Направена е 1000-та замена на аортна валвула со техника на пулсирачко срце

Во болницата на Жан Митрев направена е 1000-тата  замена на аортна валвула со техника на пулсирачко срце. Ова значи дека за време на целата операција срцето чука непрекинато, за разлика од класичните операции каде срцето мора комплетно да се запре со т.н.  раствор на кардиоплегија. Предноста на овој начин на операции на пулсирачко срце е многукратна, бидејки срцето е комплетно заштитено од дополнителна  траума што настанува за време на операцијата. Ова се контролира преку континуирано следење на ЕКГ на монитор.

Заради оваа предност, пациентите многу полесно ја поднесуваат операцијата и опоравувањето е побрзо. На овој начин се оперирани многу пациенти во терминален стадиум кој со класична операција не би преживеале.

Оваа хируршка техника на операција на аортна валвула беше презентирана на  Европскиот конгрес – 29 Annual meeting of EACTS   и побуди голем интерес во стручната јавност.

24 часа по операцијата , Петар Николовски 1000-от пациент врз кој е применета оваа техника ни го кажа следново:

„Пресрекен сум, неизмерно благодарен што ми излегоа во пресрет , што ми ја направија операцијата , која ретко кој можеше да ја направи. Додека нашите осигуреници со години ги праќавме во странство не сум знаел дека во „Филип Втори“ овие кардиолошки операции се покриени од страна на ФЗОМ. Фала му на Аадемик д-р Жан Митрев и на неговиот тим. Немам зборови можам само да заплачам и ете ме со солзи , и тажен и среќен, му благодарам , им благодарам. Операцијата почна утрото кај 9 часот, се разбудив некаде после полноќ и сега се чуствувам добро, почнав веднаш со вежби за рехабилитација со сите медицински реквизити и помагала кои ги има во болницава. Правам инхалации, го засилувам дишењето. Секоја чест на физеотерапевтите кои цел ден работат со мене , за час поскоро да го пребродам ова. Пред две години ми ставија стент во државна болница, ми рекоа дека можам да живеам вака, заради големиот ризик по мојот живот не ми препорачуваа операција, но во последниве месеци не се чуствував добро. И опуштената прошетка ми стана заморна, тешко се движев. На социјалните мрежи поточно на FB страната на болницава, прочитав дека овие операции се покриени од фондот и веднаш дојдов во „Филип Втори“. Благодарност до д-р Планинка Зафировска која толку љубезно и пријателски ми пристапи. Од прегледот констатираше дека мора да се оперирам. Со мене беше мојот ангел чувар, мојата ќерка на која и беа пренесени сите информации околу моето понатамошно лекување. Благодарам на сите овие луѓе што ми го продолжија животот “.

Инфекции на уринарен тракт асоцирани со носење на уринарен катетер

Зошто CAUTI претставуваат товар на ИЦУ
• Инфекциите на уринарниот тракт се најчести инфекции  –  80% се асоцирани со носење на уринарен катетер
• 12 – 60 % од пациентите на ИЦУ носат уринарен катетер
• 3 – 7 % од пациентите кои носат уринарен катетер развиваат уринарна инфекција.

Резултати асоцирани со CAUTI
• Инфекција на уринарен тракт е најчеста нус појава од носење на уринарен катетер
• Морбидитететот на уринарна инфекција е помал доколку станува збор за еднократно наспрема повеќекратното носење на уринарен катетер
• Носењето на уринарен катетер може да предизвика и небактериски инфламации, уретрални стриктури и механичка траума.

Ризик фактори за развој на CAUTI
• Времетраење на катетеризација
• Пол
• Возраст
• Присуство на дренажни системи во близина

Резервоар за трансмисија
• Дренажно кесе

Препознавање на CAUTI
• Треска
• Позитивна уринокултура

Стандарди за користење на уринарен катетер, негово  пласирање  и оддржување
• Дефинирање на строги критериуми за индикација на катетеризација
• Лимитирање на индикациите за катетеризација на следните
а. Периоперативно
б. Мониторинг на диуреза
в. Ретенција на урина
• Само стручен и добро едуциран персонал може да врши поставување на уринарен катетер
• Пласирањето на уринарен катетер мора да се изведува во строго асептични услови
• Водење на соодветна документација за поставување и носење на уринарен катетер (дата на поставување, кој го поставил, карактеристики на катетерот,  датум на вадење на катеетрот)

Надзор на катетер асоцирани уринарни инфекции
• Да се иднетификуваат пациентите во единицата за интензивно лекување кај кои постои ризик за појава на катетер асоцирани уринарни инфекциии
• Да се формираат стандардни критериуми за идентификување на пациенти со катетер асоцирани уринарни инфекции
• Да се собираат информации за носењето на катетер од моментот на пласирање, промени, пропирања и слично.
• Да се пресмета честотата на катетер асоцирани уринарни инфекции наспрема популацијата

Едукација и тренинг
• Здравствените  работници треба да се соодветно едуцирани и тренирани за поставување на уринарен катетер, негово оддржување и вадење.

Направена е 1000-та замена на аортна валвула со техника на пулсирачко срце

Направена е 1000-та замена на аортна валвула со техника на пулсирачко срце

Во болницата на Жан Митрев направена е 1000-тата замена на аортна валвула со техника на пулсирачко срце. Ова значи дека за време на целата операција срцето чука непрекинато, за разлика од класичните операции каде срцето мора комплетно да се запре со т.н. раствор на кардиоплегија.

Предноста на овој начин на операции на пулсирачко срце е многукратна, бидејки срцето е комплетно заштитено од дополнителна траума што настанува за време на операцијата. Ова се контролира преку континуирано следење на ЕКГ на монитор.

Заради оваа предност, пациентите многу полесно ја поднесуваат операцијата и опоравувањето е побрзо. На овој начин се оперирани многу пациенти во терминален стадиум кој со класична операција не би преживеале.

Оваа хируршка техника на операција на аортна валвула беше презентирана на Европскиот конгрес – 29 Annual meeting of EACTS и побуди голем интерес во стручната јавност.
24 часа по операцијата , Петар Николовски 1000-от пациент врз кој е применета оваа техника ни го кажа следново:

„Пресрекен сум, неизмерно благодарен што ми излегоа во пресрет , што ми ја направија операцијата , која ретко кој можеше да ја направи. Додека нашите осигуреници со години ги праќавме во странство не сум знаел дека во „Филип Втори“ овие кардиолошки операции се покриени од страна на ФЗОМ. Фала му на Аадемик д-р Жан Митрев и на неговиот тим. Немам зборови можам само да заплачам и ете ме со солзи , и тажен и среќен, му благодарам , им благодарам. Операцијата почна утрото кај 9 часот, се разбудив некаде после полноќ и сега се чуствувам добро, почнав веднаш со вежби за рехабилитација со сите медицински реквизити и помагала кои ги има во болницава. Правам инхалации, го засилувам дишењето. Секоја чест на физеотерапевтите кои цел ден работат со мене , за час поскоро да го пребродам ова. Пред две години ми ставија стент во државна болница, ми рекоа дека можам да живеам вака, заради големиот ризик по мојот живот не ми препорачуваа операција, но во последниве месеци не се чуствував добро. И опуштената прошетка ми стана заморна, тешко се движев. На социјалните мрежи поточно на FB страната на болницава, прочитав дека овие операции се покриени од фондот и веднаш дојдов во „Филип Втори“. Благодарност до д-р Планинка Зафировска која толку љубезно и пријателски ми пристапи. Од прегледот констатираше дека мора да се оперирам. Со мене беше мојот ангел чувар, мојата ќерка на која и беа пренесени сите информации околу моето понатамошно лекување. Благодарам на сите овие луѓе што ми го продолжија животот “.

Тимот на д-р Жан Митрев ќе се грижи за здравјето на најбрзиот автомобилист во Европа

Тимот на д-р Жан Митрев ќе се грижи за здравјето на најбрзиот автомобилист во Европа

Најдобриот македонски и европски автомобилист Игор Стефановски – Иџе е уште еден спортист, зад кој, како здравствена институција застана Специјалната болница „ Филип Втори “. Иницијативата на Академик д-р Жан Митрев за професионална грижа и контрола на здравјето на најдобрите спортисти се реализира под мотото „ЗА ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ НА ШАМПИОНИТЕ“ . Континуираното следење на психо-физичката состојба е императив за подобро здравје а со тоа и подобри резултати. На средбата помеѓу „ летечкиот “ автомобиист Стефановски и д-р Митрев , се разговараше за досегашните успеси на шампионот, за плановите кои престојат пред него во следната тркачка сезона, за автомобилите и адреналинската неограниченост и концентрација при натпреварувањата.

Огромна чест и задоволство е што еден таков тим на доктори предводени од д-р Жан Митрев од сега ќе се грижи за моето здравје , сепак здравјето е најбитното нешто на секој човек, а особено за нас спортистите, се надевам дека во наредната сезона заеднички ќе чекориме кон нови победи. Кога е здравјето во прашање имам впечаток дека сите ние , ова го кажувам првенствено тргнувајќи од себе, одиме на лекар само кога ќе почуствуваме некаков проблем. Со оглед на динамичниот начин на живот и обврските кои секојдневно стојат пред нас, кои на овој или оној начин не „трошат“ забораваме на себе , на фундаменталната причина и најважната работа – здравјето. Секој еден од нас мора да даде свој придонес за подигање на здравствената култура во земјава , бидејќи кога сме здрави се е полесно“ , изјави Стефановски.

На европскиот шампион брзината му е најсилната страна , дека владее неприкосновено со неа, покажа повеќе од 10 пати во родната Македонија , а две години го има епитетот – најбрзиот на стариот континент. Двократниот европски шампион е наша гордост и идол на многу млади . Не само со неговите успеси, туку и со неговиот карактер на смирен, позитивен лик, одмерен во зборот, голем во делата. Од 2003 година и инаети на брзината , докажувајќи му на светот, кога желбата и трудот се огромни резултатите се неизбежни, иако условите не се на завидно ниво. Д-р Митрев ја искажа својата поддршка во плановите на првакот, со надеж дека еден ден ќе го гледаме и како дел од големите светски трки.

Потребата од микробиолошка лабораторија

Потребата од микробиолошка лабораторија

Основната цел на здравствената дејност е да се спасат што повеќе животи. За таа цел на здравствениот персонал му се потребни брзи, стабилни, сигурни и поврзани информации кои ќе осигураат точна дијагноза и терапија. Повеќе не смее да се практикува медицина и да се донесуваат одлуки за дијагноза и лечење, засновани само врз основа на интуиција и искуства од минатата пракса. Кога се работи за микробиологијата тоа се однесува на појавувањето на нови патогени микроорганизми и растечкиот проблем на создавањето на механизми на одбрана од масовната и неконтролирана употреба на антимикробни средства. Емпириското применување на антибиотици треба да се одбегнува.

Наједноставниот, но во исто време и најтежок проблем, е да се разграничи вирусна од бактериска инфекција, знаејќи дека антибиотикот делува само на бактерии, а не и на вируси. Многу е значајна поддршката на матичниот доктор кога не дал антибиотик, а микробиолошкиот наод потврдува отсуство на патогени бактерии, односно негативен резултат. А следно и конечно е да се препорача соодветен антибиотик врз основа на т.н. антибиограм, или осетливост на бактеријата кон одредени групи на антибиотици.Микробиолошките анализи се неинвазивни и лесни за изведување, а многу корисни и најчесто единствени за поставување на етиолошка дијагноза на инфективните заболувања. Со примена на нови техники и организираност на работа, спороста на изведувањето на микробиолошките анализи веќе не претставува проблем. Правилната клиничка проценка на пациентот, земањето на соодветен примерок за микробиолошко иследување во вистинско време и од вистинско место, овозможува точна дијагноза и адекватна антимикробна терапија, а со тоа и побрзо оздравување на пациентот, добар квалитет на здравствената грижа, како и значителна заштеда на здравствениот систем. Релацијата лабораториски – клинички персонал е двонасочна и содржи расправа за ефектите од лекувањето на пациентите од инфективни заболувања, што овозможува споредување на ефектите in vitro-in vivo, односно, лабораторискиот резултат од антибиограмот (осетливост кон антимикробни средства) и одговорот на живиот организам (пациентот) на препорачаниот лек.

Микробиолошката лабораторија во „Филип Втори“ се грижи за пациентите додека престојуваат во болница и по нивното отпуштање, а отворена е за услуги на сите амбулантски пациенти и пошироко. Системот на издавање на резултат е потврден и содржи покрај изолат и антибиограм кој вклучува постоечка и очекувана резистенција кон тестираните антибиотици, како и клинички корисен коментар кој ќе му послужи на клиничкиот (матичен) доктор за подобро толкување на резултатите, со цел за безбедно и сигурно оздравување на неговиот пациент. Со вакви лабораториски потврдени докази и во согласност со клиничката проценка лекарот треба да чувствува поддршка и сигурност. Усниот контакт со тимот на микробиолошката лабораторија уште при првични лабораториски резултати придонесува за голема заштеда на средства, време и непожелни ефекти од непогоден антимикробен лек. Лабораторијата е снабдена со најсофистициран автоматизиран систем за идентификација на бактерии и изработка на антибиограм со минимална инхибиторна концентрација Vitek 2 Compact кој се користи за рутинска примена. Со оглед на фактот за големата примена на антимикробни средства без лабораториски потврдени докази, се согледува големата улога на микробиолошката лабораторија и неможноста за функционирање на здравствениот систем без микробиолошка анализа.

Средба на трикратниот светски првак Димитар Ѓорѓиев и Академик д-р Жан Митрев

Средба на трикратниот светски првак Димитар Ѓорѓиев и Академик д-р Жан Митрев

Светско злато и наша национална гордост, Димитар Ѓорѓиев и по трет пат ја одбрани титулата Светски првак во кик-бокс (WAKO). Шампионот го потврди очекувањето кое го изнесе на првата средба со Академик д-р Жан Митрев , дека златото и оваа година ќе остане во Македонија. Средбата се случи пред неполни 10 дена кога и официјално Специјалната болница „Филип Втори“ стана медицински партнер на сега веќе трикратнит светски ас. Веднаш по враќањето од Белград каде што се одржуваше првенството Димитар , со златното одличје дојде на кратка средба со Академик д-р Митрев.

„Пресреќен сум што и покрај лошиот ден на финалето успеав да го повторам успехот од претходните две светски првенства во 2011 и 2013 година. За разлика од борбата за златото, претходните две борби преку кои стигнав до финалето не ми беа проблем. Но, долгиот временски период од стартот на финалната борба и загревање за истата ми направи шок на организмот кој лошо влијаеше врз мене и ова ми беше најтешката борба до сега. Но, се е полесно кога имате одлична претходна здравствена подготовка па знаете како да се носите и со несакани ситуации. Се чуствувам сигурен кога грижата за моето здравјето е во рацете на најдобрите. Уште еднаш благодарам на д-р Митрев , д-р Аншуѓева и на целиот тим на болницата „Филип Втори“ . Голема радост за мене е што и оваа година знамето на мојата татковина се вееше највисоко , и секако златото на градите и химната кога се интонира , тоа е чувство кое Ве мотивира, обврзува . Иако таа победничка слика ја доживувам три пати по ред, секоја година чувството е како да е прв пат. Благодарам на сите кои ја препознаваат потребата да бидат со мене за посигурно да чекорам по патот до победата , благодарност до мојот народ кој ме поддржува , овој мој успех е успех и на Македонија“, изјави светскиот првак . Академик д-р Жан Митрев му ја честита победата на Ѓорѓиев , и му посака уште многу успешни години во неговата карера уште многу одличја , посочувајќи дека со оваа победа Димитар резервирал уште една страница во историјата на македонскиот спорт. Целокупниот персонал на Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“ му ја честита победата на шампоинот и освоеното светското злато.

Општа и локална анестезија

Општа и локална анестезија

За сигурен и безбеден престој во болницата и за успешно изведување на предвидениот хируршки зафат, од голема важност е запознавање на пациентот со основните анестезиолошки постапки кои се презвемаат пред и после операцијата. Основна цел на анестезијата е да обезбеди безболно одвивање на хируршкиот зафат.Анетезиолошки преглед пред операцијаЕден ден пред операција се обезбедува предоператвен анестезиолошки преглед и врз основа на утврдената состојба и добиените податоци (досегашни болести, лекови, алергии, лабораториски наоди) се проценува здраствената состојба и подготвенсот за планираниот оперативен зафат. Во текот на предоперативниот преглед пацинтите се запознаваат со типот на анестезија што ќе се води, нејзините предности и недостатоци и можните ризици и компликации од истата. На пациентот секогаш му се предлага оптималниот тип на анестезија.Зошто анестезија?За време на операцијата пациентите сакаат да не чувствуваат болка, а хирурзите сакаат пациент кој е релаксиран и безбеден. Анестезијата е таа што обезбедува безболност и мирни пациенти. При општата анестезија пациентот ,,спие,, и е потполно несвесен, додека при локална анестезија, пациентот останува буден притоа нечуствувајќи болка. При општа анестезија, свесноста кај пациентите се враќа кога ке престане влијанието на анестетиците.Поедини пациенти кај кои се води локална или регионална анестезија понекогаш се прашуваат зошто запаѓаат во сон за време на операцијата? Причина за тоа се седативи кои се користат за време на операцијата, а имаат цел да го смират пациентот.

Локална анестезијаЛокална анестезија подразбира употреба на локален анестетик на местото каде е потребно обезболување. Анестетикот се вбризгува со инјекција, а пациентот е потполно буден и свесен. Дејството на анестетикот трае од еден до два часа.

Општа анестезијаОваа анестезија обезбедува безболност, релаксираност и длабока седација на пациентот. Бидејки се прекинува и дишењето, со помош на ендотрахеална цевка (тубус) се обезбедува дишење со машина за анестезија. Пациентот е несвесен за околината околу него.Општата анестезија овозможува изведување на инвазивни и подолготрајни хируршки интервенции. После операциите пациентите се префрлаат во соба за будење или на интензивна нега, каде и понатаму се под мониторинг на добро обучен медицински персонал. Постои ли можност за ризик од анестезија?Ниту една медицинска интервенција не е потполно безбедна. Видот и тежината на основната болест, пропратните заболувања, возраста, како и животните навики го одредуваат степенот на ризик. Сериозните компликации се ретки, но сепак можни. Со постојано надгледување на животните функции, анестезиологот може навремено да препознае било какво пореметување и навремено да реагира. Во специјалната болница филип Втори има најмодерна анестезиолошка опрема и работи тим на одлични анестезиолози кои драстично го намалуваат ризикот од анестезија за време на операцијата. На докторите и сестрите од Специјалната болница „Филип Втори“ сигурноста на пациентот и грижата за здравјето се секогаш на прво место.

Јавна благодарност од наша пациентка

Јавна благодарност од наша пациентка

После долгогодишна агонија, талкање по лекари специјалисти (интернисти, кардиолози, невролози) во т.н.бесплатно здравство (јавно), кога ја загубив верба та во лекарите и надежта дека еден ден пак ќе застанам на нозе и здравјето пак ке ми се врати на 17 Јуни како од Господ пратен се појави доктор од „ Филип Втори“. Тој не само што ми ја врати надежта за живот туку и насмевката на моите две малолетни деца.Д-р Шпенд Идризи, овој ден ќе го паметам до крајот на мојот живот, кога дојдов кај Вас за да ми ги прочитате резултатите од 24 часовниот холтер.Ме пречекавте со насмевка на лицето и ми рековте да не се грижам, проблемот не е голем, дека се работи за вродена срцева мана и дека со мал интервентен оперативен зафат истата ќе се реши. Ми препорачавте уште едно испитување со кое ќе се потвди тоа. Се уште ги помнам Вашите зборови на заминување „ЌЕ СЕ ВИДИМЕ ВО СКОПЈЕ “….И без тоа испитување, Вие ми ја поставивте точната дијагноза.

Д-р Шпенд, не само што се покажавте со Вашата стручност и знаење туку пред се со Вашата човечност и хуманост, човек полн со позитивна енергија која на пациентите во такви моменти многу им е потребна и им значи.Голема благодарност за СЕ што направивте за мене и Господ да Ви даде Вам и на Вашето семејство добро здравје и долг живот , за да спасувате уште многу човечки животи.Воедно, голема благодарност и на д-р Иван Милев кој заедно со д-р Шпенд Идризи и останатиот тим од лекари и друг персонал , меѓу кои би го спомнала и д-р Гоце , ми направија интервентен оперативен зафат, затварање на ПФО на 18.09.2015.Исто така благодарност до д-р Планинка Зафирова , како и на останатиот персонал од „Филип Втори “ за професионалната работа и добрата грижа и хуманиот однос како во периодот на дијагностицирање така и за време на зафатот и мојот престој во истата.За болницата „Филип Втори“ и нејзиниот тим се најдобро , неможам да најдам соодветни зборови .ЗАТОА, БЛАГОДАРАМ УШТЕ ЕДНАШ НА СИТЕ, и Ви посакувам многу долги години успешна работа и многу , многу јубилеи да дочекате.
Од се срце , Ваш пациент,Катерина Чонева