Со почетокот на летниот распоред на летање на Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, а согласно барањата на многу земји за задолжителен негативен КОВИД -19 тест, како предуслов за патување по водушен пат, лабораторијата за генетика и персонализирана медицина при Клиниката Жан Митрев, отсега овозможува КОВИД-19 тестови за патување, односно брзи антигенски тестови кои можат да се направат на Охридскиот аеродром непосредно пред заминувањето на патниците.
Почнувајќи од утре, сабота, 8-ми мај, на Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид поставен е нашиот пункт за КОВИД-19 тестирање во непосредна близина на влезот на терминалната зграда.
Пунктот ќе работи во деновите кога има летови до земјите кои бараат негативен брз антигенски тест, 4 часа пред времето на поаѓање до секоја од дестинациите.
Центарот за КОВИД-19 тестирање на клиниката Жан Митрев, им обезбедува погодност на сите патници кои патуваат од Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, особено до земјите на ЕУ/Шенген, така што тие ќе имаат доволно време да направат брз антигенски тест пред да влезат во терминалната зграда на аеродромот и да ги завршат аеродромските процедури.
За повеќе детали во врска со тестовите, можете да ја контактирате лабораторијата Жан Митрев, на телефонскиот број +389 2 3091484 или да ја посетете нашата веб-страница на следниот линк: https://zmc.mk/en/services/microbiological-laboratory/
За повеќе информации во врска со тестовите што ги прифаќаат земјите од ЕУ/Шенген, ве молиме контактирајте ја Амбасадата на земјата на вашето пристигнување.
Доколку патниците решат да направат антигенски тест на Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, а со цел да се избегне гужва и групирање пред терминалната зграда на аеродромот, апелираме патниците да пристигнат на аеродромот најмалку 4 часа пред времето на поаѓање .
Во моментов, на Охридскиот аеродром, во нашиот пункт за КОВИД-19 тестирање, можe да се направи брз антигенски тест, одобрен од СЗО.
За сите останати типови КОВИД-19 тестови, ги повикуваме патниците да ги извршат во овластена лабораторија пред да пристигнат на аеродромот.
Со оглед на моменталната состојба, во која земјите од ЕУ/Шенген зоната постојано ги менуваат правилата за патување поврзани со КОВИД-19 и имајќи го предвид фактот дека секоја земја независно прави промени во однос на ограничувањата за патување за граѓаните на Република Северна Македонија, апелираме до патниците пред нивниот лет да ги проверат најновите барања за патување со нивната авиокомпанија и Амбасадата на земјата во која планираат да пристигнат.
Автор: zmc_piksel_dev
5 Мај – Светски ден за хигиена на раце
Светскиот ден на хигиена на раце е посветен на подигнување на свеста и потенцирање на важноста на миењето раце со вода и сапун како лесен, ефикасен и прифатлив начин на превенција од заболувања и со тоа спасување живот. Најчестиот начин на пренесување на микроорганизмите се рацете на човекот. Токму тој едноставен чекор – миење раце, е ефикасен за спречување на пренесување на стомачни болести, респираторни, кожни инфекции, инфекции на очи, како и цревни глисти.
И оваа година миењето раце ја добива вистинската вредност за сите нас. Пандемијата со коронавирусот потврди дека прва мерка во превенција на пренос на заразни болести е токму хигиената на рацете.
Статистиката кажува дека:
• секоја година 4 милиони деца до 5 годишна возраст умираат заради цревни заболувања или пневмонија во земјите во развој, што значи секои 15 секунди умира дете од овие болести
• пневмонијата е водечка причина за смртност во таа возраст, и со спроведување на соодветно миење раце инциденцата може да се намали за 25 %
• дијареални болести се втора водечка причина за смртност во таа возраст. Спроведување на адекватно и во вистинско време миење на раце со сапун и вода ја намалува инциденцата на стомачни болести на половина.
Миењето раце е секојдневна рутина, континуирана пракса и треба да се прави на соодветен начин, доволно долго и во вистинско време.
Кога е особено важно?
• Пред, за време на и по подготвување на храна
• Пред јадење
• По користење тоалет
• По кивање, кашлање или допирање на носот
• По контакт со животни или нивен измет
• По контакт со отпадоци
• По промена на памперс
• Пред и по контакт со болен или повреден човек
• Пред и по посета на болнички оддел
Во болничи услови иако хигиената на раце подразбира миење раце со вода и сапун и дезинфекција на раце, овие две постапки нетреба да се поистоветуваат. Инфекциите се сериозен проблем во здравствените установи:
• Секоја година 2 милиони пациенти добиваат болничка инфекција
• 90.000 од нив умираат од здобиената инфекција во болница
Ние точно знаеме кога е потребно користење вода и сапун, а кога од алкохолен дезинфициенс. Рутински практикувана е хигиена на раце со алкохолен дезинфициенс, но миењето со вода и сапун е незаменливо кога рацето се видливо нечисти или контаминирани (во случај кога сме дошле во контакт со телесни течности). Миењето раце е избор и кога се манипулира со пациенти кои имаат спорогени бактерии како што е случај со Clostridium difficile. Во останатите ситуации хигиена на раце со алкохолен дезинфициенс е оправдана по ефикасност, потребно време и достапност.
Заштитете се од УВ зрачењето – сончевите зраци знаат да бидат и опасни!
Силното пролетно сонце не значи само добро расположение и најава за претстојното лето. Тоа значи дека треба да помислите и го подготвите вашето лице и тело за топлите денови кои доаѓаат, и секако да се заштитите од зрачењата кои ни ги испраќаат сончевите зраци.
Пред се, кога ќе се спомене зрачење од сонцето и заштита од него ова се однесува на кожата. Нашата кожа како бариера помеѓу нашето тело и надворешнната средина е прва која е под влијание кога се во прашање штетните сончеви зраци. Внимателност и заштита се задолжителни.
Што претставува УВ – зрачењето и кои се опасностите
Клетките од горниот слој на кожата меѓу другите функции кои ги имаат истовремено произведуваат и пигмент што се нарекува меланин. Токму тој пигмент и дава боја на нашата кожата, чија пак задача е да ги заштити клетките од апсорбирање на ултравиолетовото зрачење (УВ).
Кога ќе ја изложиме нашата кожа на УВ зрачење, производството на меланин се зголемува што резултира со менување на бојата на кожата т.е потемнување. Токму тој, меланинот, обезбедува ниво на заштита од сонцето еднаква на крема за сончање со заштитен фактор 2.
Многумина мислат дека тенот е позитивен знак кој говори за добро здравје, но, вистината е дека тенот е знак дека вашата кожа била изложена на премногу УВ зрачење по што настапило оштетување.
Сепак, треба да се знае дека УВ зрачењето не е поврзано само со летните високи температури, тоа може да продре и низ ретките облаци, така што изгореници од сонце може да се добијат и во студени, облачни денови. Доколку има високо УВ зрачење, изгореници од сонцето може да се појават за помалку од 15 минути. Кога ќе се случи тоа кожата поцрвенува за неколку часа од горењето. Сепак, оштетувањето не застанува тука, изгорениците од сонцето ќе продолжат да се развиваат во следните 1 до 3 дена по изложувањето на УВ зрачење.
За сериозни изгореници од сонцето, кога имате појава на плускавци, треска, гадење, веднаш треба да се посети лекар. Во такви случаи препорачливо е да пиете многу течности бидејќи изгорениците од сонцето може да предизвикаат дехидратација. Сепак, избегнувајте ладни пијалаци коишто може да предизвикаат грозница. Исто така може да помогне туширањето со млако – ладна, но не многу студена вода и да се ставаат ладни облоги. Се препорачува засолнување под сенка кога УВ нивоата се над 3. Тоа може да помогне за заштита на кожата од оштетување од сонцето. Сенката го намалува изложувањето на УВ зрачење и до 75 проценти. Исто така неизбежно е користење на други заштитни мерки, како на пример, облека, капи, очила за сонце и крема за сончање кои сите заедно ја зголемуваат заштитата.
Ризик и степен на УВ зрачење:
УВ 1, 2 – низок ризик
Можете да бидете изложени на сонце подолго од еден час без да добиете изгореници. Потребна е претпазливост за доенчиња и за луѓе со исклучително чувствителна кожа.
УВ 3, 4, 5 – умерен ризик
Во овој случај се препорачува да се носат очила за сонце, капа со широк обод и да се користат заштитни креми. Лицата со многу чувствителна кожа и малите деца во перидот од 12 до 16 часот треба да останат под сенка. Да се носи лесна облека со долги ракави, бидејќи можат да се добијат изгореници за само 20 минути изложеност на сонце.
УВ 6, 7 – висок ризик
Се препорачува престој под сенка во текот на денот, носење на очила за сонце, капа и задолжително користење на заштитни средства. Луѓе со чувствителна кожа и малите деца не треба да бидат изложени на сонце помеѓу 11 и 16 часот. Да се избегнува одење на плажа и прошетки, бидејќи многу лесно можат да се добијат изгореници.
УВ 8, 9, 10 – многу висок ризик
Се препорачува да се намали престојот на сонце помеѓу 11 и 16 часот. Мора да се носат очила за сонце, капи, облека со долги ракави и заштитни креми. Поединци со многу чувствителна кожа и децата можат да добијат изгореници за помалку од десет минути.
УВ 11 и повеќе – екстремна опасност
На сите им се препорачува, престој во затворени простории помеѓу 11 и 16 часот, како и користење на максимална заштита. Лица со чувствителна кожа и децата можат да добијат изгореници во помалку од пет минути.
Алергија, интолеранција на храна и прекумерна тежина
Алергијата и интолеранцијата на храна можат да бидат поврзани со проблеми со прекумерната тежина. Истражувањата направени во последните години кажуваат дека: прекумерната тежина е поврзанa со воспалителните заболувања, а дека алергијата како и нетолеранцијата од одредена храна, предизвикаат воспалителен процес и го влошуваат одговорот на имуниолошкиот систем.
Механизмите што доведуваат до прекумерна тежина сеуште не се познати. Генетиката, седечкиот начин на живот, прекумерното јадење, особено прекумерното консумирање на храна со голема содржина на маснотии и јаглехидрати се ризик факторите кои влијаат на тежината на една индивидуа. Општо кажано, внесувањето на зголемен број на калории е токму тоа што влијае на зголемувањето на телесната тежина.
Поради различните метаболички промени, постојат голем број на воспалителни процеси кои влијаат на оваа состојба. Некои од овие процеси се директно поврзани со алергија предизвикана од храна и интолеранција на одредени типови на храна.
Интолеранција на храна
Интолеранција на лактоза или на глутен се најчестите примери на овој проблем кои предизвикуваат:
Гастроинтестинално нарушувања
Проблеми со кожата
Невролошки промени.
Мускулни и ревматски проблеми.
Прекумерна тежина.
Во овој случај не станува збор за одговор на имунолошкиот систем при соочување со одредени хранливи материи, но станува збор за проблем поврзан со метаболизмот на имунолошкиот систем.
Најдобар можен третман е да се избегннува консумирањето на таков вид на храна. Сепак, тоа не секогаш значи дека на тој начин ќе ја избегнете прекумерната тежина. Се смета дека постој еден различен вид на интолеранција на храна придружена со воспаление предизвикано од одредениот начин на исхрана, при што присуство на тие хранливи материи поттикнува воспалителни процеси.
Алергиите предизвикани од храна
Ако сте алергични на одредена храна, истата предизвикува сериозна имунолошка реакција која веднаш се манифестира со голем број на симтоми кои исто така можат да бидат сериозни: од уртикарија, воспаление на хранопроводот, и откажување на истите како последица на анафилактичен шок. Единствен начин да го избегнете овој проблем е да не внесувате храна на која сте алергични.
Сепак, и кога алергиската реакција е мнуго лесна, дури и кога е незабележлива, таа не се идентификува како таква бидејќи механизмите што предизвикуваат воспалителна реакција се активираат секогаш при внесување на храната, дури и при најмала количина. Како резултат на тоа, се блокират рецепторите на инсулин, и доволно е само минимална количина на шеќер во крвта за да се појави воспаление на клетките со што се надминува количината на калориите и шеќерот се претвора во маснотии кои се таложат во масните клетки и од таму не може да се елиминираат.
Овој вид на воспалителна реакција може да се мери или да се открие преку испитување на IgG антителата, генерирани од имунолошкиот систем како реакција на овие хранливи материи. Затоа, испитувањето на оваа област е насочена кон откривање на овие антитела при внесување на одредени видови на храна и елиминирање на истите.
Холтер – Кога и зошто се поставува?
Поставувањето на холтер е едноставна и безболна дијагностичка процедура со која се врши 24 часовно надгледување и истовремено регистрирање на крвниот притисок и работата на срцето на пациентот со помош на мониторинг уред така наречен холтер кој се поставува на телото.
Ова мерење се прави за време на секојдневниот, вобичаен начин на функционирање на пациентот во периодот додека се носи холтер апаратот т.е. при движење, одмор, спиење или физички напор.
За време на мерењата се добиваат актуелни вредности на крвиот притисок во текот на испитуваниот педиод. Носењето на холтер за крвен притисок во педиод од едно деноноќие овозможува утврдување на фактот дали воопшто постои покачен артериски крвен притисок, т.е. хипертензија.
Најчесто носењето на 24 часовен холтер се спроведува како дијагностичка процедура при поставување на дијагнозата хипертензија (покачен артериски крвен притисок) или при непостојан, флуктуирачки крвен притисок.
Исто така лекарот може да побара поставување на холтер доколку пациентот има покачените вредности на крвниот притисок кои тешко се докажуваат со единечни мерења. Со холтер се врши и следење на ефектот од препишаната терапија врз намалување на хипертензијата.
Процедурата на поставување холетер е брза и едноставна. Малото апаратче, кое всушност е мерачот, се носи во мала торбичка околу појасот кој пак е поврзан со една обична манжетна прицврстена на подлактицата на пациентот. Оваа комбинација се носи 24 часа, време за кое на секој половина час се врши мерење на притисокот и пулсот.
По изминување на овие 24 часа холтерот се вади од докторот и се вчитуваат податоците кои ги измерил по што тие се обработуваат и анализираат. Резултатите од анализите јасно ќе ги покажат дневно-ноќните флуктуации на пулсот и средниот артериски крвен притисок.
Од резултатите може да се види и кога настануваат евентуалните промени во срцевата фреквенција и постоењето на екстрасистоли т.е. неправилни срцеви отчукувања или прескокнувања. Исто така може да се детектираат и евентуални срцеви блокови како паузи на срцето како и можност утврдување на промени кои укажуваат на срцева исхемија.
Уште една потврда за квалитетот на нашите лабораториски услуги
Највисока оценка за успешно реализираната прва фаза од евалуацијата за идентификација на инфективни микроорганизми од респираторен карактер.
Постојано стремејќи се кон усовршување на нашиот квалитет, Лабораторијата за Генетика и Персонализирана Медицина при Клиничката болница Жан Митрев, годинава се вклучи во програматата за надворешена контрола на квалитет при врвната организација за сертификација CAP (College of American Pathologists Колеџ на Американските патолози), при што учинокот беше 100%. Добивме највисока оценка при евалуацијата за идентификација на инфективни микроорганизми од респираторен карактер.
CAP условите ги исполнуваат само најдобрите дијагностички лаборатории во САД и пошироко, а ова е уште еден доказ дека во клиниката Жан Митрев се работи по највисоки американски стандарди.
Покрај детекција на коронавирусот SARS-CoV-2 во нашата лабораторијата се детектираат и десетици други инфективни вируси и бактерии.
Мирен срцев ритам со помош на електрофизиолошка студија
За да стане појасно што претставува електорфизиолошката студија и како таа придонесува за воспостваување на миран срцев ритам, најпрво да кажеме збор два за електорфизиологијата како наука.
Електрофизиологијата како наука всушност ги проучува електричните својства на клетките и на ткивата во еден организам.
Во тој контекст електрофизиолошката студија претставува инвазивно испитување кое се применува со цел проценка, дијагностика и лекување на неправилен срцев ритам кај пациентите.
За време на ова испитување со помош на неколку специјални жици, кои се нарекуваат електродни катетери, поставени во срцето, докторот го утврдува електричниот систем на срцето . Преку нив се снима интракардијалниот електрокардиограм. Овие електродни катетери се внесуваат преку воведници поставени во вените од препоните, рацете, рамото или вратот.
Електродните катетери се користат за мерење на електрични сигнали кои срцето ги генерира и спроведува при неговата работа. Истовремено, преку истите жици се испраќаат електрични сигнали до срцето, со цел да се репродуцира абнормалниот срцев ритам.
Зошто се прави електрофизиолошка студија?
Со овие основни техники се испитуваат речиси сите видови пореметувања на срцевиот ритам, а се користат и за проценка на ефикасноста од медикаментозен третман кај некои аритмии.
Конкретно:
ЕФ студија се прави најчесто за да се лекува веќе потврдена тахикардија како и да се лоцира изворот на неправилниот срцев ритам кај пациентот.
ЕФ студија се препорачува и со цел да се процени ефикасноста на препишани лекови во лекување на неправилниот срцев ритам како и за правење проценка на причините за одредена несвестица, губиток на свест, срцебиење итн.
ЕФ студија се препорачува и поради утврдување на други причини кои предизвикуваат неправилна работа на срцето, а кои не можат да се утврдат со останатите неинвазивни методи.
Улогата на тестот за антитела IgG SARS-CoV2 spike protein
Биохемиската лабораторија при Жан Митрев Клиника го изработува новиот квантитативен IgG SARS – CoV-2 тест од крвта.
Овој тест за детекција на IgG антитела може да ни помогне при:
- Одредување и следење на имунолошкиот одговор на вакцините, вклучувајќи и истражување за да се утврди колку долго трае одговорот ;
- Во проценка дали нивото на антителата е резултат на природен одговор на вирусот или одговор на примената вакцина ;
- Во проценка на нивоата на антитела за да се утврди потенцијалот за донирање на конвалесцентна плазма.
Попрецизно, со него се детектираат IgG антителата, вклучително и неутрализирачките антитела, на рецептор-врзувачкиот дел (RBD) S1 суб-единицата на “spike” протеинот на SARS-CoV-2, а се мери и концентрацијата на таканаречените неутрализирачки IgG антитела кон COVID-19 на производителот Abbott– како најнова генерација на тестови од овој тип.
Тестот е CЕ-сертифициран,одобрен од FDA. Има исклучително висока клиничка сензитивност и специфичност.
IgG SARS-CoV2 spike protein тестот чини 1200 денари и е достапен без закажување