Пренесување на новини во лекувањето на срцева слабост, примена на нови процедури и актуелната ситуација во Северна Македонија на мапата на напредни третмани беа дел од темите на Првата школа за напредна срцева слабост организирана од Клиника Жан Митрев и Македонското здружение за кардиологија
Повеќе од 80 доктори кардиолози во приватно и јавно здравство од цела Македонија беа учесници на оваа школа.
„Срцевата слабост е застапена кај повеќе од половината од вкупните кардиоваскуларни заболувања што се појавуваат во Европа. Истовремено во последнава деценија се случуваат права револуција во лекувањето како медикаментозно така и немедикаментозно во оваа област. Имајќи го сето тоа предвид како и новите европски водичи за лекување на срцевата слабост, Македонското здружени за кардиологија како членка на Европското здружение за кардиологија ја даде својата поддршка на Клиника Жан Митрев за оваа иницијатива и организирање на првата школа за срцева слабост“, истакна проф. д-р Маријан Бошевски, претседател на Македонското здружение за кардиологија.
Искусни професионалци од меѓународен ранг, од регионот и од земјата со признати достигнувања во полето ги претставија своите заклучоци и пронајдоци. Од домашните специјалисти пред присутните предаваа доц. д-р Тања Анѓушева, доц. д-р Жан Митрев од Клиниката Жан Митрев, проф. д-р Маријан Бошевски, претседател на Македонското здружение за кардиологија, проф. д-р Елизабета Србиновска Костовска и доц. д-р Ирена Митевска од Клиниката за кардиологија, проф. д-р Милка Клинчева и доц. д-р Планинка Зафировска од Факултетот за медицински науки при Универзитетот Гоце Делчев-Штип. Гости предавачи беа и еминентни имиња од регионот проф. д-р И. Кнежевиќ и проф. д-р Б. Вртовец од Клиничкиот болнички центар-Љубљана, Словенија, како и доц. д-р Дејана Поповиќ од Универзитетски клинички центар-Белград, Србија.
Школата е акредитирана од страна на Лекарската комора на Македонија.
Невродегенеративните болести опфаќаат низа тегоби и нарушувања кои главно го зафаќаат нервниот систем и предизвикуваат когнитивни нарушувања. Во оваа статија ќе објасниме кои се 5-те најчести невродегенеративни болести, нивните карактеристики и важноста на улогата на негувателот кој се грижи за нив на дневна основа. Постојат повеќе од 100 невродегенеративни болести. Тие опфаќаат разновидна група на патологии кои се карактеризираат со прогресивно губење на невроните во одредени области на мозокот што како последица влијае на правилното функционирање на нервниот систем. Најпознати се Паркинсоновата болест, Алцхајмерова болест, АЛС или мултиплекс склероза. Во ваква ситуација, можеби вашата функција, освен да бидете старател, е и секојдневна грижа за лице со невродегенеративно заболување што не е воопшто лесна задача.
Симптоми поврзани со невродегенеративни болести
Иако сите невродегенеративни болести се карактеризираат со прогресивен процес на невронска дегенерација во мозокот, ние се соочуваме со широк спектар на симптоми кои ќе зависат од невродегенеративната болест од која страда секој пациент. Најкарактеристичните симптоми се:
Проблеми во контролата на движењето – како тремор при мирување, мускулна ригидност или промени во рамнотежата.
Когнитивни ментални проблеми – деменцијата е најраспространетиот симптом, при кој меѓу другото се јавуваат промени во меморијата, размислувањето или говорот.
Останати секундарни симптоми – појава на нарушување во спиењето односно несоница, нарушувања во исхраната, уринарни проблеми, проблеми во комуникацијата, па дури и депресија.
Причини за невродегенеративни нарушувања
Во повеќето случаи, причините кои го активираат невродегенеративниот процес остануваат непознати. Во дел од случаевите утврдено е дека се должат на генетски мутации, но повеќе околности како што се животната средина и возраста можат да влијаат на нивниот исход.
Меѓу многуте причини за кои се сомневаме дека се предизвикувачки фактори се вбројуваат: вирусните заболувања кои влијаат на нервниот систем, промените во автоимуниот систем кои ги напаѓаат сопствените клетки на телото, траума и/или мозочни удари.
На која возраст се појавуваат невродегенеративни заболувања?
Иако не постои точна возраст за појава на овие болести, најчестите симптоми на невродегенеративни болести обично се појавуваат помеѓу 55 и 75 години. Сепак, тие не е исклучено да се појават во било која возраст, бидејќи овие типови на болести може да бидат резултат на генетска предиспозиција или да настанат по преживеан мозочен удар или когнитивно оштетување.
5 најчести невродегенеративни заболувања
Се проценува дека има повеќе од 100 дегенеративни болести, што доведува до потешкотии во нивната класификација и прецизно дијагностицирање.
Сепак, главна карактеристика на сите нив е фактот дека предизвикуваат прогресивна дегенерација на нервните клетки, што резултира со проблеми во движењето (атаксија) или промени во меморијата и размислувањето (деменција).
Подолу, може да видиме неколку примери на некои од најчестите невродегенеративни болести:
Алцхајмерова болест
Алцхајмеровата болест е најчеста дегенеративна болест, бидејќи 7 од 10 пациенти со деменција страдаат од неа. Се карактеризира со прогресивно губење на менталните способности, особено меморијата, но и основните функции како што се говорот или изведувањето сложени движења.
Сеуште не постои третман за запирање на Алцхајмеровата болест; сепак, некои лекови помагаат да се забави болеста и да се ублажат нејзините симптоми.
Грижата за лице со Алцхајмерова болест може да биде голем предизвик и бара многу напор и посветеност, па затоа е важно да се знаат симптомите и промените на болеста за да се прилагоди грижата.
Паркинсонова болест
Тоа е второто најраспространето невродегенеративно заболување по Алцхајмеровата болест и се должи на прогресивното губење на невроните во дел од мозокот наречен супстанција негра. Нејзините главни симптоми директно влијаат на контролата на движењето, предизвикувајќи и мускулна ригидност или тремор при мирување. Исто така, овие симптоми може да бидат придружени со промени во спиењето, расположението, однесувањето или говорните нарушувања, што доведува до прогресивна попреченост. Tретман е засновен на контрола на симптомите со цел подобрување на квалитетот на животот на пациентите со Паркинсонова болест, така што физичката рехабилитација е клучна за одржување на мускулниот тонус, заедно со когнитивната стимулација и говорна терапија.
Мултиплекс склероза
При мултиплекс склероза, имунолошкиот систем ја напаѓа заштитната обвивка (миелин) која ги покрива нервните влакна и предизвикува проблеми во комуникацијата помеѓу мозокот и остатокот од телото, поради што може да се манифестира на различни начини преку избувнување или акутни напади.
Не се појавуваат сите симптоми кај сите луѓе кои страдаат од мултиплекс склероза, поради што често се нарекува „болест на илјада лица“. Сепак, симптомите често влијаат на движењето и тоа во форма на:
Вкочанетост или слабост во екстремитетите.
Чувство на струен удар при изведување на одредени движења.
Тремор, недостаток на координација или нестабилно одење.
Мултиплекс склероза сеуште се смета за болест без лек. Сепак, некои третмани и спроведување на здрав начин на живот помагаат да се подобри квалитетот на животот на пациентите, да се забрза закрепнувањето и со тоа да се контролираат симптомите.
Тимот на специјалисти невролози при нашата клиника ви стојат на располагање за дијагноза и соодветен третман на сите невродегенеративни нарушувања. Закажете го вашиот термин на 02 3091 484
Падот на температурите што се случува секоја година кон крајот на есента, со себе носи и зголемен ризик од заразување со респираторни заболувања, како што се грип или бронхитис. Поради оваа причина, особено е важно да се преземат мерки на претпазливост кај најранливите групи: деца, лица над 65 години, бремени жени или лица со ослабен имунолошки систем.
Подолу ќе најдете 6 едноставни совети за превенција:
1. Дневно вентилирајте ги просторите
За време на студените месеци, луѓето имаат тенденција да останат на слабо проветрени места со часови, нешто што може да го поттикне ширењето на вирусите. Отворањето на прозорците и пуштањето на воздухот да циркулира неколку минути секој ден е од суштинско значење за да се оксигенираат просториите и да се спречи акумулација на микроорганизми.
2. Често миете ги рацете
Оваа едноставна акција во голема мера го минимизира ризикот од настинка или грип. Препорачливо е да го направите тоа откако ќе стапите во контакт со потенцијално контаминирани површини (како што е возење со автобус или масата во кафетеријата) како и по контакт со болни лица.
3. Вакцинирајте се против сезонски грип
Оваа вакцина е особено индицирана за лица кои влегуваат во ризични групи: деца со некакви патологии, возрасни лица над 65 години и лица кои страдаат од хронични заболувања. Обезбедува заштита од 6 до 12 месеци и се препорачува да се дава пред почетокот на зимата.
4. Избегнувајте ги големите промени на температурата
Движењето од ладна средина во топла средина или обратно предизвикува имунолошкиот систем да реагира помалку ефикасно на надворешните агресии. Поради оваа, препорачливо е да го одржувате просторот на температура под 23 степени Целзиусови и да ја прилагодите облеката на секоја средина: извадете ги капите, јакните и шалот кога сте во топли простори и облечете ги кога излегувате надвор или влегувата во поладна просторија.
5. Покријте ја устата кога кашлате или кивате
Вирусите и бактериите патуваат низ воздухот преку ситните капки кои се исфрлаат при кашлање и кивање. Ако инфекцијата веќе постои, најдобрата опција за да се избегне нејзино ширење на други луѓе е да се користи марамче за еднократна употреба и да се избегне директен контакт на мукозните мембрани со рацете.
6. Одговорно користете ги лековите
Земањето лекови на погрешен начин, особено антибиотиците, може да има штетни ефекти врз здравјето бидејќи тие немаат ефект врз вирусните инфекции како што е грипот и може да генерираат отпорност и да престанат да бидат ефективни кога е потребно, а истовреме го ослабуваат вашиот имунолошки систем и ве праваат посклони кон вирусните инфекции. Уживањето во најстудените месеци од годината е можно доколку преземеме екстремни мерки на претпазливост и ги примениме горенаведените превентивни мерки, особено кај лицата кои припаѓаат на најранливите групи.