Семинар за административни професионалци

Семинар за административни професионалци

Во периодот од 29- 31.05.2014 година во Гевгелија, се одржа семинар за административни професионалци, на кој како претставник од СБХБ “Филип Втори” присуствуваше Викторија Дојчиновска- Милева. Семинарот беше организиран од страна на “Мотива” (друштво за менаџмент, консалтинг, образование и обука). Во програмата беа опфатени теми поврзани со трендовите во административната професија во светот, клучни компетенции на административните професионалци, градење успех во кариерата, проактивна поддршка на раководителот, зголемување на ангажираноста и продуктивноста на вработените, како и унапредување на професионалниот имиџ преку деловна коресподенција. Покрај советите за поголема продуктивност- IT алатки, беа организирани интерактивни менаџмент вежби за градење на лидерство и тимски дух.

На семинарот беа присутни претставници од повеќе фирми, организации и државни органи. Учесниците поединечно ја претставија фирмата од каде доаѓаат, дадоа информации за услугите кои ги нудат и разменија рекламен материјал. Специјалната болница за хируршки болести”Филип Втори” беше презентирана преку кратка pptx презентација која доби награда за втора најдобра презентација.

Петти конгрес на кардиолози на Р. Македонија

Петти конгрес на кардиолози на Р. Македонија

Во периодот од 04.06 – 07.06.2014 година, во Александар Палас во Скопје, се одржа Петтиот конгрес на кардиолози на Р.Македонија со меѓународно учество на еминентни стручњаци од областа на кардиологијата.На конгресот активно се претстави и персоналот од Специјалната болница по хируршки болести “Филип Втори” преку презентирани трудови од страна на лекари и средно медицински персонал.

Академик Жан Митрев, во 15- минутно излагање го презентираше 15- годишното искуство од областа на васкуларната хирургија- третман на каротиди, проследено со последните гајдлајнси за хируршки третман на каротидна болест и даде јасна компарација на постигнатите резултати во “Филип Втори” со светски објавените резултати во досегашните активни студии.На конгресот, со усни излагања учествуваа и следните лекари:1. Др. Иван Милев- “Перкутани интервенции кај срцеви мани, краткорочни и среднорочни резултати”2. Др. Тања Анѓушева- “Улога на 3D трансезофагеална ехокардиографија кај хирургија при аортни заболувања”3. Др. Енвер Идоски- “Третман на постинфарктен меѓукоморен септален дефект”

Како постер презентации беа прикажани следните трудови:1. Резултати после асцедентна аортопластика2. Случај на 26- годишна жена со вентрикуларен септален дефект и мултипли периферни стенози на пулмоналната васкулатура3. Транскатетерско решавање на перивалвуларен лик кај високо ризични пациенти: искуство од еден центар4. Случај на голема коронарна фистулакај 6-годишно девојче: транскатетерско затварање на со антеграден пристап5. Перкутана балон валвулопластика на пулмонална стеноза кај адолесценти и адулти6. Стентирање на аортна коарктација – метод на избор кај селектирани пациенти, искуство на еден центар7. Високостепена билатерална каротидна артериска стеноза кај 62-годишен пациент8. Комбинацијата на генетски мутации може да доведе до инфаркт на миокардот кај млад маж- приказ на случај9. Лева вентрикуларна strain анализа после перкутана обнова на аортна коарктација

Учество на сестринската секција во рамките на Петтиот конгрес на Кардиолози

Учество на сестринската секција во рамките на Петтиот конгрес на Кардиолози

Кардиоваскуларните заболувања, се сеуште водечка причина за морбидитетот и морталитетот во светот и кај нас.Еволуцијата на Интервентната кардиологија и Кардиохирургија ја наметнува потребата од поголема стручност на сестрите во приемот на пациентите, изведувањето на сложени процедури и секако, во негата на болните.

Оттука, размената на искуства и едукација се многу важен сегмент, затоа во рамките на Петтиот конгрес на кардиолози со меѓународно учество, кој се одржа од 04.06 – 07.06.2014 година, во хотел Александар Палас во Скопје, во чии рамки беше застапена сестринската секција, активно учество зедоа и медицинските сестри од Специјалната болница по хируршки болести “Филип Втори”, кои со повеќе усни и постер презентации ги изнесоа своите искуства и достигнувања од секојдневната работа.

Европски конгрес на здружението на дипломирани инженери по медицинска радиологија – Сараево

Европски конгрес на здружението на дипломирани инженери по медицинска радиологија – Сараево, Босна и Херцеговина

Во периодот од 06-ти до 08-ти јуни 2014 година, се одржа Европски конгрес на здружението на дипломирани инженери по медицинска радиологија во Сараево, Босна и Херцеговина.На овој конгрес, беа презентирани теми од областа и работата на радиолошкиот технолог (едукација на радиолошкиот технолог – неговите можности и перспективи), односно беа разгледани новите аналитички трендови во радиолошката дијагностика и апаратура, радиолошките контрастни методи, како и радиолошките испитувања на уринарниот систем, радиолошките аспекти во патологијата во гинекологија, потоа компјутерската томографија и магнетната резонанца, класичната ангиографија, радиолошката апаратура и нејзиното користење, радиографскиот процес, а воедно и менаџментот во радиологијата. Исто така, беа спроведени и работилници за истражување, практика базирана на докази и како да се пишува за публикации.

На конгресот беа презентирани орални стручни предавања, од страна на поканетите говорници. Радиолошките технолози Дарко Стојаноски и Александар Арсовски од Специјалната Болница ”Филип Втори” присуствувaa на овој конгрес и имаа презентации на тема “МСКТ ангиографија на крвни садови на глава и врат” и “64 слојна компјутерска томографија на периферни крвни садови”.Конгресот беше одлична можност да се согледа работата и сподели искуството на нашите колеги од европските, пред се́ од балканските држави.

Традиционалeн пролетен семинар на здружението на физиотерапевти на Р. Македонија, Охрид 2014

Традиционалeн пролетен семинар на здружението на физиотерапевти на Р. Македонија, Охрид 2014

Здружението на Физиотерапевти на Р.Македонија, како и секоја година досега, успешно го органзираше традиционалниот пролетен семинар, кој беше посетен од голем број членови и гости од Балканот. Оваа година, ЗФРМ доби поддршка од Претседателката на Хрватската комора на Физиотерапевти, Г-ѓа Мирјана Грубишиќ и претседателката на Здружението на Физиотерапевти на Босна и Херцеговина, Г-ѓа Мирјана Дујмовиќ.

Семинарот се одржа во периодот од 30-ти мај до 1-ви јуни 2014 година во хотелот “МВР” во Охрид.

Беше отворен со предавањето на Г-ѓата Беате Кариере (Beate Carriere PT, CIFK), физиотерапевт, сертифициран интернационален инструктор за функционална кинетика.Темата на овогодинешниот семинар беше “The Pelvic floor exercises based on motor learning principles”.Дипломираниот физиотерапевт Блаже Арсов, од Одделот за Физикална терапија од специјалната болница по хируршки болести “Филип Втори” ja претстави тематата “Физиотерапевтски третман при тотална ендопротеза кај критично болни пациенти со повеќе комордибитети”.

“МОЈАТА НОГА Е СПАСЕНА, ПОВТОРНО ВО СВОИТЕ ЧЕВЛИ”

“МОЈАТА НОГА Е СПАСЕНА, ПОВТОРНО ВО СВОИТЕ ЧЕВЛИ”

18- годишен студент ја раскажува својата болна приказна. Чекав, ах колку треба да чекам додека го добијам пасошот за патување во странство, каде треба да го продолжам моето лекување. Се одлучив за Специјалната Болница за Хируршки Болести “Филип Втори”. Таму веќе е договорено да ме чека тимот на лекари кој ќе ја превземе грижата за моето здравје. Колку долго треба да чекам додека го отпочнам моето лекување, операцијата, хистолошките резултати, хемотерапијата и уште што не.Се потсетив на песната на Bob Marley “Чекајки попусто”. Навираа солзи во моите очи. Во Декември 2013 година, имав отворена биопсија на туморот на моето лево стопало. Лекарите не можеле да го отстранат туморот и одлучиле да ме испратат во странство. Ми кажаа дека се работи за р’скавичен тумор кој брзо растел. Направив и компјутерска томографија. Туморот се проширил и надвор од коските. Ги издржував болките повеќе од една година. Мојот матичен лекар ми велеше дека отокот и болките се резултат на повреда, потоа на реуматизам, гихт, а времето одминуваше. Моето стопало отекуваше, туморот растеше забрзано. Чевлата не можев повеќе да ја облечам. Носев некоја импровизирана, искината патика завиткана во најлон. Дојде денот кога бев примен во Специјалната Болница “Филип Втори”. Предоперативните испитувања покажаа дека туморот сеуште е само во стопалото.Потребна е радикална операција.

Сл. 1. РТГ пред оперативната интервенција

Ноќта пред операцијата тешко заспивав. Ме чекаше уште една неизвесност. Дали ногата ќе биде спасена. Тимот на ортопедски хирурзи го отстрани туморот во целост, а дефектот на коските го надополни со коскен трансплантат од мојата карлична коска. Со нетрпение го очекував резултатот од хистолошките испитувања. Хистолошката дијагноза беше хондросаркома градус 2. Хондросаркомите, воглавно, се понемалигни р’скавични тумори и почесто не бараат хемотерапија. Најголемата опасност доаѓа од локално повторување на туморот. Поретко може да се прошири во белите дробови или во другите органи. Постоперативниот тек минуваше уредно.

Сл. 2. РТГ после оперативната интервенција

Повторно бев на своите нозе. Наскоро ќе ги облечам и своите чевли. Верував во лекарите дека направиле се што било потребно. Сега јас ги советувам другите да бидат позитивни и да се борат. Само така може да ги победат болестите и неприликите во животот. А после тоа, да ги слават победата, животот, слободата и пријателствата.

Работилница под покровителство на "Sorin" и ‘’SrbSECT”

Работилница под покровителство на “Sorin” и ‘’SrbSECT”

На ден 21.03.2014 година, под покровителство на “Sorin” групацијата и Српското здружение за екстракорпорална циркулација и технологија “SrbSECT”, во “Kлиничкиот центар Србија” се одржа втората балканска- регионална перфузерска работилница. На работилницата учествуваа претставници од сите балкански држави, кои со своите презентации на најдобар начин го претставија своето знаење и искуство.

Како претставник од „Филип Втори“ учествуваше перфузионистот Игор Кајевски кој имаше уснa презентациja на тема “Практична употреба на дата менаџмент софтвер-DMS, Connect во Специјалната болница Филип Втори во Скопје- Македонија”

Прва награда “Јас или ти”- Castello di Duino

Прва награда “Јас или ти”- Castello di Duino

ПЗУ ФИЛИП ВТОРИ, уште еднаш ја докажа општествената одговорност и хуманост, помагајќи го патувањето на Сара Конин во Италија, која е ученичка во 6-то одделение во OOУ “Кочо Рацин” Куманово.

На следниот линк можете да ја погледнете емисијата Дете талент Сара Конин линк

Сара ја освои првата награда на 10-тото издание Castello di Duino, со песната “Јас или ти” на Меѓународниот конкурс за поезија и театар во Дуино замокот.