Поддршката за спортот

Поддршката на д-р Жан Митрев кон спортистите вродува со многу победи, златни медали и високи места за натпреварувачите на домашни и меѓународни натпревари. Ако пред неколку години, кикбоксингот клубот се “борел“ за опстанок на спортската сцена, сега, благодарение на соработката со д-р Митрев се нижат високи резулати на натпревари во земјата и странство. Пред неколку дена, членови од клубот “Гладијатор“ од Штип се вратија со бројни награди од меѓународниот натпревар на балканско ниво“Balkan Best Fighters”, во Ниш, Србија. Помеѓу натпреварувачи од 40 клубови, од 7 држави, тие се закитиле со 7 медали и 1 пехар. Славче Арсов со три победи во три борби со по 3-0 е прогласен за најдобар јуниор на турнирот, се закитил со златен медал и го освоил пехарот на турнирот.  Девојките од клубот , храбро се бореле , па Јулија Арсова се закитила со златен медал, а две девојки од новоформираниот клуб во Македонска Каменица освоиле трето и второ место. Прво место за Никола Нацев и второ за Ерик Коцев се победите кои ги освоиле неуморните “гладијатори“.

Задоволен од психофизичката подготвеност на натпреварувачите,  која вроди со добри резулати, особено на најмладите, тренерот Кирил Нацев смета дека се голем поттик за  клубот. “ Ние веќе формиравме нов младински кадар кој се подгтовува за нови подвизи- Европско првенство во Скопје. Несебичната поддршка во работата на клубот и обезбедување на опрема за вежбање и натпреварување, пружена од д-р Жан Митрев е главен мотив да продолжиме и понатаму да обезбедуваме високи пласмани. Во време кога се помалку има поддржувачи на спортот, наша задача е да ја оправдаме довербата од д-р Митрев“, изјави тренерот. На “гладијаторите“ од Штип, следен предизвик им е учество на Европски куп во Карловац, Хрватска, каде има над 200 натпреварувачи, потоа, државното првенство во Скопје, Балкански куп во Тешањ, Босна, државно изборно првенство, Сараево ОПЕН, а највисока цел им е Европското првенство кое е планирано за септември, 2017.

Новогодишна прослава

Во позитивна атмосфера, со специјална програма, д-р Жан Митрев и целиот персонал, во друштво на соработници, пријатели и многу пријатни и позитивни луѓе, преку видеа, фотографии, говори, хумор и песна ги прославивме успесите и резултатите од годината која измина, а со нетрпение ги очекуваме новите предизвици кои ни ги носи Новата 2017-та година!

Среќна, успешна и спокојна година ни посакаа и нашите соработници кои ја „зачинија“ забавата со нивните настапи!

Што кажаа за нас:

Комичарите Тино и Атанас-  “ Кога ми се јавија од кабинетот на д-р Жан Митрев, си реков да не ми дошло и на мене времето… Ова е ново искуство за нас. Ви благодариме што бевме дел од оваа прекрасна атмосфера, пријатна енергија и чест ни е што се дружевме со толку писмени луѓе на едно место. Д-р Жан Митрев е срце од човек, кога и да го видам ми доаѓа да се пожалам нешто… “

Петар Ренџов со неговиот бенд- “ Со д-р Жан Митрев се знаеме 15-тина година, а нашата соработка се одвива низ некој посебен флуид. Почестен бев да бидам вклучен во целата приказна за новата болница. Преку музиката носам некое ново вдаховение и  среќа за болницата што е голема привилегија за мене, која ја имам добиено од д-р Митрев. Низ 2016 година, која, за мене беше успешна на музички план, а секако и за д-р Митрев со новата современа болница, ми се чини како заеднички да патувавме низ времето, кое буди само убави сеќавања. Среќна Нова година и за многу години!“

Групата ДНК- “ Овде, како да примивме адреналинска инјекција преку нашиот настап и дружење со толку прекрасни луѓе. Чест и задоволство ни беше што бевме во друштво на д-р Жан Митрев и сите вас. Задоволството е поголемо што воспоставивме соработка со д-р Митрев и генетичарите од генетската лабораторија во болницата. Она што тие го работат преку испитување на ДНК-то и името на групата е вистинско склопување на коцките, кое се базира на многу работа, труд и успеси. Со задоволство ќе ги афирмираме услугите од генетската лабораторија кои се во функција на здрава и среќна популација“

Движењето е здравје- трка за вработените

Во насока на унапредување на здравјето на сите, во болницате беше организирана трка по скали. Сите кои учествуваа на тркаата се согласија со мотото -ДВИЖЕЊЕТО Е ЗДРАВЈЕ!

Преку напредното неинвазивно пренатално тестирање на идната мајка до сигурни информации за состојбата на фетусот

Што претставува пренаталната грижа? Збир на дијагностички процедури коишто се фокусирани на најрана можна детекција на потенцијални проблеми со развитокот на зиготот/ембрионот/фетусот. Пренатална дијагностика е исклучително важен сет од  методи за секоја идна мајка која сака навремено да добие информации за состојбата на фетусот и промените кои може да настанат низ текот на бременоста. Освен од здравствени причини, многу парови се одлучуваат да го дознаат полот на детето пред раѓањето поради избор на име, гардероба, декорација итн.

Постојат два типови на пренатален скрининг: инвазивен (како амниоцентезата) и неинвазивен (како некои генетски тестови). Неинвазивното пренатално тестирање (NIPT)  е се поактулено во модерната медицина, поради високиот степен на  точност во резултатите, леснотијата и безопасноста при земање на биолошки материјал (крв од мајката) и брзото добивање на резултати. Со оглед на фактот дека во крвта на мајката циркулираат клетки и ДНК од фетусот, преку модерните генетски пристапи, може да се анализираат и навремено укажат на хромозомски аберации како што се анеуплодиите и делециите. Овие тестови се препорачуваат за сите трудници, посебно за оние мајки над 35 години за единечни бремености и над 32 години за близнаци. Други индикации може да бидат “позитивен” серум тест, доколку ултразвукот открие некакви абнормалности со растот и развојот на фетусот или доколку постои семејна историја за трисомии или други анеуплоидии.

Во Специјалната болница “Филип Втори“, во рамките на генетската лабораторија може да се направат т.н неинвазивни пренатални тестови (verifi тестот) со кои ќе се одредат одредени генетски состојби кај фетусот, почнувајќи од 10-тата недела од бременоста.

Што е verifi пренаталниот тест?

Verifi пренаталниот тест е вклучен во палетата на генетски тестирања како еден од поважните тестови во генетската лабораторија на болницата. Претставува едноставен скрининг тест со којшто преку крвта на мајката се утврдуваат најчестите хромозомски абнормалности што може да влијаат врз здравјето на бебето. Неколку милилитри од крв се земаат од идната мајка после 10-тата недела на бременост, со што се одбегнуваат инвазивни и ризични процедури како амниоцентеза или земање на примерок од хорионските вили. Verifi тестот е достапен и за бремености со близнаци и резултатите се добиваат за 7-10 работни денови.

Како функционира тестот? Со овој тест ДНК молекулите од мајката и од фетусот се тестираат со помош на напредна технологија што се вика “масивно паралелно секвенционирање”, каде што истовремено се анализираат милиони ДНК фрагменти и се брои бројот на присутните хромозоми. Потоа се користи посебна метода што се нарекува SAFeR,  и се пресметува дали има поголем или помал број на копии од нормалниот, на одредени хромозоми кај Вашето бебе.

Кои хромозомски состојби се детектираат со verifi тестот?

Хромозомите обично доаѓаат во парови од два. Здравите луѓе имаат 23 парови на хромозоми, од коишто последниот го одредува полот. Мажите имаат еден X и еден Y oд половите хромозоми, додека жените имаат два X хромозоми. Verifi тестот утврдува дали бројот на хромозоми е поголем или помал од очекуваниот број. Состојбите на недостаток или имање на додатни копии на хромозоми се викаат “анеуплоидии” и најчесто се поврзани со ментална или физички недостатоци. Најчести од овие анеуплодии се трисомијата (три копии наместо две) на хромозом 21 (Даунов синдром), трисомијата на хромозом 18 (Едвардсов синдром), трисомијата на хромозом 13 (Патау синдром) – сите овие се опфатени со verifi тестот. По барање на клиентите,  со овој тест возможно е и да се откријат хромозомски абнормалности како Тарнеров синдром (присуство само на еден X хромозом кај женски) или Клинефелтеров синдром (присуство на два Х хромозоми и еден Y, наместо еден Х и еден Y). Друго можности се откривање на троен X синдром и Jaкобсов синдром (додатни копии на Y хромозомот, наместо една). Исто така можни се и откривање на синдроми на микроделеции како DiGeorge или Prader-Willi синдромите.

Над 1.500 операции, уникатни услуги и новитети значајни за пациентите од регионот и пошироко во новата болница

Д-р Жан Митрев, директор и основач на Специјалната болница “Филип Втори“, низ бројки и фотографии ги презентираше постигнувањата и прогресот на полето на медицинските и целокупни услуги во новата болница низ 2016 година.

„1.500 операции во новата болница на пациенти од земјата и поширокиот регион, успешно завршени комплицирани операции за пациенти од земјата, но и Хрватска. Словенија, нови апаратури со кои се постигнува прецизна дијаностика, воведени напредни  процедури, апартманско сместување, модерни амбукатбни возила за транспорт на подолги релации, голем интерес за генетските тестирања, системска озон терапија кај гангрена се само дел од резулатите кои ги постигна тимот на д-р Жан Митрев низ изминатата година“.

                Новитети и поставувањето на високи стандарди на полето на медицината, но и кај целокупните услуги од секогаш биле фокус на интерес на д-р Жан Митрев. Сето тоа се заокружува како приказана  со изградбата на новата болница каде успешно функционира систем  од современи медицински, но и други дополнителни услуги, во насока на брза, ефикасна и успешна услуга на пацинетот, но и за здравите луѓе. На крајот на годината, а во пресрет на Новата година, со цел подетално запознавање со остварените резултатите на полето на медицината низ 2016 година, д-р Жан Митрев ги повика на дружење преставниците од медиумите. Во својата презентација ги потенцираше придобивките за пациентите преку новите медицински услуги и процедури и апаратури кои се ставени во функција на тимот на д-р Митрев. Нов апарат за магнетна резонанца со кој се овозможува поголема прецизност во дијагностицирањето, нов апарат за компјутерска дијагностика, ангиограф се реткост во болници во регионот, а за среќа на пациентите тие се ставени во функција 24/7. 70 кревети во интензивна нега, кои се дефицит во повеќе болници, ставање во функција на одделот за електрофизиологија, корекција на граден кош, лекување на гангрена со озон терапија, луксузни апартами се во функција на брза и прецизна дијагностика, продолжување на животот на луѓето од земјата и странство. Тоа е мотивот на д-р Митрев кој и понатаму ќе работи на унапредување на стандардите во испораката на медицински услуги за пациенти од земјата и пошироко во регионот.

Во иднина бројот на вработени во болницата од 276 ќе оди во нагорна линија,  пропорцинално на зголемениот број на пациенти дури за 100 % во последните 3 месеци. Со цел одговарање на потребите на пациентите, д-р Митрев, за почетокот на идната година најави отворање на кол-центар во болницата кој ќе работи 24 часа, нова веб страница каде ќе има дел за онлајн разговор, а се во функција на подобро здравје за пациентите, но и за превенција на здравјето кај целокупната популација.

Д-р Жан Митрев добитник на орденот „Свети Никола“- највисоко признание од Општина Штип

Академик д-р Жан Митрев, ја прими највисоката награда од Општина Штип, орденот “Свети Никола“, а по повод 19 декември, патронот на градот. На свечената академија која се одржа во  соборниот храм Свети Никола, пред бројни гости од општествениот и јавен живот во земјата, градоначалникот Илчо Захариев му го врачи највисокото признание на д-р Жан Митрев.      Во своето обраќање д-р Митрев напомена дека како штипјанец, никогаш не заборавил на својот град и дека во континуитет во неговата болница поминале многу луѓе кои добиле живот.

“Орденот  е само поттик повеќе за понатаму да продолжам да работам во таа насока“, додаде тој. Горд на својот сограѓанин, градоначалникот Илчо Захариев изјави дека д-р Жан Митрев со своето дело, со своето ангажирање, спаси илјадници животи. “Направи најмодерен кардиохируршки центар на Балканот, а можеби и во Европа, и мислам дека една таква личност, која израснала во нашиот град, која потекнува од Штип, го заслужува орденот „Св. Никола“. Исто така, д-р Жан Митрев на општината ѝ донира четири куќи во Ново Село. Морам да кажам дека ние сме на добар пат првата куќа да ја обновиме и засега за таа намена обезбедивме околу 50.000 евра – објасни Илчо Захариев, градоначалник на Штип.

Во црквата Свети Никола беа доделени и останатите признанија. Добитници се ЈП за државни патишта и директорот Александар Стојанов, потоа Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој и директорктата Билјана Вуковиќ, Агенцијата за млади и спорт и директорот Марјан Спасески, новинарот и дописник на „Дневник„, Љупчо Шатевски, професорот Борче Крстевски и Никола Опашинов, Кирил Јорданов и Александра Ангеловска од Општина Штип.

Највисокото признание од Општина Штип годинава за д-р Жан Митрев

По тој повод, медиумите објавија: Дневен весник  16.12.2016  НОВА МАКЕДОНИЈА  “Кардиохирургот Жан Митрев добитник на орденот “Св. Никола”. Прочитајте повеќе на следниов линк…

Микробиолошки опасности од храната – како да се заштитиме и да ги спречиме

Во Специјалната болница “Филип Втори“ посебен акцент се става на обезбедување на високо ниво на хигиена во сите оддели во установата, како и зачување на квалитетот на храната кој се приготвува во кујната, а со цел одржување на високиот стандард за медицински услуги кои се пружаат на пациентите. Сите активности и процедури кои се применуваат во болницата се во функција на подобрување на здравјето на пациентите. Една од нив е примена на сите заштитни мерки за зачувување на храната од микробиолошките опасности кои демнат во околината. Микробиолошката лабораторија во болницата неодамна спроведе низа на едукативни предавања кои се однесуваат на исправноста на храната, зачувување од контаминација од потенцијалните загадувачи. Д-р Снежана Туфекчиевска – Ѓуроска микробиолог и паразитолог, на едно од предавањето посебен фокус стави на микробиолошките опасности од храната. За опасноста од труење со храна, видови бактерии и начин на пренесување, потенцијалните загадувачи и мерки кои треба да се превземат, прочитајте повеќе од презентацијата