Летниот камп за деца со вродени срцеви мани МОЕТО СРЦЕ ги исполни нашите срца!

И оваа година 13 пат по ред, во периодот од 3 до 9 август во Струга, беше реализиран летен камп наменет за деца со вродени срцеви мани. Како проект овој камп во организација на клиничката болница ЖАН МИТРЕВ во соработка со Црвениот Крст на град Скопје е веќе традиционален.
Психолошкиот тим, во состав доц. д-р Kristina Egumenovska и психологот @Марија Аџиоска од клиниката како главни организатори, заедно со нашите доктори специјалисти како редовни гости беа присутни организирајќи соодветни активности во насока на поддршка на децата.
А годинава се приклучија и нашиот педијатар прим. д-р Blagica Manceva и детскиот кардиолог д-р Milev Ivan, кои со задоволство и несебично одговараа на сите прашања и дилеми кои ги споделуваа и таму присутните родители. Тие исто така имаа можност да размислуваат и на развојни теми на едукативните работилници организирани од психолошкиот тим.
Преку насочена и едукативна игра, децата уживаа една недела во дружењето, трчањето, глумата, натпреварувањето, смеата и гушкањето. Имаа низа физички и фитнес активности стручно водени од физиотерапевтот Блаже Арсов, а еднакво уживаа и во останатите забавни активности кои за нив беспрекорно ги реализираа волонтерите од Црвениот Крст на град Скопје водени од координаторот за млади Ана Франциќ. Добија и специјално изненадување од Светот на Биби и сказни од Рисот Ристе и пријателите од Весна Константинова. Имаше и понекоја солз при разделбите, но сепак со надеж дека ќе се сретнеме и следната година да учиме и да се забавуваме слободно трчајќи на тревниците, неуморно бркајќи се и доживувајќи цел спектар на емоции без страв дека тие ќе нѐ преплават.
Ве сакаме дечиња и учиме од сите вас!

Мозочниот удар може да се спречи

Годишно над 15 милиони луѓе ширум светот доживуваат мозочен удар, од кои 5 милиони умираат, а половина од преживеаните остануваат со траен инвалидитет. Во Македонија мозочниот удар е меѓу топ 3 причини за смртност, веднаш по ракот и кардиоваскуларните болести. Затоа, да станеме свесни како да го препознаеме, превенираме и кои се можните начини на решавање.

Што можете самите да направите во насока на спречување на мозочен удар?

Едноставно е. Се што треба на направите е да одберете здрав начин на живот, но и да ги контролирате здравствените состојби кои ги имате.

Спречување мозочен удар со водење здрав живот

Согласно светските статистики дури 80% од мозочните удари би можеле да се спречат преку промени на животниот стил кон здрав начин на живот и совети од докторите во насока на контролирање на здравствените состојби што го зголемуваат ризикот од мозочен удар. Може да превенирате мозочен удар со тоа што ќе водите здрав живот. Тоа вклучува поголемо внимание во неколку сегменти: здрава исхрана, одржување на нормална телесна тежина и практикување на редовна физичка активност

Здрава исхрана

Изборот на опции за здрав оброк и ужинка може да ви помогне да спречите мозочен удар. Погрижете се да внесуватее многу свежо овошје и зеленчук.Јадењето храна со минимална количина на заситени масти, транс масти и холестерол, а богата со растителни влакна, може да помогне да се спречи високиот холестерол.

Ограничувањето на сол (натриум) во вашата исхрана, исто така, може да го намали крвниот притисок. Високиот холестерол и високиот крвен притисок ги зголемуваат шансите за мозочен удар.

Здрава тежина

Прекумерната тежина или дебелината го зголемува ризикот од мозочен удар. За да одредат дали вашата тежина е во здрави граници, лекарите често го пресметуваат вашиот индекс на телесна маса (БМИ). Ако ја знаете вашата тежина и висина, можете лесно да го пресметате вашиот БМИ. Лекарите понекогаш прават и мерења на половината и колковите за да го измерат вишокот маснотии во телото.

Физичка активност

Физичката активност може да ви помогне да одржите здрава/нормална телесна тежина и да го намалите нивото на холестерол и крвен притисок. За возрасни, се препорачува најмалку 2 часа и 30 минути аеробна физичка активност со умерен интензитет, како што е брза прошетка, неделно.

Децата и тинејџерите треба да практикуваат минимум 1 час физичка активност секој ден.

Забрана за пушење

Пушењето цигари во голема мера ги зголемува шансите за мозочен удар. Ако не пушите, не започнувајте. Ако пушите, откажувањето ќе го намали ризикот од мозочен удар. Вашиот лекар може да предложи начини да ви помогне да се откажете.

Ограничен внес на алкохол

Избегнувајте да пиете премногу алкохол, бидејќи тој може да го зголеми крвниот притисок. Мажите не треба да пијат повеќе од два пијалаци дневно, а жените само еден. Спречување на мозочен удар преку контролирање на медицинските состојбиАко имате срцеви заболувања, висок холестерол, висок крвен притисок или дијабетес, морате да преземете чекори за да го намалите ризикот од мозочен удар. Разговарајте со вашиот лекар за совети како да постапувате.

Проверувајте го редовно холестеролот

Вашиот лекар треба да го тестира нивото на холестерол најмалку еднаш на 5 години. Разговарајте со вашиот лекар за овој едноставен тест на крвта.

Ако имате висок холестерол, медикаментите и промените на животниот стил можат да помогнат во намалувањето на ризикот од мозочен удар.Контролирајте го крвниот притисокВисокиот крвен притисок обично нема симптоми, затоа внимавајте да го проверувате редовно.

Разговарајте со вашиот кардиолог за тоа колку често треба да го проверувате. Можете да го измерите крвниот притисок дома, на лекар или во аптека.Ако имате висок крвен притисок, вашиот лекар може да ви препише лек, да предложи некои промени во вашиот животен стил или да ви препорача да изберете храна со помал внес на натриум (сол).

Контролирајте го дијабетесот

Ако вашиот лекар мисли дека имате симптоми на дијабетес, тој/ таа може да препорача да се тестирате. Ако имате дијабетес, редовно проверувајте го нивото на шеќер во крвта.

Разговарајте со вашиот лекар за опциите за лекување. Можеби ќе биде препорачано да се спроведат одредени промени на животните навики, како што е зголермување на физичка активност или весување поздрава храна. Овие активности ќе ви помогнат да го одржите шеќерот во крвта под контрола и ќе го намалите ризикот од мозочен удар.

Третирајте ги срцевите заболувања

Ако имате одредени срцеви заболувања, како што е атријална фибрилација, коронарна артериска болест (неправилно чукање на срцето), кардиологот може да препорача медицински третман или операција. Решавањето на проблемите поврзани со срцето може да помогне во спречување на мозочен удар.

Земајте ги вашите лекови

Ако земате лекови за лекување на срцеви заболувања, висок холестерол, висок крвен притисок или дијабетес, внимателно следете ги упатствата на вашиот лекар.

Секогаш поставувајте прашања ако нешто не разбирате. Никогаш не го прекинувајте лекот без претходно да разговарате со вашиот лекар или фармацевт.

Информирајте се

Вие и вашите лекари може да работите заедно за да ги спречите или да ги лекувате медицинските состојби што доведуваат до мозочен удар. Редовно разговарајте и информирајте се, составете си листа на прашања кога одите на лекар. Ако веќе сте имале мозочен удар или ТИА, лекарите ќе работат со вас за да спречат понатамошни мозочни удари. Вашиот план за лекување ќе вклучува лекови или операција и промени во животниот стил за да го намалите ризикот од следен мозочен удар. Бидете сигурни да го земате лекот според упатствата и следете ги советите на вашиот лекар.

Функционалната магнетна стимулација – Решение за проблемите со уринарна и фекална инконтиненција

Постпарталното зајакнување на мускулите на карличното дно е главен предуслов за спречување на инконтиненцијата, бидејки за време на бременоста се зголемува тежина на матката и заедно со хормоналните промените даваат голем притисок врз сфинктерите – мускулите на карличното дно, со што се намалува нивната еластичност. Породувањето може дополнително да предизвика истегнување или оштетување на нервите или мускулите што на крајот доведува до некотролирано истекување на урината или испуштање на гасови и фекалии после породувањето.

Едноставен начин да се спречи оваа инконтиненција е навремено започнување со физиотерапија. Комбинираниот третман со кегел вежби и функционална магнетна стимулација (ФМС) им овозможува на мускулите на карличното дно побрзо да го вратат својот тонус, сила и издржливост по породувањето.

ФМС технологијата ги користи индуктивните својства на магнетното поле за длабока пенетрација во ткивата и на тој начин ги стимулира мускулите кои не можат да се таргетираат со помош на класичната електростимулација.
Третманот со ФМС ја зголемува силата и издржливоста на мускулите на карличното дно. Дополнително на овој третман пациентот се учи како правилно да изведува и вежби за зајакнување на оваа мускулатура.

Ова обезбедува ефикасно и долгорочно ослободување од неконтролираното истекување на урината и зајакнување на мускулите во долниот дел на карличното дно. Со помош на 4 ФМС апликатори успешно се третираат повеќе мускулни групи во истиот третман освен мускулите на карличното дно, се стимулураат и абдоминалната и грбната мускулатура.

Може да се користи за сите видови на уринарна и фекална инконтиненција, за побрза рехабилитација по операција или породување, па дури и при сексуални дисфункции или хронични болки во карлицата или долниот дел од ‘рбетот

Уринарната инконтиненција не може да се скрие и игнорира, затоа е потребно да се побара помош и навремено да се информирате за можностите за третман. Диагнозата се поставува од уролог или гинеколог со цел да се одлучи кој тип на третман е неопходен за решавање на проблемот.
Најчесто се препорачува третманот за почеток да биде конзервативен /нехируршки, со започнување на физиотерапија.

Третманот со FMS Care уредот е едноставен и не бара посебна подготовка на пациентот. За време на терапијата пациентот останува облечен и е удобно сместен во специјален FMS стол за инконтиненција. За време на стимулацијата, пациентот се фокусира на мускулните контракции со што се олеснува и тренингот на самата мускулатура. Третманот е неинвазивен, безболен и без несакани ефекти трае од 15 до 20 минути и се применува секој втор ден во периодот од 2 до 3 недели. Подобрувањето може да се почуствува уште по првите неколку третмани.

Мезотерапија на лице за кожа која зрачи

Одберете го вистинскиот витамиски коктел за вас

Мезотерапијата на лицето е медицински третман за естетско подобрување на кожата. Таа е уште позната како витамински третман кој означува витамински вбризгувања и се изведува со помош на микроинјекции. Витамините и други активни состојки го подобруваат квалитетот на кожата и со тоа се спречува и третира стареењето на кожата давајќи похидриран, помазен и изглед кој зрачи здравје.

Како функционира?

Мезотерапијата на лицето се состои од внесување на различни комбинации на активни состојки со помош на специјални мали игли под површинскиот слој на кожата каде хијалуронската киселина е секогаш заедничка компонента.

Со вбризгувањето на овие коктели составени од хијалуронска киселина, витамини, елементи во трагови, аминокиселини или пептиди меѓу многу други, се постигнува целосна ревитализација на лицето, што како резултат нуди непосредна хидратација, осветленост и очигледно затегнување уште по првата сесија.

Бенефити од мезотерапија на лицето

Инфилтрацијата на овие активни состојки со мезотерапија на кожата на лицето помага да се надополнат основните хранливи состојки кои кожата престанува да ги произведува поради стареењето.
Инфилтрираните активни елементи, секој со своите различни својства, помагаат во подобрувањето на различните проблеми со кожата.

Од ефектите на мезотерапијата на лицето може да ги потенцираме:

  • Биостимулација на кожата со повторно активирање на природните функции на кожата
  • Интензивна и непосредна хидратација
  • Помага во преобликување на дермисот односно врши преструктуирање на структурата на кожата,
  • Антиоксидантно дејство
  • Непосреден ефект на затегнатост, еластичност, волумен, сјај и цврстина

Како и каде да се подложите на мезотерапија?

Важно е претходно да се консултирате со доктор дерматолог од кој ќе добиете соодветен совет, и кој ќе избере најсоодветен вид мезотерапија за вашата кожа.
По направената консултација мезотерапијата се изведува амбулантски. По третманот е потребна многу малку последователна нега и овозможува непосредно вклучување во секојдневните активности.
Многу малку е непријатна затоа што се прави со многу тенки игли, но може да се аплицира и со локална анестезија во форма на крема.

Кој може да ја користи?

Мезотерапијата на лицето може да ја применат и мажи и жени од било која возраст и со сите типови на кожа.
Индицирана е и за лекување на првите знаци на стареење и за постара кожа.

  • Млада кожа со недостаток на хидратација
  • Девитализирана кожа
  • Површни брчки
  • Опуштеност на лицето
  • Дамки /флеки на кожата

Сама или во комбинација со други третмани?

Мезотерапијата на лицето е комплетен третман сам по себе, но кога се изведува во комбинација со други третмани, како што е на пример пилинг, резултатите се уште подобри.
Всушност со подобрување на структура и квалитетот на кожата, мезотерапијата придонесува кон поголема ефикасност и времетраење на кој било друг третман што се спроведува подоцна, и помага да се задржат ефектите од претходните третмани.

Кога се забележуваат нејзините ефекти?

Мезотерапијата на лицето нуди многу брзи резултати. Во периодот меѓу првиот и третиот ден по мезотерапијата на лицето, ефектите се веќе јасно видливи, што го прави идеален третман за настан во кој сакате да ја покажете сјајната кожа.

Бубрежни цисти – симптоми, дијагноза и третман

Бубрежните цисти се формација исполнета со течност која може да биде лоцирана во самиот бубрег или над него. Бубрежните цисти може да бидат поврзани со сериозни нарушувања кои можат да влијаат на функцијата на бубрезите. Сепак, најчесто, бубрежните цисти не се канцерогени и ретко предизвикуваат компликации.


Причините за нивна појава се нејасни. Вообичаено се формира една циста на површината на бубрегот, но можно е да се формираат и повеќе цисти и да го засегнат едниот или двата бубрега. Сепак, обичните бубрежни цисти се различни од оние цисти кои се формираат кај полицистични бубрези.


Обичните бубрежни цисти често се детектираат при ехосонографски преглед за време на испитувања ки се прават за други здравствени состојби. Овие цисти чие постоење е само констатирано, а кои не предизвикуваат знаци или симптоми обично не бараат третман.

Симптоми

Обичните бубрежни цисти најчесто не предизвикуваат знаци или симптоми. Ако обична бубрежна циста е значително зголемена, симптомите може да бидат:

  • Тапа болка во грбот или станично кај бубрзите
  • Треска
  • Болка во горниот дел на стомакот

Причини

Сеуште не е утврдено со сигурност кои се конкретните причини. Една од теориите сугерира дека бубрежните цисти се појавуваат кога површинскиот слој на бубрегот ослабува и формира кеса (дивертикулум). Кесата се полни со течност и се претвора во циста.

Фактори на ризик

Ризикот да имате обични бубрежни цисти се зголемува со стареењето, иако може да се појават на која било возраст. Обични бубрежни цисти се почести кај мажите.

Компликации

Повремено, бубрежните цисти може да доведат до компликации, како што се:

  • Инфицирана циста. Бубрежната циста може да се инфицира и последователно на тоа да предизвика треска и болка.
  • Пукната циста. Пукнатата циста предизвикува силна болка во грбот или странично на телото.
  • Опструкција на урина. Бубрежната циста што го блокира нормалниот проток на урина може да предизвика оток на бубрезите (хидронефроза).


Третман

Бубрежните цистите обично не бараат третман, освен ако не предизвикуваат симптоми или нарушување на функцијата на бубрезите. Доколку е потребен третман, вашиот лекар може да користи склеротерапија (со игли), пунктација или хируршка интервенција за да ја испразни цистата и да ги утврди неопходните чекори за да се спречи нејзиното повторување.

Совети за интимното здравје и како да се чувствувате добро ова лето

Летото е едно од најомилените периоди во годината поради времето за одмор. Но исто така е и едно од најкомпликуваните во поглед на интимното здравје на жените.

Подолгото или континуирано задржување во вода, било тоа да е море или езеро, во комбинација со високите температури, придонесуваат кон зголемување на можноста за непријатности. Освен тоа присутни се потта, влажноста и песокот кои исто така треба да се контролираат бидејќи во текот на летото тие можат да предизвикуваат проблеми, уништувајќи го нашиот одмор.

Од суштинско значење е да се внимава на хигиенските навики, нешто што многу малку жени го прават и покрај фактот дека има многу кои признаваат дека ги забележуваат овие непријатности барем еднаш во текот на летото.

Вагиналната рH е механизам кој функционира така што служи вагината да ја заштити од инфекции. Според состојбата на зрелост на жената, таа се менува за да одговара на животниот период, а со правилна грижа и прилагодување на навиките на вагинална хигиена ќе помогне да се спречат болестите.


Неколку совети за правилно одржување на вашата интимна хигиена:

  • Внимавајте кога сте во вода. Во лето можете да поминувате часови и часови во морето и базените и оваа влажност може да ја измени вагиналната pH вредност. Препораката е после секое бањање да направите промена на влажната со сува облека што ќе го спржи задржувањето на влажноста во интимната зона и можните бактериите на вашата облека.
  • Лична хигиена. Често ја подложуваме оваа деликатна област на хлор и други штетни елементи. Внимавајте на одржувањето на соодветна интимна хигиена. Користењето адекватни гелови и обидот да се користи топла вода ќе помогнат да се отстранат бактериите и да се одржи pH регулирано.
  • Носете соодветна долна облека. Најдобра е онаа која не е претесна и е направена од памук. Во лето, не се само високите температури они кои не потат, туку и тесната облека, синтетичките материјали кои го блокираат потењето на интимната областа и ја прават подложна на бактерии. Носењето памучна облека што дише е пријатна и безбедена како мерка.
  • Редовно менувајте ги влошките за време на циклусот. Во лето, часовите минуваат брзо, а во некои случаи, забораваме да ги менуваме влошките што може да предизвика инфекција или во некои случаи и посериозна болест.
  • Одржувајте врамнотежена исхрана. Јадењето и пиењето вода му помагаат на телото да биде здраво и тоа се рефлектира во секој поглед на нашето здравје. Консумирањето овошје и зеленчук што содржи вода ќе го олесни елиминирањето на токсините кои предизвикуваат бактериски болести.

Следењето на овие едноставни чекори ќе ви овозможи да го поминете летото и топлината на најдобар можен начин. Доброто интимно здравје ќе ви дозволи да присуствувате на она што е навистина важно, да уживате во летото.

7 чекори за добро хидрирана кожа

Што е хидрирана кожа?

Природно е да помислите на вода кога ќе го слушнете зборот „хидратација“. Со право, хидрирање на кожата значи зголемување на содржина на вода во неа. Ако вашата кожа е дехидрирана, таа може да изгледа испукана, затегната, сува и без сјај.
Хидрираната кожа е мазна, сјајна и има изедначен тон. За да го постигнете ова, треба од време на време да ја задоволите ,,жедта,, на вашата кожа.
Сепак, луѓето често имаат тенденција да ја мешаат дехидрираната кожа со сувата кожа. Иако се користат како синоними, сепак постои основна разлика помеѓу двете.

Дехидрирана кожа наспроти сува кожа

На дехидрираната кожа и недостасува вода, додека на сувата кожа и недостига доволно количество на себум. Сувата кожа може да биде и резултат на конзумирање одредени лекови или пак заболувања.
Факторите на влијание како: клима, начин на живот, возраст и производите што ги нанесувате на вашата кожа може да придонесат за промена на типот на вашата кожа.

Симптоми на сува кожа:

  • Јадеж
  • Црвенило
  • Испукана кожа
  • Иритирана кожа
  • Симптоми на дехидрирана кожа
  • Затегната и темна кожа
  • Истакнати темни кругови и сенки околу очите
  • Јадеж и чувство на пецкање
  • Присуство на фини линии / брчки
  • Сува уста
  • Подуени очи

Хидратација наспроти навлажнување

Додека хидрирањето на кожата бара да и додадете вода, навлажнувањето на кожата подразбира додавање состојки кои ја заклучуваат водата внатре. Навлажнувањето и хидратацијата вообичано треба да одат рака под рака.
Ако само додадете вода на кожата, може привремено да се чувствува оптегната. Сепак, водата ќе исчезне од вашата кожа ако нема со што да ја задржите.
Навлажнувањето вклучува додавање состојки кои ја сочувуваат влагата и ја поправаат бариерата на вашата кожа. Ова спречува губење на вода и ја подобрува текстурата и здравјето на вашата кожа.

Како да ја хидрирате кожата во 7 чекори

  1. Пијте соодветна количина на вода
    Првиот чекор за хидрирање на кожата е хидрирање на вашето тело. Се препорачува да пиете најмалку 8 чаши вода секој ден. Вашето тело може да бара повеќе, во зависност од вашите дневни активности и тежина.
  2. Користете производи за хидратантна нега на кожата
    Доколку имате дехидрирана кожа се препорачуваат креми на база на вода. Производите што продираат низ вашата кожа и доставуваат вода се од витално значење ако имате дехидрирана кожа. Побарајте производи со следниве хидратантни состојки:

A. Хијалуронска киселина
Таа игра важна улога во хидрирање на вашата кожа и одржување на нејзината еластичност. Водоврзувачките својства на хијалуронска киселина помагаат во надополнување на вашата кожа, а исто така спречуваат рани знаци на стареење.
Б. Глицерин
Тој е популарна состојка во индустријата за убавина, има хидратантни својства кои можат да ја ослободат кожата од чувство на сувост и чешање. Ова е затоа што глицеринот е навлажнувач. Значи, работи со привлекување на влага од околината на површината на вашата кожа.

C. Уреа
Таа е широко користена состојка во дерматолошкиот свет, уреата ги раскинува/олабавува врските и го распаѓа закоравениот протеин, ослободувајќи ја кожата од грубост и чешање.

D. Керамиди
Ова се состојки за надополнување на кожата, како цементот што ги поддржува тулите на зградата. Тие ја сочинуваат и поправаат бариерата на вашата кожа, што спречува губење на вода и поттикнува задржување на влажноста.

Е. Пантенол
Тоа е состојка која продира низ кожата и им дава влага на клетките. Исто така, спречува губење на меѓуклеточна вода. Ова значи дека ги подобрува функциите на кожата како бариера преку стимулирање на клетките кои ја зголемуваат истата.

  1. Избегнувајте многу жешки и долги тушеви
    Колку и да звучи контрадикторно, долго капење може да ја анулира бариерата на вашата кожа. Ова може да резултира со губење на внатрешната влагата и потребните масла, што може да ја дехидрира вашата кожа. Користењето на млака вода додека се бањате е идеално.
  2. Разгалете се со маски за лице
    Маските за лице се преполни со хидрирачки состојки. Вклучувањето на хидратантна маска за лице во вашиот дневен режим за нега на кожата ќе ја задржи вашата кожа мазна и влажна. Исто така, со ова може да се намали појавата на фини линии и темни кругови.
  3. Користете навлажнувач
    Навлажнувач може да се користи кога содржината на влага во воздухот околу вас е мала. Ова може да биде особено корисно за време на сувите зимски месеци.
  4. Кремот за сончање е задолжителен
    Нанесете крем за сончање со широк спектар за да спречите оштетување на кожата од УВА и УВБ секој пат кога ќе излезете во текот на денот. Изложеноста на сонце може да ја дехидрира вашата кожа, предизвикувајќи таа да ја изгуби влагата и да ги распадне колагенот и еластинот, кои се одговорни за нејзината цврстина и еластичност. Ова може да предизвика предвремени знаци на стареење.
  5. Јадете храна богата со вода
    Овошјето и зеленчукот не само што хидрираат, туку се корисни за вашата кожа на многу други начини. Овошјето на база на цитруси, како портокалите и лимоните, се преполни со сок и се богати со витамин Ц, што е од витално значење за одржување на текстурата на вашата кожа. Храната богата со витамин А и Б3 е исто така неопходна за подобрување на целокупното здравје на кожата.

Освен овие неколку основни секојдневни чекори, најдобар и најбрз метод да обезбедиме длабинска хидратација на кожата, особено во летниот период е со третмани на мезотерапија кои се достапни во нашиот центар за естетска дерматологија каде сега консултацијата е бесплатна.

Дијагностицирање и совети за третман на непријатната егзема

Егземата е вообичаено нарушување на кожата што се манифестира како чешање на кожата и црвен осип. Таа е особено честа појава кај доенчиња и мали деца. Егземата најчесто се развива како резултат на алергиска реакција или дефект на имунолошкиот систем. Може да предизвика иритација и воспаление на кое било место од телото, но е особено раширено на лицето, внатрешноста на рацете и зад колената. Кај доенчиња со егзема, исто така и скалпот е често погоден.

Атопичен дерматитис е најчестата, хронична и тешка форма на егзема. Најчесто се јавува кај оние со други алергиски состојби, како што е астмата. Но се јавува и кај оние кои имаат членови на семејството со истите проблеми. Егземата не е заразна состојба, дури и при директен контакт од кожа на кожа.

Причини за егзема

Точната причина за појава на егзема е непозната, но утврдено е дека одредени супстанции или околности можат да предизвикаат симптоми кај лица подложни на ова заболување. Пациентите со егзема може да имаат негативни реакции на кожата на многу вообичаени производи за домаќинството, како што се сапуни, парфеми, лосиони или детергенти, како и на животински првут. Тие исто така може да развијат акутна егзема како резултат на инфекции на горните респираторни патишта. Во некои случаи, егзема може да се појави и од алергија на храна.

Иако егземата е доста честа кај новороденчињата, повеќето ја надминуваат на возраст од 2 години. За новороденчиња склони кон бурни реакции, најдобро е да се избегнува употреба на производи или ткаенини што можат да ја иритираат нивната кожа и да се избегнува хранење со храна што се чини дека предизвикува реакции. За возрасните, исто така, најдобриот третман за егзема може да биде превенција. Со избегнување предизвикувачи како груби ткаенини, екстремно топло или ладно, животински првут и одредени сапуни или детергенти, пациентите може да бидат во можност да ги контролираат нивните реакции. Иако стресот е честопати фактор што ја влошува состојбата, самата егзема, со својата непријатност и непријатен изглед, исто така може да биде причина за стрес.

Симптоми на егзема

Егземата обично се појавува како црвен осип на кожата и може да ги содржи следниве симптоми:

Наталожени корички
Меури кои пукаат
Сува или лушпеста кожа
Чешање
Обезбојувањето на кожата исто така може да биде симптом на егзема.

Дијагностицирање егзема

Егзема се дијагностицира од страна на лекар дерматовенеролог со физички преглед и консултација со пациентот. Важно е, покрај целосната историја на пациентот, лекарот кој го врши прегледот да земе целосна семејна историја. Бидејќи многу луѓе со егзема често имаат други алергии. Може да се индицира спроведување на тестови за алергија со цел да бидат идентификувани можните предизвикувачи.

Третман на егзема

Постојат неколку достапни третмани за ублажување на непријатноста кај егземата. Може да се препорачаат ладни облоги и препарати без рецепт за решавање на чешањето. Ако симптомите продолжат или станат потешки, може да се препише локална или системска терапија зависно од фазата во која пациентот се наоѓа вомомнтот. Важно е да се третираат симптомите на егзема, бидејќи состојбата го нарушува интегритетот на кожата, дозволувајќи им на бактериите да напаѓаат и да предизвикаат инфекција.

Третманот на егзема може да вклучува:

  • Антихистаминици
  • Топични кортикостероиди
  • Промени во навиките за капење и перење
  • Антибиотици (ако постои инфекција)
  • Фототерапија
  • Имуномодулатори
  • Ваќно е да се знае дека примената на фототерапијата и имуномодулаторите се поврзани со зголемен ризик од карцином, тие обично се препишуваат само за време на тешки раширења и кај деца постари од 2 години.

Доколку имате веќе дијагностицирана егзема или се симптоми кои укажуваат на оваа состојба, можете да закажете термин за преглед на 02/3091484