Успешно завршена операција кај 15-годишна пациентка кај која беше отстранет огромен рецидивен синовијален сарком
Автор: zmc_piksel_dev
Успешна операција на тотална транспозиција на главни крвни садови кај бебе од домашниот тим предводен од Акад. Др. Жан Митрев
Првпат во Македонија успешно се изведе една од најтешките и најкомплексните операции на срце кај деца. Новороденото дете од 2.9 кг беше дијагностицирано на Клиниката за педијатрија и веднаш упатено во нашата клиника, Клиничка болница „Жан Митрев“ како итен случај.
После соодветна подготовка, штотуку родениот мал пациент вчера беше успешно опериран.
Се работи за т.н. тотална транспозиција на главни крвни садови, една од најкомплексните аномалии на срцето, со која сите крвни садови излегуват обратно од срцето, со тоа крвта циркулира во обратен правец, овие деца се сини и заради недостаток од кислород умираат набрзо после породувањето.
Операцијата ја изврши Акад. Др. Жан Митрев и целата оперативна подготовка, анестезијата, кардиоперфузијата, инструментарките, како и комплексното постоперативно водење беше од лекарите и персоналот на Клиничка болница „Жан Митрев“.
Мора да се напомене, дека во овој комплексен исклучително тежок оперативен зафат немаше ниту еден странец или советник на ниедна позиција. Со оваа операција и „стариот “ тим и „новиот“- дојдените од државната клиника, покажаа голема зрелост за вакви подвизи во медицината и покажаа, дека веќе се „еден тим“!
Посета на дечиња од „Гете Институтот“
Петнаесетина дечиња од „Гете Институтот“ од Скопје денеска ја посетија нашата клиника.
Тие со дел од своите наставнички по германски јазик имаа можност да видат како се работи во Zan Mitrev Clinic и одблизу да се запознаат со некои процеси во работата.
Задоволството заврши во нашиот ресторан „Пулс“ каде имаа можност да пробаат дел од нашата свежо подготвена вкусна и здрава храна.
Гете-институт е културна институција на Сојузна Република Германија која својата дејност ја извршува низ целиот свет. Го афирмира учењето на германскиот јазик во странство и негува меѓународна културна соработка.
Интернационален состанок на дистрибутери „Кардиоваскуларна хирургија“
На 27 ми Јуни оваа година традиционалниот дистрибутерски состанок на германскиот производител на хируршки конци, парентерални раствори и раствори за третман на рани SERAG WIESSNER се одржа во РС Македонија во соработка со ФИЛА ФАРМ дооел како ексклузивен дистрибутер во земјата повеќе од 15 години.
Овој дистрибутерски состанок се одржа под наслов „Кардиоваскуларна хирургија“, во Клиничка болница „Жан Митрев“. Гости беа дистрибутери од повеќе земји: Србија, Хрватска, Италија, Германија, Ирска, Бахреин. Во првиот дел на овој настан преку опсежни презентации беше презентирано долгогодишната употреба на производите на Serag во секојдневната работа во клиниката. Презентирани беа сите кардиоваскуларни операции каде се употребуваат конците од Сераг како и приказ на случај каде за прв пат се почна со употребата на дезинфициенсите за рани од Сераг – Лаванид.
Континуираната употреба на овие конци е доказ за високиот и непроменет квалитет. Вториот дел од презентацијата се одржа во хотел Мериот, каде претставниците на SERAG WIESSNER преку своја презентација ги претставија своите производи и досегашни достигнувања. Исто така и останатите дистрибутери преку свои примери, разменија свои искуства и сознанија.
ФИЛА ФАРМ, од оваа година дел од програмата на SERAG WIESSNER (Lavanid и Lavanox), раствори за третман на рани почна да ги дистрибуира во нашата аптека ФИЛА и низ аптеките во земјава.
Zan Mitrev Clinic и годинава дел од „Галичка свадба“
Традиционално и оваа година Zan Mitrev Clinic ќе ја поддржи светски познатата културна манифестација „Галичка свадба“. Манифестацијата ќе се одржи во периодот од 12-ти до 14-ти јули во Галичник. Галичката свадба е манифестација која редовно е посетувана од голем број видни претставници на културниот и општествено-политичкиот живот, како и претставници на дипломатскиот кор, кои со особено внимание ја следат единствената хармонија создадена од манифестацијата и неповторливиот „Галички амбиент“.
Галичката свадба со години е прогласувана за најуспешна туристичка манифестација кај нас, а од Њујорк Тајмс и Нешнл Џиографик за најтрадиционален свадбен фестивал во Европа чиј дел секогаш е и нашата клиника.
Во преубавиот амбиент на селото Галичник на Бистра планина, со поставување на свадбарското знаме ќе почне 46. издание на Галичката свадба, една од најспектакуларните културни манифестации во земјата.
Младенците на годинашната манифестација Марина Петровска и Огнен Караѓозовски, кои се избрани во конкуренција од повеќе пара, денес, изјавија дека се особено среќни што се избрани за невеста и младоженец, на најавтентичната и најтрадиционална свадба на сите простори. На манифестацијата учество ќе земат околу 100 статисти облечени во автентични галички носии, КУД со околу 30 учесници, коњица и коњи со техничката поддршка, односно вкупно околу 250 луѓе.
Стручна работилница за детска кардиологија во ZMC
Во просториите на Zan Mitrev Clinic на 28.06.2019 година се одржа стручна работилница за детска кардиологија. Предавачи беа д-р Јасна Калај и д-р Војслав Парезановиќ, кардиолози од Универзитетската Детска Клиника од Белград, кои имаа серија предавања за вродените срцеви маани кај децата како и за ехокардиодијагностиката. Во завршницата од работилницата, триесетината лекари специјалисти имаа можност за практична обука која се направи на деца со вродени кардиопатии и на две трудници кај кои беа дијагностицирани пренатално промени кај срцето на плодот. Работилницата беше акредитирана од Лекарска Комора на Македонија.
Стручна работилница за детска кардиологија
„УНИ-МЕДИКАЛ ПСТ“ со презентација пред тимот на Zan Mitrev Clinic
На 13.06.2019 во просториите на Клиничка болница „Жан Митрев“ презентација на медицинска опрема одржа компанијата „УНИ-МЕДИКАЛ ПСТ“ од Скопје. Нејзина основна дејност е набавка, продажба и сервисирање на медицинска опрема. Таа поседува сертификат ISO 9001 во областа на: примена набавка, продажба и сервис на медицинска опрема, уреди и резервни делови.
Компанијата работи како директен и достоен ексклузивен претставник на повеќе реномирани светски имиња во производството на медицинска опрема како што се: ERBE Elektromedizin GmbH Germany (Електро-Медицина), Rudolf Riester GmbH Germany (Професионална Дијагностика), Fujifilm Japan (Флексибилна Ендоскопија), Dr. MACH Germany (Оперативни светла), Fukuda Denshi Japan (Ултразвучна Дијагностика, ЕКГ Апарати, Холтери…), Cardiatech International (АЕД Дефибрилатори), Neurosoft Russia (Невролошка опрема) итн. Дел од оваа медицинска опрема беше презентирана пред тимот на нашата клиника.