00389 2 3091 484
април 23, 2026
Отворениот и кариерен ден 2026 на УГД уште еднаш покажа колку е важно поврзувањето помеѓу младите, академскиот и бизнис секторот. Настанот обедини илјадници студенти и средношколци, како и над 50 компании, создавајќи простор за директна комуникација и нови можности.
Клиника Жан Митрев беше дел од овој значаен настан со свој штанд кој привлече огромно внимание и посетеност. Голем број студенти покажаа сериозен интерес, поставувајќи прашања поврзани со можностите за пракса и идно вработување, што уште еднаш ја потврдува атрактивноста на здравствениот сектор и довербата во нашата работа.
Особено ни беше драго што нашиот штанд го посетија и поранешни пациенти, кои споделија позитивни искуства и убави зборови, давајќи дополнителна вредност на целиот настан.
Продолжуваме да инвестираме во младите и да градиме иднина заедно.




