00389 2 3091 484
ноември 11,2024
Д-р Горан Балевски – специјалист по урологија, пред вработените во компанијата Wurth Македонија, одржа едукациско предавање на тема „Подигање на свеста за важноста на превентивните прегледи за спречување малигни заболувања кај машката популација“. Секако им беа споделени и совети во поглед на поврзаноста на овие состојби со современиот, модерен, начин на живот.
Темата предизвика голем број прашања од присутните, особено за болестите на простатата, проблемите со мочниот меур како и воопшто гениталните органи.
Предавањата и посетите на нашите уролози на дел од домашните компании е во знак на одбележување на месецот на машкото здравје попознат како Movember. Ова глобално движење има за цел да ја подигне свеста за важноста на машкото здравје и во последните години врши огромно влијание кај машката популација од општествен аспект.
На предавањето беше потенцирано дека за намалување на ризиците од овие заболувања потребно е да се поттикне нивно рано откривање и превентивно делување.
Препораките се:
Превентивните прегледи спасуваат живот. Закажете термин пред да биде доцна.