Отоци

Отоците или народски кажано насобирање на течност во ткивото, претставуваат многу значајни знаци за еден широк спектар на болести. Причини кои може да доведат до создавање на отоци се следните:

Зголемен притисок во капиларите – Притисокот во капиларите ако се зголеми доаѓа до “излегување“ на вода и електролити од мрежата на крвни садови, надвор во ткивата. Тој притисок може да биде зголемен во неколку случаи:

Зголемена задршка на вода и сол од страна на бубрезите поради постоење на многу болести на бубрежното ткиво кои доведуваат до нивно пропаѓање или поради преголемо лачење на хормони од надбубрежната жлезда кои доведуваат до задршка на сол и вода.

Зголемен притисок во вените или запушување на венското корито. Овие состојби настануваат кај слабост на срцето, кога срцето неможе да ја испумпа цела крв која доаѓа до него па таа заостанува во венските крвни садови и го зголемува венскиот притисок. Друга причина може да е запушување на некој венски крвен сад, или откажување на венските пумпи, поради парализа на мускулите, имобилизација на дел од телото.

Намален отпор во артериолите поради користење на лекови кои предизвикуваат проширување на крвните садови (вазодилататорни лекови ) или поради нарушување на дел од нервниот систем ( нарушена функција на симпатичкиот нервен систем).

Намалена концентрација на протеини во плазмата – протеините во плазмата може да бидат намалени ако се губат преку бубрезите кај различни бубрежни болести, да се губат преку кожата, кај изгореници и рани на кожата или кај наружување на процесот на производство на протеини во телото како на пример кај болести на црниот дроб или при недоволен внес на протеини.

Зголемена пропустливост на капиларите – кај различни реакции на имунитетот поттикнати од некои имунолошки продукти како хистаминот, токсини, бактерии, недостаток на витамини, пречки во циркулација, изгореници.

Заболувања на лимфниот систем кои доведуваат до блокирање на лимфните садови и намалена способност на истиот за отстарнување на вишокот на течности од ткивото. Такви состојби има кај малигни болести, инфекции, после оперативни зафати или вродени недостатоци на лимфниот систем.

Моето „бетонирано“ срце за 2 часа ме ослабе 15 кг, единствено во „Филип Втори“ ми ја поставија вистинската дијагноза…

Моето име е Жарко Станимировиќ имам 34 години, од Скопје.  Работам во Министерство за култура, магистер сум по етнолoгија и социјална антропологија. Физички бев многу активен , но пред извесен период почувствував  голема разлика во физичката кондиција. Порано сум можел на пример, 10 км со велосипед  да ги извозам за 20 минути , одеднаш ми станаа тешки па потребни ми беа 40 минути. Качувањето по скали ми стана ноќна мора, а порано ги прескокнував. Бев сигурен дека нешто не е во ред со мене. Отидов на матичен лекар,  од таму на клиника, од клиника во дурга установа,  постојано во круг. Едноставно немаше никакви индикации од тие прегледи дека нешто не е во ред со моето здравје, а јас не се чувствував добро. Од тамошните испитувања добивав различни дијагнози,  од многу тешка настинка до алергии.  Ми даваа антибиотици, кога немаше никакво подобрување од нив ми препишуваа посилни антибиотици, но мојата состојба не се подобруваше, 4 месеци пиев лекарства за да ја излечам алергијата која всушност ја немав. Сите можни нус ефекти кои се напишани на лековите кои ми ги даваа како терапија ги почуствував на моја кожа. Од нив ми се влошуваше состојбата. Стомакот ми беше постојано надуен, немав сила за ништо , луѓето кои ме познаваа кога ќе ме видеа беа вчудоневидени  како одеднаш се превтворам во старец.  Лекарите не знаеа што да прават со мене и почнаа да ме анализираат од глава до петици секој ден.  Повеќе време поминав по клиники од колку на работа и дома. На еден од тие прегледи, на еден од  многуте  докторите му беше контрадикторен мојот случaј. Поточно резултатите беа добри а пациентот односно јас,  лошо. На крај на работно време ме повика да ме прегледа на ЕХО како што ми кажа –  случајно да не испуштил нешто. На ехото откри дека јас буквално „ се давам “ во течност. Потоа дознав тоа се нарекувало асцит, тоа не е болест туку е последица од нешто. Почна потрагата по причината за асцитот . Од една клиника на друга престојував на 3 клиники по 2 недели. Испитуван сум од многу доктори , нивниот најчест коментар беше .. „ Јас ова го немам видено за 40 години, … не е можно вакво нешто“  и слични реакции.

Имаа три опции за причината која ми го полни стомакот со течност: црниот дроб, срцето или канцер. Се од ова што беше посочено како причина беше отфрлено после испитувањата.

Мене од ден на ден состојбата ми се влошуваше , течноста во мојот организам се зголемуваше. Можеше да ми се извади водата од стомакот, но тоа не беше решение бидејќи никој не можеше да ми ја открие причината за тоа. Толку ми се влоши ситуацијата што лекарите од клиника ми кажаа НАШИТЕ СИЛИ СЕ ДО ТОЛКУ.

Реченицата ми кажа се. Потоа барав помош од приватни дијагностичари, ги гледаа резултатите, на крај почнаа да ме лечат екс  јувантибус  кога не може да се најде  причината па потоа само ги лекуваат симптомите . Се „ отрув“ со кортикостероиди тоа траеше едно 6-7 месеци. Не можам да се пожалам на ниту еден доктор сите беа заинтересирани за мојот случај,  им беше како професионален предизвик,  но без никакви резултати. На крај докторите почнаа да се консултираат со нивни колеги  од странство. Едноставно не можеа да ми помогнат, претпоставуваа дека се работи за болест на некој орган.  Три пати ме зрачеа за три месеци, од кога веќе насетија што може да биде и дека единствено логично објаснување за толкава течност во телото ако се исклучи црниот дроб, тогаш, останува срцето. Се концентрираа на тоа. Бев испитуван кај 4 кардиолози , едноставно нивниот одговор беше дека срцето не изгледа  болно за таква последица. Еден од докторите,  радиолог се консултирал со негов колега од странство ја пуштил мојата целокупна историја од испитувањата и на крај од некој американски доктори стигна некаква дијагноза. Позната во литературата и кај нашите лекари  , но моите симтоми и манифестирањето на истата не соодветствуваа со стандардните симпоми за неа. Ми препорачаа да одам на интервентен кардиолог кој има искуство со тоа. Дури тогаш ме упатија  да дојдам во „Филип Втори“.

Ме прегледаа  беа  99% сигурни за таа дијагноза , благодарение на добрата дијагностика во болницата на д-р Жан Митрев , дијагнозата се потврди. На средбата со д-р Митрев ги добив сите информации , тој ми кажа дека имал операции со мојата дијагноза, не сум прв пациент со констриктивен перикардитис но целата работа е во тоа што мојата болест се развила многу не типично и на многу млада возраст.  Дијагностиката беше премногу јасна,  но работата кај мене беше стигната до висок стадиум , едноставно народски кажано обвивката на срцето се воспалила од некоја настинка или друга состојба и за да го заштити срцето почнала да се калцифицира  да се скаменува .  Во „Филип Втори“ дијагностицирањето  траеше еден ден , ми рекоа дека ќе бидам примен на операција,  бев шокиран колку бргу тоа траеше. Ми посочија дека мојата состојба е премногу сериозна  и дека веднаш треба да се превземе нешто.  Прво ми определија 3 дена предоперативно да се види што и како , не им беше целта само да ми ја извадат водта од стомакот која потоа повторно би се собирала,  туку детално отсранување на причината која ме донела до овој степен.  Во петок ме примија во вторник ме оперираа. Операцијата требало да трае 1 час и затоа ме ставија последен на програма . Но,  поради спецификата на мојот случај операцијата траеше 2 и пол часа. Морало да ме отворат на сред операција за да се види колку  сум исполнет со течност, заклучокот беше,  да дијагнозата е позната во литературата ја има постои, но кај вака млад пациент во ваква форма и прогрес прсто е зачудувачко, феномен .

Докторите беа изненадени од мојот интерес за болеста, бидејки постојано ги прашував што  е и како, навистина бев бескрајно заинтересиран што ми е. И колку сум лично информиран , почнав да користам повеке латински термини од лекарите кои по другите клиники не можеа да ми ја постават вистинската дијаноза. Маката ме натера на тоа,  прво зошто ми рекоа канцер, па болести на црниот дроб, па геопатски причини,  ревматолошки заболувања..бескрај.

Дефининитивно после операцијата поточно уште на почетокот Академик д-р Жан Митрев беше многу отворен кон мене и ми рече дека ова не може да се реши веднаш за еден ден ,  туку е  процес кој многу долго трае,  остана многу малку течност во моето тело , неспоредливо од она што го имав пред операцијата.  Со терапија секојдневно се повеќе и повеќе се намалува течноста.  Покрај соодветната терапија оваа моја болест бара и голема дисциплина кон сопственото здравје.

По се што поминав после толку талкања и прашања без одговори на мојата состојба,  сега кога овде ми помогнаа немам друг избор освен внимание , почитување на лекарските препораки, и нов начин на моето секојдневие. Кога влегов во болницава имав 80 кг а после операцијата 65 кг значи извадени ми се 15 литра течност , премногу . Во сето оваа мистерија поврзана со мојата болест многу ми помогна мојата претходна физичка подготвеноста за да може организмот да го изржи целиот овој товар.

После операцијата Академик д-р Жан Митрев  дојде да ме посети да види како сум прво нешто што го прашав беше, која е причината за ваквата моја болест?

Причината беше  воспаление , вирусно.. бактериско , беа пратени на хистолошка анализа , ми го дадоа резултатот,  д-р Анѓушева многу интересно ми пристапи ми вели со оглед дека многу латински научи се надевам дека ќе го разбереш резултатот , ова што ти е напишано. Пишуваше воспалителен процес, кој предизвикал многу тешка калцификација на срцето,  која  би довела до страотни последици ако не бев опериран. Овде ми посочија дека постоперативниот период е многу побитен од колку оперативниот , пред операцијата срцето ми било заштитено како во кутија , а сега ќе треба време додека срцето да се врати во нормалната состојба. Целата „бетонска“ обвивка ми е одстранета и веќе не постои можност за повраток на состојбата. Исечена ми е градната коска,  за да зарасне потребно е време и добра рехабилитација. Возев велосипед со години секој ден, благодарение на него видов,  увидов дека нешто се случува со мене. И радува моментот што д-р Митрев ми рече дека за два месеца можеби ќе се сретнеме на Водо. Но без велосипеди, Благодарнст до него и до сите тие луѓе во болницата „Филип Втори“ .

Извештај од учество на конгрес на Физиотерапевти во Хрватска

Во периодот од 19 до 22 Ноември во Опатија ,Хрватска се одржа Конгрес на Физиотерапевти со меѓународно учество во организација на Хрватската Асоцијација на Физиотерапевти (ХЗФ) и Хрватската Комора на Физиотерапевти .На конгресот свое учество имаа 134 автори кои презентираа 46 усмени и 18 постер презентации.Конгресот во овие три дена беше посетен од околу 300 физиотерапевти од Хрватска, Македонија, Србија, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Полска, Малта и Италија.

Воедно на конгресот беа присутни претставници од Светската конфедерација за Физиотерапија (WCPT) кои изразија интерес за развојот на Физиотерапијата во Македонија и беа остварени неколку состаноци во рамки на конгресот .

На покана на Претседателката Снјежана Бенко  на ХЗФ ,на овој конгрес активно учествуваваше и претставник од СБХБ “Филип Втори” Дипл. Физиотерапевт Блаже Арсов кој беше дел од работното  претседателство на сесијата за кардиореспираторна физиотерапија и се претстави со две усмени презентации на тема:
1. Физиотерапевтска предоперативна процена на ризик факторите за развој на стернални компликации после кардиохируршки третман – наши искуства
2. Функционална магнетна стимулација (FMS) versus електромуслкулна стимулација (EMS) кај кардиоваскуларни пациенти со нервно мускулна слабост стекната на одделот за интензивно лекување
Како  коавтор на презентациите се јавува Дипл.Физиотерапевт Олгица Димитров

Апстрактите од  презентациите се објавени во стручното научно списание

Physiotherapia Croatica http://hzf.hr

Уште еден спасен живот – отстранета кучешка тенија од срцето на 23 годишно момче

„ Д-р Митрев беше единствениот кој се нафати да ме оперира и да ја извади  кучешката тенија од моето срце, не само што ми го спаси животот туку  ми понуди и  работа во неговата болницата, благодарение на него денеска сум и жив и вработен“.
Со оваа реченица нашиот колега Кире Илиоски одговорен на болничарите во  „Филип Втори“, раскажува за едно големо премрежје во неговиот живот. Ретко се случува  Ехинококовата циста (кучешка тенија) да се „вгнезди“ во човечкото срце. Кире немал никакви симптоми кои укажувале , предупредувале дека нешто не е во ред . На рутинска контрола за време на отслужување на воениот рок , лекарите виделе дека нешто не е во ред. На ехо преглед ја откриле кучешката тенија .Според нивна претпоставка таа живеела во неговото срце околу 5 години.

„Тоа беше шок и за мене и за моите блиски, бев момче имав само 20 години  , сите бевме збунети, живеев со тој паразит во моето срце а не чувствував ништо, максимално  физички активен, мислев дека сум  здрав, не не било така.  Ја прифатив вистината, се соочив со тоа и знаев дека мора час поскоро да се ослободам од тоа. Имав неколку испитувања, лежев во воена болница , бев три пати и во Германија но никој не се нафаќаше да го отвори моето срце и да ја извади Ехинококовата циста . Ризикот беше голем а исчекувањето ја зголемуваше неизвесноста. Стапивме во контакт со д-р Жан Митрев, тој тогаш се уште работеше во Германија, советот од него беше да не се оперира додека не си оформи капсула околу неа, заради тоа земав  лекови. Терапијата ја примав околу година ипол, како што ми рече д-р Митрев ,веќе беше ппдготвена за де се отстрани без последици  по моето здравје. По отворањето на специјалната болница „Филип Втори“ се договоривме за  операција , моето срце бешево рацете  на д-р Митрев. Во разговорите со него добив  верба дека операцијата ќе има добар крај не се плашев,  со душа чекав да дојде денот 27 март 2001 година,  ден на операцијата.

Состојбата на Кире ја објаснува д-р Тања Анѓушева медицински директор на „Филип Втори“ која се грижела и го лекувала Кире постоперативно како одговорен лекар во одделот на интензивна нега:
„Ехинококовата циста  се наоѓаше во мускулот на предниот ѕид од левата комора и притискаше врз левата предна десцедентна артерија, тоа е артерија која што го храни предниот ѕид со крв, со што го пореметуваше хранењето на истата . Бидејќи цистата беше многу голема, шуплината  на левата комора кај Кире беше толку мала што тој континуирано страдаше од недоволно снабдување на крв на сите органи во неговиот организам. Значи интраоперативно се извади Ехинококовата циста, операцијата беше правена во присуство на специјален хипертоничен раствор ,тоа е раствор со голема концентрација на шеќер за да сите оние живи клетки од Ехинококовата циста кои што постојат, да се уништат за да се спречи ново растења на нова таква циста. Самата операција бара голема вичност на операторот а исто така и одлично знаење на луѓето кои се со него и во постоперативната нега и водење на пациентот.

Опасноста беше огромна бидејќи при вадење на цистата можеше да се пресече главната артерија што го храни левиот мускул и да се предизвика вештачки инфаркт и срцева слабост, кое би значело смрт за пациентот. И затоа многу од центрите го одбиле за оперативно лекување . Операцијата беше неминовна , бидејќи цистата се наоѓаше во близина на самата крвна артерија. Со растењето на цистата  може да врасне во крвниот сад на срцевиот мускул и да се прошири нис целиот организам и да предизвика сепса и шокова состојба и пациентот да почине. Правилното и професионално  следењето е од многу голема корист затоа што тој временски период  ја верифицира успешноста на техниката на неговото лекување. Како што гледате и 14 години потоа Кире е здрав, живее нормално и ние сме горди што го имаме како дел од тимот на „Филип Втори“, изјави д-р Анѓушева.
Кире денеска има 37 години , татко е  на две малолетни деца миомче и девојче на возраст од  5 и 3 години, среќен во кругот на најмилите, поддршката од сопругата ја има постојано. Секој слободен ден го поминуваат во заеднички часови, на места кои им даваат моменти за релаксација и одмор. Спомените секогаш го навраќаат во неговото родно Кривогаштани кое го посетува многу ретко. На работа е почитуван колега, одговорен на болничарите . Повеќе од  13 години Кире  се грижи за болните во „Филип Втори“ исто онака како што за него во 2001 се грижеше медицинскиот персонал на оваа болница.

Стручниот текст за овој случај е даден со елоквентен приказ на техничката постапка  и презервацијата  (односно заштита на мускулното ткиво) така што  секој кардиохирург кој што се бави со таа проблематика може да го види и да го примени во пракса на пациент кој што би му се јавил во секојдневието .Стручниот текст за случајот на Кире и денска после толку години е еден од најчитаните во светот на кардиохиургијата. Ова го покажуваат статистиките на светските стручни здруженија. Горди сме што овој случај на нашиот Кире е еден од најцитираните текстови.
Текстот со стручниот приказ можеде да го видите на следниот линк

http://biomedupdater.com/urlu8c?srk=0fcf799d2c194705ca83ab0da571affcc1c76a141188944c

http://biomedupdater.com/urlu8c?srk=a242170f61759ef4f873f6fb05f399a241ca0009e02011b5

http://biomedupdater.com/urlu8c?srk=9878821efb959aefc71728071cf1eaa46c5b58e007555a15

http://biomedupdater.com/urlu8c?srk=a21e694b2ec03abcfff979079c2150d724f2542517495183

http://biomedupdater.com/?&kwr=+2006/6:2015/12[publicationdate]+[[Note:+you+can+edit+the+PublicationDate+and+resubmit+this+query.]]+e8fhef75fd052e2dd722dec4514326e5e09babf41c727f0cb7edac9912595e
1ee4dfaf8539e911e7828
e6d437edaa6bb781df011a86ed376bfab11a45027e0a
059d1d9b5947866b1b3e513e3f41e6cbd6ef527
c36812042cc9f9882e79c669bf2a5a5e8de7177ce3c9
beda8ebd78e0edfa490130e7a4c82d539c0f6b80
8cd594c27ca0bd4849552a6c724543451b4e6b44bcc
c4c01a48668244f451870d2455dc389c490a2g45
c&cmpgp1026Uet1027Ul=ICD51026TET685999042&fwpmd
=301&dt02=&sbr=13751188300028371964
124128340558c9ea3e6115b28afc783268e34b4cb691454&
ndpct=820663469a0bcce605bc512eb95be2
2e0dfe8bbe3c5b11d3112e64cafcb2a944<tl=List+1:+Top+Articles,+Since+2006+(publication+date+of+the+domain+article),+in+the+Domain+of+Article+16318934+and+
Keyword+’cardiosurgery’

Јавна благодарност од наша пациентка

После долгогодишна агонија, талкање по лекари специјалисти (интернисти, кардиолози, невролози) во т.н.бесплатно здравство (јавно), кога ја загубив верба та во лекарите и надежта дека еден ден пак ќе застанам на нозе и здравјето пак ке ми се врати на 17 Јуни како од Господ пратен се појави доктор од „ Филип Втори“. Тој не само што ми ја врати надежта за живот туку и насмевката на моите две малолетни деца.
Д-р Шпенд Идризи, овој ден ќе го паметам до крајот на мојот живот, кога дојдов кај Вас за да ми ги прочитате резултатите од 24 часовниот холтер.
Ме пречекавте со насмевка на лицето и ми рековте да не се грижам, проблемот не е голем, дека се работи за вродена срцева мана и дека со мал интервентен оперативен зафат истата ќе се реши. Ми препорачавте уште едно испитување со кое ќе се потвди тоа.  Се уште ги помнам Вашите зборови на заминување „ЌЕ СЕ ВИДИМЕ ВО СКОПЈЕ “….
И без тоа испитување,  Вие ми ја поставивте точната дијагноза.

Д-р Шпенд, не само што се покажавте со Вашата стручност и знаење туку пред се со Вашата човечност и  хуманост, човек полн со позитивна енергија која на пациентите во такви моменти многу им е потребна и им значи.
Голема благодарност за СЕ што направивте за мене и Господ да Ви даде Вам и на Вашето семејство добро здравје и долг живот , за да спасувате уште многу човечки животи.
Воедно, голема благодарност и на д-р Иван Милев кој заедно со д-р Шпенд Идризи и останатиот тим од лекари и друг персонал , меѓу кои би го спомнала и д-р Гоце , ми направија интервентен оперативен зафат, затварање на ПФО на 18.09.2015.
Исто така благодарност до д-р Планинка Зафирова , како и на останатиот персонал од „Филип Втори “ за професионалната работа и добрата грижа и хуманиот однос како во периодот на дијагностицирање така и за време на зафатот и мојот престој во истата.
За болницата „Филип Втори“ и нејзиниот тим  се најдобро , неможам да најдам соодветни зборови .
ЗАТОА,  БЛАГОДАРАМ УШТЕ ЕДНАШ НА СИТЕ, и Ви посакувам многу долги години успешна работа и многу , многу јубилеи да дочекате.

Од се срце , Ваш пациент,
Катерина Чонева

Општа и локална анестезија

За сигурен и безбеден престој во болницата и за успешно изведување на предвидениот хируршки зафат, од голема важност е запознавање на пациентот со основните анестезиолошки постапки кои се презвемаат пред и после операцијата. Основна цел на анестезијата е да обезбеди безболно одвивање на хируршкиот зафат.
Анетезиолошки преглед пред операција
Еден ден пред  операција се обезбедува предоператвен анестезиолошки преглед и врз основа на утврдената состојба и добиените податоци (досегашни болести, лекови, алергии, лабораториски наоди) се проценува здраствената состојба и подготвенсот за планираниот оперативен зафат. Во текот на предоперативниот преглед пацинтите се запознаваат со типот на анестезија што ќе се води, нејзините предности и недостатоци и можните ризици и компликации од истата. На пациентот секогаш му се предлага оптималниот тип на анестезија.
Зошто анестезија?
За време на операцијата пациентите сакаат да не чувствуваат болка, а хирурзите сакаат пациент кој е релаксиран и безбеден. Анестезијата е таа што обезбедува безболност и мирни пациенти. При општата анестезија пациентот ,,спие,, и е потполно несвесен, додека при локална анестезија, пациентот останува буден притоа нечуствувајќи болка. При општа анестезија, свесноста кај пациентите се враќа кога ке престане влијанието на анестетиците.
Поедини пациенти кај кои се води локална или регионална анестезија понекогаш се прашуваат зошто запаѓаат во сон за време на операцијата? Причина за тоа се седативи кои се користат за време на операцијата, а имаат цел да го смират пациентот.

Локална анестезија
Локална анестезија подразбира употреба на локален анестетик на местото каде е потребно обезболување. Анестетикот се вбризгува со инјекција, а пациентот е потполно буден и свесен. Дејството на анестетикот трае од еден до два часа.

Општа анестезија
Оваа анестезија обезбедува безболност, релаксираност  и длабока седација на пациентот. Бидејки се прекинува и дишењето, со помош на ендотрахеална цевка (тубус) се обезбедува дишење со машина за анестезија. Пациентот е несвесен за околината околу него.Општата анестезија овозможува изведување на инвазивни и подолготрајни хируршки интервенции. После операциите пациентите се префрлаат во соба за будење или на интензивна нега, каде и понатаму се под мониторинг на добро обучен медицински персонал.
Постои ли можност за ризик од анестезија?
Ниту една медицинска интервенција не е потполно безбедна. Видот и тежината на  основната болест, пропратните заболувања, возраста, како и животните навики го одредуваат степенот на ризик. Сериозните компликации  се ретки, но сепак можни. Со постојано надгледување на животните функции, анестезиологот може навремено да препознае било какво пореметување и навремено да реагира. Во специјалната болница филип Втори има најмодерна анестезиолошка опрема и работи тим на одлични анестезиолози кои драстично го намалуваат ризикот од анестезија за време на операцијата. На докторите и сестрите од Специјалната болница „Филип Втори“ сигурноста на пациентот и грижата за здравјето се секогаш на прво место.

Потребата од микробиолошка лабораторија

Основната цел на здравствената дејност е да се спасат што повеќе животи. За таа цел на здравствениот персонал му се потребни брзи, стабилни, сигурни и поврзани информации кои ќе осигураат точна дијагноза и терапија. Повеќе не смее да се практикува медицина и да се донесуваат одлуки за дијагноза и лечење,  засновани само врз основа на интуиција и искуства од минатата  пракса. Кога се работи за микробиологијата тоа се однесува на појавувањето на нови патогени микроорганизми и растечкиот проблем на создавањето на механизми на одбрана од масовната и неконтролирана употреба на антимикробни средства. Емпириското применување на антибиотици треба да се одбегнува.

Наједноставниот, но во исто време и најтежок проблем, е да се разграничи вирусна од бактериска инфекција, знаејќи дека антибиотикот делува само на бактерии, а не и на вируси. Многу е значајна поддршката на матичниот доктор кога не дал антибиотик, а микробиолошкиот наод потврдува отсуство на патогени бактерии, односно негативен резултат. А следно и конечно е да се препорача соодветен антибиотик врз основа на т.н. антибиограм, или осетливост на бактеријата кон одредени групи на антибиотици.
Микробиолошките анализи се неинвазивни и лесни за изведување, а многу корисни и најчесто единствени за поставување на етиолошка дијагноза на инфективните заболувања. Со примена на нови техники и организираност на работа, спороста на изведувањето на микробиолошките анализи веќе не претставува проблем. Правилната клиничка проценка на пациентот, земањето на соодветен примерок за микробиолошко иследување во вистинско време и од вистинско место,  овозможува точна дијагноза и адекватна антимикробна терапија, а со тоа и побрзо оздравување на пациентот, добар квалитет на здравствената грижа, како и значителна заштеда на здравствениот систем. Релацијата лабораториски – клинички персонал е двонасочна и содржи расправа за ефектите од  лекувањето на пациентите од инфективни заболувања, што овозможува споредување на ефектите in vitro-in vivo, односно, лабораторискиот резултат од антибиограмот (осетливост кон антимикробни средства) и одговорот на живиот организам (пациентот) на препорачаниот лек.

Микробиолошката лабораторија во „Филип Втори“ се грижи за пациентите додека престојуваат во болница и по нивното отпуштање, а отворена е за услуги на сите амбулантски пациенти и пошироко. Системот на издавање на резултат е потврден и содржи покрај изолат и антибиограм кој вклучува постоечка и очекувана резистенција кон тестираните антибиотици, како и клинички корисен коментар кој ќе му послужи на клиничкиот (матичен) доктор за подобро  толкување на резултатите, со цел за безбедно и сигурно оздравување на неговиот пациент. Со вакви лабораториски потврдени докази и во согласност со клиничката проценка лекарот треба да чувствува поддршка и сигурност. Усниот контакт со тимот на микробиолошката лабораторија уште при првични лабораториски резултати придонесува за голема заштеда  на средства, време и непожелни ефекти од непогоден антимикробен лек.
Лабораторијата е снабдена со најсофистициран автоматизиран систем за идентификација на бактерии и изработка на антибиограм со минимална инхибиторна концентрација Vitek 2 Compact кој се користи за рутинска примена.
Со оглед на фактот за големата примена на антимикробни средства без лабораториски потврдени докази, се согледува  големата улога на микробиолошката лабораторија и неможноста за функционирање на здравствениот систем без микробиолошка анализа.

Тимот на д-р Жан Митрев ќе се грижи за здравјето на најбрзиот автомобилист во Европа

Најдобриот македонски и европски автомобилист Игор Стефановски – Иџе е уште еден спортист,  зад кој,  како здравствена институција застана Специјалната болница  „ Филип Втори “.  Иницијативата  на Академик  д-р Жан Митрев за професионална грижа и контрола на здравјето на најдобрите спортисти се реализира под мотото „ЗА ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ НА ШАМПИОНИТЕ“ .  Континуираното следење на психо-физичката состојба е императив за подобро здравје а со тоа и подобри резултати. На средбата помеѓу „ летечкиот “ автомобиист Стефановски и
д-р Митрев , се разговараше за досегашните успеси на  шампионот,  за плановите кои престојат пред него во следната тркачка сезона, за автомобилите и адреналинската неограниченост и концентрација  при натпреварувањата.

Огромна чест и задоволство е што еден таков тим на доктори предводени од д-р Жан Митрев од сега ќе се грижи за моето  здравје ,  сепак здравјето е најбитното нешто на секој човек, а особено за нас спортистите, се надевам дека во наредната сезона заеднички ќе чекориме кон нови победи. Кога е здравјето во прашање имам впечаток дека сите ние , ова го кажувам првенствено тргнувајќи од себе,  одиме на лекар само кога ќе почуствуваме некаков проблем. Со оглед на динамичниот начин на живот и обврските кои секојдневно стојат пред нас, кои на овој или оној начин не „трошат“ забораваме на себе , на фундаменталната причина и најважната работа – здравјето.  Секој  еден од нас мора да даде свој придонес за подигање на здравствената култура во земјава , бидејќи кога сме здрави се е полесно“ ,  изјави Стефановски.

На европскиот шампион брзината му е најсилната страна , дека  владее неприкосновено со неа,  покажа  повеќе од 10 пати  во родната  Македонија , а две години го има епитетот – најбрзиот  на стариот континент. Двократниот европски шампион е наша гордост и идол на многу млади . Не само со неговите успеси,  туку и со  неговиот карактер на смирен, позитивен лик,  одмерен во зборот, голем во делата.  Од 2003 година  и инаети на брзината ,  докажувајќи му на светот,  кога желбата и трудот се огромни резултатите се неизбежни,  иако условите не се на завидно ниво.  Д-р Митрев ја искажа својата поддршка во плановите на првакот, со надеж дека еден ден ќе го гледаме и како дел од големите светски трки.