Формирана супспецијалистичката нефролошка единица предводена од проф. Д-р Нинослав Ивановски

My alt text

Во постојаните напори да се унапреди здравствената услуга за граѓаните во Zan Mitrev Clinic се вбројува и оформувањето на супспецијалистичката нефролошка единица предводена од професор д-р Нинослав Ивановски, супспецијалист нефролог и специјалист по трансплантациска медицина за бубрежна трансплантација. Комплексноста на секојдневните кардиохируршки зафати и другите интервентни процедури кои се изведуваат на Клиниката како и бројните опсежни рентгенографски иследувања со контраст често пати имаат за последица транзиторни бубрежни оштетувања кои бараат специјален надзор, следење и соодветен третман. Токму овде се наметна потребата од дополнителен нефролошки надзор со цел превенција и вистински третман на овие нарушувања за истите да поминат без некоја позначајна последица во однос на интегритетот на бубрезите и нивната функција.

Од 1 јуни 2018 година, во целосната подготовка и следење на болните се вклучува и нефролошката единица со сета своја компетентност и професионалност. Така целокупниот комплексен третман на болните со кардиоваскуларна патологија се дополнува и со мерки за заштита и конзервација на бубрежната функција.

Освен тоа, од аспект на современата медицина, се повеќе се наметнува мислењето дека хроничните болести се комплексни во кои се вклучени многу системи во организмот. Така кардиоваскуларната патологија, дијабетот, атеросклерозата итн. еднакво ги напаѓаат не само срцето и големите крвни садови туку и бубрезите, црниот дроб, мозокот и белите дробови. Сета таа комплексност бара и соодветен надзор и лекување.

My alt text

Zan Mitrev Clinic е во постојан напор да обезбеди високо професионална интегративна функција која ќе значи пред сè безбедност на болниот, негово оздравување и негова целосна лична и професионална рехабилитација.

Покрај вклучувањето на нефролошката единица (нефролог) во секојдневната пракса на следење и лекување на болните кои развиле или се со зголемен ризик да развијат бубрежни компликации, таа се занимава и со лекување и следење на посебни бубрежните болни. Покрај искуството на професорот Нинослав Ивановски, клиниката има услови да дијагностицира, лекува и следи болни со различна проблематика од бубрежната патологија како што се:

  • Болни со артериска хипертензија
  • Болни со акутен или хроничен гломерулонефрит
  • Болни со покачен креатинин во која било фаза на хронична бубрежна болест
  • Болни со дијабет и дијабетична нефропатија
  • Болни со вродени и стекнати мани на уринарнит тракт
  • Болни со бубрежна калкулоза и опструктивна нефропатија
  • Болни со бубрежни инфекции
  • Болни со бубрежна патологија во рамка на гравидитет
  • Болни со трансплантиран бубрег
  • Подготовка на потенцијални дарители и реципиенти за трансплантација на бубрег

Посебна вредност е и присуството на развиена и високоспецијализирана уролошка заштита која е веќе етаблирана во рамка на болницата. Воведувањето на нефролошката единица покрај уролошката служба ќе донесе вистински интегрален пристап кон болестите на генитоуринарниот тракт во целост. На овој начин клиниката поседува неопходен и компетентен кадар и за трансплантационата медицина со што Zan Mitrev Clinic може да извршува и дејности од овој највисок облик на современата медицина.

ЛЕТЕН КАМП „МОЕТО СРЦЕ ВО СИТЕ БОИ“

И оваа година, од 9-ти до 15-ти јули се одржа традиционалниот летен камп „Моето срце во сите бои – HEROES‘ CAMP“ на којшто учествуваа деца кои имале интервенции или операции на срце во ZANMITREV CLINIC заедно со нивните родители, браќа и сестри. Како таков кампот се одржува за првпат во 2008 година. Кампот е во заедничка соработка со Црвениот крст на град Скопје и се одржа во прекрасниот амбиент на одморалиштето „Солферино“ во Струга.

Низ опуштени, креативни работилници волонтерите на Црвениот крст во координација со тимот на ZANMITREV CLINIC кој се состои од психолози – психотерапевти, лекар и од лани и физиотерапевт заедно со децата создадоа весела и разиграна атмосфера низ која секое дете успеа да добие многу работи за себе. Пред сè овие работилници им овозможија на децата да креираат нови прекрасни пријателства, да добијат поддршка и да ги истражат нивните потенцијали. Од овој камп произлегле и можности за идни другарувања, а благодарение на тимот на Црвен Крст децата имаа можност да научат како правилно да се подготват за на планина и да пробаат како се прави премин преку река и што значи безбедноста.

Имајќи предвид дека дишењето ни е најголемата поддршка, Блаже Арсов, физиотерапевт од нашата болница низ разиграна работилница со децата и волонтерите работеше на техники на правилно движење, моторика на тело и координација, три битни аспекти од развојот на секоја индивидуа. Работилница со иста тематика, креирана за возрасни лица беше одржана и со родителите.

Низ структурирана групна работа, психологот и психотерапевт Фросина Ристовска со родителите обработи теми од посебен интерес за нив како што се мапирање на нивните потреби, грижата за себе за подобра грижа за другиот и комплексноста на комуникацијата во родителствувањето. Воедно низ сите работилници со децата имаше можност за работа на нивните здрави потенцијали и градење на самодоверба.

Д-р Петар Угуров, одржа едукативно предавање за родителите и сите заинтересирани во кое ги запозна со природата на вродените срцеви маани, а акцент стави на спецификите за унапредување на квалитетот на живот кај нивните деца по интервенциите или оперативните зафати.

На овој камп имавме доволно време за интензивна работа на себе, едукација, релаксација и дружење. Од се по нешто. Се надеваме дека и со овој летен камп, ZAN MITREV CLINIC помогна во рушење на табуата поврзани со вродените срцеви маани и сплоти дел од семејствата кои поминувале низ слична животна приказна. Продолжуваме и понатаму да го трасираме патот кон нови успешни интервенции.

 

18 години успешна хирургија на пациенти во терминален стадиум на срцева слабост

Срцевата слабост настанува кога срцето не е во состојба да испумпува доволно крв за да ги задоволи потребите на човековиот организам. Ова е дефиниција дадена од Националниот институт за Срцеви и белодробни заболувања. Постојат неколку потенцијални причинители на срцевата слабост. Срцевата слабост може да биде предизвикана од срцев инфаркт, коронарна артериска болест, хипертензија, дијабет, обезност. Многу често хемотерапијата, големиот стрес–како резултат на микроангипатија, дури во некои случаи и самиот акт на породување кај бремената жена може да доведе со појава на срцева слабост. Начинот на живот, пушењето, физичката неактивност, се дополнителни ко-фактори во настанувањето на ова заболување. Генетската предиспозиција т.е. наследните фактори исто така имаат голема улога.

Краток здив, замор, отоци на нозете (тремор на рацете и нозете) се последица на ослабена срцева функција, како знак на срцева слабост.

Жан Митрев Клиник има воведено специјален програм за следење на пациентите со срцева слабост каде со примена на последните водичи за лекување на овие пациенти има голем успех. Веќе има листа од 20-тина пациенти на возраст од 30- до 60 години кои се во терминален стадиум на срцевата слабост и кои според последните препораки би требало да бидат кандидати за примена на помагала за подобрување на левокоморната функција т.н.р асист дивајси. Условите и техничката опременост на клиниката а пред сè едуцираноста на персоналот се неопходни во третманот на овој тип на пациенти

Третманот на срцевата слабост може да биде конзервативен со примена на медикаменти и промена на животните навики секако со редовни лекарски контроли. За оние пациенти кои се во напреден стадиум задолжителен е болнички мониторинг и во зависност од причината и тежината на болеста примена на кардиохируршки третман.

За пациентите кои развиле срцева слабост поради коронарно заболување, хируршкиот третман од типот на бајпас хирургија во комбинација со реконструктивна хирургија на левата комора покрај медикаментниот третман е основата на лекувањето на овој тип на пациенти.

Доколку се работи за друг тип на стекната срцева слабост каде коронарните крвни садови се уредни и медикаментозниот третман веќе не е ефективен се применува помагало за подобрување на срцевата работа што се вика асист дивајс, и пациентите се подготвуваат за трансплантација на срце.

Жан Митрев Клиник со своето 18 годишно искуство, со над 20.000 операции на отворено срце и третман на 450 пациенти со исхемична дилатативна кардиомиопатија, покажа голема одговорност кон своите пациенти, следејќи ги со редовни контроли и водејќи ги во секојдневието. За тоа сведочат самите пациенти кои редовно доаѓаат на контроли а во изминативе години биле оперирани во нашата клиника.

Јовановски Ѓоргија беше опериран на 20. јуни во 2001. Во моментот на прием пациентот беше донесен во тешка срцева слабост последица од терминалниот стадиум и ненавремено лекуваната коронарна болест. Денеска сведочи за тоа што му се случило.

Во слична ситуација се нашол и Афет Дураку од Тетово на кој на 26. Јануари 2007 год. му беа направени 4 бајпаса. Пациентот на 45 години беше донесе во кардиоген шок, после преземените реанимациони мерки поставената интраортна балон пумпа итно беше внесен во сала.

Игор Стефановски датум во нашата болница бил опериран на 20. Јуни. 2014, пациентот е донесен во кардиоген шок без дишење, итно е реанимиран, поставена е интраортна балон пумпа, стабилизиран и внесен во операциона сала. Пациентот имаше многу слаба лева комора. После направената операција и после 15 дена се стабилизира. Отпуштен од болницата беше после 1,5 месец.

ОДРЖАН СТРУЧЕН СОСТАНОК НА ТЕМА „АКТУЕЛНИ НОВИНИ ВО КАРДИОРЕСПИРАТОРНАТА ПЕДИЈАТРИСКА НЕГА И ТРЕТМАН“ ВО ZAN MITREV CLINIC

На 27.06.2018 година во амфитеатарот на ZAN MITREV CLINIC беше одржан стручен состанок од областа на педијатријата кој беше поддржан од Здружението на педијатрите на Република Македонија. Состанокот беше акредитиран од Лекарската Комора на Р. Македонија и на него присуствуваа 120 педијатри, општи лекари, семејни лекари и оториноларинголози кои работат со болести во детска возраст од сите градови во државата. На состанокот беа изнесени најновите ставови и сознанија, базирани на медицина на докази, за кардиореспираторната педијатриска нега и третман.

Состанокот го отвори медицинскиот директор Д-р Емил Стоицовски, а претседателот на здружението на педијатри на Р. Македонија, Аспазија Софијанова, го изрази своето задоволство од стручноста на педијатрискиот состанок и можноста да се разменат искуства со колегите. Нашиот педијатар Асс. д-р Наташа Чучкова Никчевска зборуваше за поврзаноста на астмата со рефлуксната болест, можностите за дијагностика и третман. Прим. д-р Благица Манчева го изнесе проблемот на опструктивната slеep apnea кај деца, како и модалитетот на дијагностика со полисомнографија. Нашиот оториноларинголог, Прим. д-р Борислав Гогушевски, говореше на проблематиката „Воспаление на средното уво кај децата–рана детекција и третман“.

Нашиот исклучително докажан интервентен кардиолог д-р Милев зборуваше за клиничките аспекти на Перзистентен форамен овале кај деца и возрасни, како и начините на пристап за негово интервентно решавање. Доц. д-р Софијанова ги изнесе проблемите на инвазивна наспроти неинвазивна механичка вентилација кај новородени деца.

Состанокот беше многу добро прифатен во стручните кругови, кои изразија задоволство од избраните теми, стручноста и ширината на проблематиките кои беа опфатени на состанокот. Состанокот организиран од нашата клиника беше оценет како вистински начин да се вмрежат знаењата на педијатрите од државава, без разлика дали доаѓаат од јавното или приватното здравство, да се размената знаења и да се пратат новините во педијатријата со цел да се подигне нивото во дијагностиката и терапијата на болестите кај децата. Завршен збор на состанокот даде и Акад. д-р Митрев со порака за понатамошна комуникација и размена на знаење и дијагностички можности помеѓу државното и приватното здравство, бидејќи на крајот здравјето на нашата иднина, нашите деца, е најбитно за сите.

Случајот со првото тродимензионално срце во државава публикуван на страницата „3D живот“

Случајот со првото тродимензионално срце во државава деновиве беше публикуван на официјалната страница на компанијата „3D живот“ (3D Life). Оваа нова технологија која сега, преку Zan Mitrev Clinic, веќе ја имаме и во државава, е достапна и за нашите граѓани. Доктор Жан Митрев вели дека за него, но и за сите хирурзи, еден ваков модел на орган е од огромно значење бидејќи со него може да се направи комплетната анализа на состојбата и да се види објективно како тој орган изгледа реално а врз база на тоа да се постави и вистинската дијагноза.

„3D живот“ (3D Life) го користи најнапредниот печатач кој нуди исклучително прецизна изградба на тродимензионални модели способни да користат многу широк спектар на материјали во повеќе бои, со што се обезбедуваат врвни квалитетни услуги за пребирливите професионалци од чувствителни области, како што се медицината, архитектурата и инженерството.

Вакви 3-де модели може да се прават и за други пациенти, и за други органи. За ова е потребна врвна компјутерска томографија која ја има во Zan Mitrev Clinic и е најмоќна во државава и пошироко. За некои пациенти, за некои болести, оваа метода на дијагностика е од непроценлива важност. Во насока на достапност на целата метода до пациентите во иднина посакувано би било да се вклучи и Фондот за здравствено осигурување на Република Мекедонија со покривање на трошоците за изработка. Времето за изработка на еден ваков модел е околу еден месец. Меѓутоа оваа метода се практикува за хронични болести кои не бараат брзи интервенции и брзи одлуки. Важно е да се напомни дека сето ова оди преку меѓународна експертиза и во тоа се вклучени врвни хирурзи.

Дијагностика на дислокација на диск кај темпоромандибуларен зглоб со магнетна резонанца во Zan Mitrev Clinic

На минатонеделниот курс организиран од Едукативен центар „Орто дента ЕС“ свое излагање имаше д-р Лидија Вељановска Кириџиевска од Zan Mitrev Clinic.

Таа како претставник на нашата клиника имаше предавање за Дијагностиката на дислокација на диск кај темпоромандибуларен зглоб со магнетна резонанца. Овој тип на снимање кое е многу ретко во регионот, се прави во Zan Mitrev Clinic, на одделот за радиодијагностика. Одржаниот курс беше и во знакот на континуираната соработката што нашата клиника ја има со Дентаестетик СтоматолошкатаПоликлиника со која ќе бидеме прва медицинска установа во државава која ќе ја развива МРдијагностиката во оваа област.

Курсот на тема „Темпоромандибуларна дисфункција на зглобовите“ опфати повеќе области, од ТМЗ заболувања, причина, потекло и дијагноза, со посебен фокус на точниот ефект врз патологијата на виличниот зглоб и положбата на забите, и неговото влијание во држењето на телото кај децата па се до развој на виличните зглобови и малоклузијата што доведуваат до патологија.

На курсот стана збор и за темите на ортодонтски третман кај деца, на целта и природата на splint-терапијата како и на електромиографија и баланс на лицева и вратна мускулатура.

Во делот на предавања со демонстрации и практични вежби беа опфатени темите „Дијагноза на патологија на ТМЗ“ како и Hands-on вежби и филозофија зад оваа терапија. Практично се работеше и на „Идеалната позиција на мандибулата и артикулација“ како ортодонтска дијагноза.

Настанот побуди голем интерес а дискусијата и прашањата кои произлегоа од него беа само доказ дека оваа проблематика е актуелна и за неа е потребна додатна дискусија и информирање за новите практики и методи не само за медицинскиот свет туку и за општата популација.

Признание за квалитет за радиолошките технолози од Zan Mitrev Clinic

Од 4 до 6 јули во Охрид се оддржа деветтиот Конрес на радиолошки технолози. На него активно учество зедоа и претставници од Zan Mitrev Clinic и тоа Р.Т. Маноилов Михајло со предавање МР ангиографија на каротиди и МР периферна ангиографија и Р.Т. Александар Арсовски со едно предаванје КТ Виртуелна колоноскопија. На конгресот посебно внимание предизвика предавањето за МР на каротиди и МР периферија за што Zan Mitrev Clinic доби отворено признание од еден од доајените на магнетната резонанца во Македонија. Проф.Др.Тане Марковски.

Исто така во периодот од 21 до 25 минатиот месец  д-р. Звонко Атанасов и Р.Т. Маноилов Михајло беа дел од регионалниот тренинг курс за квалитет и контрола на системите за мерење на квалитет во дијагностичка радиологија кој беше организиран од страна на ИАЕА од Виена.

Беа присутни еминентни професори од Австрија, Британија Грција и БиХ кои го истакнаа значењето на квалитетот во дијагностичката радиологија како и постапките за мерење на квалитет во истата.