Согласно заложбите за обезбедување врвни услуги за критично болните пациенти, Жан Митрев Клиник стана дел од глобалниот регистер за вирусот КОВИД-19 кој го води меѓународното Здружение за медицинска нега на критично болни (Society of Critical Care Medеcine) со седиште во САД. Податоците кои оваа организација ги собира и обработува ќе бидат употребени во сеопфатната анализа која се однесува на третманот и резултатите кај пациенти болни од вирусот КОВИД-19 во светски рамки.
Примарната цел е преку овој регистар во реално време да се направи проценка на безбедноста и ефикасноста на КОВИД-19 третманите.
Универзалната студија на вирусни инфекции и респираторни болести како набљудувачка студија, ги користи податоците од сите погодни возрасни и малолетни пациенти кои се примени во болница. Нема идентификациски податоци од пациентите. За анализа се користат само анонимни податоци, без генералии т.е само со идентификациски броеви.
Поконкретно, глобалнот КОВИД-19 регистар ги следи матриците на интензивно болничко лекување речиси во живо.
Соработката која ќе се реализира наскоро, во суштина претставува споделување на однапред специфицирани податоци поврзани со КОВИД-19, што е од клучно зачење во понатамошниот начин на креирање препораки и протоколи во лекување на најтешко болните пациенти.
Организацијата Society of Critical Care Medеcine е формирана во 1970 година во Америка, во неа членуваат повеќе од 100 земји. Таа претставува независно меѓународно, образовно и научно здружение со седиште во САД кое годинава го слави својот 50 годишен јубилеј.
Членови на ова здружение се здравствени ентитети кои обезбедуваат нега на критично болни или повредени пациенти и е едниствена организација во претставување на сите компоненти кои се дел од ваквиот тип нега.
Ова здружение поддржува истражувања, едукации и лобира за проблеми поврзани со медицинската нега на критично болни. Издаваат три публикации: Медицина во нега на критично болни, Педијатриска нега ма критично болни и Истражувања поврзани со негување критично болни, а учествиваат активно и при развивање упатства и препораки заедно со: Канадскиот журнал за анестезија, Американската академија на педијатри и националните извештаи за Американскиот Конгрес.