Писмо до Филип Втори

Писмо до Филип Втори

ПочитуваниНа ден 21. 10.2011 год. учениците од здравствената струка образовен профил медицинска сестра при СОУ,,Димитар Влахов,, Струмица ,заедно со нивниот професор Емилија Котеска бевме во посета на Специјалната болница,,Филип II,, во Скопје.

Од оваа посета јас како професор заедно со моите ученици се вративме со позитивни впечатоци од онаа што успеавме да го видиме за времето со кое располагавме. Се сретнавме со лубезен и високо стручен персонал кои беа дарежливи во однос на знаењето и стручноста и дел од него им го пренесоа т на учениците,запознавајќи ги со се што располага оваа болница и какви се манипулации и интервенции се изведуват во неа.Преку тој позитивен пристап како во однос на нас така и со пациентите им укажаа на учениците ,а идни здравствени работници каков треба да биде пристапот на секој здравствен работник кои се одлучил за оваа хумана работа. Просториите со кое располага оваа болница се направени по Европски стандарди како би се пациентот почуствувал што подобро и поудобно .Апаратите со кое располага оваа болница се најсуфистицирани и се со најнов тренд во медицината. Хигиената кое се забележува во оваа болница, а е на високо ниво, е благодарение на персоналот кои работи во неа и е задолжен за тоа.

Позитивниот пристап на секој еден од вас не води кон пат на заедничка соработка.Иста таква посета беше остварена и во поликлиниката ,,ФИЛИП ВТОРИ ,, во Струмица.Уште еднаш од мое име и од име на моите ученици искрено Ви се заблагодарувам како на Вас Г-ѓа Ризов за средбата кое ни ја организиравте ,така и на вашите вработени кое ни посветиа дел од нивното драгоцено време.Со почит

Работилница за волонтери за ресоцијализација на деца со ВСМ

Работилница за волонтери за ресоцијализација на деца со ВСМ

Со цел поблиско запознавање и подобро разбирање на потребите на децата со вродени срцеви маани (ВСМ), тимот од доктори и психолози од Специјалната болница Филип Втори одржа две подготвителни работилници со волонтерите од Црвениот крст. Работилниците за волонтерите беа одржани пред летниот камп во Струга.Со подготвителните работилници, волонтерите на Црвен крст добија предзнаења за пациентите со кои ќе работат, насоки за активности со децата за во текот на летниот камп да бидат активни во социјализација, дружење и анимација на децата.

Првата подготвителна работилница се одржа на 22 јуни во просториите на Црвениот крст. Со оваа работилница беа опфатени повеќе аспекти кои се неопходни за непречено спроведување на активностите на кампот: • брифинг и споделувања искуства од минатогодишниот камп, • детекција на позитивните аспекти од минатогодишниот камп и аспектите кои оваа година е потребно да се подобрат, • разработка и презентација на новини, идеи, активностите кои ќе бидат спроведени во рамки на работната агенда на летниот камп, • распределба на активности и одговорности на секој член од тимот волонтери.Акцент беше ставен на појаснување и дефинирање на улогата на секој волонтер во однос на децата со ВСМ: поддршка на психосоцијалниот развој и поттикнување на здравите креативни потенцијали кај децата.

Втората работилница, на 25 јуни беше спроведена како посета на Специјалната болница „Филип Втори“ во функција на нивно запознавање со проблематиката на ВСМ. Волонтерите од Црвениот крст на град Скопје имаа можност одблизу да се запознаат со работата на болницата и да го доживеат амбиентот во кој се изведуваат интервенциите на децата со вродени срцеви маани. Д-р. Иван Милев – интервентен кардиолог, имаше интерактивно излагање за природата и спецификите на вродените срцеви маани со цел да им ја приближи оваа тема на волонтерите кои имаа можност да поставуваат прашања за се она што ги интересира а е поврзано со вродените срцеви маани. На овој начин успеавме теоретски да ги подготвиме и едуцираме волонтерите за природата на ВСМ. Исто така, искуствено да им приближиме мал дел од она низ кое децата со вродени срцеви маани и нивните родители поминуваат во текот на третманот.

На овој начин, волонтерите на Црвениот крст можеа темелно и сериозно да ја сфатат природата на ВСМ како дијагноза, да развијат емпатија базирана на искуство запознавајќи го нашиот болнички амбиент и да бидат добро обучени и подготвени за потребите на децата со кои ќе бидат во контакт на кампот.

Сите постапки и чекори на волонтерите беа следени од психолог, кој ја координираше и супервизираше нивната работа.

По овие две подготвителни работилници, ни престои уште една работилница која ќе се оддржи во текот на наредната недела а ќе биде наменета за родителите на децата учесници на кампот. Целта на оваа работилница ќе биде запознавање со агендата на кампот и дискутирање околу очекувањата на родителите, како и што е она што им претставува грижа. На овој начин, целиот тим кој ќе работи на летниот камп ќе може да ужива во непреченото спроведување на активностите кои одат во насока на ресоцијализација, поддршка, како и многу дружење и забава. Како дел од тимот за реализација очекуваме успешно спроведен камп на задоволство на сите учесници.

Заедно со карванот на Филип Втори до подобро здравје

Заедно со карванот на Филип Втори до подобро здравје

(Скопје, 25.06.2012) – “Заедно за подобро здравје” е карванот на „Филип Втори“ и Црвениот Крст на Македонија кој и оваа година ќе ја продолжи својата едукативна мисија. Тема на годинешниот карван е „Дијабетот и кардиоваскуларните заболувања“.Карванот започнува од Струга и Охрид, кои ќе бидат првите градови посетени од стручните екипи на „Филип Втори“ со цел едукација на населението и превенција на овие чести компликации. Првото предавање ќе се одржи на 26 јуни, вторник, во Струга во просториите на Општинската организација на Црвениот крст со почеток во 10.00 часот, а истиот ден карванот продолжува во Охрид, во Црвениот крст со почеток во 18.00 часот.„Неуморните залагања за унапредување на здравјето на човекот се оние кои постојано и непречено ги мотивираат овие две институции да спроведуваат бројни активности со кои придонесуваат за подобро здравје. Оваа година се сконцентриравме на темата „Дијабетот и кардиоваскуларните заболувања“ заради растечката појава на овие компликации меѓу македонската популација. Започнуваме од Струга и Охрид, но активностите не завршуваат овде, карванот продолжува и во наредните месеци во останатите градови низ Македонија“, изјави Марјан Кузманоски специјалист уролог од Филип Втори. „Дијабетот и кардиоваскуларните заболувања“ е насловот на предавањето кое ќе го оддржат Доц. Д-р. Милка Клинчева и Д-р. Јасмина Зафировска, доктори по интерна медицина. Љубица Наумоска – психолог и психотерапевт од Одделот за психологија и психотерапија ќе оддржи предавање на тема „Психолошки совети во превенција на дијабет“. Со ова предавање ќе бидат опфатени и разгледани поголемите дилеми со кои дијабетичарите се соочуваат во нивниот секојдневен живот. Дополнително, како гостин ќе присуствува и Асис. Др. Константин Митев – специјалист хирург ќе ги презентира новините во работењето на Одделот за ортопедија и трауматологија. Во следните три месеци, ќе бидат посетени и други градови, Струмица, Велес, Штип, Гостивар, Тетово и Битола, граѓаните ќе може да бидат дел од овогодинешниот карван. По тој повод, во овие градови ќе бидат оддржани неколку предавања и посетителите ќе имаат можност за дискусија и кратки консултации по секое од предавањата.

За првпат на Балканот извршена операција на безшaвна аортна валвула

За првпат на Балканот извршена операција на безшaвна аортна валвула

Оваа процедура е револуционерна новина во валвуларната хирургија која овозможи безбедно и брзо решавање на аортната валвуларна болест со минимален ризик од оперативни компликации и смртност сведена речиси на нула.

Get the Flash Player to see this player.

Следење на новитетите во медицината и достапност на истите до сите пациенти е приоритет во работата на Специјалната болница Филип Втори. Денеска за прв пат на просторот на Балканот е употребена Perceval Suturless аортна валвула произведена од компанијата Сорин.

Операцијата е изведена на двајца пациенти, во напредната возраст, со изразени калцифицирачки промени на аортните залистоци со висок ризик од дополнителни компликации, како што се мозочен удар, интраоперативен срцев инфаркт или пак слабост на црниот дроб. И покрај ова поради самата техника на поставување на валвулата двајцата пациенти се во одлична кондиција во раниот послеоперативен период.

“Валвулата е дизајнирана да биде погодна за широк спектар на хируршки пристапи, вклучувајќи ги традиционалните и минимално инвазивни. Предноста на валвулата е тоа што се поставува брзо, без употреба на шевови, скратувајќи го времето на хируршката процедура со што се намалува ризикот за оперативна и рана послеоперативна смртност. Кај двата пациента се подобри работата на срцето, се намали притисочниот оптовар на срцевиот мускул и се овозможи нормално снабдување со крв на целиот организам “, изјави академик д-р Жан Митрев по изведената операција.

Get the Flash Player to see this player.

Оперативниот зафат со новата операција се намали од просечни 3-4 часа, на оперативен зафат што трае помалку од еден час, а самото поставување на валвулата трае 15-тина минути.Денешните две операции беа изведени бесплатно за пацинетите кои се дел од редовната програма на операции во ПЗУ Филип Втори.

ТИТУЛА ПОЧЕСЕН ДОКТОР НА НАУКИ ЗА АКАД. Д-Р ЖАН МИТРЕВ

ТИТУЛА ПОЧЕСЕН ДОКТОР НА НАУКИ ЗА АКАД. Д-Р ЖАН МИТРЕВ

Врз основа на посебните заслуги за развојот на кардиохирургијата во Македонија, за лидерство во менаџирање во здравството, за наметнување на нови вредности и стандарди во медицината и здравствениот сектор и како хуманист и борец за сечиј човечки живот МИТ Универзитетот му ја додели на Акад. Д-р Жан Митрев титулата почесен доктор на науки ( Doctor Honoris Causa ).

Доделувањето на титулата се изврши во склоп на јубилејот од пет години постоење на МИТ Универзитетот Скопје, кој се одржа на 09.06.2012 година во Еко Камп Пешна, Македонски Брод.

Тумор на бешика, Tумор на У-П сегмент и дистален уретер лево

Тумор на бешика, Tумор на У-П сегмент и дистален уретер лево

Пациент на 63 годишна возраст, трета хоспитализација во ПЗУ Специјална Болница по хируршки болести Филип Втори, примен за уролошки оперативен третман. Субјективно се жали на болки во половината и крв во урина. Кај пациентот при случаен ехо преглед е пронајдена хидронефроза. Направена е магнетна резонанца со наод за тумор на дистален уретер и мочен меур. Пред еден месец направена е трансуретрална ресекција на помали папиломи од туморозната формација. Поради наод за нефункционалност на левиот бубрег индициран е оперативен третман. Кај пациентот после соодветна подготовка направено е радикална нефректомија десно со парцијална ресекција на весика уринариа. Трансуретрална ресекција на туморот на бешиката. Хоспитализацијата траеше десет дена, по што пациентот е пуштен на домашно лекување во добра општа состојба.

Годишен васкуларен состанок 2012 во Вашингтон, САД

Годишен васкуларен состанок 2012 во Вашингтон, САД

Од 6 до 10 јуни во Вашингтон, САД, се одржа најголемиот годишен состанок за васкуларни хирурзи во светот организиран од страна на Здружението за васкуларна хирургија со повеќе од 2000 учесници. Програмата на конгресот започна со постдипломски циклус на предавања. По што следеше официјално отворање на конгресот, со прелиминарни сесии и обраќање на претседателот на здружението Ричард Камбриа. Исто така беа отворени и штандовите на производителите каде се одржаа и симулации за едноваскуларен третман на аневризма на абдоминална аорта и торакална аорта.

На крајот на конгресот следеше испит за примена на ултразвук во дијагностика на васкуларните заболувања, со опишување на принципите на работа на ултразвукот, детално објаснување на дијагностиката и презентација и решавање на клинички случаи.

Како претставник од Филип Втори на овој конгрес беше др. Никола Христов.

Европски конгрес за срцева слабост, Белград, 19-22 мај 2012 година

Европски конгрес за срцева слабост, Белград, 19-22 мај 2012 година

Од 19 до 22 мај 2012 година во Белград се одржа Европскиот конгрес за срцева слабост во организација на Европското здружение на кардиолози. Главна тема на овогодишниот конгрес беше презентирање на новите препораки за дијагноза и третман на акутна и хронична срцева слабост, каде постојат неколку промени во однос на претходните препораки од 2008 година. На конгресот учество земаа еминентни професори од Европа и Соединетите Американски држави (J.McMurray, P.Ponikowski, F. Rutten итн). Претставници на овој конгрес од Филип Втори беа шест лекари и тоа: д-р Борјанка Георгиева, д-р Милка Клинчева, д-р Димитар Нечев, д-р Јасмина Зафировска, д-р Сашко Николов и д-р Антон Кладорабски.