Треска и висока температура кај децата

Што е треска?

Треска е температура повисока од 38 ° C. Обично тоа е знак на инфекција.

Треска и висока температура кај новороденчиња и доенчиња се знак за сериозна состојба. Затоа треба веднаш да се однесат на преглед кај лекар.

Повеќето случаи на треска кај децата не бара лекарска помош.

Децата со висока температура треба да бидат добро хидрирани и да им се даваат лекарства против температура или болка доколку имаат.

Нормален опсег на температура за деца е 36,5 ° C-38 ° C. Треска е кога телесната температура на  детето е повисока од 38 ° C.

Треска не е болест само по себе, но е знак на болест.

Причини за треска и висока температура кај деца

Децата добиваат треска од повеќе причини.

Инфекциите се една од најчестите причини за треска кај децата. Општо, треската е знак дека телото на вашето дете се бори против инфекција.

Повеќето детски инфекции се предизвикани од вируси. Други инфекции може да бидат предизвикани од

бактерии. Инфекции кои можат да предизвикаат треска вклучуваат:

  • Гастроентеритис
  • Обични настинки, грип и други инфекции на горниот респираторен тракт
  • Болести како ситни сипаници, овчи сипаници и заушки
  • Инфекции на уво и грло како и инфекција на средното уво и тонзилитис
  • Инфекции на уринарниот тракт
  • Пневмонија
  • Менингитис.

Постојат и други поретки причини за треска. Овие вклучуваат алергиски реакции на лекови или вакцини, хронично воспаление на зглобовите, некои тумори и гастроинтестинални заболувања како што е Кронова болест.

Симптоми на треска

Треска или висока температура може да се појави полека и постепено да порасне за неколку дена, или може да порасне многу брзо. Исто така, може да се крева и да се намалува во тек  на денот. Овие работи обично немаат никаква врска со болеста што предизвикува треска.

Високата температура може да направи детето  да се чувствува непријатно. Детето може да има треска или да се тресе кога температурата се зголемува и може да се поти кога температурата се намалува. Понекогаш детето може да стане лесно дехидрирано ако изгуби многу течност од треската и потењето, а не пие доволно течности.

Децата на возраст помеѓу шест месеци и шест години може да имаат фебрилни конвулзии.

Повеќето трески и болестите што ги предизвикуваат, траат само неколку дена. Но, понекогаш треската може да трае многу подолго, особено ако тоа е знак на основна болест или хронично заболување.

Ако родителот мисли дека неговото дете има треска, треба да се измери  температурата на  детето со термометар, кој  ќе покаже дали температурата на детето е повисока од нормалната.

Кога да се посети матичниот лекар за треска и висока температура

Бебињата на возраст под три месеци со треска треба веднаш да бидат однесени на болничко лекување. Ова е затоа што е потешко да се каже дали тие имаат сериозно основно заболување.

Кај деца на возраст од 3-12 месеци, треската може да биде знак на позначајна болест, затоа детето треба да се однесе кај матичен лекар во тек  на истиот ден.

Деца на возраст над 12 месеци, треба веднаш да се однесат на болничко лекување ако имаат висока температура и следните знаци:

  • Изгледа поболно од порано – на пример, детето е пребледнето, летаргично и малаксано
  • Има проблеми со дишењето
  • Станува поспано или неодговара на дразби
  • Се чини дехидрирано, одбива да пие или поретко мокри
  • Се жали на вкочанет врат, има постојана главоболка или му смета светлина на очите
  • Постојано повраќа или има чести столици
  • Не се подобрува за 48 часа
  • Страда од болка или постојано плаче
  • Предизвикува загриженост кај родителот.

Родителот го познава своето дете најдобро, затоа треба да им верува на своите инстинкти ако детето   не изгледа добро или покажува знаци на сериозна болест која бара итна медицинска помош.

Третман на треска

Треската само по себе е ретко штетна. Општо, децата добро се справуваат со треска. Треба да третира треска само ако тоа го прави детето да се чувствува лошо. Треската има  својот тек без оглед на третманот.

Ако  детето има треска, најважно е родителот да бидете сигурен  дека детето пие доволно течности, за да избегне дехидрираност:

  • Ако доенчето е помало од 6 месеци и е на исхрана со доење, треба да се дадат дополнителни подои
  • Ако доенчето е помало од 6 месеци и е на адаптирана млечна фoрмула, се понудува вообичаената  количина на формула.
  • Ако доенчето е постаро од шест месеци, се продолжува со доењето или млечната формула. Може исто така да му се понудат на детето бистри напитоци, како вода.
  • Ако детето е постаро, користете орална течност за рехидратација. Можат да се купат од аптека.
  • Детето треба да се нуди почесто со помала количина на течности, за да се спречи дехидрација.

Неколку совети за да детето се чувствува попријатно при висока температура:

  • Детето треба да биде облечено во лесна облека.
  • При висока температура на детето  му се дава парацетамол во препорачана доза и честота. Исто така, може да се даде ибупрофен на деца на возраст над три месеци. Не се даваат лекови за намалување на температура премногу често или предолго, бидејќи може да предизвикаат несакани ефекти, како што е оштетување на црниот дроб.
  • Се избегнуваат ладни бањи, поминување на телото со сунѓер или мачкање со алкохол. Тоа, всушност, може повеќе да го вознемири  детето.
  • Да не се врши притисок врз детето да јаде. Ако детето не е гладно за време на треска, тоа е во ред.
  • Ако треската кај детето е предизвикана од бактериска инфекција, тогаш можеби ќе треба третман со антибиотици за да се ослободи од инфекцијата.
  • Да не му се дава на детето аспирин од која било причина. Аспиринот може да го направи детето подложно на синдром на Реј, ретка, но потенцијално фатална болест. Може да предизвика сериозна болест или дури и смрт кај деца со сипаници или синдром на грип.

Мозочен удар – како да го препознаете и да го превенирате

Мозочниот удар е состојба што се јавува кога снабдувањето со крв во мозокот е намалено како резултат на блокада (исхемичен мозочен удар) или прскање на крвен сад (хеморагичен мозочен удар). Без крв, мозокот нема да добие кислород и хранливи материи, па затоа клетките во мозочната област погодени наскоро може да изумрат.


Мозочниот удар е сериозна акутно настаната животно загрозувачка состојба, која бара итна медицинска помош затоа што мозочните клетки можат да умрат за само неколку минути. Смртта на мозочните клетки предизвикува делови од телото контролирани од оштетената област на мозокот да не функционираат правилно. Навременото лекување може да го минимизира нивото на оштетување на мозокот и можноста од компликации.


По процентот на смртност мозочниот удар се наоѓа на трето место веднаш после болести на срецето и карцином. На почетакот на 21-от век, речиси 1.1 милиони луѓе од Европа доживуваат мозочен удар секоја година и од нив 80% се исхемични мозочни удари.


Мозочниот удар може да се јави кај сите возрасни групи, но почест е кај пациенти над 65 годишна возраст, иако во последно време стапката кај млади лица расте, што укажува на фактот дека е потребна стратегија за подобра превенција.

Последиците од мозочен удар водат до голем и тежок инвалидитет

И покрај тоа што мозочниот удар започнува ненадејно и неочекувано и се развива многу брзо, тој е последица на дисфункција што траела со децении. Исхемичниот мозочен удар ( т.е мозочен удар предизвикан од блокирање на крвен сад во мозокот) е поврзан со повеќе ризични фактори, особено хипертензија, покачен холестерол, дијабетес, дебелина, аритмија и пушење. Колку повеќе фактори на ризик се присутни, толку се поголеми шансите за мозочен удар.

Симптомите на мозочен удар можат да бидат различни за секој заболен, меѓу кои најчестите симптоми се:

  • Слабост или парализа на лицето, раката или ногата
  • Лоша координација или рамнотежа
  • Тешкотии со зборување или разбирање на говорот
  • Тешкотии со голтање
  • Проблеми со видот ( заматен вид, дупло гледање или губење на видот)
  • Здрвеност или губење на чувството на една страна на телото

Сликовен приказ на некои од најчестите симптоми при мозочен удар


Дијагнозата се поставува врз основа на клиничката слика, невролошкиот статус, невро-имоџинг методите од типот на компјутеризирана томографија, со каротидографија и магнетна резонанца, доплер- сонографија на каротидните и вертебро-базиларни артерии.

Третманот може да биде конзервативен или хирушки, надополнет со физикална терапија за побрза рехабилитација.


Негата после мозочниот удар може да вклучи следново:

  • Испитување за да се открие типот на мозочниот удар, местото на оштетување, и колку бил сериозен ударот ( поставување на дијагноза ).
  • Скенирање на мозокот што е можно побрзо што треба да помогне во одредувањето на дијагнозата.
  • Примање на лекови за да се раздреди грутката од крв (тромболиза). Тромболиза не се нуди секогаш, само мал број од луѓето мо` да ја прими во рок од многу кус временски период после мозочниот удар за да може да десјтвува.

Тест на крвта за да се провери нивото на шеќерот и холестеролот

Препишување на лекови за да се намали крвниот притисок и холестеролот, како и таблети за намалување на ризикот од формирање на грутки на зачепена крв од типот на Аспирин и Клопидогрел и оралните и парентерални антикоагуланси од типот на варфарин.

После мозочен удар може да има следниве проблеми:

  • Движење и одење
  • Голтање и јадење
  • Зборување, пишување и разбирање
  • Контрола врз мочниот меур или дбелото црево
  • Губиток на чувство ( целосно или само на една страна на телото)
  • Слух, вкус или мирис,
  • Емоционални и психолошки ефекти

Рехабилитацијата може да трае подолг период зависно од степенот на мозочниот удар.

Д-р Емилија Горгијева
Невролог

Kрводарителската акција организирана од страна на Blood Bank – TENK и клиничката болница Жан Митрев

Да си хуман значи да си човек

Дарувањето крв спасува животи

Во склоп на крводарителската акција организирана од страна на Blood Bank – TENK и клиничката болница Жан Митрев, триесеттина вработени вклучително и самиот д-р Жан Митрев, направија место во своите полни работни распореди и даруваа крв која ќе спаси животи.

Оваа акција е прва од ваков тип, но истата благодарение на потпишаниот меморандум за соработка ќе прерасне во традиционална и ќе се одржува 2 пати годишно.

Летниот камп за деца со вродени срцеви мани МОЕТО СРЦЕ ги исполни нашите срца!

И оваа година 13 пат по ред, во периодот од 3 до 9 август во Струга, беше реализиран летен камп наменет за деца со вродени срцеви мани. Како проект овој камп во организација на клиничката болница ЖАН МИТРЕВ во соработка со Црвениот Крст на град Скопје е веќе традиционален.
Психолошкиот тим, во состав доц. д-р Kristina Egumenovska и психологот @Марија Аџиоска од клиниката како главни организатори, заедно со нашите доктори специјалисти како редовни гости беа присутни организирајќи соодветни активности во насока на поддршка на децата.
А годинава се приклучија и нашиот педијатар прим. д-р Blagica Manceva и детскиот кардиолог д-р Milev Ivan, кои со задоволство и несебично одговараа на сите прашања и дилеми кои ги споделуваа и таму присутните родители. Тие исто така имаа можност да размислуваат и на развојни теми на едукативните работилници организирани од психолошкиот тим.
Преку насочена и едукативна игра, децата уживаа една недела во дружењето, трчањето, глумата, натпреварувањето, смеата и гушкањето. Имаа низа физички и фитнес активности стручно водени од физиотерапевтот Блаже Арсов, а еднакво уживаа и во останатите забавни активности кои за нив беспрекорно ги реализираа волонтерите од Црвениот Крст на град Скопје водени од координаторот за млади Ана Франциќ. Добија и специјално изненадување од Светот на Биби и сказни од Рисот Ристе и пријателите од Весна Константинова. Имаше и понекоја солз при разделбите, но сепак со надеж дека ќе се сретнеме и следната година да учиме и да се забавуваме слободно трчајќи на тревниците, неуморно бркајќи се и доживувајќи цел спектар на емоции без страв дека тие ќе нѐ преплават.
Ве сакаме дечиња и учиме од сите вас!

Мозочниот удар може да се спречи

Годишно над 15 милиони луѓе ширум светот доживуваат мозочен удар, од кои 5 милиони умираат, а половина од преживеаните остануваат со траен инвалидитет. Во Македонија мозочниот удар е меѓу топ 3 причини за смртност, веднаш по ракот и кардиоваскуларните болести. Затоа, да станеме свесни како да го препознаеме, превенираме и кои се можните начини на решавање.

Што можете самите да направите во насока на спречување на мозочен удар?

Едноставно е. Се што треба на направите е да одберете здрав начин на живот, но и да ги контролирате здравствените состојби кои ги имате.

Спречување мозочен удар со водење здрав живот

Согласно светските статистики дури 80% од мозочните удари би можеле да се спречат преку промени на животниот стил кон здрав начин на живот и совети од докторите во насока на контролирање на здравствените состојби што го зголемуваат ризикот од мозочен удар. Може да превенирате мозочен удар со тоа што ќе водите здрав живот. Тоа вклучува поголемо внимание во неколку сегменти: здрава исхрана, одржување на нормална телесна тежина и практикување на редовна физичка активност

Здрава исхрана

Изборот на опции за здрав оброк и ужинка може да ви помогне да спречите мозочен удар. Погрижете се да внесуватее многу свежо овошје и зеленчук.Јадењето храна со минимална количина на заситени масти, транс масти и холестерол, а богата со растителни влакна, може да помогне да се спречи високиот холестерол.

Ограничувањето на сол (натриум) во вашата исхрана, исто така, може да го намали крвниот притисок. Високиот холестерол и високиот крвен притисок ги зголемуваат шансите за мозочен удар.

Здрава тежина

Прекумерната тежина или дебелината го зголемува ризикот од мозочен удар. За да одредат дали вашата тежина е во здрави граници, лекарите често го пресметуваат вашиот индекс на телесна маса (БМИ). Ако ја знаете вашата тежина и висина, можете лесно да го пресметате вашиот БМИ. Лекарите понекогаш прават и мерења на половината и колковите за да го измерат вишокот маснотии во телото.

Физичка активност

Физичката активност може да ви помогне да одржите здрава/нормална телесна тежина и да го намалите нивото на холестерол и крвен притисок. За возрасни, се препорачува најмалку 2 часа и 30 минути аеробна физичка активност со умерен интензитет, како што е брза прошетка, неделно.

Децата и тинејџерите треба да практикуваат минимум 1 час физичка активност секој ден.

Забрана за пушење

Пушењето цигари во голема мера ги зголемува шансите за мозочен удар. Ако не пушите, не започнувајте. Ако пушите, откажувањето ќе го намали ризикот од мозочен удар. Вашиот лекар може да предложи начини да ви помогне да се откажете.

Ограничен внес на алкохол

Избегнувајте да пиете премногу алкохол, бидејќи тој може да го зголеми крвниот притисок. Мажите не треба да пијат повеќе од два пијалаци дневно, а жените само еден. Спречување на мозочен удар преку контролирање на медицинските состојбиАко имате срцеви заболувања, висок холестерол, висок крвен притисок или дијабетес, морате да преземете чекори за да го намалите ризикот од мозочен удар. Разговарајте со вашиот лекар за совети како да постапувате.

Проверувајте го редовно холестеролот

Вашиот лекар треба да го тестира нивото на холестерол најмалку еднаш на 5 години. Разговарајте со вашиот лекар за овој едноставен тест на крвта.

Ако имате висок холестерол, медикаментите и промените на животниот стил можат да помогнат во намалувањето на ризикот од мозочен удар.Контролирајте го крвниот притисокВисокиот крвен притисок обично нема симптоми, затоа внимавајте да го проверувате редовно.

Разговарајте со вашиот кардиолог за тоа колку често треба да го проверувате. Можете да го измерите крвниот притисок дома, на лекар или во аптека.Ако имате висок крвен притисок, вашиот лекар може да ви препише лек, да предложи некои промени во вашиот животен стил или да ви препорача да изберете храна со помал внес на натриум (сол).

Контролирајте го дијабетесот

Ако вашиот лекар мисли дека имате симптоми на дијабетес, тој/ таа може да препорача да се тестирате. Ако имате дијабетес, редовно проверувајте го нивото на шеќер во крвта.

Разговарајте со вашиот лекар за опциите за лекување. Можеби ќе биде препорачано да се спроведат одредени промени на животните навики, како што е зголермување на физичка активност или весување поздрава храна. Овие активности ќе ви помогнат да го одржите шеќерот во крвта под контрола и ќе го намалите ризикот од мозочен удар.

Третирајте ги срцевите заболувања

Ако имате одредени срцеви заболувања, како што е атријална фибрилација, коронарна артериска болест (неправилно чукање на срцето), кардиологот може да препорача медицински третман или операција. Решавањето на проблемите поврзани со срцето може да помогне во спречување на мозочен удар.

Земајте ги вашите лекови

Ако земате лекови за лекување на срцеви заболувања, висок холестерол, висок крвен притисок или дијабетес, внимателно следете ги упатствата на вашиот лекар.

Секогаш поставувајте прашања ако нешто не разбирате. Никогаш не го прекинувајте лекот без претходно да разговарате со вашиот лекар или фармацевт.

Информирајте се

Вие и вашите лекари може да работите заедно за да ги спречите или да ги лекувате медицинските состојби што доведуваат до мозочен удар. Редовно разговарајте и информирајте се, составете си листа на прашања кога одите на лекар. Ако веќе сте имале мозочен удар или ТИА, лекарите ќе работат со вас за да спречат понатамошни мозочни удари. Вашиот план за лекување ќе вклучува лекови или операција и промени во животниот стил за да го намалите ризикот од следен мозочен удар. Бидете сигурни да го земате лекот според упатствата и следете ги советите на вашиот лекар.