Клиника Жан Митрев очекува јавен и транспарентен процес низ којшто ќе ја докажеме нашата невиност во однос на сите обвинувања кон д-р Митрев и кон клиниката. Вистината е на наша страна, обвинението е целосно неосновано и тоа ќе го докажеме и институционално. Очекуваме брз и транспарентен процес на кој преку јасни и јавни информации, сведоштва и доказен материјал ќе се утврди вистината дека ниту еден пациент не бил измамен.
За време на Ковид пандемијата нашата клиника и нашиот персонал одиграа херојска улога, а овој срам и напади кои ги доживуваме нека им служат на чест на нарачателите. Хемофилтрацијата како метод ја користевме за лекување на последици од Ковид, но не и како лек за Ковид. Бесмислени се наводите на ЈО во Обвинителниот акт.
Уште еднаш потенцираме дека Клиниката и во најтешките периоди работеше според сите меѓународни стандарди, транспарентно и во согласност со утврдени и дозволени методи за лекување. Се ова ќе го докажеме и на суд, а сметаме дека јавноста целосно не поддржува и пред нејзе нашата правичност е јасна.
Клиника Жан Митрев ќе се приклучи на обвинението за сопственикот на порталот ДоказМ, Марјан Стаменковски како оштетена страна откако Основното јавно обвинителство охрабри и други евентуални оштетени од вакви кривични дела да ги пријават. Клиниката се приклучува на обвинението поради изнесени бројни невистини за клиниката и за вработените, навредливи и деградирачки квалификации, вршење притисок и изнуда на рекет.
Клучната информација која очекуваме да биде дел од предистражната постапка е дали постоела корелација меѓу објавите на Порталот ДоказМ, со работата на истражителите на ЈО кои ја водат постапката против нас.
Имено, како што веќе информиравме, во неколку наврати порталот ДоказМ објави информации базирани на предистражната постапка во кои ги најавуваше мерките против Клиниката Жан Митрев. ДоказМ во објавен текст на 15.11.2022 ја предвиде мерката блокирање на сметка и забрана за продажба на удели која ЈО ја направи три дена после објавата не текстот на 18.11.2022.
Во текот на подолг период Клиниката Жан Митрев, д-р Митрев како и вработените во клиниката беа предмет на опортунизмот на Стаменковски при што на порталот ДоказМ беа објавувани текстови со лаги, неосновани и непоткрепени информации и со тоа беше нанесена штета на угледот и работата како на клиничката болница така и лично на поединци. Порталот ДоказМ, објавуваше интерни меил комуникации, пораки добиени од поранешен вработен кој сега работи во болницата Аџибадем Систина и кој отворено на социјалните мрежи им се закануваше на вработени во клиниката Жан Митрев. Оваа комуникација би требало да биде, исто така предмет на предистражните дејствија.
Стаменковски во своите текстови користеше бројни навредливи квалификации и со тоа влијаеше врз мислењето и перцепцијата на голем број читатели.
Клиника Жан Митрев верува во транспарентност, во објективност, ги поддржува начелата на истражувачкото новинарство и посебно во слободата на говорот. Но, во објавите на порталот ДоказМ немаше ништо од новинарските принципи и од почитување на правото за изјаснување. Клиниката долго време бараше начин институционално да ја заштити работата на клиниката и своите вработени од ваквите напади. Ова е единствениот начин и затоа одлучи по повикот од Јавното обвинителство да се приклучи кон ова обвинение.
Недозволиво е во 21 век жените од која било возраст да се помират со намален квалитет на живот
Урогениталниот пролапс е сложена состојба која се карактеризира со пореметена анатомска позиција на засегнатите органи во комбинација со нивна нарушена функција. „Жената најчесто не е свесна дека тој постои се додека не биде откриен при интравагинален преглед. Понапреднатите степени на спуштањето на вагината, мочниот меур или утерусот, самите пациентки го чуствуваат и го идентификуваат како натежнување/влечење особено кога се движат. Може да се појават и болки, често и во лумбалниот дел на кичмата, проблеми со празнење на мочниот меур и чуство дека е непотполно испразнет и/или болка, печење при мокрење. Најчесто, пролапсот е проследен со постоење и на стрес инконтиненција на урината“, објаснува проф. д-р Васил Илиев, специјалист гинеколог акушер – супспецијалист урогинеколог.
Професоре, пролапсот или спуштањето на гениталните органи кај жените претставува многу непријатна и чувствителна состојба при што доаѓа до поместување на матката, вагината и мочниот меур од нивната нормална позиција. Зошто се случува ова и кои се факторите кои влијаат врз појавата на пролапс?
Проф. д-р Васил Илиев: Пролапсот на гениталните органи и мочниот меур е познат и како уро-генитален пролапс. Тој е сложена состојба и се карактеризира со пореметена анатомска позиција на засегнатнатите органи во комбинација со нивна нарушена функција. Значи, поедноставно кажано, кога зборуваме за пореметена анатомска позиција се работи за кила на еден или на повеќе делови од вантрешните и/или надворешните генитални органи на жената и на мочниот меур или уретрата (изводниот мочен канал). Кога зборуваме за нарушена функција на некоја компонента на урогениталниот пролапс, всушност треба да објасниме дека станува збор за проблеми со мокрењето. Тие може да бидат: зачестено мокрење со или без чувство на нагон за мокрење односно стрес – инконтиненција (подмочување при напор, кашлање, кивање, смеење, сексуален однос и тн.); некомплетно прзнење на мочниот меур; уроинфекции како и пореметени или неможни сексуални односи. Причините за настанување се многубројни, но предоминантни се: возраст, породувања (особено вагинални/природни), обезност, физичка работа, наследни фактори, слабост на мускулно – потпорни структури и т.н.
Гениталниот пролапс е многу честа појава, при што околу 50 проценти од жените имаат одреден степен на пролапс. Кои се симптомите и динамиката со која се развива?
Нашата популација жени, односно белата раса воопшто, е поподложна на овие заболувања. Дури 50% жени кои имаат над 30 години, се соочуваат со некој степен на нарушена статика на урогениталниот комплес и/или некој степен на инкоиненција на урината. Што се однесува до пролапсот, жената најчесто не е свесна дека тој постои се додека не биде откриен при интравагинален преглед. Понапреднатите степени на спуштање на вагината, мочниот меур и/или утерусот и самите пациентки го чуствуваат и/или го идентификуваат како натежнување/влечење, особено кога се движат. Може да се појават и болки, често и во лумбалниот дел на кичмата, проблеми со празнење на мочниот меур и чувство дека е непотполно испразнет и/или болка, печење при мокрење. Најчесто пролапсот е проследен со постоење и на стрес инконтиненција на урината.
Нетретиран пролапс во почетна фаза, води до негова прогресија во комплетен пролапс. Решението за комплетен пролапс е секако покомпликувано и со поопсежни оперативни зафати бидејќи во оваа финална фаза веќе постои ограничена мобилност на афектирана особа поради болки, испаѓање на органите надвор од влезот на вагината и создавање на рана на испаднатиот орган (особено често кога постојат атрофични промени
Во што се состои третманот на гениталниот пролапс и дали кај нас се достапни реконструктивни оперативни интервенции?
Токму и мотивот за ова интервју е да помогнеме во подигање на свеста за постоење на ефикасен третман на пролапсот на гениталните органи и стрес инконтиненцијата на урина. Се работи претежно за вагинални операции кои се минимално инвазивни. Престојот во болница е кус, опоравувањето брзо. Тоа овозможува враќање на секојдневните обврски во најкус можен рок. Мојата пракса токму во имплементација на овие модерни реконструктивни интервенции е долгогодишна. Особено би ја истакнал интервенцијата за решавање на стрес инконтиненција на урината. Мора да потенцирам дека оваа интервенција покажува најдобри резултати на компаративните анализи со светските центри за урогинекологија. Имено се работи за трансвагинална апликација на мала трака од специјален материјал која трајно ја врши функцијата на сфинктер на мочниот меур во напон со што трајно се решава стрес инконтиненцијата на урина. Самата интервенција трае околу 15 минута и жената си оди дома истото попладне или утредента (по избор).
Колку време е потребно за закрепнување и враќање на секојдневните активности, како и на нормален сексуален живот, и колкави се шансите за враќање на пролапсот во понатамошниот период?
Проф. д-р Васил Илиев: Закрепнувањето после корективните вагинални операции е индивидуално, но сепак се работи за кус рок. При поголема корективна операција обично потребно е една недела. А после интервенцијата за стрес инконтиненција, само некој ден е сосема доволно. Знаете имам пациентки кои после некој ден од исписот од болница ме бараат да потврдат дека не згрешиле што се вратиле на работа. Реално, продолжувањето со животот е сосема природно, бидејќи тие се комплетно подготвени.
Постоење на инконтиненца која ќе остане нетретирана води и до надразување на кожата, перманентен мирис на урината што е често причина за социјална изолација. Такви пациентки, многу често за да не се подмочаат, одат програмирано да го празнат мочниот меур со што го намалуваат неговиот капацитет, па потоа страдаат и од дополнителни проблеми
Дел од жените живеат со непријатен пролапс на гениталните органи. Што се случува кога истиот ќе остане нетретиран?
Да, за жал голем број жени кај нас мислат дека на возраста на која се наоѓаат е нормално да имаат пролапс или инконтиненција. Само да спомнам дека токму затоа се овие написи, интервјуа се со цел да се информира женската популација дека и пролапсот на урогениталните органи како и инконтиненцијата се успешно и трајно решливи. Недозволиво е денеска во 21 век поради овие состојби жените од било која возраст да се помират со намален квалитет на живот. Не третиран пролапс во почетна фаза, води до негова прогресија во комплетнен пролапс. Решението за комплетниот пролапс е секако покомпликувано и со поопсежни оперативни зафати бидејќи во оваа финална фаза веќе постои ограничена мобилност на афектирана особа поради болки, испѓање на органите надвор од влезот на вагината и создавање на рана на испаднатиот орган (особено често кога постојат и атрофични промени).
Постоење на инконтиненција која ќе остане не третирана води и до надразнување на кожата, перманентен мирис на урина што е често причина за социјална изолација. Такви пациентки многу често за да не се подмочаат одат програмирано да го празнат мочниот меур со што го намалуваат неговиот капацитет, па потоа страдаат и од дополнителни проблеми.
Kако да се намали ризикот од пролапс, дали и колку помагаат Кегеловите вежби и во што се состојат другите превентивни мерки?
Проф. д-р Васил Илиев: Се смета дека добар придонес за превенција на настанување на пролапс на урогениталните органи и/или инконтиненција на урината се: Кегеловите вежби на прво место, но и активен животен стил, избегнување на обезност и редовни урогинеколошки контроли со сите специфични тестови за откривање на суптилните пореметувања, нивно рано откривање и навремено решавање со минимален пристап.
Клиника Жан Митрев сака да ја информира јавноста дека во континуитет изминативе седум месеци болницата се соочува со координирани постапки од повеќе чинители со намера да се влијае на редовното работење на болницата.
Во неколку наврати на порталот ДоказМ се објавуваа текстови базирани на информации во предистражната постапка во кои беше најавувано какви мерки ќе бидат преземени против Клиниката Жан Митрев.
За овие индиции за поврзаност да бидат уште поочигледни, се случи токму тоа што го бараше ДоказМ во текстот на порталот со датум 15.11.2022, односно да се блокира сметката на Клиника Жан Митрев и да се забрани продажба на удели! (ОДЛУКАТА е во прилог на ова Соопштение)
Три дена после објавата на овој текст на датум 18.11.2022 Јавното обвинителство донесува идентична одлука како бараната од Доказ М со која ја усвојува мерката и ја блокира сметката на Клиника Жан Митрев!
Да потсетиме дека цели три недели сметката на Клиника Жан Митрев беше блокирана и со тоа се влијаеше на редовното работење на болницата. Одлуката беше обжалена, забраната тргната. Иако клиниката сега не е блокирана, можноста за повторно блокирање се уште постои поради тоа што судот ја врати одлуката на повторно разгледување.
Јавно прашуваме:
Како одлуките на една државна институција се случуваат врз база на она што го пишува порталот ДоказМ?
Дали и со каква позадина се пишувањата на ДоказМ, а поврзани со Клиниката Жан Митрев?
Дали некој сака намерно финансиски да ја уништи Клиниката Жан Митрев и нејзиното работење преку свесно блокирање на 90 милиони денари?
Кој стои зад овој организиран притисок и со намера за нанесување огромна штета на Клиниката Жан Митрев?
Дали целта на оваа хајка и операција е непријателско преземање на клиниката преку нејзино носење на раб на економски пропаст за да може да се преземе по багателна цена?
Дали некој е свесен во оваа држава дека дневно нашиот тим се бори за над стотина човечки животи?
Во контекст на задржување на транспарентноста и барање одговори, ќе бидат известени Хелсиншкиот комитет, Комисијата за заштита од дискриминација, како и Советот за етика во медиумите.
И, зошто се случува се ова да ги повториме бројките од важност за јавноста.
Да потсетиме дека од вкупниот број хоспитализирани пациенти од КОВИД-19 во земјата, само неполни 10% беа лекувани во клиничката болница Жан Митрев со успешност од 76,4% преживување. Од оние 280 лица кои се чувствуваат оштетени/измамени (по листата од ОЈО) 43% се преживеани лица, а починатите претставуваат 1,6% од вкупниот број починати во Македонија.
Снегот е радост за сите генерации и причина плус за да ги напуштиме топлите домови и да излеземе на прошетка. Но, пред да се препуштиме на зимските убавини, треба да знаеме и како да се заштитиме од евентуални повреди. Зимските повреди т.е повредите настанати при рекреативни или спортски активности, можат да бидат доста опасни и болни. А самиот процес на опоравување може да потрае и да ве оддалечи од секојдневните работни активности со месеци. Во зимскиот период, најчести се повредите на скочниот зглоб и колената кои може да настанат при одење или пак скијање на снег. Доколку пак, паднете на лизгава, замрзната површина, може да настанат и тешки повреди на главата или скршеници на горните екстремитети или ’рбетниот столб.
Најчести видови на зимски повреди се:
Превиткување (dystorsio) – е повреда на лигаментите, меките ткива, крвните садови или нерви и истото е резултат на ненадејно, пресилно движење на зглобот. Повредениот чувствува остра болка, проследена со оток на болното место.
Исчашување (luxatio) – е повреда при која зглобната глава излегува од зглобната чашка заради прекин на лигаментите или расцеп на зглобната чашка. Како последица на ова, зглобот е деформиран и се чувствува силна болка, а екстремитетот е во неприродна (невообичаена) положба. Исто така при движењето на зглобот, се чувствува мал отпор поради контракциите на мускулите.
Скршеница (fractura) – претставува оштетување на меките ткива и прекин на континуитетот на коските или ’рскавиците. Сериозноста на оваа повреда зависи од обемот на оштетената коска, крвните садови, губење на крв или трауматски шок.
За сите овие повреди потребно е да се направи веднаш консултација со медицинско лице, односно закажување преглед со цел соодветно диагностицирање и санирање на повредите. Секако важно е да се истакне дека навременото санирање на повредите може да превенира дополнителни компликации. Најчесто овие повреди се третираат конзервативно. Но, понекогаш доколку сериозноста на повредата го налага тоа, третманот може да биде и оперативен.
Бидејќи самиот процесот на рехабилитација започнува веднаш по настанувањето на повредата, без разлика дали повредата захтева конзервативен или оперативен третман, улогата на физиотерапијата во овој процес е огромна. Со цел да се постави соодветна патеката на лекувањето, клучно е едуциран физиотерапевт во консултација со ортопед или трауматолог да одбере соодветни физиотерапевтски техники. Најчесто овој тип на повреди (дисторзија и луксација) се третираат со бандажирање или компресивна терапија, елевација (позиционирање), криотерапија, кинезиотејпинг, па дури и електротерапија. Изборот на секоја техника се прави согласно локацијата и типот на настаната повреда. При дисторзија или луксација кинезиотејпингот има максимално позитивен ефект при стабилизацијата на повредениот зглоб, но и во редукција на настанатиот локален едем. Исто така кинезиотејпингот може да помогне и при некои специфични фрактури на локации при кои не е возможно да се постави гипсена или друг тип на имобилизација.
Голем број на истражувања во последните десетина години покажуваат позитивен ефект при употреба на функционалната магнетна стимулација (FMS) во третманот на скршениците (фрактури) дури и преку поставена гипсена или пластична имобилизација со што се забрзува т.е се намалува времетраењето на носење на истата. Функционалната магнетна стимулација има длабоко продирачко дејство кое успева да пенетрира од 5 до 7 см во длабочина и со тоа да влијае на сите мускулно скелетни ткива и на нивните интерклеточни процеси со што го поттикнува процесот на зараснување на коската – формирање на калус.
Голем број на зимски повреди понекогаш се рехабилитираат и подолг временски период, можеби и месеци, со што се намалува на квалитетот на живот и се ограничуваат работните способности на пациентот. Но, доколку се одбере соодветна и интензивна физиотерапија овој процес може значително да се забрза и најголемиот број на зимски повреди да бидат комплетно рехабилитирани за пократок период.
Навременото откривање дури и на најтешката болест спасува живот
Секоја година на 4 Февруари се одбележува Светскиот ден на борба против канцер. На овој ден се преземаат голем број активности ширум светот со цел подигање на свеста за рана детекција на оваа болест со помош превентивни прегледи. Клиничката болница Жан Митрев со цел да придонесе кон добивање на битката, под наслов ,,Заврши ја борбата пред да почне,, обезбеди специјални цени на голем број прегледи во периодот до 31 март 2023 година.
Гинеколошки преглед 2000ден.
Детекција на ХПВ (брис) 2500ден.
Тумор маркер ПСА 600ден.
Ехо на дојка 1500ден.
Ехо на тироидеа 2000ден.
2D мамографија 2000ден.
3D мамографија 3000ден.
Fotofinder- скенирање на кожа/бенки 6000ден.
МСКТ нативна (бели дробови) 7000ден.
Пулмоангиографија со контраст 8000ден.
Нефролошки преглед 2000ден.
Колоноскопија со анестезија 14000ден.
Гастроскопија со анестезија 14000ден.
Виртуелна колоноскопија 12000ден.
МР матка со контраст 9000ден.
МР дојки 9000ден.
Превенцијата е најважна. Закажи преглед на 02/3091-484
Амбасадорката на Израел Н.Е. г-ѓа Симона Франкел ја посети Клиничката болница Жан Митрев. Целта на посетата беше разгледување на можностите за соработка меѓу Жан Митрев Клиника и здравствениот сектор на Израел. При посетата, амбасадорката Франкел беше примена од сопственикот на болницата д-р Жан Митрев и имаше можност да се запознае со постигнатите резултати на оваа специјализирана медицинска установа за кардио-хирургија, како и со другите здравствени услуги за нега на пациенти од земјата и странство.
Во текот на обиколката на болничките оддели и придружната инфраструктура пред амбасадорка беше детално претставена болницата со целосните просторни капацитети и процесите. Беше претставена вградената технологија и опрема што оваа ретка медицинска установа ја рангира во самиот светски врв на даватели на здравствени услуги. Амбасадорката Франкел беше особено импресионирана од доследноста во примената на концептот „зелена“ болница според сите инфраструктурни и амбиентални параметри со што Жан Митрев клиника е лидер во регионот и една од ретките целосно дигитализирани болници со независен и целосно затворен систем на амбиентална контрола. Посебен акцент беше ставен на можноста за обезбедување квалификувани и врвни услуги во лекувањето на кардиоваскуларни болести на странски пациенти, за што Клиничката болница Жан Митрев има склучено договори со здравствени фондови од други земји, вклучително и со САД.
Сумирајќи ги впечатоците од посетата амбасадорката Франкел упати честитки до основачот д-р Жан Митрев и до сите вработени во болницата и се обврза да ги испита можностите за соработка со здравствениот сектор на Израел во делот, пред сѐ, во делот на стручно усовршување со цел размена на практични искуства во примената на најсовршени дијагностички и терапевтски методи, особено од областа на кардио-хирургијата.
Амбасадорката беше известена и за исклучителните резултати во работењето во текот на 23-годишната дејност, како и за поседувањето во континуитет од 2017 година на сертификатот од Joint Commission International (JCI) – највисокото меѓународно признание од областа на здравствените услуги.
Како дел од Еразмус Плус ЕУ програмата, нашата болница, заедно со Универзитетските клиники од Ротердам, Виена и Барселона, доби повеќегодишен грант за тестирање на симулатор со виртуелна реалност. Симулаторот е наменет за едукација во областа на кардиохирургија, конкретно вклучување и исклучување пациенти од екстракорпорална циркулација, како и кардиопулмонална реанимација по кардиохируршка операција. Имено овој проект подразбира активно учество на нашите специјализанти по кардиохирургија д-р Симона Патчева и д-р Горазд Коњановски, под супервизија на проф. д-р Милка Клинчева со цел едукација и примена во пракса на наученото.
Како функционира?
Симулаторот се состои од ВР очила кои се поврзани со палки кои се држат во рацете, а специјалниот софтвер на монитор ги емитува движења на специјализантот врз телото на виртуелниот пациент.
Овој меѓународен проект за примена на ВР симулатор за учење и тренинг на млади кардиохирурзи има повеќе предности. Една од нив е факот што се тренира во повеќе повторувања и со можни грешки од кои се учи, без при тоа да биде реално загрозен животот на пациент.
Конкретната примена и широка распространетост на ваквиот начин на едукација и тренинг со ВР симулатор насекаде во светот се очекува да се случи во следните неколку години.
Нашиот тим е пресреќен што може да даде свој придонес и воедно да биде меѓу првите корисници на најновите тренинг методи.