18-22.10.2010 ГОДИНА, БЕСПЛАТНИ ЕХО ПРЕГЛЕДИ НА ДОЈКА – СВЕТСКИ МЕСЕЦ ЗА БОРБА ПРОТИВ РАКОТ НА ДОЈКА

18-22.10.2010 ГОДИНА, БЕСПЛАТНИ ЕХО ПРЕГЛЕДИ НА ДОЈКА – СВЕТСКИ МЕСЕЦ ЗА БОРБА ПРОТИВ РАКОТ НА ДОЈКАТА

Кон Светскиот месец за борба против ракот на дојката се приклучи и ПЗУ „Филип Втори“ со вршење на бесплатни ехо прегледи на дојка. Прегледите се вршеа во периодот од 18 до 22.10.2010 година во просториите на Дијагностичкиот центар на ПЗУ „Филип Втори“.

Специјалната болница Филип Втори апелира да не се поигрува со човечки животи!

СООПШТЕНИЕ

Скопје (20.10.2010) – Специјалната болница Филип Втори упатува апел до сите засегнати страни да се не поигруваат со човечки животи и судбини во „играта“ со Фондот за здравствено осигурување.

Филип Втори има проблем со Фондот за здравствено осигурување што единствено може да се реши по правен пат, во меѓувреме сите итни случаи ќе бидат примени во болницата. Никогаш не сме одбиле итен случај, ниту тоа ќе се случи. Многу сме задоволни што годинава може да бидат згрижени сите случаи и во Систина, која најави дека е наша конкуренција. Им посакуваме успех во работата и се надеваме дека заеднички ќе ги подигнеме стандардите на македонското здравство, иако не можеме да сфатиме со која цел тие се вмешуваат во односите помеѓу Фондот и Филип Втори, па дури и јавно го поддржуваат Фондот.

Ние не знаеме каков договор тие склучиле со Фондот и немаме намера да го коментираме. Доколку тие се задоволни со нивниот договор, во ред, но тоа не им дава право да се мешаат во договорот кој треба да го склучат Филип Втори и Фондот.

За жал, вчера македонската јавност беше сведок на манипулација за наводен случај кој завршил од нашата болница во Систина. Станува збор за невистина бидејќи таква пациентка претходно не била примена во Филип Втори како итен случај, ниту на нејзиниот син му биле побарани средства во висина од 5-10 илјади евра, дотолку повеќе што, цените во Филип Втори се јавни и се истакнати и на интернет страницата на болницата.

Повеќе од жално е што во целиот случај вчера се замеша и сопственикот на Систина, кој во Македонија е познат по своите трговски способности. За Филип Втори е невкусно кога за операции, начинот на изведување и степенот на компликации зборува лице кое единствено знае трговија. Јасно е дека трговците за разлика од докторите знаат што е добар бизнис и да претворат момент во заработка, но овде не станува збор за трговија, бидејќи човечкиот живот нема цена. Кај нас не се „спукуваат операциите“, туку се изведуваат од тим на искусни доктори кои веќе 10 години работат во Македонија.

Повеќе информации кај Татјана Лопарски +38971272759 или на e-mail tatjana.loparski@elementpr.mk

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

Заклучно со 15.10.2010 година во Специјалната болница за хируршки болести „ Филип Втори “ извршени се 1143 кардиоваскуларни операции, со што се исполни годишниот буџет, одреден од страна на Фондот за здравствено осигурување на Р. Македонија.

За 2009 год. ФЗОМ имаше одобрено буџет за 1569 кардиоваскуларни операции. За 2010 година со еднострана одлука на управниот одбор на ФЗОМ од март месец 2010 год. буџетот се намали за 30 %.

Повеќе пати писмено се обративме до ФЗОМ за враќање барем на минатогодишниот буџет, кое е неопходно за адекватно згрижување на животно-загрозените пациенти. Овој намален буџет не соодветствуваше со реалните потреби на пациентите.

Следуваше еден негативен писмен одговор од страна на ФЗОМ во месец август.

Ја информираме јавноста, дека во наредните дваипол месеци и понатаму ќе продолжиме со операции на осигурениците на ФЗОМ, но само по претходно добиена писмена согласност од страна на ФЗОМ, согласно член 6 од договорот.

Директор на ПЗУ ФИЛИП ВТОРИ

Академик Др. Жан Митрев

Академик д-р Жан Митрев донираше средства за печатење на книга

Академик д-р Жан Митрев донираше средства за печатење на книгата „На истокот на градот” од авторот Душко Стојанов

Душко Стојанов е наставник во пензија и досега ги има објавено книгите: • „Белег на едно време” – 2007 година• „Старите штипски фурни” – 2005 година • „Штипските чешми-вековен извор на живот” – 2003 година• „Д-р Жан, Тие, Јас и градот мој” – 2001 година

4. Кристофер К. Зарин М.Д. Проф. по Васкуларна хирургија

Драг Жан ,Беше огормно задоволство да Ве поканам на универзитетот во Стенфорд . Оставивте голем впечаток со вашата извонредна презентација за кардиоваскларна хирургија . Сите се мошне импресионирани со она што сте го направиле во Македонија . Се согласувам дека ендоваскуларниот приод е начин на иднината и среќен сум да Ви помогнам да започне таа програма .Со задоволство чекам да работам со Вас во иднина .

http://vascular.stanford.edu/faculty/zarins.html

2. Д-р. Рендас Ј.В. Батиста

Со др.Митрев и др.Анѓушева за прв пат се сретнав за време на Симпозиумот во Рим. Бев импресиониран од нивните презентации. Подоцна бев поканет да дојдам во Скопје, да држам предавање и активно да учествувам на неколку операции. Имам посетено повеќе болници во различни центри во тек на последните години, и само малку центри ја имаа опремата што ја видов во Скопје. Тогаш ми стана јасно, зошто имаат толку добри хируршки резултати. Тоа е не само поради тоа што се одлични професионалци, туку и поради повеќе причини што би сакал да ги назначам:

Нивниот Кардиоваскуларен Центар е опремен со последен тренд на опрема. Најдобар квалитет на опрема можам да речам, меѓу повеќе познати центри каде што сум бил.

Сестрите се внимателни, многу е пријатно да се работи со нив. Се чувствував како да работам во домашна атмосфера.

Слично се чувствував и со техничарите. Тие се луѓе со одлично искуство и пријатен карактер.

Докторите кои се на пракса, упорно се надоградуваат. Сум ги видел како учат и активно учествуваат во иследувањата. Тие се доста трудољубиви.

Најважно од се е нивниот однос. Да, тие знаат дека се добри, но секогаш се со отворена свест да бидат уште подобри. Постојано бараат начини за унапредување на работата. Тие знаат што сакаат.

“Кој не знае што бара, кога ќе го најде, нема да го забележи”.

Му честитам на др.Митрев и на сите Доктори, сестри, техничари и други вработени во овој важен Кардиоваскуларен Центар за вонредната работа и труд што ги вложиле на нивните 1000 пациенти и им пожелувам добра среќа за наредните 10.000 пациенти. Сигурен сум дека ќе ги третираат со иста грижа и просветување, како што работеле и до сега.

Ви благодарам за привилегијата да учествувам на оваа прослава.Рендас Ј.В.Батистаhttp://www.ctsnet.org/home/rbatistahttp://www.ctstrent.org/Editors/batista2.htm