4 причини за сува кожа и во лето

Дневна доза здравје

јуни 06,2022

Најчесто сувата кожа на телото и особено на рацете е карактеристична за ладните периоди, но се случува овој проблем да се појави и во летните месеци.
Без разлика што вклучуваат вашите летни планови, да опатувате на егзотичен одмор или да останете да работите во канцеларија, сувата кожа може да ви направи проблем. Причините за сува кожа во текот на летото не се исти како во зима.
Да ги разгледаме четирите вообичаени виновници за сувата кожа во лето и како да се справиме со истите.

Климатизација

Нема подобра средина од климатизирана просторија на жежок летен ден. Но, дали некогаш сте забележале дека климатизираниот воздух може да биде сув? Климатизацијата може да го исуши воздухот исто колку и да вклучена греалка во зима. Уште полошо, може да ви ги предизвика истите проблеми со сув воздух кои ќе ви предизвикаат тешкотии како намалена концентрација, главоболки, сува кожа и иритирани очи.

Откако ќе поминете над 40 часа неделно во климатизирана канцеларија и ќе си одите дома во климатизиран дом, вашата кожа копнее за влага. Доколку температурите се континуирано високи, воздухот е веќе сув, така што климатизираниот воздух уште повеќе придонесува вашата кожа да изгуби влажност да дехидрира и да стане сува.

Решение: Користете навлажнувач на воздух. Но, внимавајте во изборот на апарат за навлажнување на воздухот. Одберете некој кој нема претерано да навлажнува испуштајќи неконтролирано топла пареа или ладна магла во просторијата. Навлажнувачот треба со својата работа да одржува идеална релативна влажност помеѓу 40-60%. Со помош на навлажнувач, вашиот воздух ќе абсорбира онолку влага влага колку што е потребно.

Дополнителен бонус: Без разлика кое време од годината е, спиењето во просторија со навлажнувач ќе ви ја даде подмладувачката хидратација и нега што и е потребна на вашата кожа.

Изгореници од сонце

Дури и кога не е особено сончево надвор, секогаш треба да нанесувате крема за сончање со цел да ја заштитите природната бариера на вашата кожа од моќните УВ зраци кои можат да дејствуваат како забрзувач на стареењето на кожата. Особено е важно кога сте на плажа при што поголем дел од вашата кожа е изложен на сонце задолжително е да нанесете заштитна крема за сончање. Кога вашата кожа навистина ќе изгори, таа се суши, се осиромашува со антиоксиданси и липидниот статус нарушува. Кога тоа ќе се случи, мртвите клетки на кожата и оштетените липиди не можат да функционираат правилно за да се создаде соодветен слој кој ја задржува влагата во кожата. Како резултат на тоа, вашата кожа губи огромна количина на влага и како што најверојатно сте доживеале претходно, таа се лупи.

Решение: Останете хидрирани и навлажнувајте редовно додека третирате изгореници од сонце. Пијте многу вода за да спречите дехидрација и изберете лосиони и хидратантни креми кои содржат смирувачки состојки како алое вера или овес. Факт е дека изгорениците од сонце се доста штетни за вашата кожа, користете „креми, лосиони и гелови за после сончање“.Кратката верзија за заздравување на сува кожа изгорена од сонце: хидрирајте, навлажнете и надополнете ги потребните витамини! Ние ви го препорачуваме егзовес гелот од Институт.
Препорака: Гелот со колоиден овес – ЕГЗОВЕС на Institute нуди ефикасно решение за навлажнување, смирување на црвенилото, надокнада на липиди, антиоксиданси и регенерација на вашата кожа по сончање. Воедно смирува чешање и придонесува за одржување на природната бариера на кожата.

Базени

Користењето на базен во лето е многу често како активност. Но хемикалиите во базенот како хлорот може да предизвикаат сува кожа или дури и осип на чувствителна кожа. Откако ќе уживате во убавото капење во базенот, бидете свесни дека сувоста и крутоста што ја чувствувате на вашата кожа е резултат на хлорот што ги отстранува природните масла од кожата. Ова заедно со изгорениците од сонце може да биде ,,совршениот рецепт,, за летен проблем.

Решение: Ако планирате да поминувате повеќе време од вообичаено на базен, можеби треба да нанесете лосион пред пливање кој е специјално формулиран да го блокира хлорот и да ја заштити вашата кожа. Најдоброто нешто што можете да го направите по пливањето во базен е да се истуширате и да ги измиете хемикалиите на хлор од вашата кожа со сапун и вода. Подобро е да направите краток и ладен туш. Доколку се туширате со топла вода, топлината повеќе ќе ви ги отвори порите, дозволувајќи му на хлорот да навлезе во вашата кожа. Општо земено, многу топлите тушеви предизвикуваат и сува кожа бидејќи интензитетот на топлина може да ја лиши вашата кожа од природни масла.
Доколку имате многу чувствителна кожа, побарајте производи направени специјално за после базен кои делуваат на неутрализирање на хлорот, отстранување на мирисот на хлор и навлажнување на кожата.

Престој во природа

Се подготвувате за кампување или пешачење во шума или на планина? Покрај бубачките кои можат да ве каснат оставајжи црвенило, отоци или чешање, треба да внимавате и на растенија кои се опасни за вашата кожа, како на пример отровниот бршлен. Мнозинството луѓе се алергични на маслото кое го содржи отровниот бршлен. При контакт со него ќе се создаде осип, подигнати испакнатини, чешање и лупење.

Решение: Репелентните спрејови и лосиони помагаат во заштитата на вашата кожа од каснувања од бубачки. Внимавајте некои можат да бидат иритирачки за чувствителните типови на кожа. Размислете за хемикалиите (како DEET) кој може да се најде во вашиот спреј против бубачки и одлучете се за природни алтернативи. Миењето на кожата од овие репеленти со сапун и вода и нанесување навлажнувачки крем ќе помогне да се врати вашата кожа на здраво хидрирано ниво.
При контакт со отровен бршлен, веднаш измијте се со сапун и вода ако е можно. Контактирајте лекар или фармацевт во ваша близина или како домашна аптека може да послужат производите на природа база наменети за вакви кожни иритации на база на камилица, алое вера, колоиден овес.

Хидрирајте од внатре

Сите овие летни лекови за сува кожа имаaт едно нешто заедничко, а тоа е дека кожата треба да се навлажнува и да остане хидрирана. И додека има многу специјални креми, серуми и гелови за заштита на вашата кожа ова лето, одржувањето на вашето тело постојано хидрирано е многу полесно да се постигне. Хидратацијата од внатре кон надвор, особено со внесување на доволна количина на вода, ќе направи значителна разлика во здравјето на вашето тело и кожа.