Д-р Жан Митрев испрати писмо до претставници на Хелсиншкиот Комитет во Македонија со барање да реагираат на прекршувањето на основното право да ја информира јавноста поврзано со случајот против него и Клиниката Жан Митрев. Во писмото д-р Митрев ги повикува да го следат случајот и во судница и да реагираат, бидејќи ова не е само случај за наводно кривично дело, туку е случај на непочитување на човековите права.
„Изминатиот период лично јас сум на удар во јавноста, а секако и на низа пишувања посебно на порталот ДоказМ.мк за што имам веќе доставено кривична пријава. Се прекршува моето право на одговор бидејќи секој обид да контактирам со новинар завршува со осудување на истиот во јавност, а со оглед на тоа што мојата битка започна со новинарски текст единствен начин да се „одбранам“ покрај судницата се разбира е и јавноста што се информира од медиумите“, пишува во писмото од д-р Митрев.
Во писмото д-р Митрев се повикува на човековите права кои се загарантирани со нашиот устав и каде правото на јавно искажан збор е загарантирано.
„Јас сум човек што имам дадено Хипократова заклетва и таа ме води во секојдневната работа, чист сум пред себе и пред моите постапки затоа што знам дека вистината е на моја страна. Но, ве молам за постапување по случаите каде се врши притисок врз мене и моите вработени за да може секој од нас да се растерети од бремето на притисок. Ние згрижуваме илјадници пациенти и ништо не смее да ѝ наштети на професијата и на здравјето на граѓаните“, потенцира д-р Митрев.
За потребата од вакво обраќање д-р Митрев во писмото се навраќа и на случајот со сопственикот на порталот ДоказМ кој добивал информации од истражителката за случајот и ги објавувал на неговиот портал.
„Бевме сведоци дека истражителка заедно со Марјан Стаменковски од ДоказМ, воделе организирана хајка против мене каде допрва ќе се види кој се бил вклучен. Организираниот напад и заканите не треба да бидат дел од нашето секојдневие. Вие како Хелсиншки комитет самите го знаете тоа. Затоа ве повикувам да реагирате и да го следите мојот случај и во судница, бидејќи ова не е само случај за наводно кривично дело, туку е случај на непочитување на човековите права“, го завршува писмото Митрев.
Станува збор за мануелна техника при која се употребуваат специјални алатки (инструменти) со кои се спроведува третманот. Се користи за откривање и лекување на нарушувања на меките ткива. Времетраење на еден третман: 30-45 минути, во зависност од регијата на примена
Мобилизација на меките ткива со помош на инструменти (IASTM) е квалификувана миофасцијална интервенција која се користи за третман на меките ткива. Се заснова на принципите на масажата со вкрстено триење според Џејмс Сириакс. Истата се спроведува со помош на инструменти кои обично се направени од нерѓосувачки челик и имаат заоблени рабови и контури за да одговараат на различните анатомски локации на телото. Ваквите алатки користени од квалификуван и вешт физиотерапевт овозможуваат преку различните техники за директен компресивен удар, подлабоко продирање при манипулациите врз кожата, миофасцијата, мускулите и тетивите. Се смета дека самата техника еволуирала од Гуа ша – метода што се користи во кинеската медицина. Иако и Гуа ша користи инструменти со измазнети рабови, сепак нејзината примена, цел и методи на примена се различни од IASTM.
Како функционира?
Инструментите можат ефикасно да ги разбиваат фасцијалните ограничувања и ткивото околу лузните. Ергономскиот дизајн на овие инструменти му обезбедува на практичарот можност да ги лоцира ограничувањата и воедно да ја третира погодената област со соодветна количина на притисок. Воведувањето на контролирана микротраума во погодената структура на меките ткива предизвикува стимулација на локалниот воспалителен одговор. Микротраумата потоа иницира реапсорпција на несоодветна фиброза или прекумерното ткиво со лузни и ја олеснува каскадата на лековити активности што резултира со ремоделирање на засегнатите структури на меките ткива. Адхезиите во мекото ткиво кои можеби се развиле како резултат на хируршка интервенција, имобилизација, прекумерно напрегање или други механизми, се разградуваа. Тоа овозможува целосна функционална реставрација.
Состојби во кои најчесто се применува IASTM:
Медијален епикондилитис
Латерален епикондилитис
Синдромот на карпален тунел
Болка во вратот
Плантарен фасцитис
Тендинитис на ротаторната манжетна
Пателарен тендинитис
Тибијален заден тендинитис
Болка во петицата / Ахилова тендинитис
DeQuervain-ов синдром
Постхируршки и трауматски лузни
Миофасцијална болка и ограничувања
Мускулно-скелетни нерамнотежи
Хроничен оток на зглобовите поврзан со истегнување/напрегање Истегнување на лигаментите
Напрегање на мускулите Не-акутен бурзитис RSD (рефлексна симпатична дистрофија) Болка во грбот Болка во колкот (замена) Синдром на ИТ бенд Хронично истегнување на глуждот Акутно истегнување на глуждот (напредна техника) Лузни (хируршки, трауматски)
Контраиндикации
Отворена рана (незалечено место на шиење)
Неизлечена фрактура
Тромбофлебитис
Неконтролирана хипертензија
Нетолеранција/хиперсензитивност на пациентот
Хематом
Остеомиелитис
Миозитис ossificans
Хемофилија
Мерки на претпазливост
Антикоагулантни лекови
Рак
Проширени вени
Лузни од изгореници
Акутни воспалителни состојби
Дисфункција на бубрезите
Воспалителна состојба секундарна на инфекција Ревматичен артритис Бременост IASTM
Физиологија и придобивки
Физиолошки механизам
Повеќето истражувања (студии) се насочени на придобивките од IASTM на клеточно ниво. Воспалителниот одговор инициран преку микротраума на погодените ткива резултира со зголемена пролиферација на фибробластите, синтеза на колаген, созревање и ремоделирање на неорганизирана матрица на колагенски влакна по примената на IASTM. Што резултира со распаѓање на ткивата на лузни, адхезии и ограничувања на телото.
Фибробластот се смета за најважна клетка во екстрацелуларниот матрикс (ECM). Регенерацијата и одржувањето на меките ткива се одвиваат во ECM. Фибробластот го синтетизира ECM, кој вклучува колаген, еластин и протеогликани, меѓу многу други суштински супстанции. Фибробластите имаат способност да реагираат како механотрансдуктори, што значи дека се способни да детектираат биофизички напрегања (деформации) како што се компресија, вртежен момент, смолкнување и проток на течност, и да создадат механички хемиски одговор.
Клинички придобивки
Направените Студи, исто така, потврдуваат клинички придобивки од IASTM и тоа: подобрувања во опсегот на движење, силата и перцепцијата на болка по третманот. Мелхам и неговите соработниците откриле дека IASTM значително го подобрил опсегот на движење кај фудбалер по 7 недели IASTM и физикална терапија. Исто така увиделе дека ткивото на лузната што го опкружува латералниот малеолус се намалило и структурно се ремоделирало по примената на IASTM. Вилсон и соработниците пак утврдиле подобрувања во доменот на болката т.е нејзино намалување и скалата на оштетување на 6 и 12 недели по апликацијата IASTM за пателарен тендинитис.
Практична примена
IASTM секогаш треба да се комбинира со програма за движење и зајакнување за да се подобри ремоделирањето на ткивата.
Примената на IASTM се спроведува во 6 чекори.
Преглед-проценка
Загревање во траење од 10 до 15 минути со лесно џогирање, стационарен велосипед или ергометар за горниот дел од телото.
IASTM третман кој се изведува под агол од 30-60 степени за 40-120 секунди 4.Истегнување – 3 повторувања по 30 секунди 5.Зајакнување со голем број на повторувања при вежбање со мало оптоварување 6.Криотерапија во траење од 10 до 20 мин.
Важно е секако да се напомене дека инструментот се дезинфицира меѓу пациентите за да се избегне пренос на инфекции. Пропорачаната дезинфекција се прави со средства за дезинфекција на пр: изопропил алкохол, а потоа мие и со сапун и вода за да се отстранат сите остатоци од хемиското средство за дезинфекција од инструментот. Ако алатот бил во контакт со крв, телесни течности, мукозни мембрани или неоштетена кожа, тогаш се дезинфицира со средство за дезинфекција на високо ниво.
Оваа техника е достапна во нашата амбуланта за физиотерапија и ја изведуваат нашите искусни и соодветно обучени физиотерапевти. За повеќе инфорамции и закажување јавете се на 02/3091-484
Одделот за психологија и психотерапијапри нашата Клиника и оваа година традиционално организиранастани за граѓани, предавања и работилници за волонтерите на Црвен Крст на град Скопје, бесплатни кардиолошки и педијатриски прегледи за ранлива категорија на граѓани, како и викенд активности за дечињата оперирани од вродени срцеви маани. Сето ова е во рамки на Неделата на борба против срцево садови заболувања.
Споделуваме со вас дел од атмосферата од вчерашниот настан организиран за нашите граѓани!
Одбраната реагира на последната изјава на шефот на Основното јавно обвинителство Гаврил Бубевски каде лицитира со нови бројки на пријавени за случајот поврзан со Клиниката.
Презумцијата на невиност во случајот со д-р Жан Митрев и Клиниката треба да биде сериозно почитувана од страна на обвинителството. Начинот и леснотијата со која Бубевски дава изјави и интервјуа во медиумите и подкастите, што може да биде само во сферата на претпоставки, но никако и тоа дека тој е „сигурен дека има повеќе пријавени за оштета“, повторно ЈО укажува на контрадикторности и излегува од ингеренциите.
На суд ќе треба да ја докажете вината којашто самите знаете дека ја нема, обвинителе. Подобро на јавноста уште сега да и кажете како тоа материјали и информации од обвинителството за случајот против Клиниката Жан Митрев се објавувале кај Марјан Стаменковски ДОКАЗМ, иако веќе и официјално соопштивте дека ваш истражител го снабдувал Стаменковски со информации.
Обвинителството целиот процес го води со намера да наштети, а не со намера да докаже вина, затоа што и самите знаат дека вина не постои.
За сите наводи во обвинителниот акт има јасен одговор од Клиниката што ќе биде презентиран на Суд. А Обвинителството ќе треба да докаже нешто што не постои што ќе биде вистински предизвик за нив. Со нетрпение го чекаме на првото соочување на Суд.
Клиниката Жан Митрев: Јавното обвинителство да се произнесе дали постои релација меѓу истражителката која му давала информации на Марјан Стаменковски и дали парите кај него се од познат скопски бизнисмен сопственик на друга приватна болница како што се објавува во медиумите
Клиниката Жан Митрев најави и веќе ја поднесе Кривичната пријава против, Марјан Стаменковски сопственик на порталот ДоказМ.
Истовремено сметаме дека структурата на организираната група која стои позади хајката којашто веќе седум месеци трае против Клиниката Жан Митрев излегува на виделина и јавно прашуваме:
Дали кај материјалот пронајден кај Марјан Стаменковски се наоѓаат индиции за поврзаност меѓу познат скопски бизнисмен сопственик на приватна болница, чиј вработен јавно ги малтретираше вработените во нашата клиника.
Дали истражителката која го снабдувала Марјан Стаменковски со информации за истрагата против Жан Митрев работела по насоки на бизнисменот?
Дали обвинителката Искра Хаџи Василева ги инструирала поранешните пациенти во предистражна постапка и ги наведувала?
Апелираме за објавување на доказите поврзани со случајот на клиниката Жан Митрев каде јасно се гледа корелацијата на Стаменковски со истражители кои директно имале влијание и информации за целиот случај и постапките. Во правна држава не смее да се дозволат влијанија од надвор и да се диктираат процеси во рамките на обвинителството и судството, што повеќе од очигледно било случај за истрагата поврзана со нашата Клиника.
Со оглед на штетата нанесена на Клиниката Жан Митрев, правниот тим бара од ОЈО да се приклучи кон кривичниот прогон.
Со дел од насловите како „Жан Митрев полудел“, „Митрев криминалец“, „Народот сака доктор Митрев да виси“, „Сашка гази го убиецот Митрев“, и дел од навредите како „Митрев – Менгеле“, „бесилка за доктор Митрев“, „Митрев монструм“, Марјан Стаменовски направил кривично дело ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.
Стаменковски со интензивното обавување на наведените статии, во период од јули 2022 година до 22.01.2023 година, со умисла извршил повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело со што се нанесуваат штети не само врз доктор Жан Митрев туку и на вработените во самата Клиничка болница Жан Митрев. Во кусиот временски период беа објавени повеќе од 21 натпис каде дел имаа порака – „Доктор Јозеф Менгеле (ангел на смртта) = Жан Митрев Хипокрит (доктор наречен смрт) !!! Фала му на господ бог што постои Сашка Цветковска и ИРЛ”, „Жан Митрев е монструм!!! Убиец!!! Треба некој да го сопре неговиот вампиризам!!!“
Очекуваме брз и транспарентен расплет на случајот и нападите против Клиниката Жан Митрев.
Можноста да се почуствува работната атмосфера во операциона сала е дополнителна мотивација за идните кардиохирурзи
Д-р Греса Мустафа е 25 годишна докторка од Косово. Нејзина желба е во иднина да специјализира на полето на кардиохирургија. Затоа и ни се обрати со барање да присуствува во операционата сала и да ја почуствува атмосферата во која д-р Митрев со својот тим изведува сложени операции.
Клиника Жан Митрев очекува јавен и транспарентен процес низ којшто ќе ја докажеме нашата невиност во однос на сите обвинувања кон д-р Митрев и кон клиниката. Вистината е на наша страна, обвинението е целосно неосновано и тоа ќе го докажеме и институционално. Очекуваме брз и транспарентен процес на кој преку јасни и јавни информации, сведоштва и доказен материјал ќе се утврди вистината дека ниту еден пациент не бил измамен.
За време на Ковид пандемијата нашата клиника и нашиот персонал одиграа херојска улога, а овој срам и напади кои ги доживуваме нека им служат на чест на нарачателите. Хемофилтрацијата како метод ја користевме за лекување на последици од Ковид, но не и како лек за Ковид. Бесмислени се наводите на ЈО во Обвинителниот акт.
Уште еднаш потенцираме дека Клиниката и во најтешките периоди работеше според сите меѓународни стандарди, транспарентно и во согласност со утврдени и дозволени методи за лекување. Се ова ќе го докажеме и на суд, а сметаме дека јавноста целосно не поддржува и пред нејзе нашата правичност е јасна.
Клиника Жан Митрев ќе се приклучи на обвинението за сопственикот на порталот ДоказМ, Марјан Стаменковски како оштетена страна откако Основното јавно обвинителство охрабри и други евентуални оштетени од вакви кривични дела да ги пријават. Клиниката се приклучува на обвинението поради изнесени бројни невистини за клиниката и за вработените, навредливи и деградирачки квалификации, вршење притисок и изнуда на рекет.
Клучната информација која очекуваме да биде дел од предистражната постапка е дали постоела корелација меѓу објавите на Порталот ДоказМ, со работата на истражителите на ЈО кои ја водат постапката против нас.
Имено, како што веќе информиравме, во неколку наврати порталот ДоказМ објави информации базирани на предистражната постапка во кои ги најавуваше мерките против Клиниката Жан Митрев. ДоказМ во објавен текст на 15.11.2022 ја предвиде мерката блокирање на сметка и забрана за продажба на удели која ЈО ја направи три дена после објавата не текстот на 18.11.2022.
Во текот на подолг период Клиниката Жан Митрев, д-р Митрев како и вработените во клиниката беа предмет на опортунизмот на Стаменковски при што на порталот ДоказМ беа објавувани текстови со лаги, неосновани и непоткрепени информации и со тоа беше нанесена штета на угледот и работата како на клиничката болница така и лично на поединци. Порталот ДоказМ, објавуваше интерни меил комуникации, пораки добиени од поранешен вработен кој сега работи во болницата Аџибадем Систина и кој отворено на социјалните мрежи им се закануваше на вработени во клиниката Жан Митрев. Оваа комуникација би требало да биде, исто така предмет на предистражните дејствија.
Стаменковски во своите текстови користеше бројни навредливи квалификации и со тоа влијаеше врз мислењето и перцепцијата на голем број читатели.
Клиника Жан Митрев верува во транспарентност, во објективност, ги поддржува начелата на истражувачкото новинарство и посебно во слободата на говорот. Но, во објавите на порталот ДоказМ немаше ништо од новинарските принципи и од почитување на правото за изјаснување. Клиниката долго време бараше начин институционално да ја заштити работата на клиниката и своите вработени од ваквите напади. Ова е единствениот начин и затоа одлучи по повикот од Јавното обвинителство да се приклучи кон ова обвинение.