Ако знаеш дека 80% од болестите може да се спречат доколку се откријат навреме – не пропуштај! Закажи, искористи ги промотивните цени и верувај. Секој преглед значи дека ти е најважно да си здрав!
Кардиоваскуларен преглед 3500 ден.
Флеболошки преглед 1800ден.
Флебографија (ангиографија на вени) 12000 ден.
Уролошки преглед 2500 ден.
Гинеколошки преглед со ПАП 3500ден.
Ортопедски преглед 2500 ден.
Специјалистички ОРЛ преглед 1800 ден.
Ендокринолошки преглед 2500 ден.
Ехо на тироидеа 2500 ден.
Пакет тироидни хормони FT4, FT3 и TSH 1500 ден.
Ендокринолошки преглед со TSH i FT4 3500ден.
Пулмолошки преглед 1800 ден.
Полисомнографски тест за слип апнеа 2800 ден.
Нефролошки преглед 1800 ден.
Невролошки преглед 1800 ден.
Специјалистички педијатриски преглед 1800 ден.
Консултативен преглед со пастичен хирург 1800 ден.
Дерматолошки преглед 1800 ден.
Фотофајндер (скенирање на бенки) 6000ден.
Колоноскопија со анестезија 15500 ден.
Гастроскопија со анестезија 15500 ден.
Ехо на дојка 1800 ден.
2Д Мамографија 2500 ден.
3Д Мамографија 4500 ден.
МСКТ серија со контраст (глава со врат/абдомен/долни екстремитети) 12000 ден.
ЦТ Виртуелна колоноскопија 12000 ден.
МР нативна серија 11000 ден.
МР серија со контраст 14000 ден.
Магнет на срце 19900 ден.
Магнет на цел рбет 16900 ден.
Магнет на матка со контраст 11900 ден.
Магнет на дојки 11900 ден.
Остеодензитометрија Дексаскен 1900 ден.
ФМС за уринарна инконтиненција 1500 ден.
ФМС форм 1800 ден.
Мануелна лимфна дренажа 1750 ден.
Кинемат по операција колк/колено 45 мин. 2500 ден.
Кампањата ќе биде активна од 17 јули заклучно 17 септември.
Летото е во полн ек. Долгите сончеви денови повикуваат на активности покрај вода изложени на сонце и високи температури. За да го искористите максимумот од оваа сезона, вистинско време е да се потсетиме на општите здравствени мерки на претпазливост.
Иако повеќето од нас веќе применуваат соодветни чекори кои вклучуваат добра хидрираност или користење заштитна крема за сончање во текот на топлите месеци, сепак дехидратацијата, топлотниот удар и изгорениците не се единствените здравствени проблеми кои се појавуваат во текот на летото. Особено се присутни инфекциите и други состојби кои произлегуваат од високите температури, морето или користењето на базените кои како такви го зголемуваат ризикот. Во оваа група летни проблеми спаѓаат:
Надворешен отитис (исто така познат како пливачко уво)
Тоа е инфекција која се појавува на надворешниот дел од слушнот канал и е предизвикана од зголемениот контакт со водата од базените и плажите. За да се спречи ваква инфекција, се препорачува сушење на надворешниот дел на увото и влезот на каналот по напуштање на водата, користење на ушни тампони или капи за капење. Важно да знаете е дека не треба да користите стапчиња за уши или спрееви кои можат да ги променат pH вредностите на кожата на каналот. Во секој случај при појава на непријатност или симптоми посетете оториноларинголог.
Инфекции на кожата
Спортското стапало, кое опфаќа различни процеси на инфекција, како габични така и бактериски, покажува повеќе симптоми во лето, поради зголемена температура и влажност. Истото се случува и со појавата на белите дамки/флеки, кои се интензивираат и стануваат повидливи на исончана кожа, секако поради комбинација со степенот на присуство на влага и температура од околу 30-32ºC, бидејќи тоа се идеални услови за да се размножат.
Друга честа инфекција е кандида вулвовагинитис, која се проценува дека влијае на 90% од жените барем еднаш во нивниот живот. Иако оваа габа е дел од нормалната флора на вагината и дигестивниот тракт, во лето епизодите на вулвовагинитис се зголемуваат поради изложеноста на поголема влажност и температура (долго носење влажен костим за капење).
Дехидрација
Тоа е еден од најчестите проблеми што се јавуваат во лето. Се појавува кога телото губи повеќе вода отколку што внесува/прима. Недостатокот на течности во телото може да ни предизвика вртоглавица, сушење устата. Во топли и сончеви денови, кога се потиме повеќе од нормално, важно е да пиеме многу вода за да останеме хидрирани, дури и пред да почуствуваме жед. Мора да внимаваме на екстремната жед, замор, сува уста, вртоглавица или раздразливост бидејќи тие можат да бидат знак дека сме дехидрирани.
Каснувања од инсекти
Комарците, мувите, осите и разните видови мравки имаат тенденција да се размножуват во топла, влажна клима. Доколку не сме алергични, ќе поминеме само со непријатност на кожата, односно чешање и чувство на печење во областа, црвенило или оток. Но, доколку сме алергични, болката најверојатно ќе биде посериозна и ќе се појават реакции како меурчиња, вртоглавица, отежнато дишење, гадење и сл. Во овие случаи, важно е веднаш да се побара лекарска помош.
Користењето на средства против инсекти, и користење на заштитна облека од сонцето и топлото, како што се лесна долга облека и кошули со долги ракави ќе ни помогнат во превенција. Иако често е неизбежно, најдобро е да не го чешате местото на убодот бидејќи ќе треба подолго време да исчезне и ќе остави трага. Наместо чешање, пожелно е да користите гел за ладење и ублажување на чешањето.
Топлотен удар
Оваа сериозна медицинска состојба предизвикува зголемување на основната температура на телото. Топлотен удар може да настане како резултат на продолжено изложување на прекумерна топлина (работа или вежбање на отворено). Практично станува збор за нарушување на механизмот за препознавање на топло/ладно. Треската и екстремно високата температура на телото може да предизвикаат трајни оштетувања. Знаци кои треба да не алармираат се: конфузија, кратко и забрзано дишење и забрзан пулс.
Изгореници од сонце
Тие се појавуваат кога поминуваме премногу време изложени на ултравиолетово (УВ) зрачење од сонцето. Тоа влијае на живите ткива како што е кожата, ја гори и предизвикува црвенило и иритации, а понекогаш се појавуваат и пликови. Во случај на тешки изгореници, кожата може дури и да отече, да почне да се лупи или да се појави рана.
Иако луѓето со посветол тип на кожа се посклони кон изгореници, сепак секој треба да преземе мерки за спречување на изгореници со редовна употреба на креми за заштита од УВ зрачење. Најчесто изгорениците се подобруваат сами по себе како што одминуваат деновите. Но, треба да побараме лекарска помош ако имаме треска, главоболка и болка на изгореното место. Мора да имаме на ум дека изгорениците од сонце го зголемуваат и ризикот од рак на кожата.
Најдобар начин да се спречи оштетувањето од сонцето е да се нанесе крема со заштитен фактор 50 најдобро 15-25 минути пред изложување на сонце за да и се овозможи на кожата да го апсорбира кремот за сончање. Покрај тоа, мора да избегнуваме изложување на сонце во најтоплите часови од денот (од 11 наутро до 4 попладне).
Стомачен вирус
Високите температури и повеќе активности на отворено (пикник, скара, итн.) се совршени сојузници за патогените бактерии како што е Staphylococcus aureus да се размножуваат во нашата храна и вода. Симптомите на труење со храна, кои може да се движат од благи до тешки, често вклучуваат повраќање, абдоминална болка, дијареа, треска и главоболки.
Важно е да бидете сигурни дека храната се подготвува и складира правилно за да се спречи размножувањето на бактериите. Чистењето, одвојувањето, готвењето и ладењето се основните принципи на безбедноста на храната.
Состојбата тригеминална невралгија, исто така позната како болен тик, е невролошко нарушување кое се карактеризира со интензивни и исцрпувачки епизоди на болка во лицето. Тригеминалниот нерв е одговорен за пренесување сензации од лицето до мозокот, а кога овој нерв е засегнат, може да предизвика екстремна болка во различни делови на лицето, како што се вилицата, образите, очите или челото.
Болката од тригеминалната невралгија обично е остра и краткотрајна како бодеж, но може да биде доволно интензивна за да ги попречи нормалните дневни активности. Нападите на болка можат да бидат предизвикани од благи дразби, како што се зборување, јадење, миење заби, а понекогаш и ладен воздух на лицето. Дури и секојдневните активности како насмевка или зборување може да предизвикаат силна болка.
Кои се симптомите на тригеминална невралгија?
Симптомите на тригеминална невралгија често вклучуваат повторливи епизоди на силна болка на лицето. Овие епизоди може да траат од неколку секунди до неколку минути и обично се манифестираат парцијално, односно зафаќаат само едната страна на лицето. Најчестите симптоми се:
Ненадејна, силна болка во лицето: Болката најчесто се опишува како остро боцкање, струја или чувство на печење. Тоа може да биде предизвикано од секојдневни активности како што се при јадење, зборување, бричење, па дури и благи стимули како ладење или контакт со кожа.
Пароксизмални напади на болка: епизодите на болка обично се кратки, но интензивни, со чувство на електричен шок во лицето. Тие можат да се појават спонтано или да бидат поттикнати од специфични стимули, познати како „тригери“, кои може да варираат од личност до личност.
Повторливи епизоди – можат да траат од неколку секунди до неколку минути.
Локација на лицето – на една или повеќе области на лицето, како што се челото, вилицата, окото или образот.
Периоди на ремисија – во некои случаи, епизодите на болка може да се појават наизменично, со периоди на олеснување или целосна ремисија. Сепак, должината на овие периоди може да варира но не сите пациенти доживуваат ремисии. Важно е да се напомене дека симптомите на тригеминална невралгија може да варираат по интензитет и фреквенција од личност до личност.
Како се дијагностицира и како се третира?
Дијагнозата на тригеминална невралгија се заснова на описот на симптомите и исклучувањето на други можни причини за болка во лицето. Третманот може да вклучува лекови за ублажување на болката, како што се антиконвулзиви или лекови против болки, како и физикална терапија, инјекции со анестетици или хирургија во потешки случаи поотпорни на третман.
Дебелината кај детската популација е значително зголемена. За експертите оваа проблематика е една од најважните јавно-здравствени проблеми што постојат денес. Причините за зголемување на дебелината кај децата би можеле да ги сумираме во 4 точки:
Седентарен начин на живот
Студиите спроведени ширум светот сугерираат дека долго време поминато пред екранот кај децата и адолесцентите предизвикало голем број здравствени штети. Ова е значително зголемено за време на пандемијата, а компјутерите и мобилните одзеле од времето за играње на отворено. Дополнително на ова, експертите додаваат дека нема култура на играње на улица, заради околината, сообраќајот, опасноста, малкуте зелени површини итн. и затоа е изгубен интересот за излегување и играње на отворено. Сето ова предизвикува седентарен начин на живот уште од најрана возраст и е еден од најважните фактори кои ја фаворизираат дебелината кај децата.
Недостаток на зеленчук и овошје во исхраната
Се препорачуваа јадење 5 порции овошје и зеленчук на ден. Како за возрасните, така и за децата. Неопходно е да се зголеми општествената свест за важноста на консумирање на овошје и зеленчук во секојдневната исхрана кај најмалите.
Неконсумирање на разновидна исхрана
Исхраната кај децата мора да биде разновидна според возраста и активноста на детето. Пред сè, неопходно е да се вклучат сите групи на храна.
Недоволно спиење
Многу важно е да се постигне рутина на спиење кај децата. Децата мора да си легнуваат рано, за да ги отспијат потребните часови според нивна возраст. Со легнувањето доцна, сонот кај децата ќе се наруши и ќе имаат помалку време наутро, со што се отежнува појадокот во мир и влијае на енергијата во текот на денот. Дебелите деца имаат поголема веројатност да развијат други поврзани болести во зрелата возраст.
За повеќе информации или третман, консултирајте се со нашиот тим педијатри преку закажување термин на 02 3091 484.
Што претставува миокардитисот и кои се причините и механизмите за негова појава?
Миокардитисот претставува воспаление на срцевиот мускул и може да има варијабилна клиничка слика од асимптоматска презентација до тешка форма на срцева слабост или фатална аритмија. Најчести причинители се вирусите, а поретко може да бидат бактерии и други инфективни причинители, радијација, лекови или токсини. Механизмот може да биде со директно оштетување на клетките на срцевиот мускул (миоцити) од страна на патогенот (инфект или токсин) или со автоимуна реакција на самиот организам врз сопствените клетки кои се промениле како резултат на патогенот и сега организмот ги препознава како туѓи и ги напаѓа.
Како миокардитисот влијае врз работата на срцето?
Воспаление на срцето може да доведе до едем и фиброза на срцевиот мускул кој може последователно да ослабне и со то пумпната сила на срцето да се намали. Како резултат на тоа, пациентот ќе чувствува замор, отежнато дишење и ќе има отоци на нозете. Дополнително воспалението или фиброзата која ќе се јави, може да направат лузна на срцето која е потенцијално жариште и извор на срцеви аритмии од екстрасистоли до малигни аритмии како коморна тахикардија и фибрилација кои често завршуваат фатално.
Кои се компликациите до кои може да доведат тешките форми на миокардитис?
Проширување и ослабување на срцето, ненадејна срцева смрт, аритмии.
Иако кардиоваскуларните болести најчесто се поврзуваат со повозрасната популација, миокардитисот не бира по години и може да се појави во која било возраст, па дури и кај децата. Постојат ли ризични групи на кои цели миокардитисот и дали полот прави разлика во однос на неговата појава?
Миокардитисот може да ја зафати и најмладата популација, поретко највозрасните, меѓутоа најчест е кај популацијата на возраст од 20-30 години и почесто го засега машкиот пол.
Како започнува болеста, кои се најчестите симптоми и како болката во градите да се разликува од срцев удар – инфаркт?
Миокардитисот клинички може да се презентира на следните четири начини:
Појава на акутна градна болка придружена со промени на ЕКГ и повишен тропонин. Болката многу наликува на акутен миокарден инфаркт и вообичаено не може иницијално да се разликува. Со метода за визуелизација на коронарните артерии (коронарографија) се исклучуваат опструкции на крвните садови кои би биле причина за инфаркт, додека пак со магнетна резонанца на срцето може да се визуелизира смото воспаление и лузната и да се докаже миокардитисот.
Појава на акутна срцева слабост со брза прогресија на болеста. Често овие пациенти може да завршат на екстракорпорална механичка циркулација која ќе ги одржува во живот до смирување на воспалението со клиничко подобрување. Во случај кога подобрувањето изостанува, пациентите се одржуваат на механичка циркулаторна подршка до трансплантација.
Хронична презентација која доведува до постепено проширување и слабеење на срцето и резултирачка дилатативна кардиомиопатија која понатаму се лекува медикамнтозно и најчесто текот на болеста е спор.
Ненадејна срцева смрт поради малигна аритмија. Кај овие пациенти, болеста се докажува при обдукција со наод на инфламација на срцето или доколу пациентот е успешно реанимиран (абортирана нагла срцева смрт) се докажува со магнетна резонанца на срце.
Дали воспалението на срцевиот мускул остава трајни последици врз срцето?
Миокардитисот може да помине и во лесна форма без трајни последици, но најчесто останува некаков вид на фиброзна лузна во срцевиот мускул која зависно од локацијата и големината може понатаму да направи сериозни последици како: дилатативна кардиомиопатија со срцева слабост или лузната да биде потенцијален извор на аритмии.
Кои се Вашите препораки до пациентите по прележан миокардитис и дали може да се случи повторно да се јави воспаление на срцевиот мускул?
На пациентите кои ќе бидат дијагностицирани со миокардитис им се препорачува воздржување од засилена физичка активност во следните 6-12 месеци, зависно клиничката слика. Се препорачува следње на состојбата со електрокардиограм, ехокардиографија и магнетна резонанца на срце. Пациентите кои имаат лузна на срцето, но сочувана систолна функција, може да примаат бета блокатори превентивно со цел намалување на ризикот од аритмии. Сепак проценката на кардиологот е индивидуална и зависи од случај до случај. Пациентите кои развиле срцева слабост се поставуваат на медикаментозен третман и се следат на одредени интервали зависно тежината на болеста. Миокардитисот може да се повтори. Но, треба да сме внимателни, бидејќи постојат и други состојби кој наликуваат на миокардитис, а се посклони кон повторувачки епизоди. Такви се Такоцубо Кардиомиопатија (Синдром на скршено срце), Десмоплакин кардиомиопатија или МИНОКА (миокарден инфаркт без осптрукција на коронарните артерии). Магнетната резонанца на срце е златен стандард за дијагноза на миокардитис и единствено оваа неинвазивна метода би можела да ги разграничи овие патологии.
Ова заболување е меѓу водечките причини за ненадејна смрт кај спортистите. И покрај редовните медицински прегледи, се уште се случуваат трагични настани на терените, како и надвор од нив. Како правилно и навремено да се детектира миокардитис кај спортистите?
Миокардитисот, хипертрофичната кардиомиопатија, коронарните аномалии, се едни од најчестите причини за смрт кај атлети. Посебен проблем е асимптоматскиот миокардитис кој оставил лузна која не може да се идентификува ниту со електрокардиограм ниту пак со ехокардиограм. Повторно магнетната резонанца е методата која треба да се примени за навремено да се препознае такво оштетување. Иако е неинвазивен и безбеден тест, сепак поради високата цена на чинење, не сите спортисти го прават ова испитување. Секоја земја, а и професионални клубови си имаат свои стандарди и преференции во однос на оваа тема. Генерално повеќето ги следат спортистите со 24 часовен елктрокардиограм и коронарен стрес тест, а ехокардиографија и магнет се реализира доколку има сомнение за проблем. И покрај опсежните истражувања на тема ненадејна срцева смрт кај спортисти и развој на протоколи за скрининг, сепак сеуште сме сведоци на драматични настани на спортските терени. Позитивно е што поставувањето на кардиовертер дефибрилатори на спортските терени и други места каде има голема фрекфентност на луѓе, но и брзите реакции на итната помош опремена со дефибрилатор, се повеќе овозможуваат успешна реанимација кај пациентите со ненадејна срцева смрт.
Караванот „Здравје за сите“ кој овозможи бесплатни кардиоваскуларни прегледи наменети за пензионерите, со посетата на Крушево ја заврши својата мисија. Тимот доктори од Клиника Жан Митрев посети вкупно 11 града во Источна и во Западна Македонија, при што беа донирани прегледи во вредност од над 1.000.000 денари.
Реализацијата на здравствениот караван и на бесплатните прегледи е дел од Меморандумот за соработка потпишан меѓу Клиниката Жан Митрев и Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија. Спроведени на терен беа во соработка со локалните организации со цел да се опфати оваа ранлива категорија граѓани кои немаат можност да патуваат или да добијат ваков тип на услуги на локално ниво.
Сите пензионери што се пријавија за бесплатни прегледи добија анамнеза, ЕКГ и читање, ултразвучен кардио васкуларен преглед, контрола на ТА и консултации за навремено откривање и превенција на срцеви заболувања. Прегледите беа спроведени од докторките специјалисти Јасмина Зафировска и Дашурие Незири.
Клиника Жан Митрев го започна здравствениот караван „Здравје за сите“ и бесплатните прегледи со цел да се зголемат можностите и пристапот до специјалистички прегледи за сите оние што немаат и не можат да добијат мислење од доктор за својата здравствена состојба. Клиниката ја зголемува грижата за здравјето на граѓаните и посебно за ранливи категории и оние без можност за консултации со доктор. Покрај прегледите пензионерите добиваа и советување и едукација за правилно и навремено дијагностицирање на можни заболувања.