00389 2 3091 484
август 24, 2023
И покрај своето полезно значење за организмот сончевите зраци се вбројуваат во редот на најопасните штетници врз најголемиот човеков орган – кожата. Имајќи ја пред-вид зачестената дилема околу видовите штетно зрачење, може ли да направи јасна дистинкција помеѓу УВА, УВБ и УВЦ зраците? Постои ли различен интензитет на штетност помеѓу нив?
УВА зраците имаат на долга бранова должина, тие продираат најдлабоко во кожата, предизвикуваат индиректно уништување на клеточната ДНК и нејзин оксидативен стрес, а со тоа и предвремено стареење. Тие се присутни во текот на целата година, со скоро еднаков интензитет. УВБ зраците се со пократка бранова должина, но предизвикуваат директно оштетување на клетките, па така покрај изгореници може да предизвикаат и карцином на кожата. Додека УВЦ зраците кои навистина имаат на) висок енергетски потенцијал, се блокираат од озонската обвивка и не стигнуваат до нашата кожа. Нивен извор може да бидат вештачки извори како УВЦ ламби кои се користат за дезинфекција на простории и воздух или некои видови на ласери.
Најважната подготовка вклучува хидратација на кожата и превенција од нејзино дехидрирање во летниот период, што во превод би значело набрчкување и пресушување. Секако, во однос на изложеноста на сонце, важно е правилото на многу постепена адаптација, односно постепено зголемување на минутите на експозиција на сонце. Се препорачуваат и додатоци во исхраната како Витамин Е (бадеми и други јаткасти плодови, растителни масла) и бета каротен – храна богата на каротеноиди како што е ликопенот (морков, сладок компир, брокула, тиква, домати), кои всушност ја подобруваат заштитата на кожата од УВ зраците.
Се смета дека храната богата на каротеноиди ја зголемува можноста од бронзен тен, но ова секако зависи од фототипот на кожа и од присуството на пигментот меланин кој е одговорен за потемнувањето. Не би советувала на ниту еден пациент да се стреми кон брзо потемнување, затоа што тоа во превод значи брзо стареење.
Располагаме ли со некаква национална статистика околу грижата на популацијата во овој дел и/или статистички параметри во делот на регуларното користење на препарати за заштита од сонце?
За жал национална статистика на оваа тема не постои, но во светски рамки постојат бројни кампањи кои имаат за цел да се зголеми свесноста од штетното дејство на УВ зраците, како да се стави акцент на превенција пред сè на карцином на кожа, а за ова основна важност секако имаат препаратите за заштита од сонце, особено оние кои имаат и блокатори на УВА зраци, за кои претходно спомнавме дека ги има во текот на цела година со скоро ист интензитет. Една од најголемите е „Euromelanoma“, кампања на Европската Академија по дермато-онкологија во која и нашата земја учествува веќе долги години. Во овој дел постои наша, локализирана статистика, но истата се однесува само на пациенти кои доброволно се пријавуваат да дојдат на бесплатен преглед и да бидат дел од кампањата. А, тоа за жал е многу мал процент од вкупната популација.
Фото-заштитата не вклучува само препарат со заштитен фактор. На прво место треба да обезбедиме механичка заштита, како дел од задолжителната облека за време на летните одмори, алишта од тенки памучни ткаенини во светли бои, заштитна шапка и очила за сонце. Потоа, нанесување на репеленти – креми за заштита од убоди од инсекти. Хидратација со внес на многу течности, лесна храна и многу овошје и зеленчук.
Фото-заштита е задолжителна од најрана детска возраст, односно од првиот момент кота бебето е изложено на сончеви зраци.
Знаеме дека најчести се убоди од комарци кои можат да бидат потенцијални преносители на неколку заразни заболувања, како: маларија, денга треска, зика, западно-нилска треска и сл. Овде се и бројните алергии на убоди од инсекти кои се доста почести во летниот период, па така задолжително во рачната аптека се носи на прво место анти-алергиска терапија, репелентни креми, препарати за ладење и смирување на кожата од убоди.
Фото-заштита е задолжителна од најрана детска возраст, од првиот момент во кој бебето е изложено на сончеви зраци. Квалитетен детски крем за сончање треба да обезбедува широк спектар на заштита (УВА и УВБ), се разбира за нежната детска кожа која е склона на алергии, се препорачуваат препарати со физички или минерални филтри. Тоа се оние кои обезбедуваат еден вид на заштитна облога на површината на кожата и не дозволуваат продирање на УВ зраците.
Нанесувањето на кремот зависи од неговиот spf – sun protective factor, како и од фототипот на кожа. Кај посветлите кожи (фототип 1 и 2 кои се всушност најзастапени кај кавкаската раса) треба да се нанесува почесто. Дозирањето на доволна количина крем која ќе направи соодветна заштита е нешто кое подлежи на бројни тестирања. Се смета дека дозата од 2 гр/см 2 кожа е соодветната доза, но исто така ова скоро никој не го почитува бидејќи станува збор за доста поголема количина од онаа што ние како популација ја аплицираме во просек.
Лосионите за после сончање го намалуваат воспалението кое се случува на површината на кожата под дејство на УВ зраците.
Нивната улога е многу важна во хидрирање на кожата, спречување на нејзино пресушување а со тоа и превенција од црвенило, јадеж и нелагодност која најчесто се чувствува по изложување на сонце. Лосионите за после сончање го намалуваат воспалението кое се случува на површината на кожата под дејство на УВ зраците.
Најчести сезонски причини се сончевите алергии, алергии на убоди од инсекти, изгореници на кожата, но исто така доста се застапени и различни инфекции на кожата, независно дали се габични или бактериски поради честото користење на базени. Секако, овде се и прегледите на бенки и пигментни промени по телото. Тоа е нешто кое треба да биде задолжителен скрининг пред одење на одмор.
Правило кое останал од минатото, е дека третмани против дамки или пигментации не се работат за време на летниот период, но од друга страна сведоци сме за рекорден број вакви третмани во земји како Емиратите, каде е летен период преку целата година … ова е благодарение на сè поусовршените креми со заштитен spf фактор. Во врска со ова, најважна е соодветната едукација на пациентите од наша страна и понатаму нивното совесно однесување по третманот, а тоа значи спроведување на конкретен протокол за нега на кожа во домашни услови. Па така, најзастапени остануваат хемиските пилинзи како едни од најмалку инвазивните, а сепак доста успешни во однос на третирањето на дамките.
Дефинитивно и дерматологијата има свои трендови кои доста се менуваат низ годините, особено естетската дерматологија, која е најмладата гранка во медицината, но истовремено и најбрзо растечка и развојна. Со појавата на сè поусовршени уреди базирани на енергија (ласери, ултразвучни и радиофреквентни бранови), трендот се движи токму во овој правец. Целта на третманите со сите нив е дефинитивно иста, а тоа е поттикнување на создавање колаген, рејувенација не само на кожата туку и на подлабоките поткожни структури кои впрочем стареат доста побрзо од самата кожа.
Тоа што ние го гледаме на површината на кожата не се само брчки, туку и нејзино свиснување, нешто кое доаѓа од загуба на масното ткиво под кожата, како и стареење на коските. Гореспоменатите уреди базирани на енергија (ги има многу и секој ден се произведуваат нови видови) всушност ги таргетираат и стимулираат овие слоеви, без притоа да додаваат волумен и нетипичното „надувување“ на кожата, кое придонесува за вештачки изглед и промена на природните контури на ликот. Дури и новите дермални филери кои се користат за пополнување на брчки, одамна се на база на состојки кои ја имаат истата цел – стимулација на колаген и поттикнуваше на создавање ново ткиво, наместо само обично пополнување и вештачка волуменизација.
Во однос на најзастапени медицински и/или козметички третмани на кожата во летната сезона, се издвојуваат хемиските пилинзи, како едни од најмалку инвазивните, а сепак доста успешни во однос на третирањето на дамките.
Извор: Здравјето пред сè