Алергија на сонце

Алергијата на сонце е термин кој често се користи за опишување на голем број состојби во кои се појавува осип со чешање на кожата која била изложена на сончева светлина. Најчеста форма е полиморфната светлосна ерупција, попозната и како алергија на сонце.

Некои луѓе имаат наследен тип на алергија на сонце. Други развиваат знаци и симптоми само кога е присутен дополнителен фактор, како што е одреден лек или изложеност на кожата на одредени алергени.

Благите случаи на алергија на сонце може да исчезнат сами по себе без третман. Потешките случаи може да бараат третман со стероидни апчиња или креми. Луѓето кои имаат тешка алергија на сонце задолжително треба да преземат превентивни мерки и да носат облека што ги штити од сонце.

Симптоми

Изгледот на кожата со алергија на сонце може многу да варира во зависност од тоа што го предизвикува проблемот. Знаците и симптомите може да вклучуваат:

• Црвенило
• Чешање или болка
• Мали испакнатини
• Лупење, формирање на кора или крварење
• Плускавци или уртикарија

Знаците и симптомите обично се јавуваат само на деловите на кожата која била изложена на сонце и тоа во рок од неколку минути до неколку часа по изложувањето на сонце.

Кога треба да посетите лекар

Посетете го вашиот лекар доколку по изложување на сончева светлина сте забележале невообичаени, бурни реакции на кожата. За тешки или постојани симптоми, треба да посетите лекар кој е специјализиран за дијагностицирање и лекување на кожни заболувања односно дерматолог.

Причини

Некои лекови, хемикалии и болести можат да ја направат кожата почувствителна на сонце. Не е јасно зошто некои луѓе имаат алергија на сонце, а други не. Можеби некои наследни особини играат улога.

Кои се ризик фактори за појава на алергија на сонце?

Ризик факторите за појава на алергија на сонце вклучуваат:

  • Раса – Било кој може да страда од алергии на сонце, но има одредени алергии на сонце кои се почести кај луѓето со светла кожа.
  • Изложеност на одредени супстанции – Некои симптоми на алергија на кожата се активираат во комбинација кога кожата била изложена на супстанцијата, а потоа и на сончева светлина. Супстанциите кои често предизвикуваат ваков тип на реакции вклучуваат: парфеми, средства за дезинфекција, па дури и некои хемикалии кои се користат во кремите за сончање.
  • Консумација на одредени лекови – Некои лекови може да го забрзаат процесот на појава на реакција на кожата – како што се тетрациклински антибиотици, сулфатни лекови и лекови против болки како што е кетопрофен.
  • Присуство на друга болест на кожата – Дерматитисот го зголемува ризикот од алергија на сонце.
  • Наследен фактор од алергија на сонце – Поголема е веројатноста да имате алергија на сонце ако имате родител, брат или сестра со алергија на сонце.

Превенција

Доколку имате зголемена чувствителност или алергија на сонце, можете да помогнете во спречување на појава на симптомите со следниве чекори:

  • Избегнувајте сонце во време кога сонцето најсилно зраќи. Обидете се да не се изложувате на сонце помеѓу 10 и 17 часот.
  • Носете очила за сонце и заштитна облека. Кошули со долги ракави и шапки /капи со широк обод можат да помогнат да се заштити вашата кожа од изложување на сонце.
  • Избегнувајте ткаенини кои се тенки или имаат ретко ткаење, бидејќи УВ зраците можат да поминат низ нив.
  • Користете крема за сончање која е со широк спектар на делување и со заштитен фактор од најмалку 30. Нанесете крема за сончање обилно и повторно нанесувајте на секои два часа, или почесто ако пливате или се потите.
  • Избегнувајте познати алергени. Ако знаете дека одредена супстанца, лек или растение ви предизвикува реакција на вашата кожа, избегнувајте го тој предизвикувач.

Дијагноза

Во многу случаи, лекарите можат да дијагностицираат алергија на сонце само со обичен кожен преглед. Меѓутоа, доколку дијагнозата не е јасна, можеби ќе ви требаат дополнитени испитувања кои ќе ви помогнат да го откриете проблемот на вашата кожа.

Третман

Третманот зависи од типот на алергија на сонце што ја имате. За благи случаи, понекогаш доволно е неколку дневно избегнување на УВ зраците при што ќе исчезнат и самите симптоми.
Ако имате тешка форма на алергија на сонце, нашиот тим дерматолози е секогаш достапен за совети и третман на сите ваши проблеми со кожата настанати како резултат на изложување на сончева светлина.

Закажете го вашиот преглед на 02 3104-910 и консултирајте се со нашите дерматолози кои соодветно и преку персонализиран пристап ќе ви понудат решение за сите ваши проблеми со кожата.

Бесплатни прегледи за нашите КОВИД пациенти

Почнувајќи од денес, стартуваме со акцијата бесплатни контролни прегледи наменети за сите наши пациенти кои беа хоспитализирани од КОВИД-19. Истите ќе се изведуваат секоја сабота во периодот од 8 до 16 часот во однапред закажан термин. Контролниот преглед опфаќа: преглед, лабораторја и РТГ на белите дробови. Започнуваме оваа сабота 18 јуни, а за да одберете термин кој ви одговара, јавете се во нашиот контакт центар на 02/3091-484. Ве очекуваме.

Алергии – предизвикувачи, симптоми, дијагноза и третман

Алергиите се имунолошкa реакција-oдговор на одредени супстанции внесени во организмот. Кога имунолошкиот систем препознава алерген, тој предизвикува хиперсензитивен одговор, при што се излачуват хемикалии како што е хистаминот, предизвикувајќи симптоми на алергија.

Доколку сте алергични, вашиот имунолошки систем неточно препознава безопасна супстанција сметајкија за штетен напаѓач и произведува антитела. Тие потоа предизвикуваат реакција која може да се манифестира на кожата, во синусите, респираторниот тракт или дигестивниот систем.
Сериозноста на алергиите може многу да варира во зависност од личноста и самиот алерген. Понекогаш реакцијата е блага иритација, но може да доведе и до сериозна состојба, како што е анафилакса.

Кои се причините?

Меѓу најчестите причини за алергии идентификувани се следниве:

  • Алергени во воздухот: полен, првут од домашни миленици, грини од прашина и мувла.
  • Храна: јаткасти плодови, пченица, соја, риба, школки, јајца и млеко. LTP (протеин за транспорт на липиди), протеин присутен во зеленчукот.
  • Убод од хименоптера: пчели и оси.
  • Лекови: антибиотици како што се пеницилин, антиинфламаторни лекови и сл.

Кои се симптомите?

Постојат неколку видови на симптоми на алергија кои можеме да ги поделиме според делот од телото на кој влијаат:

  • Кожа: чешање, уртикарија и црвенило.
  • Очи: конјунктивитис (чешање, солзење и фотосензитивност).
  • Нос: ринитис, синузитис и крварење од носот.
  • Респираторен систем: астма.
  • Дигестивен систем: гадење, повраќање, дијареа и болки во стомакот.
  • Хематолошки систем: анемија, леукопенија и тромбоцитопенија.

Бидејќи секој алерген обично предизвикува слични симптоми, може да се класифицираат и според типот на алергија:

  • Поленска треска или алергиски ринитис: кивање, чешање на носот и очите, конјунктивитис, иритација и течење на носот.
  • Алергии на храна: утикарија, пецкање во устата и отекување на усните, јазикот, лицето или грлото.
  • Убод од хименоптеран: Едем (оток) на местото на убодот, чешање на целото тело, стегање во градите, кашлица, отежнато дишење.
  • Алергии на лекови: утикарија, чешање на кожата, осип, оток на лицето и отежнато дишење.
  • Атопичен дерматитис или егзема: чешање, црвенило и лупење на кожата.

Компликации

Кога алергиите се тешки, ризикот од здравствени проблеми се зголемува, па затоа е корисно да се знаат најчестите компликации кои би можеле да настанат:

  • Анафилакса: Ова е тешка реакција предизвикана од алергија која може да биде опасна по живот. Најчести симптоми се губење на свеста, тешко отежнато дишење и пад на крвниот притисок. Главните предизвикувачи на алергени се храна, лекови и убоди од пчели, оси и други инсекти од групата химноптера.
  • Астма: оваа реакција на имунолошкиот систем често се активира со изложување на алерген присутен во надворешната околина.
  • Синузитис и инфекции на увото или белите дробови: астмата или поленската треска го зголемуваат ризикот од нивна појава.

Дијагноза и третман

Зголемената распространетост на проблемите од алергиско потекло кај голем процент на населението, има овозможено многу повеќе знаење за оваа област која брзо напредува во последните децении, а со тоа и ефикасноста на третманите.

Во нашата клиника, стручните лекари пулмоалерголози и дерматолози можат да дијагностицираат хиперсензитивност на која било храна или лек преку широк панел на кожни и лабораториски тестови. Така врз основа на овие резултати, пациентите ќе добиjат соодветен медикаментозен третман и стручни совети за превенција и намалување на алергиските проблеми.

Закажете го Вашиот преглед на 02 3091 484

Интервју со д-р Џулиана Михајловска: Озонска терапија и дијабетес – предизвик на денешницата

Дијабетес претставува група на општи метаболички нарушувања што имаат ист фенотип на хипергликемија

Озонската терапија помага во лекување на улкусите на дијабетичното стапало, превенирајќи од ампутација, со зголемување на циркулацијата во долните екстремитети и ограничувајќи ја инфекцијата.

Во Клиниката болница „Жан Митрев“ постојат различни видови на апликација и примена на озонската терапија (озонирана вода, озонирано масло, ректална инсуфлација, автотрансфузија со озон и озон терапија со машина за вонтелесен крвоток). Истата за прв пат е воведена во 2008 година и од тогаш се применува кај пациенти кај кои постои индикација, како што се пациентите со дегенеративни ревматолошки заболувања, со рани, инфекции, мозочен удар, терминален стадиум на малигни заболувања, пациенти со дијабетично стапало, гангрена, улцерозен колитис, сепса и сл.

Дијабетес тип 2 опфаќа околу 90% од сите пациенти со дијабетес и истиот може да се превенира. Се смета дека десетина години пред поставување на дијагнозата, кај пациентот веќе се појавува одреден степен на инсулинска резистенција која може да биде присутна и при вредности на инсулинот и гликемијата во крвта во нормален ранг.

„Озонската терапија во медицински цели за прв пат започнала да се применува во Првата светска војна каде биле третирани раните и инфекциите. Таа претставува гранка на натуропатијата и е ветувачка медицинска терапија со потекло од алтернативната медицина“, објаснува д-р Џулиана Михајловска, специјалист ендокринолог. Д-р Џулиана ги потенцира придобивките на озонската терапија во третманот на пациентите со дијабетес тип 2 и нејзиниот механизам на делување. „Озонот ја засилува доставата на кислород до сите ткива резултирајќи со подобрена циркулација, намален оксидативен стрес, намалена инсулинска резистенција со подобрување на гликемиската контрола и контрола на инфекциите од различен тип. Со тоа, терапијата со озон овозоможува холистички пристап на лекување, кој е основен во третманот на дијабетесот и неговите макроваскуларни (мозочен удар, срцев удар, периферна артериска болест) и микроваскуларни компликации (ретинопатија, нефропатија и невропатија)“, додава д-р Џулиана.

Што претставува дијабетесот и која е причината за неговата појава?

Д-р Џулиана: Дијабетес претставува група на општи метаболички нарушувања што имаат ист фенотип на хипергликемија. Постојат неколку видови на дијабетес. Дијабетес тип 1 кој се јавува најчесто како резултат на уништување на бета клетките на панкреасот и се манифестира со комплетен инсулински недостаток. Дијабетес тип 2 се јавува како резултат на инсулинска резистенција или инсулинска хиперсекреција. Гестациски дијабетес – дијабетес кој се јавува кај бремените жени. LADA и MODY се посебни типови на дијабетес настанати со различни генетски мутации.

Дијабетес тип 2 е најдоминантен во популацијата со дијабетес, честопати присутен кај лица со прекумерна телесна тежина и недоволна физичка активност, а во последно време го има и кај помладите, иако порано се врзуваше претежно со возрасната популација. Дали може да се превенира?

Д-р Џулиана: Дијабетес тип 2 опфаќа околу 90% од сите пациенти со дијабетес и истиот може да се превенира. Се смета дека десетина години пред поставување на дијагнозата, кај пациентот веќе се појавува одреден степен на инсулинска резистенција која може да биде присутна и при вредности на инсулинот и гликемијата во крвта во нормален ранг.

Од кога се применува озонската терапија во медицината и кој е механизмот на делувањето на озонот кај пациентите со дијабетес тип 2?

Д-р Џулиана: Озонската терапија во медицински цели за прв пат започнала да се применува во Првата светска војна каде биле третирани раните и инфекциите. Таа претставува гранка на натуропатијата и е ветувачка медицинска терапија со потекло од алтернативната медицина.
Озонот ја засилува доставата на кислород до сите ткива резултирајќи со подобрена циркулација, намален оксидативен стрес, намалена инсулинска резистенција со подобрување на гликемиската контрола и контрола на инфекциите од различен тип. Со тоа, терапијата со озон овозоможува холистички пристап на лекување, кој е основен во третманот на дијабетесот и неговите макроваскуларни (мозочен удар, срцев удар, периферна артериска болест) и микроваскуларни компликации (ретинопатија, нефропатија и невропатија). Озонската терапија помага во лекување на улкусите на дијабетичното стапало, превенирајќи од ампутација, со зголемување на циркулацијата во долните екстремитети и ограничувајќи ја инфекцијата.

Кој е предизвикот на денешницата во третманот на дијабетес тип 2?

Д-р Џулиана: Иако лековите кои се користат во третманот на дијабетесот, вклучувајќи ја и инсулинската терапија, се одлични, тие немаат влијание врз оксигенацијата на системските телесни клетки, па затоа е време терапијата на дијабетесот да се интегрира заедно со озонската терапија.

Какви видови третмани со озон постојат во Клиничката болница „Жан Митрев“ и за кои сè состојби се применува?

Д-р Џулиана: Во клиничката болница „Жан Митрев“ постојат различни видови на апликација и примена на озонската терапија (озонирана вода, озонирано масло, ректална инсуфлација, автотрансфузија со озон и озон терапија со машина за вонтелесен крвоток). Истата за прв пат е воведена во 2008 година и од тогаш се применува кај пациенти кај кои постои индикација, како што се пациентите со дегенеративни ревматолошки заболувања, со рани, инфекции, мозочен удар, терминален стадиум на малигни заболувања, пациенти со дијабетично стапало, гангрена, улцерозен колитис, сепса и слично.

Нашиот тим од професионалци комплетно ќе Ве поддржи и за само една здрава озонирана клетка.



Извор: Panacea.mk

Конгресите се идеална платформа за размена на нови знаења, искуства и вештини

Д-р Анџелка Илиева дел од нашиот тим дерматолози при одделот за естетска дерматологија во нашата клиника, учествуваше на тридневниот конгрес наречен „Наука за естетиката“ во организација на Здружението за интердисциплинарна естетска и анти-ejџ медицина на Србија (СЕСИАМ). Бел Експо Центарот во Белград беше собиралиште на најеминентните експерти од целиот свет, а конгресот беше признат и акредитиран од Националниот здравствен совет и поддржан од тамошното Министерството за здравство.

Со оглед на тоа дека медицината е „жива наука“, при што секојдневно се прават нови истражувања и тестирања со цел да се подобрат постоечките технологии, методи, третмани и процедури, состаноците на експерти се идеална платформа за размена на нови знаења, искуства, вештини, па така, на конгресот во Белград имаше повеќе од 30 локални и регионални предавачи, како и од Америка, Велика Британија, Израел и Романија, потоа 500 учесници, како и над 40 излагачи, меѓу кои и д-р Илиева.

Секако најголемо внимание привлече д-р Себастијан Котофан од Клиниката Мејо кој беше и главен модератор на овој настан.

Ова е прв конгрес од овој тип во регионот каде што сите посетители и учесници можеа да ги слушнат сите најважни информации и иновации поврзани со хиалуронски филери, мезотерапија, мезоконци, ПРП, хемиски пилинг, нега на кожата, биоревитализација и ласери.

Доделени ваучери за бесплатен педијатриски преглед на новороденчиња

Кога се најмалите во прашање секогаш ни е чест да бидеме вклучени. Како дел од потпишаниот меморандум за соработка со Општина Центар во текот на вчерашниот ден, на настанот кој се одржа во ОУ ,,Киро Глигоров,, беа доделени ваучери за бесплатен педијатриски преглед за 50 новороденчиња од општината.