00389 2 3091 484
Центарот за естетска дерматологија при клиничката болницa Жан Митрев е сеопфатен медицински и козметичко-дерматолошки оддел кој нуди целосен спектар на медицинска и хируршка нега, како и естетско подобрување. Ние сериозно го сфаќаме здравјето на вашата кожа, бидејќи кожата не само што е најголемиот орган на вашето тело, туку е критична имунолошка бариера која ве одржува безбедни и здрави во вашата околина. Од едноставни акни до комплексни нарушувања на кожата, нашата мисија е да обезбедиме најнапредна нега на кожата за нашите пациенти. Бидејќи сакаме да ја разбудиме вашата убавина од внатре ние нудиме комплетен пристап кој вклучува можности за персонализирани препораки за исхрана, суплементи и нега прилагодени на вашите потреби и желби. Квалитетот и професионалниот пристап се наш приоритет. Овде секој третман е персонализиран и по мерка на нашите пациенти, а приватноста загарантирана. Ние ги применуваме светските трендови во пракса и користиме докажани брендови на препарати. Наша главна цел е задржување на природниот изглед при разубавувањето, но исто така и промовирање на здрав живот и подобрување на севкупната задравствена состојба и животни навики, вклучително нутритивниот аспект со совети за исхрана природни маслa, медицинска козметика и озон терапија. Нашиот тим искусни дерматолози, обучени од светски признати експерти ви стојат на располагање за: Естетска дерматологија, козметологија и дијагностика.
Како одминува времето, нашата кожа ги покажува природните, неизбежни знаци на стареење – брчки, линии и оштетувања од сонцето. На ова може да се спротивставите со нехируршки козметички процедури кои можат да ги измазнат линиите и брчките, да подигнат тонус, да ја затегнат опуштената кожа, да ги намалат флеките, да ја поправат нерамномерната пигментација, да го минимизираат изгледот на вените на лицето и да создадат свежа, блескава, младешка кожа. Нашите третмани решаваат многу проблеми на најразлични делови на телото. Третманите вклучуваат филери на усни, фини линии и брчки, процедури на анти-стареење, затегнување на кожата, обновување на површината на кожата, отстранување на лузни од акни. Некои од најпопуларните нехируршки третмани што ги нудиме вклучуваат Ботокс®, микродермоабразија, мезотерапија, полнила за ткива-филери, микронидлинг, хемиски пилинг, и многу повеќе.
Hydrafacial e третман кој се користи во медицинските центри за естетика и дерматолошките ординации, и е уште познат како хидродермоабразија.
Истиот се состои од неколку чекори, а се изведува сo помош на единствената патентирана ”вортекс” технологија, достапна само кај HydraFacial MD медицинскиот апарат. Самите механички апликатори кои се користат при оваа метода, специјални за ова намена, се одбираат согласно типот на кожа и проблематиката која ја има пациентот. Она што го прави овој третман единствен е тоа што истовремено комбинира чистење на кожата, пилинг (ексфолијација), екстракција и хидратација со антиоксидативна заштита што резултира со блескава и сјајна кожа веднаш по третманот. За разлика од класичната дермоабразија, нуди многу понежен пристап со истовремено вшмукување на нечистотиите од порите, при што симултано се вбризгуваат активни компоненти за навлажнување (хидратација), осветлување, измазнување како и за заштита на кожата. Целата постапка е неинвазивна и многу пријатна за клиентот.
Согласно претходно направена проценка, дерматологот може да препорача различни тетмани кои се разликуваат во однос на аплицираните серуми.
HydraFacial нуди три основни пакети за нега на лице: Signature, Deluxe и Platinum. Но, и неколку специјализирани:
Hydrafacial ги опфаќа сите старосни категории, типови на кожа и индикации. Погоден е за третирање на акни кај тинејџери, акни кај возрасни, масна проблематична кожа, проширени пори, ситни мимички линии, но и подлабоки брчки. Хиперпигментации кај повозрасна група на пациенти со кожа оштетена од прекумерно изложување на сонце како и дехидрирана кожа. Третманите освен на кожата на лицето може да бидат применети и на кожата на скалпот и остатокот од телото. Резултатот е видлив веднаш по третманот, кожата станува сјајна и блескава, мазна и со целокупно подобрен тонус и текстура. Самиот третман не е само quick fix, напротив тој е наменет за да го подобри комплетниот изглед на кожата со тек на времето.
Третманот со Ultherapy® е неинвазивна постапка за лифтинг-подигање и затегање на кожата на лицето, вратот и деколтето, единствената која е одобрена од страна на FDA (Американската Федерална Агенција за лекови и храна). Колагенот е природен протеин кој ја одржува кожата во форма и влијае на младешкиот изглед бидејќи ја одржува цврста и тонирана. Како старееме опаѓа продукцијата на колагенот и резултатот е губење на јачината и еластичноста на кожата. Ultherapy® делува подлабоко за да го стимулира производството на сопствен колаген и еластин. Може да се применува на следните области на лицето: над очните капаци, во зоната на образите, подбрадокот, вратот и деколтето.
Предности на Ultherapy®:
Ultherapy® е целосно безбеден нехируршки козметички третман кој користи тестирана технологија со микрофокусиран ултразвук за стимулација на формирање на нов колаген длабоко под површината на кожата. Третманот трае околу 30 до 90 минути, во зависност од третираната област, без потоа да има потреба од дополнително опоравување. Тоа е и единствената процедура при која се користи ултразвучно снимање, што им овозможува на лекарите всушност да ги видат слоевите на ткивото каде треба да се насочени третманите, а со тоа да се обезбеди депонирање на енергијата токму таму каде што ќе биде најкорисно.
Дали ќе треба да земам слободни денови?
Со Ultherapy®, нема пауза. По процедурата, можете да продолжите со вашите вообичаени активности веднаш, без да мора да следите дополнителни мерки по третманот. Бидејќи постапката го стимулира сопственото производство на колаген, колку долго ќе траат резултатите зависи од поединецот. Првичните резултати на затегнатост на кожата се видливи уште веднаш. Но, крајните резултати ќе дојдат до израз по вториот, односно третиот месец, како резултат на стимулираниот раст на новиот колаген и еластинот кои го надополнуваат/заменуваат старото ткиво кон кое бил насочен третманот. Еден третман Ultherapy® може да даде траен ефект кој ќе се задржи повеќе од една година кај некои луѓе.
Медицинска Козметологија
Медицински хигиенски третман на лице, ултразвучен пилинг, хемиски пилинг, мезотерапија, биоревитализација, ПРП третман со плазма богата со тромбоцити, липолиза, микронидлинг, дермаролер, електростимулација, дермални филери, колаген стимулатори, третман со ботулинов токсин.
Hyfrecator2000
Повеќенаменска електрохируршка единица за безболно и прецизно отстранување на кожни израстоци, брадавици, третман на телеангиектазии. Третманот е неинвазивен се изведува во амбулантски услови без несакани ефекти како крварење и формирање на лузни.
Кожни биопсии (екцизиона и punch), алерголошки тестови (интрадермални, scratch и patch) кои се користат во дијагостика на контактните алергиски реакции, инхалативните и нутритивните како и медикаментозните несакани реакции.
Дијагностика во дерматологија
Достапни се и алерголошки тестови, биопсија од кожа, дермоскопија и мапирање на бенки, трихоскопија, капилароскопија и уште многу услуги насочени кон подобрување на здравјето на кожата.
Дермоскопија е брз метод кој служи за преглед на пигментни (бенки) и непигментни промени на кожата, со кој се овозможува прецизен и ран скрининг на карциномот на кожа. Препораките се дека секој треба да барем еднаш во годината да направи скрининг на бенки. Навременото дијагностицирање на кожните карциноми може да значи и нивно комплетно излекување.
Меланомот-ракот на кожа се развива подмолно, без речиси никакви симптоми, а неговото навремено откривање може да спаси живот. FotoFinder (ФотоФајндер) е светски лидер во видео дермоскопијата, обезбедува врвна технологија која вклучува вештачка интелигенција со помош на која веднаш се детектираат нови, изменети и сомнителни бенки. Fotofinder овозможува комплетно мапирање на кожата на целото тело. Дермоскопското испитување на целото тело со помош на FotoFinder ги спојува целосното мапирање на телото (Total Body Mapping) и дермоскопијата. При тоа со хигиенско растојание од повеќе од 1,6 метри до пациентот, прегледот може да се одвива во безбедно опкружување. Новиот, ултра брз работен процес ја визуелизира површината на кожата без рефлексија и со спектакуларен квалитет. Ова овозможува преглед на статусот на бенките на пациентот веднаш, без да има потреба од правење на дермоскопска слика на секоја поединечна лезија. Благодарение на поларизираните, обработени, слики со висока резолуција, структурата на невусите достапна преку слика на целото тело.
Благодарение на модуларниот дизајн, функционалноста на FotoFinder може да се прилагоди на поширок опсег на услуги во секое време, без разлика дали се работи за дермоскопија, фотографирање на целото тело, консултација за коса или естетика. При тоа прегледот се изведува на хигиенско растојание од повеќе од 1,6 метри, што е особено важно во време на КОВИД-19. Мајсторот за скенирање на тело (Bodyscan Мaster) ги идентификува лезиите во сите направени слики на телото и интелигентно ги распоредува според нивната важност на еден екран. Софтверот ги категоризира како: нови, променети и непроменети невуси. Овој таканаречен ,,мозаик приказ,, помага да се идентификуваат сомнителните лезии уште веднаш. Со тоа, видео-дермоскопскиот преглед се фокусира само на неколку атипични лезии за кои е потребна дополнителна проценка. Ова заштедува многу време и го намалува блискиот контакт на минимум. Комплетното дермоскопско мапирање на кожата како процес, комбинира извонреден квалитет на слики, со нови софтверски функции и вештачка интелигенција (AI). Токму FotoFinder со вештачка интелигенција овозможува исклучителни рeзултати на овој комбиниран систем. Од една страна тоа значи оптимизација на резултатите од скенирањето на телото (Bodyscan) и комплетното дермоскопско мапирање (Total Body Dermoscopy), а од друга страна ги поддржува анализите на поединечни лезии со анализаторот на бемки Moleanalyzer Prо кој дозволува пред-проценка на меланоцитски и немеланоцитски лезии користејќи алгоритам базиран на,,длабоко учење,, тестиран при клинички испитувања. Дермоскопија со максимална хигиена Во случај лезијата да бара дополнително испитување, можете да ја искористите видео дермоскопијата со зумирање во најдлабоките структури на невусот со големо оптичко зголемување и моментално зумирање на областа. FotoFinder medicam доаѓа со заменливи предни капачиња кои може да се менуваат за дезинфекција после секој пациент. Закажете преглед веднаш, затоа што во случај на малигнен меланом, раното откривање може да спаси живот! Капилароскопија и трихоскопија Со овој апарат се изведуваат и анализа на косата и скалпот и дијагностицирање на сите типови на косопад.
За дерматолошките состојби кај деца и возрасни кои вклучуваат акни, бенки, вирусни брадавици, егзема, псоријаза, розацеа и рак на кожа, како и третман на рани, ние нудиме решенија кои ќе ве направат задоволни вас и вашите деца.
Третман на хронични рани, рани од разни етиолошки причини како хронични артериски и венски улкуси, дијабетично стопало, декубитални рани, хируршки рани кои зараснуваат пер секундам, рани од физичи трауми како изгореници, подмрзнатини и радијациски улкуси. Третманот на раните се изведува со специјализирани преврски и озон терапија.
Колор-дуплекс доплер на вени за прецизна евалуација и дијагностика.