Извадени два тумори, од кои едниот со огромни димензии, од пациентка која со години била препраќана од една во друга болница

Во нашата клиника еден од многуте карактеристични случаи кои беше забележан во последниов период е случајот со една наша сограѓанка која на свои 56 години доживеа вистинска траума и борба за својот живот во други клиники каде што претходно се лекувала без притоа да ѝ се реши проблемот кој бил животно загрозувачки за неа – со анамнеза за докажан хемангиом на црн дроб пред 5 години. Последна контрола на МСКТ (мулти слајсна компјутеризирана томографија) пред да дојде во Zan Mitrev Clinic имала во 2018 година по што се јавува во нашата клиника на контрола поради незадоволство од услугите во јавното здравство.

– При преглед пациентката е со телесна тежина од 95 кг, со висина од 164 см и индекс на телесна маса (BMI) од 35,33 кг2. Основни тегоби кои ги имаше пациентката се болки под десен ребрен лак и болки во десно рамо. На контролен МСКТ утврдивме дека хемангиомот го зафаќа скоро целиот десен лобус на црниот дроб (со пречник околу дваесетина сантиметри и неколку килограми тежина) со истовремено присутен и помал хемангиом на левиот лобус. Во однос на претходниот наод на МСКТ во моментот хемангиомот се зголемил скоро за 50%. На ниво на хепатичните вени утврдена е компресија и патолошки анастомози со долната вена кава. Реконструкцијата на абдоминалните артерија покажа, како што се и очекуваше, дека помеѓу десната хепатична артеријата и хемангиомот нема патолошки комуникации. Поради големината на промената советувана е за оперативно отстранување на двете промени на црниот дроб – објаснува доктор Милчо Пановски, абдоминален хирург, супспецијалист, во нашата клиника, којшто понатаму со тимот ја изведоа оваа комплицирана операција.

Веднаш се пристапи кон подготовка за оперативен зафат по што се изведе истиот од тимот на Zan Mitrev Clinic. Пациентката е примена и водена согласно ERAS (Enhanced Recovery After Surgery) протоколот. Од тимот што ја изврши операцијата објаснуваат дека поради големината на хемангиомот оперативното поле за интервенција било значително ограничено а операцијата отежната. За време на операцијата поради очекуванато крвавење користен е IOS (intraoperative blood salvage) односно медицинска постапка што вклучува враќање на изгубената крв за време на операцијата и повторно внесување на истата кај пациентот. Оваа постапка е главна форма на авто-трансфузија.

– Успеавме безбедно да се отстрани хемангиомот од десниот лобус како и да се отстрани хемангиомот од левиот лобус. Вкупното време на операцијата изнесуваше 210 мин. Операцијата и пост оперативниот тек беа уредни – додава доктор Пановски.

По операцијата пациентката е со стабилна здравствена состојба и е на домашно заздравување.

„Ми рекоа дека имам тумор и дека мора да се оперирам но дека сега е време на годишни одмори па тоа нема кој да го направи“

 

Во нашата клиника често пати нашите тимови од доктори се ставаат во состојба да реагираат брзо, одлучно и исправно. Борбата за животот на пациентот е приоритет кој во трката со времето станува единствена цел за сите. Во таа борба се употребуваат сите расположливи средства и од техника и од човечки фактор без оглед на време и место. Токму таква борба, која е многу честа во нашата клиника, се одвиваше и за животот на еден наш сограѓанин кој замислете бил вратен т.е. не бил итно опериран, иако состојбата тоа го барала, од една од државните болници, и тоа замислете „поради започнување на годишните одмори“.

– Иако имав болки и многу тешко се движев во државна болница ми рекоа дека нема кој да ме оперира. Ми ги направија испитувањата и ми рекоа дека имам тумор и дека мора што поскоро да се оперирам но дека сега е време на годишни одмори па тоа нема кој да го направи. Јасно ми беше дека морам спасот да го барам на друго место по што моето семејство одлучи да побараме спас во клиниката „Жан Митрев“. Тука ме оперираа и голема благодарност до целиот тим што се заврши како што треба – вели пациентот, потсетувајќи се низ сè што поминал.

Неговата приказна во Zan Mitrev Clinic започнува откако се јавува на преглед по што веднаш е хоспитализиран и по сите направени испитувања закажана е операција.

– Констатирано е дека пациентот на возраст од 71 год. (тежок 56 кг, висок 162 см, BMI 21,34 кг2) има неурофибросарком во левата страна во ретроперитонеум. При клинички преглед утврден е голем палпабилен тумор во абдоменот кој јасно испакнува. Исто така беше видлива рана од претходна биопсија. Лабораторија во прилог на неконтролирана гликемија, анемија, тромбоцитоза (Plt 406,1 × 103/μL) потхранетост (Albumini 22,0 g/l). Проверката на МСКТ покажа дека туморот го инфилтрира левиот бубрег и неговите крвни садови, го избуткува колонот и има нејасен однос кон мезентерични крвни садови од тенкото црево. Истовремено го истуркува/инфилтрира панкреасот и прави компресија на лиеналната вена. Поради анемијата и потхранетоста подготовката за оперативен третман е направен согласно ERAS (Enhanced Recovery After Surgery) протоколот – информира Проф. Д-р Милчо Пановски, абдоминален хирург, субспецијалист во Zan Mitrev Clinic

Под комбинирана (општа и епидурална) анестезија пациентот е опериран. Интраоперативно е утврдено дека постојат метастатски промени на оментумот но дека е можна радикална процедура.

Комбинираниот онколошки тим од нашата клиника (уролог, абдоминален хирург) успешно ја заврши операцијата. Туморот кој беше со огромни димензии, 27×17×14 см, заедно со оментум е отстранет. Направено е и отстранување на дел од телото и опашката на панкреасот заедно со слезенката. Поради инфилтрација на туморот во крвните садови на колонот направена е и парцијална ресекција на колонот со термино-терминална анастомоза.

  • Вкупно време на интервенцијата 260 минути.
  • Пост оперативно дадена супституциона терапија за панкреасната егзокрина и ендокрина функција, профилакса за тромбоцитозата, и е воден согласно ERAS протоколот.
  • Постоперативниот тек уреден, со присутна еднодневна психогена дезориентираност.

Zan Mitrev Clinic учесник на шестиот Конгрес на Македонското здружение по кардиологија

Од 3 до 6 октомври во Охрид се одржа шестиот Конгрес на Македонското здружение по кардиологија со меѓународно учество. Конгресот беше наменет за кардиолози, специјализанти по кардиологија и други професионалци кои работат во областа на кардиологијата кои учествуваа во различни теми од кардиоваскуларната медицина.

На конгресот беше претставена и Zan Mitrev Clinic со свои претставници а секако како прв предавач со доктор Жан Митрев по што следеа предавањата на доктор Иван Милев, доктор Предраг Милојевиќ и докторка Тања Анѓушева.

Една од главните теми на Конгресот беше кардиоваскуларните сликовни техники, кои се многу важен сегмент во поставувањето на дијагнозата, прогнозата, одлуката за третман и следење на кардиоваскуларните заболувања. Коронарните и структурните миокардијални заболувања третирани со перкутани интервенции, срцевите аритмии и болест на периферните артерии беа темите кои исто така беа во фокусот на Националниот Конгрес на Македонското здружение по кардиологија.

Секако дека и коронарната артериска болест, срцевата слабост, кардиомиопатиите, превентивната кардиологија, фармакотерапијата, кардиохирургијата, педијатриската кардиологија и други кардиоваскуларни заболувања имаа свое место за презентација и дискусија на Конгресот.

Конгресот беше составен од пленарни сесии со домашни и меѓународни експерти, симпозиуми, орални и постер презентации во областа на современата кардиоваскуларна медицина.

За време на Конгресот се одржа првиот Балкански конгрес на медицински сестри и техничари каде што нашата клиника зеде видно место со своите претставници.

Овој Конгрес е можност за размена на искуства за најновите научни и професионални достигнувања во кардиологијата и за слушање и запознавање на колегите од овие области од земјата и од странство.

Центар за урогинекологија и реконструктивна пелвична хирургија

Нашиот центар е специјализиран за дијагностика и третман на жени со:

  • Уринарна инконтиненција (неволно испуштање на мокраќа)
  • Фекална инконтиненција (неволно испуштање на гасови/ столица)
  • Пролапс на генитални органи (утерус, вагина, бешика и ректум спад од нормална позиција)
  • Интерстицијален цистит (инфламација на ѕид на бешика)
  • Сексуална дисфункција како резултат на инконтиненција или пролапс.

Голем број на жени не бараат медицинско решение за овие  состојби поради срам,  поради страв дека позади овие симптоми се крие нешто посериозно и поопасно или сметаат дека ваквата нивна состојба е нормална за нивната возраст.

Спротивно на воспоставеното мислење, светските анализи покажуваат дека 35% од жените кои одат на рутински гинеколошки преглед имаат неволно испуштање на мокраќата, а 40% имаат среден или тежок степен на спуштање на гениталните органи. 13% од постменопузалните (постарите) жени имаат неволно цревно празнење (цревна инконтиненција).

Овие  состојби  не се нормални за било која возраст, и овие заболувања можат да предизвикаат значајни физиолошки, социјални, емоционални, сексуални, психолошки и професионални  пореметувања.

Терапијата за инконтиненцијата и пролапсот може да  е : хируршка и не – хируршка. Лекарите од  „Жан Митрев” имаат индивидуален пристап кон секој пациент и го базираат третманот во зависност и од потребите и желбите на секоја жена.

Ние на секоја жена и ги нудиме сите можности за терапија на нејзината состојба и помагаме  секоја жена го одбере најдоброто за неа.

Секоја жена чии дневни активности и квалитет на живот се афектирани од овие состројби треба да побара соодветна медицинска помош.

 

ПРЕПОЗНАЈ  ГИ СВОИТЕ СИМПТОМИ:

  • Дали се случува несакано да испуштите мокраќа кога кашлате, кивате, трчате, скокате, се смеете, носите товар, имате сексуален однос и друго?
  • Дали често ви се јавува силна желба да мокрите, да испуштите урина пред да стигнете до тоалет?
  • Дали мокрите секој час во текот на денот или повеке од 2 пати навечер?
  • Дали случајно/несакано испуштате гасови или столица барем еднаш во текот на неделата?
  • Дали често имате силна желба за празнење на цревото, па да испуштите малку столица пред да стигнете до тоалет?
  • Дали забележувате испакнување (топче) кај вагината при бањане?
  • Дали морате да го вратите назад во вагината за да мокрите или дефецирате?
  • Дали чувствувате притисок и тегнење во вагиналниот предел кој се намалува и се губи откако ќе легнете?
  • Дали се подмочувате при смеење, кашлање, сексуален однос или друга активност?

 

Доколку одговорот е Да на било кое од овие прашања, закажете преглед со нашите субспецијалисти за урогинекологија и реконструктивна пелвична хирургија.

Преглед и терапија

Иницијалната посета трае просечно 30 минути, иследувањето е многу слично на рутинскиот гинеколошки преглед. Ке има доволно време за разговор за вашата состојба и можностите за терапија.

Соодветни најсовремени дијагностички тестови и апаратура.

Процедури:

  • Вагинопластика (пластика и рејувенација на вагина)
  • Перинеопластика (стеснуванје на влезот на вагина)
  • Пластика на големи и мали усни на вулва
  • Редукција и зголемување на клиторис
  • Хименопластика
  • Ласер ремоделирање
  • Третман на инконтиненција со и без трака
  • Корекција на цистоцела (спуштена бешика)
  • Корекција на ректоцела/ ентероцела (спуштено дебело црево)
  • Подигање на бешика после хистеректомија
  • Подигање на матка
  • Хистеректомија (вагинална, абдоминална, лапароскопска)
  • Хистероскопија
  • Ендометријална аблација

 

Проф. д-р Васил Илиев

Специјалист гинеколог акушер, Супспецијалист урогинеколог

Што е магнетна резонанца на срце и како се изведува

Магнетна резонанца (МР) на срце е неинвазивна дијагностичка метода која користи магнетно поле и радиофрекфентни бранови за да создаде детална слика на срцето, крвните садови и околните органи.

За што може да се користи магнетна резонанца на срце?

  • Да се провери дали има оштетување на ткивото од миокарден инфаркт, колкаво е тоа оштетување и дали е трајно (вијабилитет на миокард)?
  • Прецизна проценка на срцева слабост, потенцијални причини за срцевата слабост
  • Евалуација и дијагностика на кардиомиопатии (дилатативна, хипертофична, рестриктивна амилодоза)
  • Дијагностика на миокардитис (инфламација на срцевиот мускул)
  • Валвуларни маани
  • Проценка на перикардот (обвивката околу срцето)
  • Проценка на конгенитални срцеви аномалии

МР на срце е безбедна и безболна дијагностичка процедура. Луѓе со било какви уреди со метали во и на телото не би требало да се снимаат без потврда дека уредот е безбеден за МР тестирање (MRI safe).

Такви уреди ги вклучуваат следните:

  • Електростимулатори на срцето (пејсмејкери), имплантирани кардиодефибрилатори (ICD) и уреди за ресинхронизациона терапија (CRT)
  • Импланти во внатрешно уво
  • Имплантирани инфузиски пумпи, неуро-мускулни стимулатори, интраутерини уреди за контрацепција
  • Клипси за мозочни аневризми
  • Некои дентални импланти
  • Било какви метални делови во телото

Пред прегледот треба да се пријави доколку пациентот е во тек на бременост, има тетоважи, има стент, валвуларна протеза или хирургија на срцето или бубрежна болест.

Што се случува за време на прегледот?

  • Прегледот обично трае 30-60 минути
  • Пациентот лежи на комфорна движечка маса со слушалки преку кои се слушаат упатствата на технологот
  • Потребна е соработка на пациентот во однос на земање воздух, издишување и задржување на здивот во тек на неколку секунди
  • За цело време се следи ЕКГ, кислородна сатурација а пациентот може слободно да зборува со технологот додека трае прегледот
  • Доколку е потребна апликација на контраст, пред прегледот се планира интравенска канила во раката

По прегледот возможно е веднаш враќање на нормалните активности. Нема никави ограничување со оглед на тоа што нема јонизирачко зрачење. Резултатите од прегледот вообичаено се добиваат по 2-3 работни дена.

Кардиоваскуларни решенија

Кардиоваскуларните болести се најчеста причина за тешки животни компликации, инвалидитет и смрт за огромен број на луѓе. Поради специфичностите на болеста, разните кардиоваскуларни состојби се тешко сфатливи за многу медицински профили. За пациентите и нивните најблиски пак тоа претставува загадочна енигма и тешко можат да ја разберат суштината на проблемот, но и јасната насока во неговото можно решавање.
Преку многу слики, а со малку придружен и едноставен текст, преку јасно опишани случаи на одредени медицински состојби, во книгата јасно се дадени и можните решенија.

Книгата е достапна на amazon, bookaroo и kupikniga.

Хистероскопија

Оперативната хистероскопија е феноменален напредок во решавањето на гинеколошките проблеми и здравјето на голем број на жени. Таа е интервенција во која под директна визуелизација со камера на шуплината на матката можеме да решиме многу проблеми што ги засегнуваат жените, за кои предходно беше потребна операција. Абнормалното утерино крварење е симптом кој најверојатно влијае на 40% од жените кои доаѓаат во гинеколошките ординации. Некои од нив се третираат со хормонска терапија, но кај голем дел од нив постои промена во шуплината на матката , која денес ја решаваме микроинвазивно како еднодневна хирургија со минимален период на опоравување. Денес многу жени чии професионални обврски наложуваат брзо да се вратат на работа, бараат алтернативни модалитети на класичната хирургија.

Опертивната хистероскопијата е денес златен стандард за отстранување на полипи од шуплината на матката, миоми кои се видливи во внатрешноста на матката, аблација на ендометриум, која ја користиме кај жени кои завршиле со репродукција, и кои имаат обилни менструации кои пак доведуваат до анемија, и општа слабост.

Покрај примена во третирање на интраутерина патологија пратена со абнормално и обилно утерино крварење, хистероскопијата има примена и во решавање на проблемот со конгениталните аномалии на утерус, како и инфертилитетот со ресекција на преграда на матката.

Денес хистероскопската хирургија има значајно место во секојдневната гинеколошка пракса носејќи со себе голем напредок во третманот на жените.

Д-р сци Ирена Андонова

Zan Mitrev Clinic