Прв конгрес на медицински сестри и техничари на интензивна нега на Босна и Херцеговина

Прв конгрес на медицински сестри и техничари на интензивна нега на Босна и Херцеговина

Од 21.11-.24.11.2014 во Фојница, Босна и Херцеговина се одржа Првиот конгрес на медицински сестри и техничари на интензивна нега на Босна и Херцеговина со меѓународно учество.На овој конгрес учествуваа околу 150 учесници од сите земји во регионот, Македонија, Турција, Словенија, Хрватска, Германија, Србија, Босна и Херцеговина, Кипар и Италија, а активно учество зедоа и пациенти кои ги поделија своите искуства стекнати за време на нивниот престој во единиците за интензивно лекување.Активно учество на овој конгрес од Специјалната Болница „Филип Втори“ земаа Жанета Богоевска Митева и Гордана Бошеска. Жанета Богоевска Митева, како гостин предавач, одржа предавање на тема: “Инвазивни процедури на интензивна нега во Филип Втори”, во кое беше истакната важноста од изведување на инвазивните процедури на „пациент место“, со што се бележи значително скратување на времето до добивање на третман и намалување на стресот кај пациентите. Употребата на најсовремените средства и техники за изведување на инвазивните процедури кои беа претставени преку кратки филмови снимени на нашата интензивна нега, предизвикаа голем интерес кај присутните. Во делот на дискусии, Гордана Бошеска го престави начинот на едукација во нашата установа, кој наиде на голем број пофалби и одобрувања од учесниците.Овој конгрес придонесе за промоција на нашата болницата и можност за разменување на искуства со останатите земји од регионот, како и основа за понатамошна меѓусебна соработка.

Курс АО Траума- Загреб, Р. Хрватска

Курс АО Траума- Загреб, Р. Хрватска

Во периодот од 06 – 08.11.2014 година се одржа Курс AO Траума – Principles in Operative Fracture Treatment for ORP во Загреб, Р. Хрватска. Учество земаа повеќе земји меѓу кои и Хрватска, Романија, Бугарија и Р. Македонија.

Претставници од Специјалната болница по хируршки болести “Филип Втори” кои имаа активно учество беа инструментарките Блажевска Снежана и Исакоска Александра. Беа опфатени теми за фрактури и нивниот третман, надворешни фиксатори, како и “Principles of Intramedullarni nailing”, “Principles of Internal fixator using the Locking compresion plate (LCP)”.

VII конгрес на кардиоваскуларни хирурзи на Р. Србија

VII конгрес на кардиоваскуларни хирурзи на Р. Србија

Од 27-29 ноември 2014 година во Нови Сад, Р. Србија, се одржа VII конгрес на кардиоваскуларни хирурзи на Србија со меѓународно учество. Со теми и предавања на сесиите на овој конгрес учествуваше и тим на лекари од Специјалната Болница „Филип Втори“ на чело со Академик Д-р Жан Митрев.

Од 27-29 ноември 2014 година во Нови Сад, Р. Србија, се одржа VII конгрес на кардиоваскуларни хирурзи на Србија со меѓународно учество. Со теми и предавања на сесиите на овој конгрес учествуваНа овој конгрес беа презентирани следните предавања:

Surgery for thoracoabdominal aortic aneurysm – Mitrev Z, Anguseva T, Hristov N, Stoicovski E, Idoski E, Milev I, Izdrizi S.

Reconstructive surgery of aortic valve and aortic root – Mitrev Z, Anguseva T, Stoicovski E, Hristov N, Idoski E, Matvejcuk A.

Intraoperative 3D transoesophageal valvular evaluation – Anguseva T, Manailova T, Aleksovski E, Stoicovski E, Milev I, Idrizi S, Mitrev Z.

Surgery for patients with diffuse atherosclerotic disease – Mitrev Z, Anguseva A, Hristov N, Lazovski N, Aleksovski E, Manailova T.

Surgical treatment for carotidal disease – Mitrev Z, Anguseva T, Hristov N, Lazovski N, Sterjo E, Manailova T, Gjorgon M.

Surgery for peripheral vascular disease – Hristov N, Anguseva T, Lazovski N, Sterjo E, Mitrev Z.

Interventional procedures for congenital heart disease – Milev I, Anguseva T, Idrizi S, Ampova V, Zimbakov Z, Mitrev Z.

The role of CRRT treatment in patients with renal insufficiency after cardiac surgery – Anguseva T, Stoicovski E, Popeski D, Neziri D, Vuchovska D, Ugurov P, Neshkoski I, Mitrev Z

Предавањата беа едни од најпосетуваните, теми кои побудија најголем интерес меѓу присутните, посебно во промоција на новите напредни кардиохируршки техники.

Ова беше уште една можност за промовирање на работата и достигнувањата на Специјалната Болница „Филип Втори“ како лидер во третманот на кардиоваскуларните заболувања во овој дел на Европа како и размена на досегашни искуства.

БЛАГОДАРНОСТ ОД СРЦЕ

БЛАГОДАРНОСТ ОД СРЦЕ

Пациентот Рамиз Хуна, беше примен во Специјалната болница по хируршки болести “Филип Втори” на 10.10.2014 година во тешка општа состојба, со болки во грбот и стомакот. По спроведениот дијагностички преглед беше утврдена руптурирана инфраренална аневрезма, по што беше направена итна операција, замена на инфраренална абдоминална аневризма со Albograft Y протеза 20/10.

Постоперативниот тек на пациентот беше добар и по единаесет дневна хоспитализација, пациентот беше отпуштен дома во одлична здравствена состојба.

Задоволството на семејството за навремената дијагностика и направената успешна, итна операција беше неизмерно, поради што во знак на благодарност семејството и́ додели донација на болницата (две транспортни колички).

Оперативен третман на зголемување на машки полов орган – приказ на случај

Оперативен третман на зголемување на машки полов орган – приказ на случај

Дали големината на машкиот полов орган е нешто за што се зборува отворено или тоа е се́ уште табу тема? Дали големината е одговорна за нормално физиолошко живеење? Дали големината на пенисот влијае на психофизичката зрелост на мажите? И уште многу прашања кои почнуваат со Дали… можат да се формулираат на оваа тема. За жал, кај нас и во нашето општество, оваа состојба е се́ уште “забранета” за јавно размислување. Де факто, состојбата предизвикува бројни функционални абнормалности кои можат да влијаат на репродукцијата, психофизичкото, сексуалното и менталното здравје на поединци. Потребно е познавање на состојбата, како и изнаоѓање на можни решенија кои ќе го подобрат севкупниот квалитет на живот. Микропенис е состојба на невообичаено мали димензии на пенисот (ширина и должина). Критериуми за дефинирање на состојбата по новите светски уролошки guidelines (водичи) се дијаметар на пенисот помала од 2,5 цм и должина помала од 7 цм. Се јавува кај 0,6 % од мажите.

Етиологија – причина: 1. Редуцирана андрогена продукција • абднормален тестикуларен развој (Klinefelter syndrome, Leydig cell hypoplasia)• специфичен дефицит на тестостерон (машки полов хормон) или синтеза на дихидротестостерон (17,20-lyase deficiency, 5α-reductase deficiency)• синдром на неосетливост на андрогени, неадекватен одговор на жлездата во мозокот- гонадотропен дефицит • конгенитален хипогонадизам2. Недостаток на хормонот за раст3. Конгенитален хипопитуитаризам4. Експозиција на некои лекови за време на бременост (diethylstilbestrol)

Третман:1. Хормонски терман 2. Хируршки тертман – phalloplasty

Во Специјалната Болница по хируршки болести “Филип Втори”, од страна на Др. Горан Јовиќ, специјалист уролог се направи оперативен третман на зголемување на пенис кај млад маж на возраст од 40 години. Оперативниот тек одеше уредно. Се користеше материјал Permacol, како имплант, во дебелина од 1,5 мм. Постоперативниот тек, исто така, протече уредно. Самата хоспитализација траеше 24 часа. Контролниот преглед потврди комплетен успех на интервенцијата. Даден совет за физикална терапија во наредните шест месеци со користење на специјално дизајнирана вакум пумпа. Евидентна беше сатисфакцијата на пациентот и тимот.

18- ти Ноември, Европски ден за рационална употреба на антибиотици

18- ти Ноември, Европски ден за рационална употреба на антибиотици

Порастот на антибиотската резистенција е закана за ефективноста на антибиотиците денес и во иднина!• Антибиотската резистенција е сериозен проблем за јавното здравство во Европа • Бројот на инфекции предизвикани од антибиотик – резистентни бактерии е во пораст, производство на нови антибиотици не е на повидок што претставува лоша слика за достапност на ефикасни антибиотици во иднина

Настанувањето на антибиотик – резистентните бактерии би можело да се држи под контрола со ограничена и соодветна употреба на антибиотици!

• Несоодветната и прекумерна употреба на антибиотици е еден од главните фактори за настанување на антибиотска резистенција. Несоодветна употреба може да значи:1. Кога се дава антибиотикот, а не е неопходно2. Давањето на антибиотик е задоцнето кај критично болни пациенти3. Кога спектарот на дејство на дадениот антибиотик е премногу тесен или премногу широк4. Кога дозата на даден антибиотик е пониска или повисока од дозата која е соодветна за таа состојба кај тој пациент5. Кога траењето на антибиотската терапија е премногу кратко или трае предолго6. Кога антибиотскиот третман не е прилагоден на микробиолошкиот резултатЗошто разумна употреба на антибиотици?• Да ја зачуваме делотворноста на антибиотиците и за следните генерации, како не би влегле во постантибиотска ера

Учество на Прва интернистичка тиреолошка школа

Учество на Прва интернистичка тиреолошка школа

Во организација на Здружението на интернисти на Македонија, во периодот од 14-ти до 15- ти Ноември, во Охрид, се одржа Првата интернистичка тиреолошка школа под мотото “Клинички придобивки од применети насоки”.Предавачи и демонстратори на школата беа Проф. Др. С. Хојкер, Проф. Др. Е. Пирнат, Доц. Д-р. М. Грмек, Доц. Др. С. Габершчек и Доц. Др. К. Залетел од Клиника за патофизиологија при Клинички Центар- Љубљана. Свои предавања имаа и Проф. Др. Б. Крстевска од Клиника за ендокринологија и Доц. Др. В. Мајсторов од Институт за патофизиологија.Учесници на школата беа доктори специјалисти по интерна медицина од Р. Македонија.Самата школа имаше и практичен дел, со обука за ехо на тироидна жлезда, како и доста практични препораки во однос на следење и лекување на болестите на тироидната жлезда.

Петти конгрес на трансфузиолози- Р. Србија

Петти конгрес на трансфузиолози- Р. Србија

Од 06- ти до 08.11., во Белград, се одржа V-от Конгрес на трансфузиолози на Србија со меѓународно учество. Во склоп на конгресот, свечено беше одбележан и јубилејот 70 години од постоење на Институтот за трансфузија на крв на Србија. На конгресот беа презентирани 182 усни и постер презентации меѓу кои и темата “Rational use of blood components in cardiac surgery – our nine years experience” на др. Елена Амбаркова Виларова (автор), др. Тања Анѓушева, др. Енвер Идоски и др. Жан Митрев (коавтори). Во тек на престојот во Белград беше посетено одделението за трансфузиологија во КБЦ “Драгиша Мишовиќ – Дедиње” и беа разменети искуства за периоперативниот трансфузиолошки менаџмент на пациентите од областа на кардиоваскуларната хирургија.