Вежбањето е од суштинско значење за да го зачувате вашето срце и за да живеете здраво. Зошто? Нашите тела се така создадени, потребна е физичка активност, а долгорочната изложеност на седентарен живот реално ни прави проблеми. Недостатокот на физичка активност е главен фактор на ризик за појава на кардиоваскуларни болести.
Кои се препораките?
Практикувајте најмалку 150 минути неделно аеробна активност со умерен интензитет или 75 минути неделно силна аеробна активност. Можете да примените и комбинација од двете, по можност распоредени во текот на неделата.
Додадете активност со умерен до висок интензитет најмалку 2 дена неделно со цел зајакнување на мускулите (пример: отпор или тегови).
Поминувајте помалку време седејќи. Дури и активности со умерен интензитет може да неутрализираат дел од седентарините ризици.
Добијте уште поголеми придобивки со тоа што ќе бидете активни најмалку 300 минути (5 часа) неделно.
Зголемете ја количината и интензитетот на физичка активност постепено со текот на времето.
Всушност, согласно стандардите за вежбање на Американското здружение за срце од 2013 година – „Вежбањето може да се категоризира како превентивен медицински третман, односно како пилула што треба да се зема речиси на дневна основа“.
Поврзани Новости
18.12.2024
Ендометриоза – факти, симптоми и решенија
Факти Ендометриозата се јавува приближно кај 10% од жените во репродуктивна возраст и таа бројка во светски рамки изнесува 190…