Совети како да се грижите за вашето здравје при ниските температури

Падот на температурите што се случува секоја година кон крајот на есента, со себе носи и зголемен ризик од заразување со респираторни заболувања, како што се грип или бронхитис.
Поради оваа причина, особено е важно да се преземат мерки на претпазливост кај најранливите групи: деца, лица над 65 години, бремени жени или лица со ослабен имунолошки систем.

Подолу ќе најдете 6 едноставни совети за превенција:

1. Дневно вентилирајте ги просторите

За време на студените месеци, луѓето имаат тенденција да останат на слабо проветрени места со часови, нешто што може да го поттикне ширењето на вирусите. Отворањето на прозорците и пуштањето на воздухот да циркулира неколку минути секој ден е од суштинско значење за да се оксигенираат просториите и да се спречи акумулација на микроорганизми.

2. Често миете ги рацете

Оваа едноставна акција во голема мера го минимизира ризикот од настинка или грип. Препорачливо е да го направите тоа откако ќе стапите во контакт со потенцијално контаминирани површини (како што е возење со автобус или масата во кафетеријата) како и по контакт со болни лица.

3. Вакцинирајте се против сезонски грип

Оваа вакцина е особено индицирана за лица кои влегуваат во ризични групи: деца со некакви патологии, возрасни лица над 65 години и лица кои страдаат од хронични заболувања. Обезбедува заштита од 6 до 12 месеци и се препорачува да се дава пред почетокот на зимата.

4. Избегнувајте ги големите промени на температурата

Движењето од ладна средина во топла средина или обратно предизвикува имунолошкиот систем да реагира помалку ефикасно на надворешните агресии. Поради оваа, препорачливо е да го одржувате просторот на температура под 23 степени Целзиусови и да ја прилагодите облеката на секоја средина: извадете ги капите, јакните и шалот кога сте во топли простори и облечете ги кога излегувате надвор или влегувата во поладна просторија.

5. Покријте ја устата кога кашлате или кивате

Вирусите и бактериите патуваат низ воздухот преку ситните капки кои се исфрлаат при кашлање и кивање. Ако инфекцијата веќе постои, најдобрата опција за да се избегне нејзино ширење на други луѓе е да се користи марамче за еднократна употреба и да се избегне директен контакт на мукозните мембрани со рацете.

6. Одговорно користете ги лековите

Земањето лекови на погрешен начин, особено антибиотиците, може да има штетни ефекти врз здравјето бидејќи тие немаат ефект врз вирусните инфекции како што е грипот и може да генерираат отпорност и да престанат да бидат ефективни кога е потребно, а истовреме го ослабуваат вашиот имунолошки систем и ве праваат посклони кон вирусните инфекции.
Уживањето во најстудените месеци од годината е можно доколку преземеме екстремни мерки на претпазливост и ги примениме горенаведените превентивни мерки, особено кај лицата кои припаѓаат на најранливите групи.

Клиника Жан Митрев додели 80 ваучери за бесплатни педијатриски прегледи за новородечињата од Општина Центар

Клиниката Жан Митрев додели уште 80 ваучери за бесплатни педијатриски прегледи на новороденчиња од Општина Центар. Ова е веќе третпат годинава како се доделуваат ваучери за бесплатни прегледи за семејствата од оваа општина кои годинава добиле дете и досега се поделени вкупно 300 ваучери.

Доделувањето на ваучерите е согласно меморандумот за соработка што клиниката го има потпишано со Општина Центар и е традиционална активност која се одвива веќе пет години по ред. Со ваквата грижа Клиника Жан Митрев придонесува за безгрижен и здрав развој на новороденчињата и ги советува родителите за понатамошниот правилен развој.
Ваучерот може да се искористи во следните 3 месеци од доделувањето. Педијатрите на Клиника Жан Митрев ги очекуваат родителите да закажат преглед за своето бебе на телефонскиот број 02 3091 484.

Загаден воздух и последици

Загадувањето на воздухот е контаминација на внатрешната или надворешната средина предизвикана од кој било хемиски, физички или биолошки агенс што ги менува природните карактеристики на атмосферата.

Уредите на цврсти горива за греење во домаќинствата, моторните возила, индустриските капацитети и шумските пожари се вообичаени извори на загадување на воздухот. Загадувачите кои се загрижувачки за јавното здравје вклучуваат: честички, јаглерод моноксид, озон, азот диоксид и сулфур диоксид. Загадувањето на воздухот на отворено, но и внатре, предизвикува респираторни и други болести кои се важни извори на морбидитет и морталитет.

Податоците од СЗО покажуваат дека глобално речиси целото население (99%) дише воздух што ги надминува ограничувањата на упатствата на СЗО и содржи високи нивоа на загадувачи, а земјите со низок и среден приход страдаат од најголема изложеност.

Квалитетот на воздухот е тесно поврзан со климата и екосистемите на планетата земја на глобално ниво. Многу од двигателите на загадувањето на воздухот (т.е. согорувањето на фосилните горива) се исто така извори на емисии на стакленички гасови. Според тоа, политиките за намалување на загаденоста на воздухот нудат успешни стратегии во поглед на климата и здравјето, со цел намалување на товарот од болестите кои се предизвикани од загадувањето на воздухот. Секако овие стратегии придонесуваат за поскоро и подолгорочно ублажување на климатските промени.
Од смогот кој надвиснува над градовите до чадот во домовите, загадувањето на воздухот претставува голема закана за здравјето и климата.

Загадувањето на амбиенталниот (надворешниот) воздух, како во градовите така и во руралните области, резултира со ситни честички кои предизвикуваат со мозочни удари, срцеви заболувања, рак на белите дробови, акутни и хронични респираторни заболувања.
Дополнително, околу 2,4 милијарди луѓе се изложени на опасни нивоа на загадување на воздухот во домаќинствата, бидејќи користат загадувачки отворени огнови или шпорети за греење/готвење во кои горат биомаса (дрва и отпадоци) и јаглен.

Комбинираните ефекти од загадувањето на амбиенталниот воздух и загадувањето на воздухот во домаќинствата се поврзани со 7 милиони предвремени смртни случаи годишно.

Изворите на загадување на воздухот се повеќекратни и специфични за конкретно окружување. Главните извори на загадување на отворено ги вклучуваат: станбената енергија за готвење и греење, возилата, производството на електрична енергија, земјоделството/согорувањето на отпадот и индустријата. Политиките и инвестициите кои поддржуваат одржливо користење на земјиштето, почиста енергија и транспорт на домаќинствата, енергетски ефикасните станови, производството на електрична енергија, индустријата и подобро управување со комуналниот отпад можат ефикасно да ги намалат клучните извори на загадување на амбиенталниот воздух.

Активности на СЗО за спрвување со загадувањето

СЗО промовира интервенции и иницијативи за здрави секторски политики (вклучувајќи ги енергијата, транспортот, домувањето, урбаниот развој и електрификацијата на здравствените установи). Исто така работи на адресирање на клучните ризици по здравјето од загадувањето на воздухот во затворени простории и на отворено. Сето ова со стремеж кон поголем придонес во постигнување на заеднички здравствени придобивки од климските услови и промена на политиките за ублажување.

СЗО обезбедува техничка поддршка на земјите-членки на СЗО во развојот на нормативни насоки, алатки и обезбедување на авторитативни совети за здравствени прашања поврзани со загадувањето на воздухот и неговите извори.

СЗО ги следи и известува за глобалните трендови и промените во здравствените резултати поврзани со активностите преземени за справување со загадувањето на воздухот на национално, регионално и глобално ниво.

СЗО, исто така, има развиено и имплементирано стратегија за подигање на свеста за ризикот од загадување на воздухот, како и достапни решенија што може да се имплементираат за да се ублажат ризиците од изложеност на загаден воздух. Преку дигитален пристап и партнерства, СЗО помогна да се збогати вредносниот предлог за справување со загадувањето на воздухот за министерствата за здравство и животна средина, градските власти и другите засегнати страни од секторите со значителни емисии.

Шизофренија

Шизофренијата е заболување кое опфаќа околу 1% од светската популација и е едно од 10 водечки причини за попреченост (инвалидитет) во светот. Пред да појасниме како се манифестира, би го поедноставиле терминот шизофренија. Тој е кованица од два збора – Shizos (поделен на многу делови) и Phrenos (душа/ум) што на народен јазик го означува расцепот, поделеноста на душата.

Оттука и стручно, велиме дека Шизофренијата претставува сериозно ментално нарушување во кое личноста не секогаш може да ги разликува сопствените мисли и идеи од реалноста, а различно се однесува во зависност од околината. Затоа оваа состојба може да биде вознемирувачка како за лицата кои страдаат од нарушувањето, така и за нивните семејства и пријатели.

Лекарите често ја опишуваат шизофренијата како еден вид психоза. Ова значи дека се соочуваат со промени во психичките функции, и тоа: размислување, однесување, емоции, доживувања односно се случува:

Нереално размислување, каде лицата имаат силни верувањеа/убедувања кои се невистинити и спротивни на реалноста. Такви примери се:

  • доживувања дека добиваат специјални пораки/сигнали преку телевизија, интернет кои бараат нивен сериозен ангажман/ пристап,
  • Чувство на лична загрозеност, сомничавост и чувство дека некој се обидува да им наштети,
  • Убедувања дека туѓите гестови или коментари се однесуваат кон нив,
  • Убедувања дека се способни да предвидуваат настани,
  • Дека се битна или значајна личност и сл.

Неповрзан говор:

  • Се префрлуваат од тема на тема,
  • Започнуваат мисла која не се во можност да ја продолжат,
  • Прават кованица на зборови кои зборови сами по себе немаат значење.

Халуцинации односно примање на одредени слушни, видни или допирни сензации кои во реалноста не постојат. Халуцинациите најчесто се од слушен тип, предизвикуваат силно вознемирување на личноста и може да го управуваат нивното однесување.

  • Слушните халуцинации – се одредени шумови, гласови, кои може да се со пријатна или непријатна содржина, реално не присутни;
  • Видни халуцинации – се гледање на лица, настани или животни кои што се реално отсутни;
  • Допирни халуцинации – се доживуваат како делови од телото/органи кои се мрдаат, поместуваат, а такво не се случува.

Проблем во однесувањето:

  • Вкочанетост (ступор) – кога лицето не остварува движење,
  • Заземање на одредена неприродна положба на телото,
  • Континуирано повторување на одредени телесни движења,
  • Манифестирање немир и агитација.

Негативни симптоми – кога постои недостаток или намалена способност за нормално функционирање.

  • проблеми при планирањето и придржувањето кон планираните активности,
  • недостиг на задоволство во секојдневниот живот,
  • постоење на ослабена лицева експресија на емоции,
  • повлекување од социјална интеракција и сл.

Когнитивни – се однесуваат на проблеми во вниманието, концентрацијата и меморијата. Овие симптоми може да го отежнат следењето на разговор, учењето нови работи или присетување на задачи, обврски. Согледувањето на нивото на когнитивна способност на една личност е најдобар показател за квалитетот на нивното секојдневно функционирање.

Согласно многубројните наведени симптоми, може да се заклучи дека тие го отежнуваат учеството на лицата во вообичаените, секојдневни активности и тоа од лесен до изразен степен. Оттука, состојбата бара навремен преглед, редовно и доживотно примање на антипсихотични лекарства. Раниот третман може да помогне да се стават симптомите под контрола, пред да се развијат сериозни компликации и може да помогне да се подобри долгорочниот исход.

И покрај тежината на клиничката слика, голем дел од лицата кои што имаат редовен медикаментозен третман и психијатриска контрола на состојбата завршуваат и високо образование, имаат редовен работен однос и формираат брачна заедница.

За остварување на консултација или преглед за вашата психичка состојба, ви стои на располагање, М-р д-р Марија Костадиновска – психијатар во Жан Митрев Клиника. Закажете термин на 02 3 091 484.

Што претставува хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ)?

Хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) е група на белодробни заболувања кои го отежнуваат дишењето и истата се влошува со текот на времето.
Дишните патишта и алвеолите на белите дробови се еластични и се шират. Додека вдишувате, низ вашите дишни патишта влегува воздух кој го снабдува телото со кислород. Доколку имате ХОББ, количината на воздух кој влегува и излегува низ дишните патишта е ограничена, а тоа може да предизвика проблеми:

  • Дишните патишта и алвеолите на белите дробови стануваат помалку еластични,
  • Ѕидовите на дишните патишта стануваат дебели и можат да имаат оток,
  • Дишните патишта произведуваат повеќе слуз од нормалното и може да се блокираат.

Кои се видовите на ХОББ?

Постојат 2 два главни типа:

  • Емфизем: Тој ги зафаќа пулмоналните алвеоли, како и ѕидовите меѓу нив. Кај овој тип тие се оштетени и помалку еластични
  • Хроничен бронхитис: Кај овој тип, слузницата на дишните патишта е постојано иритирана и воспалена, што доведува до појава на оток и слуз.

Повеќето луѓе со ХОББ имаат емфизем и хроничен бронхитис, но сериозноста на секој тип може да биде различна во зависност од личноста.

Која е причината која предизвикува ХОББ?

ХОББ обично е предизвикан од долготрајна изложеност на надразнувачи кои ги оштетуваат белите дробови и дишните патишта. Чадот од цигарите е идентификуван како водечка причина за оваа болест (согласно истражувања во САД), пурите и другите видови чад од тутун исто така може да предизвикаат ХОББ, особено ако се вдишуваат во континуитет.

Изложеноста на други надразнувачи преку вдишување исто така можат да придонесат за појава на ХОББ. Тие вклучуваат пасивно пушење, загадување на воздухот и хемиски испарувања или прашина од околината или работното место. Возраста и астма исто така се дел од можните причинители на оваа болест.
Генетската состојба наречена дефицит на алфа-1 антитрипсин, во ретки случаевио, но сепак може да игра улога во предизвикувањето на ХОББ.

Кои се симптомите на ХОББ?

Симптомите може да изостануваат на почетокот или може да бидат само благи. Како што болеста се влошува, нејзините симптоми обично стануваат потешки.
Тие може да вклучуваат:

  • Честа кашлица или кашлица која произведува многу слуз
  • Отежнато дишење
  • Звук на кркорење или свирење кога дишете
  • Недостаток на здив, особено ако сте физички активни
  • Чувство на притисок во градите

Некои индивидуи со ХОББ добиваат чести респираторни инфекции, како што се настинки и грип. Во тешки случаи, ХОББ може да предизвика губење на тежината, мускулна слабост, ограничена мускулна активност и оток на глуждовите, стапалата или нозете.

Како се дијагностицира ХОББ?

За да се постави дијагноза, вашиот доктор може да се послужи со:

  • Вашата медицинска историја, вклучувајќи прашања за вашите симптоми
  • Вашата семејна историја
  • Различни лабораториски тестови, како што се тестови за белодробна функција, рендген на граден кош или КТ скен и крвна слика.

Како се третира ХОББ?

ХОББ не исчезнува но постојат третмани кои може да ги ублажат симптомите, да го забават напредокот на болеста и да ја подобрат вашата способност да останете активни. Исто така, постојат третмани за спречување или лекување на компликации од болеста. Третманите вклучуваат:

Промени во животниот стил

  • Ако сте пушач, да се откажете од пушењето е најважното нешто што можете да го направите за ублажување на ХОББ
  • Избегнувајте пасивно пушење и места каде што може да вдишете други надразнувачи на белите дробови
  • Побарајте од вашиот лекар план за оброци што ги задоволува вашите нутритивни потреби.

Прашајте и колку физичка активност можете да правите. Физичката активност може да ги зајакне мускулите кои ви помагаат да дишете и да ја подобрите вашата целокупна благосостојба

Лекови

  • Бронходилататори: Тие служат за опуштање на мускулите околу дишните патишта. Ова им помага да се отворат и го олеснува дишењето. Повеќето бронходилататори се примаат преку инхалација. Во потешки случаи, инхалаторот може да содржи и кортикостероиди за да се намали воспалението.
  • Вакцини против грип и пневмококна пневмонија (Streptococcus pneumoniae): Лицата со ХОББ се изложени на поголем ризик од сериозни проблеми од овие болести
  • Антибиотици ако имате бактериска или вирусна инфекција на белите дробови.

Терапија со кислород

Се користи ако имате тешка ХОББ и ниски нивоа на кислород во крвта. Терапијата со кислород може да ви помогне да дишете подобро. Можеби ќе ви треба дополнителен кислород постојано или само во одредени периоди.

Третманот на пациентите со ХОББ е комплексен и во нивното лекување треба да бидат инволвирани специјалисти (пулмолог, физиотерапевт и нутриционист) кои директно треба да соработуваат во индивидуалниот третман на пациентот. Само соодветната комбинација од третмани и совети од различните специјалисти може да влијае на успешноста на лекувањето на пациентите со ХОББ.

Сертификати за нашите инструментарки Натка Кузевска и Христина Божиновска

Минатиот месец во Загреб се одржа траума курс за менаџирање на фрактури во оперативен блок. Нашите инструментарки Натка Кузевска и Христина Божиновска кои беа присутни на овој курс се здобија со дипломи. Курсот беше во организација на АО Траума – организација водена од светски познати хирурзи која има за цел обучување на медицинскиот персонал во хируршки третман на фрактури и мускулоскелетни нарушувања. Надоградбата на знаење на сите нивоа е од клучно значење особено кога се работи за примена на иновативни техники и пристапи кон различни видови на скршеници, апсолутна и релативна стабилност и рана мобилизација. Секако, сето ова тие ќе имаат шанса да го применат уште веднаш во својата секојдневна работа заедно со нашите доктори ортопеди и трауматолози.

По повод Светски ден на дијабетес се одржа едукативна работилница за новодијагностицирани пациенти

Дијабетесот е еден од најголемите светски здравствени предизвици на 21 век. Лошо контролиран дијабетес е поврзан со бројни потенцијални живото-загрозувачки компликации.
Светскиот ден на дијабетесот се одбележува секоја година на 14 ноември. Станува збор за глобална кампања за подигање на свеста која се фокусира на дијабетес мелитус, хронична болест која се јавува кога панкреасот не произведува доволно инсулин или кога телото не може ефикасно да го користи инсулинот што го произведува.

(Овој ден е креиран во 1991 година од страна на Меѓународната федерација за дијабетес (IDF) во соработка со Светската здравствена организација (СЗО) како одговор на зголемената загриженост за дијабетесот ширум светот. Синиот круг е универзален симбол за дијабетес и означува единство во глобалната борба против дијабетесот.)

Целта на Светскиот ден на дијабетесот е да се подигне свеста за дијабетесот, неговите причини, симптоми, компликации и како може да се управува и спречи. Кампањата, исто така, има за цел да ја промовира важноста на раната дијагноза и пристапот до соодветен третман.
Стручниот тим од клиничката болница „Жан Митрев“ предводен од д-р Џулиана Михајловска, специјалист ендокринолог, во текот на целата година вложува напори за подигнување на свеста за дијабетесот, спроведува едукација и обезбедува здравствена грижа за лицата со дијабетес во нашата држава. Едукацијата на пациентите со дијабетес е клучна за успешно управување со состојбата. Затоа оваа година во рамки на одбележување на Светскиот ден на дијабетесот, д-р Џулиана Михајловска од клиничката болница „Жан Митрев“ на покана на претседателот на Здружението на дијабетичари на општина Битола, на 10 ноември 2023 година во Битола, заеднички ја реализираа Првата едукативна работилница за новодијагностицирани пациенти.
Во текот на работилницата поддршка и совети за пациентите од различна перспектива споделија и М-р фарм. Нина Кирковска (раководител на инсулинска аптека – Депо за лекови при ЈЗУ Здравствен дом Битола) и психолог Биљана Солунчевска.

На работолницата покрај новодијагностицирани лица со дијабетес присуствуваа и лица кои подолго време се справуваат со оваа болест. Д-р Џулиана преку практични и непосредни совети ги обучи присутните како да се справат со секојдневните предизвици што ги носи дијабетесот и да го подобрат својот живот. Присутните со големо внимание ги следеа препораките на докторката и изразија задоволство од спроведената работолница и можноста за непосредна комуникација со д-р Џулиана Михајловска.
Душанка Атанасовка, претседател на Здружението на дијабетичари на општина Битола изрази благодарност за досегашната соработка и го пренесе интересот на лицата со дијабетес од општина Битола, за следни едукации што ќе ги реализира д-р Џулиана Михајловска, специјалист ендокринолог од клиничката болница „Жан Митрев“.

5 клучни совети за одржување добро здравје кај мажите

Зафатените распореди често ги спречуваат мажите да живеат поздрав живот, односно да обрнат внимание на своето здравје. Но, тоа не мора да биде така. Затоа подготвивме неколку основни совети. Следењето на овие едноставни совети, ќе ви помогнат да се чувствувате посреќни, поздрави и подобро подготвени за максимално да уживате во вашиот живот.

Конзумирајте здрава храна

Погрижете се вашата исхрана да се состои претежно од зеленчук, протеини, овошје, јаткасти производи и целозрнести житарки. Иако не треба целосно да се лишувате од храна која е надвор од овие групи, ограничете го внесот на десерти, бел леб, пецива и алкохол. Одржувајте го вашиот план за здрава исхрана едноставен така што ќе го испланирате вашето мени, вашите ручеци и закуски уште на почетокот на неделата. Ова ќе ви помогне да избегнете посегнување по брза и нездрава храна во текот на денот.

Вежбајте

Редовната физичка активност е од суштинско значење за да изгледате и за да се чувствувате најдобро. Изберете спортска активност во која уживате. Тоа може да биде вежбање со тегови, трчање или возење велосипед и одвојте време за тоа неколку пати неделно. Препораката осд СЗО е 45 минути интензивна физичка активност 5 пати во неделата или 60 минути умерена секој ден.

Направете годишен контролен преглед

Мажите честопати не сакаат да одат на лекар, но годишниот преглед е најлесниот начин за спречување или лекување на големи здравствени проблеми. Со извршување на неколку едноставни тестови, вашиот лекар може да стори сé, од проценка на ризикот од срцев удар до откривање на рак на простата и да создаде план за лекување за било кој проблем кој ќе биде дијагностициран.

Не заборавајте да пиете витамини

Веројатно имате некои нутритивни недостатоци, дури и ако применувате режим на здрава исхрана. Дневниот мултивитамински внес гарантира дека ги примате хранливите материи што ви се потребни за да останете физички и психички здрави. Ние би ви препорачале да изберете од палетата на Orthomol витамини кои се лесно достапни во нашите аптеки (Orthomol cardio, Orthomol immun, Orthomol Vital M, Orthomol mental, Orthomol sport, Orthomol tendo, Orthomol arthroplus).

Инвестирајте во вашето ментално и емоционално здравје

Не заборавајте да одвоите време за активности во кои уживате и да одржувате блиски, здрави пријателства за да го зајакнете вашето ментално и емоционално здравје. Закажете ги овие активности добро однапред и третирајте ги како да се работи за работен состанок со важен клиент; Откажете го само доколку е апсолутно неопходно.

Лекарите во клиничката болница Жан Митрев ви стојат на располагање за сите поребни прегледи, консултации и совети со кои би можеле да ви овозможат поздрав и посреќен живот.
Закажете термин на 02 3091 484