00389 2 3091 484
ноември 11,2021
Постојат болести кои имаат тенденција да не се манифестираат со речиси никакви симптоми и затоа ретко се дијагностицираат навреме. Но и покрај ова, можно е нивно спречување.
Еве како да се погрижите за петте најчести болести кои се развиваат без посебна симптоматологија:
Дијабетесот тип II е хронична болест, при која телото развива отпорност на инсулин и како последица на тоа, го зголемува нивото на шеќер во крвта. Со текот на времето, ова зголемено ниво на шеќер во крвта може да има сериозни здравствени последици кои потоа можат да влијаат на виталните органи како што се бубрезите.
Има многу луѓе кои не знаат дека имаат дијабетес тип II бидејќи отсуството на симптоми може да трае многу години.
За оние со фактори на ризик како што се семејна историја на дијабетес, прекумерна тежина и / или висок крвен притисок, важно е да водат здрав живот и да прават редовни тестови со кои ќе се дојде до рано откривање на оваа болест.
Крвниот притисок е притисокот на крвта врз артериите која срцето ја пумпа, а тие ја спроведуваат до различните органи на телото. Високиот крвен притисок или хипертензијата е вообичаено пореметување во кое нивото на крвниот притисок постојано се зголемува.
За да се обидете да спречите хипертензија, важно е да се придржувате до здрав начин на живот: непушење, контролирана тежина, намалување на консумацијата на алкохол, вежбање и здрава исхрана погодна за срцето, како што е на пример намалување на внесот на сол.
Тоа е нарушување кое го прекинува дишењето за време на спиењето. Луѓето кои се изложени на најголем ризик да заболат од ноќна апнеа се најчесто мажи, сите со прекумерна тежина, лица со семејна историја на апнеа или пациентите со тесни дишни патишта.
Кога спиењето е прекинато во текот на ноќта, постои опасност да бидете поспани во текот на денот. Затоа, има повеќе шанси да доживеете сообраќајна несреќа, несреќа при работа или да се појави друг здравствен проблем.
Дијагнозата се заснова на преглед на вашата медицинска и семејна историја, физички преглед и резултатите од полисомнографското испитување кое се спрроведува со помош на апарат полисомнограф кој го носите при спиење.
Ракот на белите дробови, генерално, не дава никакви знаци или симптоми додека болеста не е во напредна фаза. Само понекогаш во раните фази, може да се појават вообичаени симптоми како кашлица, болка во градите и коските или замор и слабост.
Пушењето цигари е присутен како фактор во повеќето случаи, но во голем број случаи се појавува и кај непушачи.
Не постои точна формула за спречување на оваа болест, иако е можно да се намали ризикот од заболување од неа со избегнување на конзумирање тутун, вежбање и спроведување на здрава исхрана. Периодичните здравствени проверки можат рано да ја откријат појавата на ракот на бели дробови.
Од сето ова погоре наведено можеме да заклучиме дека потребно е да се прават редовни контоли и да се води сметка за животниот стил.
Глаукомот е причина број 1 за слепило во светот. Тоа е дегенеративно заболување кое произлегува од зголемување на интраокуларниот притисок, кој полека и прогресивно ги зафаќа влакната на оптичкиот нерв.
Доколку не се открие навреме, глаукомот предизвикува неповратно губење на видот.
Бидејќи нема симптоми во почетните фази, неопходно е редовно да се вршат очни прегледи кои ќе придонесат за негово рано откривање, доколку се појави.
Најдобар начин да се спречи ова нарушување е да се практикуваат здрави животни навики кои вклучуваат редовно вежбање и урамнотежена исхрана.