Симпозиум за Биомедицина: Во која насока се движи македонската наука

Настани

јануари 31, 2020

 Денеска во аудиториумот на Zan Mitrev Clinic се одржува еднодневен „Симпозиум за Биомедицина: Во која насока се движи македонската наука.” Целта на симпозиумот ќе биде запознавање со македонската наука презентирана преку работата на реномирани научници коишто работат во Македонија.
Настанот е бесплатен и е наменет за сите млади научници, ентузијасти за наука, членови на научни тимови, дипломци, магистранти, докторанти, професори и лекари.
Настанот е организиран од Научната единица и Лабораторијата за Генетика и Персонализирана Медицина во ZMC.
 

Говорници на симпозиумот се:

– Д-р Александар Петличковски од Институтот за Имунобиологија и Хуман Генетика при Медицинскиот факултет – “Интолеранција на глутен, модерна епидемија?”

 
– Д-р Горан Кунгуловски, Био Инженеринг Доо – “Генетски аберации во епигенетски фактори и нивната улога во канцерната биологија и имунатерапијата”
 
– Д-р Катарина Давалиева, Истражувачки Центар за Генетско Инженерство и Биотехнологија “Георги Д. Ефремов” при МАНУ – “Откривање на биомаркери со квантитативна протеомика: искуства во ИЦГИБ”
 
– Д-р Митко Младенов, Природно-математички факултет, УКИМ – “BK каналите се медијатори на вазоактивниот ефект на континуирано присутен NO
 

– Д-р Родни Росалиа, Жан Митрев Клиника – “Имуниот систем и кардиоваскуларните болести: инфламацијата е асоцирана со лош клинички исход после кардиоваскуларна операција”

На симпозиумот се вклучени и кратки презентации на млади лекари.