Портот претставува поткожно вграден уред кој вобичаено се наоѓа под десната клучна коска. Истиот овозможува повекератно безболно и безбедно давање на планираните медикаменти.
Секој порт се состои од два дела:
- Поткожна комора – делот што се остава под кожа и овозможува безболно боцкање и
- Катетер – долгото цевче кое завршува во подклучната вена, преку кој лековите доаѓаат во крвта на човекот.
Вообичаено портот се поставаува со локална анестезија.
Портот е наменет за оние пациенти кои мораат да примаат лекови венозно и кои вообичаено доведуваат до оштетување на ѕидот на вената. Најчесто се применува кај пациенти кои се со малигни заболувања и примаат цитостатици, како и кај пациенти со автоимуни заболувања.
ОНА ШТО МОРА СЕКОЈ ПАЦИЕНТ ДА ГО ЗНАЕ
- Задолжително e миење на рацете пред секој допир на регијата каде е поставен портот со цел превенција на можна инфекција
- Треба да се избегнува тешка физичка работа
- Портот редовно треба да се испира/промива со Хепарин на секои 20 (дваесеттина) дена како превенција од запушување на портот со згрутчување на крвта.
- Треба да се одржува редовна хигиена на телото
- Забранета е компресивна гардероба, која притиска и може да доведе до прекин на циркулација во регијата каде е поставен портот
Пациентот треба ВЕДНАШ да се јави на лекар доколку:
- се појави црвенило, болна осетливост, топлина и оток на кожата каде е поставен портот
- има појава на крварење
- има покачена температура и треска
- излегува течност од портот
- се појави вртоглавица и краток здив
- се појави катетерот под кожата
- не може да се направи промивање на портот
Сите пациенти кои имаат имаат малигно заболување и потреба од подолготрајно давање на лекови на вена, возможно е да бидат прифатени во болницата и да им се вгради порт.
За оние пациентои кои веќе имаат вграден порт, во сигурни, безбедни и стерилни услови може да се прави редовното хепаринско промивање на портот, со задолжителна претходна ултразвучна контрола за правилната позиционираност на истиот.
Доколку имате потреба за консултација и закажување на контрола за порт обратете се на следниов контакт телефон 02/3091 484