• 5

Клиника Жан Митрев беше дел од EADV Spring Symposium 2026, кој се одржа во Атина, Грција, еден од најзначајните европски научни настани во областа на дерматологијата.

Во рамки на симпозиумот, д-р Анџелка Илиева презентираше научен труд посветен на меланомот и современите имунотерапевтски пристапи, истражувајќи како одредени генетски промени можат да влијаат врз одговорот на третманот.

Трудот е резултат на соработка помеѓу Генетската лабораторија при Клиника Жан Митрев, Марија Ѓорѓиевска, Џансел Буковец, д-р Горан Кунгуловски, како и д-р Аимилиос Лалас, професор по дерматологија на Aristotle University of Thessaloniki и претседател на International Dermoscopy Society.

Учеството на вакви меѓународни конгреси и симпозиуми претставува важен дел од нашата заложба за континуирана едукација, научен развој и следење на најсовремените медицински достигнувања, со една цел, подобра грижа за пациентите.

Мими може да ви помогне во закажувањето на Вашиот термин