Во Македонија мозочните удари се втора причина за смртност кај населението
Што е мозочен удар и како настанува ?
Мозочниот удар се случува кога снабдувањето на вашиот мозок со крв е прекинато или намалено со што се оневозможува неговото нормално снабдување со кислород и хранливи нутритиенти. Мозочниот удар претставува акутна и многу често животно загрозувачка состојба.
Клиничката слика вообичаено се развива многу брзо и се манифестира најразлично. Симптомите варираат од отрпнатост или слабост на екстремитетите, преку нарушување во говорот, проблеми со видот, наршување на степенот на свесност, конфузност, дезориентираност па се до степен на кома.
Постојат два вида на мозочни удари:
– исхемичен мозочен удар кој настанува поради блокирана (запушена/оклудирана) артерија, и
– хеморагичен мозочен удар кој се јавува како резултат на прскање/руптура на крвен сад во мозокот.
Најчеста форма на мозочен удар е исхемичниот мозочен удар, но добро е да се знае дека истиот може да се превенира.
Постојат голем број на различни ризик фактори кои доведуваат до зголемење на ризикот од појава на мозочен удар.
Тие се: физичка неактивност, обезност, пушење, нерегулиран висок крвен притисок, дијабет, возраст, високи вредности на холестерол, нарушен срцев ритам, позитивна фамилијарна анамнеза за мозочен удар, а по новите сознанија зголемен ризик имаат и лицата позитивни на COVID-19.
Досега голем акцент беше ставан на болестите на каротидните артерии, кои се големи крвни садови кои носат крв до мозокот и учествуваат во изградба на предната мозочна циркулација. Во медицинската литературата е веќе јасно поставена корелацијата помеѓу болестите на каротидните артерии и ризикот од мозочен удар.
Од друга страна вертебралните артерии се вообичаено помали артерии во однос на каротидните артерии. Тие се крвни садови кои излегуваат од артерија субклавија соодветно лево и десно и како такви се упатуваат кон мозокот каде учествуваат во изградбата на задната мозочна циркулација и познатиот Вилисов круг.
Оттука и нашиот интерес за изнаоѓање начин како да се третираат вертебралните артерии и со тоа да се придонесе кон намалување на ризикот од мозочен удар кај загрозената популација. Клиничката болница Жан Митрев е единствен центар каде се врши хируршки третман на болестите на веребралните артерии и тимот кој работи на оваа проблематика предводен од д-р Ристе Зимоски веќе има објавено студија на случаи во Science Direct.
( Линк од оригиналната објава: via%3Dihub&fbclid=IwAR0e6rjUKIhkIz7RqMNnFSU94svvYLoROmJsTiVvKVXNWVJ8C9BnngG4EQo )
Мозочен удар кој настанува како резултат на запушена артерија може да се спречи!
Иако мозочнот удар е втора причина за смрт во државава, сепак широката популација е малку свесна дека всушност со третирање на оваа специфична патологија 30 до 40% од мозочните удари би можеле да се превенираат.
Најчеста форма на мозочен удар е исхемичниот мозочен удар предизвикан од запушување на артериите, но добро е да се знае дека истиот може да се превенира.
Во отсуство на национална програма за третман на пациенти со мозочен удар, нашиот тим доктори, воспостави пристап за превенција и третман на мозочни удари, базиран на хируршка реваскуларизација која е насочена кон задната циркулација на мозокот каде што се наоѓаат вертебралните артерии. Ова е детално образложено во објавената студијата базирана на случаеви кои ние сме ги третирале како клиника.
Вертебралните артерии се вообичаено помали артерии во однос на каротидните артерии. Тие се крвни садови кои излегуваат од артерија субклавија соодветно лево и десно и како такви се упатуваат кон мозокот каде учествуваат во изградбата на задната мозочна циркулација и познатиот Вилисов круг. Докажано е дека болести на вертебралните крвни садови се одговорни дури за 30-40 % од вкупниот процент на мозочните удари.
Во Р.Македонија мозочните удари се втора причина за смртност. Оттука и нашиот интерес во анализирањето на вертебралните артерии и пронаоѓањето на хируршки начин за третман на истите и намалување на ризикот од мозочен удар кај загрозената популација.
Болестите на вертебралните артерии даваат симптоматологија која варира од вртоглавици, преку нестабилност, до атаксија, зуење во уши, губиток на свест, диплопија, проблеми со видот. Поради тоа многу често пациентите кои боледуваат од болести на вертебралните артерии се изгубени по болничките лавиринти на различни медицински специјалности без детектирање на вистинскиот проблем и губење на скапоцено време, објаснува Д-р Ристе Зимоски, еден од докторите кои го предводеше ова истражување.
Мотивацијата за креирање на студијата, направена во нашата клиника, е доближување на оваа патологија и нејзината важност за целата популација. Практично се работи за еден вид на медицинска едукација со цел развивање на свесност за постоење и ризикот кој го носат болестите на овие крвни садови, како и можноста за нивна превенција.
Секако и промовирање на Р. Македонија и воедно на нашата клиника и поставување на мапата на најпрестижните медицински центри каде се изведуваат овие комплексни операции.
- Во Р.Македонија воопшто детекција и третман на болести на вертебралните артерии се врши само во Клиничката болница Жан Митрев. Тука во оваа клиника цел тим на доктори е вклучен во дијагностиката, препознавањето и спречувањето на последиците од болестите на вертебралните артерии а на чело со Академик Др. Жан Митрев кој има воспоставено многу елегантен, минимално инвазивен третман хируршки третман на истите. Направивме ретроспективна опсервирачка студија во која опфативме 20 пациенти третирани во периодот помеѓу јануари 2017 година и декември 2019 година. Кај овие пациенти применивме 4 различни техники на оперативен третман зависно од случајот: тромбендартеректомија, ресекција со анастомоза, транспозиција и употреба на венски графт за интерпозиција, потенцира доктор Зимоски.
Сите овие 20 пациенти имале јасни невролошки симптоми во форма на вртоглавици, синкопи, нестабилност, атаксии, скотоми, диплоии.
- Кај сите пациенти по оперативниот третман настана исчезнување или ублажување на невролошката симптоматологија која ја имале предоперативно. Во постоперативното следење на пациентите не е забележан релапс на симптотмите, додава доктор Зимоски.
Во нашата клиника докажувањето на болестите на вертебралните артерии се врши со компијутерска томографија на артериите на глава и врат, каде искусен тим на радиолози го врши анализирањето (читањето на резултатите), а тимот од хирурзи проценката за оперативниот третман.
За жал во Р.Македонија остануваме единствен центар каде се врши хируршки третман на болестите на веребралните артерии. Со резултатите на нашите хируршки методи сме поставени рамо до рамо со сите светски медицински центри каде се вршат вакви корективни процедури. Тоа не прави посебно горди и ни дава поттик да продолжиме по патот по кој сме тргнале и уште една да бидиме пионери кога станува збор за воведување на хируршки техники во Македонија кои значат подобрување на здравјето на пациентите и превенирање од сериозни последници.