чиниите и јадете ја храната бавно, со цел желудникот да има време да даде сигнал до мозокот дека се чуствуваме сито и немаме потреба од повеќе храна.

Следното утро ќе се чуствувате лесно и подготвено за следните дружења.

  1. Контрола на напитоците

Здравиците за убави желби во следната година се нормални моменти од заедничките прослави кои некогаш може да завршат и со екстра празни калории од алкохолот.

Како би ги одбележале овие моменти внесете лесни напитоци, минерална вода, чаша вино но одбегнете ги мешавините кои само ќе ви дадат килограм повеќе после празниците.

  1. Здравата храна може да биде дел од сечија трпеза

Подгответе интересен и нов рецепт кој ќе биде со помалку шеќер или овој пат згответе го  омиленото месо со динстање. Направете повеќе салати, а како гарнир испечете зеленчук со малку сос од бадем. Малите промени во трпезата водат кон големи промени во новата година а со тоа го негуваме телото за да постигнеме добро здравје и баланс.

Клиничка болница „Жан Митрев“ со пониска смртност од американскиот benchmark и со нула проценти инфекции

Откако е отворена, во март 2016 година, во Zan Mitrev Clinic, направени се 230.000 прегледи и 10.500 операции, со што само во оваа 2019 година се  направени над 70.000 прегледи и 3.100 операции, што е најмногу досега во една година, информира академик доктор Жан Митрев, првиот човек на оваа клиничка болница која идната година одбележува две децении постоење.

 

  • Најнапред би сакал да им го честитам Божиќ на сите оние, кои го слават овој голем празник. Воедно, како што ја привршуваме годината, која беше исполнета со многу напори и посветена работа, би сакал да ги објавиме и нашите резултати. Тука би нагласил дека 100% од прегледите се приватни пациенти и 52% од операциите беа приватни пациенти од странство и од регионот, што е највисок процент до сега.  Воедно, оваа година зачекоривме со нова техника на оперирање, т.н. вештачки срца, од кои  6 LVAD ( left ventricular assist device ), 2 BVAD ( biventricular assist device ), 1 TAH ( total artificial heart ). Сите пациенти се со 100% преживување, без компликации или смртност – информира доктор Жан Митрев.

 

Тој појаснува дека во клиниката биле третирани најкомплексни аномалии на новороденчиња, како Switch процедура, комплексни операции, унификација на мапки со пулмонална атрезија , повеќе реоперации, дури и трети реоперации кај деца, оперирани во други институции.

 

  • Оперирани се 178 пациенти со вродени срцеви аномалии, од кои 75 беа помали деца и бебиња, 25 деца се третираа со интервентни процедури и 50 деца беа хируршки оперирани. Притоа сакам да нагласам дека со овој тип на операции почнавме во септември 2019 год и за 3 месеци извршивме 50 операции. Немаше неочекувана смртност и сите деца јас ги оперирав. Посебно сакам да истакнам, дека за квалитетот на една болница најбитни параметри се следните:
  • Интрахоспиталната смртност до 30 денови
  • Постоперативните инфекции

За постоперативната  смртност постигнавме да сме пониско од американскиот Benchmark (репер) за операциите, кои ги работиме и уште повеќе во оваа година постигнавме инфекции на длабоки хируршки рани  од 0%.

Со ова можам да истакнам, дека сме една од најдобрите болници во светот со што Македонија има со што да се гордее – заклучува Митрев.

Можни причини за болка во карлицата кај жените

Ако имате болка под папокот на стомакот и над нозете, таа болка се карактеризира како болка во карлицата. Може да биде предизвикана од многу работи. Може да биде безопасен знак дека сте плодни, може да е дигестивно нарушување или пак да е знак дека  треба да одите кај доктор.

Appendicitis

Иритирано или инфицирано слепо црево се манифестира со јаки болки во долниот дел на стомакот посебно од десната страна, со повраќање и треска. Во случај на појава на овие симптоми веднаш консултирајте се со лекар. Инфоцирано слепо црево најчесто бара итна интервенција. Доколку слепото црево пукне тогаш инфекција настанува во целата стомачна празнина предизвикувајќи тешка и комплицирана состојба за пациентот.

 

Болна овулација

Дали некогаш чувствувате болка помеѓу менструалните циклуси? Можеби чувствувате дека вашето тело овулира. Тогаш, јајникот ослободува јајце-клетка заедно со малку течност и крв. Тоа може да предизвика иритација. Ова чувство се нарекува mittelschmerz –што е кованица од зборовите на германски за “средна” и “болка”. Тоа е затоа што се случува на средина на месечниот циклус. Болката може да се пренасочува од месец на месец. Не е штетно и обично заминува за неколку часа.

ПМС и менструални болки

Менструалните болки обично можете да ги почувствувате како грчеви во долниот дел на стомакот или грбот. Тие обично траат од 1 до 3 дена. Зошто имате  болка? Секој месец, вашата матка гради обвивка (ендометриум) на ткивото. Тука ембрионот може да се всади и да расте. Ако не забремените, поставата се распаѓа и се пролева за време на вашиот период. Кога матката ќе се стегне за да ја истурка, добивате грч. Обидете се со затоплување и олеснувачи за болка за да ја намалите болката. Вежбањето исто така може да помогне. Можете исто така да разговарате со вашиот лекар за болка во ПМС. Одредени таблети за контрола на раѓање или антидепресиви може да помогнат.

Вонматерична бременост

Ова состојба се случува кога ембрионот се всадува некаде надвор од матката каде што ќе почне да расте. Ова обично се случува во јајцеводите. Остра болка во карлицата или грчеви (особено од едната страна), вагинално крварење, гадење и вртоглавица се симптомите кои можеби укажуваат дека имате вонматерична бременост.  Оваа состојба е опасна по живот и бара итна медицинска помош.

Сексуално преносли болести (СПБ)

Болката во карлицата е предупредувачки знак на некои СПБ. Две  најчести болести од овој тип се кламидија и гонореја. Честопати се добиваат и двете во исто време, но, не секогаш предизвикуваат симптоми. Но, кога ќе се појават симптомите тогаш може да имате болка, крварење помеѓу менстуалните периоди и абнормално празнење на вагината. Се препорачува итна посета на лекар. Исто така, важно е да го убедите партнерот да биде проверен и третиран, така да не ја пренесете инфекцијата еден на друг.

Воспалително заболување во карлицата

Ова е исто така една од компликациите предизвикани од сексуално преносливите болести. Тоа е број еден причина за неплодност кај жените што може да се спречи. Може да предизвика трајно оштетување на матката, јајниците и јајцеводите. Болка во стомакот, треска, абнормален исцедок од вагината и болка за време на сексуален однос или при мокрење може да бидат симптомите кои укажуваат на вакво воспаление. Препорачливо е итно третирање, најчесто со антобиотицаи, со цел да се избегнат поголеми компликации. Во тешки случаи, можеби ќе треба да бидете хоспитализирани. Исто така, вашно е да бидат лекувани двајцата партнери.

Циста на јајниците

Јајниците ослободуваат јајце-клетка кога овулирате. Понекогаш фоликулот не прска за да се ослободи јајце-клетката. Ова предизвикува циста на јајниците. Обично тие се безопасни и имаат спонтано исчезнување. Но, тие можат да предизвикаат болка во карлицата, притисок, оток и надуеност. Ако ваква циста пукне или се изврти, може да предизвика ненадејна, силна болка.

Тумор на утерусот

Овие тумори растат на или во ѕидот на матката. Иако понекогаш се нарекуваат фиброидни тумори, тие не се канцерогени. Фиброидите тумори се чести кај жените во своите 30-ти и 40-ти години. Обично не предизвикуваат проблеми. Но, некои жени може да имаат притисок во стомакот, болки во грбот, тешки периоди, болен сексуален однос или проблем при забременување. Разговарајте со вашиот лекар ако ви требаат третмани за да ги намалите или отстраните.

Ендометриоза

Кај некои жени, постои ткиво кое расте надвор од матката што е слично на ткиво што ја исполнува шуплината на матката. Може да се случи на јајниците, јајцеводите, мочниот меур, цревата и другите делови на телото да се појави ваква состојба. Кога е време за вашиот период, овие грутки на ткиво се распаѓаат. Но, ткивото нема начин да го напушти телото. Иако ова е ретко опасно, може да предизвика болка и да формира ткиво што може да го отежни забременувањето. Постојат неколку опции за третман. Лекови за болка, апчиња за контрацепција, хормони за запирање на периоди, операција со мали засеци, па дури и хистеректомија (вадење на матката) се опции за третман на оваа состојба.

Инфекција на уринарниот такт

Дали мора да уринирате често, или имате болка при мокрење? Чувствувате како мочниот меур да ви е полн? Можно е да се работи за инфекција на уринарниот такт. Ова се случува кога бактериите влегуваат во вашиот уринарен тракт. Лекувањето брзо може да го спречи пред тоа да стане сериозно. Но, ако се прошири во бубрезите, може да предизвика сериозни оштетувања. Знаците на инфекција на бубрезите вклучуваат треска, гадење, повраќање и болка од едната страна на долниот дел на грбот.

Бубрежни камења

Овие камења често грутки од сол и минерали од кои вашето тело се обидува да се ослободи со урината. Тие можат да бидат ситни како зрно песок или големи како топче за голф. Вашата урина може да се претвори во розова или црвена боја од крв предизвикано токму од овие камчиња. Посетете го вашиот лекар ако мислите дека имате камен во бубрег. Повеќето ќе се исфрлат надвор од вашето тело самостојно, но на некои им е потребен третман. Дури и ако можат сами да поминат, вашиот лекар може да ви помогне со лекови против болки и ќе ви посочи да пиете многу течности.

Интерстицијален циститис (ИЦ)

Оваа состојба предизвикува постојана болка и е поврзана со воспаление на мочниот меур. Најчест е кај жените во своите 30-ти и 40-ти години. Лекарите не се сигурни зошто тоа се случува. Можеби исто така чувствувате притисок над пубичната област, болка при уринирање и болка за време на сексуалниот однос. Иако ова може да биде долготрајна состојба, постојат начини да се олеснат симптомите.

Пролапс на гениталните органи

Како што стареете, ова може да се случи. Вашиот мочен меур или матка се спушта во пониска позиција. Обично не станува збор за сериозен здравствен проблем, но може да биде непријатно. Може да почувствувате притисок во вагина или долниот дел на стомакот може да се чувствува исполнето со тежина. Исто така, може да ви даде непријатно чувство во препоните или долниот дел на грбот и да го оневозможи сексуалниот чин. Сигурен третман за овие состојби постои-јавете се на вашиот гинеколог/урогинеколог.

Синдром на карличен конгестија

Сите сме  виделе проширени вени во нозете. Тие понекогаш може да се појават и во карлицата. Кога крвта се враќа во вените, тие стануваат отечени и болни. Ова е познато како синдром на карличен конгестија. Ова е состојба што е тешко да се дијагностицира и третира. Има тенденција да се повторува уште полошо кога седите или стоите. При легнувањето може да се чувствувате подобро. Но, бидејќи најдобриот третман е сè уште нејасен, треба да работите со вашиот лекар за да научите кои се опциите и да пронајдете што работи добро за вас.

Лузна

Ако имате операција или инфекција, може да имате постојана болка од ова. Адхезии се еден вид ткиво на лузна во вашето тело. Тие се формираат помеѓу органи или структури што не треба да бидат поврзани. Дел може да предизвика болка и други проблеми, во зависност од тоа каде се наоѓаат. Во некои случаи, можеби ќе треба постапка или операција за да се ослободите од нив.

Вулводинија


Дали боли кога возите велосипед или имате секссулаен однос? Ако ве жеже, пече, или чувствувате убоди околу отворот на вашата вагина, тоа би можело да биде ова. Ова не е предизвикано од инфекција. Опциите за третман се движат од лекови до физикална терапија.

Болен сексуален однос

Ова може да биде предизвикано од многу работи. Повеќето се лекуваат. Може да биде вагинална инфекција или можеби причината е друга. Медицинското име е диспареунија. Понекогаш болката се подобрува после сексуалната терапија. Овој вид на разговорна терапија може да се фокусира на внатрешни конфликти во врска со сексот.

Хронична карлична болка

Ако имате болка која трае најмалку 6 месеци, таа се смета за хронична. Можеби е толку лошо што го ремети вашиот сон, кариера или врските со луѓето. Посетете го вашиот лекар. Повеќето проблеми се подобруваат со третман. Понекогаш, дури и по многу тестирање, причината за болката во карлицата останува мистерија. Но, вашиот лекар сепак може да ви помогне да најдете начини да се чувствувате подобро.

ПОЈАДОКОТ- КЛУЧЕН ЕЛЕМЕНТ ВО ИСХРАНАТА НА ЗДРАВИТЕ ЛИЦА

Се повеќе истражувања го привлекуваат вниманието за начинот на исхрана, кога и што да се консумира. Добро познато е дека појадокот треба да биде главен оброк во текот на денот за подобро здравје. Иако информација е распространета, малкумина ставаат акцент на појадок и комбинациите во секојдневната исхрана или можеби поврзуваат одредени проблеми и болести со дефицит на појадок.

Што покажуваат научните студии при испитување на внес или одбегнување на појадок и состав на истиот оброк?

  • Во утринските часови телото има најголема потреба од енергија и надополнување на резервите со тоа што важно е да внесеме нутритивно квалитетна храна која на правилен начин ќе го одржи организмот витален и здрав.

Што се случува кога ќе одбереме бело пециво или пржена масна храна за појадок?

  • Пекарските производи кои не се комбинирани со останата свежа храна во утринските часови, изобилуваат со скроб- јагленхидрат кој ја оптоварува работата на панкреасот и дава спротивен ефект од наплив на енергија. После ваков едновиден оброк телото дава знаци на замор, изнемоштеност без способност нормално да се извршат целодневните активности. Токму од тука на многумина им одговара одбегнување на појадокот кој не помага за подобра мотивација и здравје.

Дали по секоја цена појадок?

  • Единствено комбинацијата од свежа храна (овошје и зеленчук), интегрални житарки во умерени количини, семиња и јатки, балансиран внес на млечни производи може да ги промени симптомите на изнемоштеност а воедно да помогни во надополнување на нутритивните потреби на секој организам.

Заклучок: Многубројни испитувања покажуваат дека појадокот е потребен и клучен во здравата исхрана кај секоја индивидуа но само доколку истиот представува комбинација од здрави намирници прилагодени според енергетски потреби на секој човек.  Со првиот оброк во денот одбегнуваме поголем внес на храна за ручек а од тука и дирекно влијаеме за одржување на нормална телесна маса.

Наши предлози за појадок:

  1. Зелено смути од спанаќ и јаболко со 1 парче интегрален леб премачкан со путер од кикирики.
  2. Овесна каша со семиња и јогурт во комбинација со 2 овошки
  3. Омлет со зеленчук, шоља нискомаслен јогурт и 1 парче интегрален леб
  4. Детокс ден: вода со ѓумбир и лимон и 4 разновидни овошки

По втор пат доделуваме бесплатен педијатриски преглед за новороденчињата од општина Центар

Денеска Zan Mitrev Clinic по втор пат оваа година додели 101 ваучер на новороденчиња од општина Центар. Новороденчињата со овој ваучер ќе добијат
бесплатен педијатриски преглед кој треба да го искористат во наредните три месеци од доделувањето. Нашите педијатриски служби ги очекуваат родителите на телефонскиот број 02 / 3091-484 за да закажат преглед за своето бебе.
Инаку, акцијата за доделување на вакви ваучери е согласно меморандумот за соработка што нашата клиника го има потпишано со општината Центар.
На настанот освен родителите со нивните деца присуствуваа и претставници од локалната самоуправа предводени од градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, кој од страна на општината на семејствата на новороденчињата им подели решенијата за парична помош во висина од 7.000 денари.
Средствата се доделуваат редовно, во рамките на проектот на општината за првична помош и поддршка на родителите кои се жители на Општина Центар, а од оваа година општината потпиша меморандум за соработка со општествено одговорни компании и здруженија, меѓу кои се најде и Zan Mitrev Clinic.

Аерозагадувањето влијае на успорување на психомоторниот развој и на намаленото ниво на интелигенција кај децата

Аерозагадувањето може да го оштети развојот на мозокот, со посебен осврт на оштетување на когнитивни функции во тек на животот. Многу студии покажале дека изложување на ПМ пренатално и во првите месеци од животот, е поврзано со успорен психофизички развој и пониско ниво на интелигенција. Напишани се повеќе од 1000 трудови за аерозагадувањето и аутизмот, кои се поврзани со изложување на полициклични ароматични јагленохидрати, дизел издувни гасови, честички, азотен диоксид, озон и сулфур диоксид во пренаталниот и раниот доенечки период, што е потврдено со неколку студии на животни.

Познато е дека околу 500 000 смртни случаи од карцином на бели дробови и 1,6 милиони смртни случаи од ХОББ може да се препишат на аерозагадувањето. Аерозагадувањето се поврзува со малигнитетот, како што е карциномот на мочниот меур и леукемија кај децата.

Аерозагадувањето е еден од најважните, променливи ризици врз здравјето, воопшто. Аерозагадувањето е наречено „тивок убиец“ од страна на Светската здравствена организација, бидејќи ефектите на аерозагадувањето најчесто одат незабележени и не можат лесно да се измерат.

Развојот на белите дробови кај децата се успорува со изложување на загадениот воздух, а со тоа се очекува да се јават белодробни заболувања кога ќе пораснат. Аерозагадувањето е поврзано со намалена когнитивна функција и зголемен ризик од деменција. Честичките (ПМ) во воздухот кои се помали од 2.5 микрометри, се поврзуваат со успорување на психомоторниот развој и намалено ниво на интелигенција кај децата.

– Добро е познато дека аерозагадувањето може да предизвика егзацербација на алергиските манифестации кај сензибилизирани лица. Клинички епидемиолошки студии покажале дека загадувањето може кај деца да предизвика рана сензибилизација, и високи вредности на ИгЕ уште во раната возраст. Има податоци дека аерозагадувањето игра улога и во развојот и во егзацербацијата на алергискиот ринит. Студија кај претшколски деца покажала дека изложеност на загадување од сообраќајот пренатално и во раната возраст, биле со повисок ризик за развој на алергиски ринит – објаснува Прим. д-р Соња Петровска педијатар во Zan Mitrev Clinic.

Д-р. Петровска додава дека загадувањето на средината, може да го зголеми ризикот од автоимуните заболувања. Белите дробови имаат огромна површина која доаѓа во контакт со огромен број на антигени. Оваа сензибилизација, може да ги направи луѓето склони кон автоимуни заболувања. Загадувањето потенцијално придонесува кон реуматоиден артрит и системски лупус. Канадска студија покажала зголемена застапеност на реуматоиден артрит во средини со зголемено ниво на ПМ25. Пренатална изложеност на ПМ 2.5 за време на бременоста, може да го зголеми ризикот кај детето за развој на леукемија или астроцитом.

Студија покажала подеднаква поврзаност на високи вредности на ПМ и зголемениот морталитет од миокардни инфаркти, мозочни удари, срцева слабост и висок притисок. Умерен пораст на нивото на карбоксихемоглобин (од 3-6%) може да се јави при изложување на издувни гасови, а со тоа да бидат причина за појава на аритмија и срцева болка кај луе со коронарна срцева болест.

Аерозагадувањето има штетни ефекти врз ЦНС, вклучувајќи оштетување на когнитивните функции и зголемениот ризик од деменција и мозочен удар кај постари лица. Оддалеченоста на местото на живеење од главните патишта, е маркер за изложеност на аерозагадување. Педијатриската служба на Zan Mitrev Clinic можете да ја добиете на тел. бр. 02/30 91 484.

 

 

Медицински тим на Zan Mitrev Clinic се грижеше за здравјето на спортистите на Специјалната Олимпијада

Zan Mitrev Clinic и годинава ја поддржа Специјалната Олимпијада со која се одбележа европската кошаркарска недела со настан кој ја поттикнува свеста кај граѓаните за што поголема инклузија на лицата со попреченост. Наш медицински тим се грижеше за здравјето на над 100 атлети кои учествуваа на ова спортско дружење.

Во
 спортската сала „Кале“,  Специјалната Олимпијада, КФСМ и „3х3 Македонија“ одржаа турнир помеѓу екипи кои играа „unified 3х3“- баскет. Партнери на екипите беа кошаркари и кошаркарки кои долго време соработуваат со Специјалната Олимпијада, најдобриот македонски „баскетџија“ Ервин Цого, еден од најдобрите европски „баскетџии“ Данило Мијатовиќ, а посебен партнер на една среќна екипа беше претседателот на КФСМ, Перо Антиќ.
Воедно, во рамки на оваа недела на европската кошарка се одбележа и меѓународниот ден за лица со попреченост, 3. декември.​

Ди џеј на овој настан беше 
DJ Дино кој боледувва од Вилијамсов синдром, а негови помошници беа Ди Џеј Гоце Саф од Funky Fresh и Double G од Скопски Грув.

– Голема благодарност до вас, Клиничка болница “Жан Митрев”, средното училиште „Нова“, волонтерите и партнерите кои несебично и овој пат ни пруживте голема поддршка за реализирање на овој голем настан – изјавија од Специјалната Олимпијада.

Пренаталното изложување на аерозагадување се поврзува со визинг и астма во раното детство

ПИШУВА: Прим. д-р Соња Петровска педијатар-пулмоалерголог
Изложување на аерозагадување кај деца, е поврзано со ризик од појава на астма. Како продолжение на астмата, се јавува и ризик од развој на ХОББ, белодробен карцином и хроничен ларингит. Се смета дека аерозагадувањето се акумулира во висцералното масно ткиво при транзиција од браун во бело масно ткиво, при што може да се влоши инсулинската резистенција, оксидативниот стрес и системска инфламација. Деца од Мексико Сити, изложени на високи вредности на ПМ , имале повисоки вредности на лептин и ендотелин-1 и пониски вредности на глукагон-лајк пептид-1, грелин (хормон на глад) и глукагон, во споредба со лица кои не живеат во загадена средина. Лептинот бил силно поврзан со нивото на ПМ при кумулативни изложувања. При високи вредности на ПМ и озон во средината се поврзуваат со 12-часовна нагла хиперлептинемија, пореметување на апетит-регулаторните пептиди, дефицит на витамин Д и зголемување на ендотелин-1 кај здрави деца. Деца кои живеат во области со загадување со издувни гасови имаат повисок БМИ, што може да се должи на метаболни промени, што вклучува и резистенција кон инсулин.
РЕСПИРАТОРНИ ЗАБОЛУВАЊА
Аерозагадувањето може да делува на секој дел од респираторниот систем и во секоја возраст од животот. Пренаталното изложување на аерозагадување се поврзува со визинг и астма во раното детство. Степенот на развој во тек на детството се намалува при изложеност на аерозагадување, а со тоа и степенот на оштетување на белодробната функција со возраста. Изложување на аерозагадување кај деца, е поврзано со ризик од појава на астма. Како продолжение на астмата, се јавува и ризик од развој на ХОББ, белодробен карцином и хроничен ларингит. Може да биде и фактор за премин од астма во ХОББ.
ЗАБОЛУВАЊА НА КОЖАТА
Мултицентрична студија покажала поврзаност на аерозагадување со почесто јавување на атописки и уртикариелни кожни промени, дермографизам, себореа (но со намалена честота на перут). Изложеноста на надворешно или внатрешно загадување било поврзано со забрзано стареење на кожата, зависно од изложеност на сонце, пушење или други фактори
ОЧНИ ЗАБОЛУВАЊА
Солзење и иритација на очите може да се случи како реакција на иританси на очите, и е асоцирано со изложување на озон или азотен диоксид, иако може да делуваат и МП кои ја влошуваат состојбата ако изложените носат леќи. Коњуктивит е најчесто поврзан со изложување на озон и азотен диоксид, иако може да влијаат и ПМ и сулфур-диоксид.
ХЕМАТОЛОШКИ ЗАБОЛУВАЊА
Уште од 1970-тите години е познато дека аерозагадување со олово од бензинот, предизвикува анемија. Други загадувачи од издувните гасови може да придонесат до хематолошки заболувања, или со директно навлегување во крвта при вдишување, или со активирање на инфламаторни реакции во белите дробови, што резултира со инфламаторни заболувања. ПМ создава пореметена коагулација преку активација на тромбоцитите и ендотелот на крвните садови со помош на инфламаторните цитокини. Децата кои живеат во области со загадување со издувни гасови имаат повисок БМИ, што може да се должи на метаболни промени, што вклучува и резистенција кон инсулин 2.5
ЗАБОЛУВАЊА НА ЦРНИОТ ДРОБ
Живеење покрај големи автопати, каде што е големо аерозагадувањето, е проследено со зголемена преваленца на хепатална стеатоза. Постојат неколку потенцијални причини за поврзаност на аерозагадувањето со такви штетни ефекти на клетките на црниот дроб, преку инфламаторните медијатори, токсичноста врз гените, оштетување на митохондриите и оштетување на други органи, кои секундарно ќе го оштетат црниот дроб. Црниот дроб е главен орган за детоксикација, на сите штетни материи што влегуваат од надвор, вклучувајќи ги ПМ честичките, кои доѓаат во црниот дроб за да се разградат.
БУБРЕЖНИ ЗАБОЛУВАЊА
Бубрегот, кој е многу васкуларизиран орган, е осетлив кон оштетување и на големите и на малите крвни садови, со што води кон оксидативен стрес на ткивото и системски инфламаторни ефекти од аерозагадувањето.
* визинг – свиркање и тешко дишење