00389 2 3091 484
декември 20, 2023
Жените често се плашат или се загрижени кога станува збор за теми поврзани со гинеколошки проблеми. Статистиките покажуваат дека огромен број од нив (73%) совети и решение бараат на интернет. Но, кога станува збор за репродуктивното здравје, односно здравјето воопшто, овој начин наоѓање решение не е препорачлив. Секоја жена треба да знае дека редовните гинеколошки контроли спасуваат живот, а не информациите и препораките најдени на интернет.
Потребен е редовен, детален гинеколошки преглед. Не чекајте нештата да отидат предалеку, односно да се доведете во ситуација да биде предоцна и истите да не можат да се лекуваат. Од гинеколошкиот преглед, преку скринингот за карцином на грлото на матаката, гинеколошкиот ултразвук, како и високо специфичните гинеколошки лабораториски анализи, направени од искусен доктор гинеколог, ќе добиете детален скрининг на вашето генитално, репродуктивно здравје.
Клучна е комплетната гинеколошка заштита, во сите фази од животот, бидејќи здравјето на репродуктивните органи е значајно, не само за жената туку и за нејзините најблиски.
Нашата цел е една: Вашето здравје!
Закажете преглед во термин кој ви одговара на 02/3091-484