00389 2 3091 484
јули 07,2015
Блаже Арсов физеотерапевт од Специјалната болница„Филип Втори“ одржа предавање на тема „Здрав и балансиран активен живот“
Преку интересни споредби, конкретни примери и анализи беше одржано предавање на тема „Здрав и балансиран активен живот“.
Физиотерапијата го следи спортот на сите спортски терени,таа е составен дел од него .Физиотерапевтите со специјални физиотерапевтски техники можат да им помогнат на спортистите (во нашиот случај ракометарите) полесно да го поминат периодот при повреда а воедно и да им помогнат при превенција од најчестите ракометни повреди(рачен зглоб,скочен зглоб,колено,рамен зглоб и повреди на прстите).Прва физиотерапевтска помош на сите спортски терени е R.I.C.E методот(мирување,мраз,компресија,и елевација).Во подоцнежниот третман на повредата можат да се применат и други мануелни техники или електротерапија.Во предавањето децата имаа можност да дознаат и на кој начин работи човековото срце и колку е голема важноста на кардиоваскуларниот систем особено за спортистите.Специјалната болница „Филип Втори“ како медицински партнер на кампот подготви 3 предавања во насока здрав живот.
Физеотерапевтот Арсов пред децата на возратс од 12-17 години од кампот „Кирил Лазаров 7“ зборуваше за балансирањето помеѓу основните здрави навики и секојдневните активности. Колку сериозно децата можат да го разберерат значењето на сопственото здравје и што се треба да направат за секојдневно одржување на организмот во добра психо-физичка состојба. Акцентот беше ставен на влијанието на нездравата исхрана врз кардиоваскуларниот систем и физичката подготвеност на децата.Според светските стандарди за физичка активност на деца на оваа возраст доволни се 60 минути умерено темпо физичката активност(пливање, трчање, пешачење, возење велосипед и некои групни игри).Спортските активности како што е ракометот треба да бидат присутни 3 пати седмично со поинтензивно темпо. Спортот е сериозна работа и секој кој одлучил да се бави професионално мора да инвестира во сопственото здравје за да ја постигне својата цел.Тие здрави навики се стекнуваат кога ги имаме годините на деца со постојано нивно применување.Насочувањето кон спортот не треба да значи запоставување на училишните обврски туку напротив преку физилката активност се подобрува концентрацијата и севкупниот успех во училиште.