СЕ ОДБЕЛЕЖА НЕДЕЛАТА НА БОРБА ПРОТИВ СРЦЕВОСАДОВИ ЗАБОЛУВАЊА

СЕ ОДБЕЛЕЖА НЕДЕЛАТА НА БОРБА ПРОТИВ СРЦЕВОСАДОВИ ЗАБОЛУВАЊА

Традиционално и оваа година, во периодот од 21 до 28 февруари беше одбележана неделата на борба против срцевосадови заболувања. По тој повод, СБХБ Филип Втори и Црвениот крст на град Скопје, уште еднаш ја покажаа својата хуманост и грижа за здравјето на сите жители на Македонија. Под мотото “ЖИВОТОТ Е УБАВ ПОД 7” беа реализирани неколку активности наменети за превенција од дијабет. Едукативната брошура со истоимениот наслов во која можат да се најдат седум едноставни чекори за унапредување на нашето здравје, беше дистрибуирана низ повеќе центри и е достапна за секој заинтересиран.

Сл. 1

Во рамки на едукативниот дел, во просториите на Црвен крст беа одржани две интерактивни предавања, од страна на психолог и лекар интернист од СБХБ Филип Втори за медицинските аспекти на дијабетот, како и психолошките компоненти и начините на превенција. Овие предавања беа наменети за младите волонтери како популација која е во еден животен период на интензивен развој и влогот во здрав живот е од пресудно значење за нивното лично здравје, но и здравјето на поколенијата. Оваа година беа повторно овозможени и спроведени бесплатни педијатриски – кардиолошки прегледи за оние кои имаат потреба од нив, а не можат истите да си ги обезбедат. Десет деца од Домот за деца со воспитно-социјални проблеми “25 Мај” имаа можност да го проверат своето здравје и да почувствуваат дека постојат луѓе кои не ги забораваат и се грижат за нив.

Сл. 2

Дополнително, она што е веќе препознатлив дел од одбележувањето на оваа недела, беа посетени три семејства на веќе оперирани пациенти од кардиоваскуларни заболувања, на кои им беа донирани хуманитарни пакети и симболични поклони како знак на благодарност за нивната доверба. Она што за нас како тим беше најзначајно е да чуеме како се тие и како напредуваат во нивното опоравување. Поддршката која доаѓа од нас и од нивните семејства е нешто кое многу им помага во превземањето одговорност за своето здравје. Оваа активност и понатаму ќе биде дел од нашата пракса, не само во рамки на одбележување на неделата, туку и во нашата секојдневна работа.

РАНО ОТКРИВАЊЕ НА РАКОТ НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО

РАНО ОТКРИВАЊЕ НА РАКОТ НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО

Кои се причините за развивање на рак на дебелото црево?Причината за развој на ракот на дебелото црево, како и причината за повеќето малигни болести останува непозната. Сепак, во долгогодишните испитувања на светските истражувачки институти за канцер, непобитни се некои факти кои се дел од повеќето причини за развој на оваа малигна болест.Полипи на дебело цревоПолипите се ризик фактор број 1, за развој на ракот на дебелото црево. Може да се јават на било кој дел на дебелото црево и не мора да бидат проследени со симптоми.Фамилијарна предиспозиција и наследни факториБлизу 25% од болните имаат позитивна фамилијарна анамнеза што упатува на наследна предиспозиција. Што значи тоа? Доколку некој од семејството имал тумор на дебелото црево (мајка, татко, баба, дедо, вујко, чичко), независно од која страна, има зголемен ризик во животот да заболи од оваа болест.Начин на исхрана и стил на животИсхраната игра несомнено голема улога во развојот на ракот на дебелото црево. Тоа ја вклопува оваа болест, како “болест на развиените општества”, каде се живее динамично и се консумира претежно брза храна која е богата со животински масти.

Сл. 1

СИМПТОМИРекталното крварење е еден од честите симптоми, кој го прати ракот на дебелото црево. Крвта е помешана со столицата и истата е потемна, но може и да е посветла (кога пациентите мислат дека се работи за хемороиди), при што не се обрнува посебно внимание со што се прави фатална грешка.Друг симптом кај ова заболување е истенчување на изметот (тој се истенчува како врвка). Можна последица на напреднат процес кој ја стеснува внатрешноста на цревото, правејќи ја тесно проодна за изметот. Слабокрвноста е симптом кој е присутен кај многу заболувања, но исто така и речиси секогаш присутна и кај оваа болест.

ДИЈАГНОЗАТочната и навремена дијагноза е условена од адекватна припрема за преглед, така што, доколку болеста се открие во рана фаза (carcinoma in situ), истата е во потенцијално излечива фаза. Дијагнозата на ракот на дебелото црево, најточно се поставува со колоноскопија. Тоталната колоноскопија, насекаде во светот претставува златен стандард за дијагноза на ракот на дебелото црево. Се работи за инструментален преглед со дијагностичка точност над 95%.

ЛЕКУВАЊЕЛекувањето на ракот на дебелото црево е првенствено хируршко (се отстранува туморот со дел од цревото), а потоа пациентот по упат и проценка на хирургот се лекува на институтот за онкологија и радиотерапија.

КОЛОНОСКОПИЈА СО АНЕСТЕЗИЈА, во специјалната болница “Филип Втори” се изведува во општа анестезија (интравенска анестезија, не класична анестезија со интубација), која се практикува секаде во модерните болници во светот и нуди апсолутно безболен преглед, каде што пациентот е под константна контрола на високостручен анестезилошки тим. Со тоа, прегледот е комплетно безболен, а пациентот по 90 минути ја напушта болницата и продолжува со нормални секојдневни активности.

Активно стареење

Активно стареење

Како дел од повеќето активности што ФИЛИП ВТОРИ ги реализира со Црвениот крст е и соработката со Дневниот центар за стари лица. Психолог од болницата на 11-ти февруари одржа интерактивна работилница на тема “Активно стареење” со 30-тина присутни, на возраст од 58 до 80 години.

Сл. 1

Беше огромно задоволство да се работи со ведри и расположени лица, кај кои иако хронолошки веќе можеме да кажеме дека влегуваат во третото доба од животот, сепак нивниот дух и ентузијазам, ниту од далеку не ја покажаа староста, туку напротив младата душа која мудрите велат дека никогаш не старее.

Се радуваме на понатамошна соработка со оваа популација, бидејќи за нас е патоказ и показ за успешно и активно стареење.

Akreditime laboratorike

Akreditime laboratorike

Në hap me standardet botërore, laboratori tonë biokimik është nën kontroll të përditshëm, komplet të kualitetit nga institucione të standardizuara ndërkombëtare. (EQAS – External Quality Assurance Services)

Si rezultat i nivelit të tij të lartë për kualitet, siguri dhe standardizim, laboratori biokimik fitoi edhe një certifikatë ndërkombëtare me vulë të artë për nivel të lartë të kontrollit të kualitetit të tij për të gjitha aparatet. (analizues biokimik, numërues imunologjik dhe hematologjik)

Ajo do të thotë se komplet të gjitha analizat në laboratorin tonë janë shumë të standardizuara, të certifikuara dhe të vërtetuara si të sigurta nga institucion i specializuar ndërkombëtar.

Ai është çmim për ekzistimin tonë të suksesshëm dhjetëvjeçar sipas standardeve botërore, për shkak të asaj se qëndrojmë komplet pas saktësisë dhe sigurisë së rezultateve tona të dhëna.

Стрес ехокардиографија

Стрес ехокардиографија

Стрес ехокардиографијата е испитување кое користи ултразвучни техники за одредување како срцевиот мускул реагира при физички, фармаколошки или електричен стрес. Тоа е безболна процедура, која постигнува слична дијагностичка и прогностичка точност како и радионуклидните перфузиски тестови, но за значително пониска цена, без негативно влијание врз средината и без последици за пациентот и докторот. Прецизноста на стрес ехокардиографското испитување за откривање на значајна коронарна болест е помеѓу 80-90% и го надминува класичниот коронарен стрес тест, особено кај жени и пациенти со хипертрофија (задебелување) на левата комора. Стрес ехокардиографијата е моќно прогностичко средство кај хронична коронарна болест, после инфаркт на миокардот и кај евалуација на пациенти пред голема не-кардиохируршка операција. Се користи за проценка на кинетиката на зидот на левата комора, проценка на вијабилитетот на миокардот и проценка на големината на аортната стеноза. Постојат повеќе индикации за изведување на стрес ехокардиографско испитување. Тоа се: А. Дијагноза на коронарна болест:1.Пациенти кај кои стрес тестот е контраиндициран 2.Пациенти кај кои стрес тестот не е можно да се изведе (на пример пациенти кои тешко се движат поради проблеми со колена, колкови итн. ) 3.Пациенти со недијагностички или граничен коронарен стрес тест4.Блок на левата гранка5.Стрес тест на субмаксимални вредности ( пр. пациенти со слаба физичка кондиција)6.Проценка на вијабилитет кај високо ризични пациенти за коронарен бајпас операција (дали пациентот ќе има корист од бајпас операција). Б.Прогноза и стратификација на ризик кај пациенти со позната коронарна болестВ.Проценка на оперативен ризикГ.Евалуација за срцева етиологија на диспнеа (глад за воздух на напор)Д.Евалуација после реваскуларизацијаЃ.Локација на исхемијаЕ.Евалуација на тежина на валвуларна стеноза.

Дијагностицирањето на коронарната артериска болест се постигнува преку провоцирање на транзиторно влошување на функцијата на срцето со користење на соодветен стрес фактор. Знак за исхемија во тек на стрес ехокардиографијата е влошување на функцијата на срцето во дел кој бил нормален пред почеток на испитувањето односно пред подлегнување на стрес агенсот. Знак за вијабилност на миокардот е подобрување на функцијата на миокардот на ниски нивоа на стрес во дел од срцето кој бил со пореметена функција претходно. Стрес ехокардиографското испитување може да се изведе со користење на добутамин, дипиридамол или со велосипед. Добутаминското ехо е подобро кај пациенти со бронхијална астма или проблеми во спроводниот систем на срцето, додека дипиридамолскиот тест се препорачува кај пациенти со тешки аритмии или тешка хипертензија. Денес, стрес ехокардиографијата претставува најдобар (најекономичен, најефективен во однос на ризикот) можен метод за откривање на коронарна болест помеѓу неинвазивните дијагностички процедури во кардиологијата. Испитувањето се изведува најмногу 20 минути, во амбулантски услови.Оваа метода се изведува рутински во кабинетот за функционална дијагностика во рамките на специјалната болница по хируршки болести ”Филип Втори”.

Нега на болен базирана на eвропски стандарди

Нега на болен базирана на eвропски стандарди

Професионалната нега е процес на интеракција помеѓу тие кои ја вршат, пациентите и роднините, при кој заедно се оценуваат потребите на пациентот, се дефинираат целите, се планираат мерките, истите се извршуваат, а потоа се евалуираат резултатите. Овде се ориентираме по процес на здравствена нега. Негата е професија, која во интердисциплинарниот тим претставува една посебна квалификација. Ние, вработените во Специјалната болница по хируршки болести Филип Втори, сметаме дека сите професионални групи кои директно или индиректно се грижат за пациентот се рамноправни, колегијални, со меѓусебно разбирање и соработка. Се стремиме да ги исполниме петте функции за нега по решението за дипломска едукација за здравствена нега и нега на болен од швајцарскиот црвен крст: – поддршка и превземање на активностите од секојдневниот живот- следење во кризни ситуации, вклучувајќи ја и фазата на умирање- соработка при превентивни, дијагностички и терапевтски мерки- соработка при акции за спречување болести и несреќи, како и одржување и поддршка на здравјето – соработка при програмите за рехабилитација- соработка за подобрување на квалитетот и ефикасноста на негата, а со тоа и развој на професијата- соработка при истражувачки проекти во здравствениот систем

Негата го изразува нашиот основен став на кој се базираат нашите стандарди за нега, концепти и нашето секојдневно работење. Таа се извршува без оглед и без предрасуди за биографијата на пациентот, националноста, религијата и актуелните прилики во животот на пациентот. Го заштитуваме правото на пациентот за самостојно одлучување, неговиот приватен и интимен дел и строго се држиме до професионалната тајна. Прифаќаме дека секој човек индивидуално ги перцепира здравјето и болеста, се занимаваме со човечките искуства и потреби кои се поврзани со кризни ситуации и физички ограничувања. Ги стимулираме самоодговорноста и самостојноста на пациентот и го поддржуваме да ги совлада промените на животната состојба. Нам ни е важна задача, индивидуалното, достојно следење на тешко болните, како и поддршката на семејството во тешките моменти.Квалитетот на нашата нега се обезбедува со основниот етички кодекс на нашата организација, со декларација за нега, со стандардите за нега, кои редовно се унапредуваат со детален едукациски концепт за новите соработници и континуирана едукација на целиот тим. Овие стандарди се ревидираат во согласност со промените во препораките од соодветни светски институции и здруженија. Квалитетот на негата може да се евалуира и мери на база на деталната сестринска документација. Ги земаме во предвид анализите од анкетите на пациентите за нивното доживување од третманот, кои ги извршува психолошката служба.