Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

20.07.2010

12. Tања Пампел, Специјалист за медицинска нега, анестезија и интензивна нега


Со Др. Митрев се знаеме уште од времето на неговиот престој во Универзитетската Болница во Франфурт каде што јас бев медицинска сестра за критични случаи во кардиохируршката болница (ICU). Уште тогаш тој беше еден извонреден, многу брз хирург со харизматична личност. Започнувајќи дури од ноември 2002-та год., секоја година поминувам по два-три месеца во “Филип Втори”. Мојата работа тука е теоретска и практична едукација на медицинскиот персонал за нега, имплементирање на актуелните европсски стандарди и подобрување на организацијата на тековното рботење. Не само што Др. Митрев претставуа пионер во кардиохирургијата во Македонија, туку и “Филип Втори”исто така поставува нови стандарди во дијагностицирањето, негата и болничкиот менаџмент. Медицинските сестри поминаа долг пат, започнувајќи од недостаток на систематска едукација, за да стигнат до ниво на професионализам кој ние сега го имаме. Она што ме прави ентузијаст во однос на “Филип Втори”,дури и по скоро пет години, не е само неговиот медицински, организациски и економски професионализам, туку исто така и посветеноста на неговиот персонал на институцијата, фамилијарните меѓучовечки односи кои допринесуваат за извонредна работна атмосфера и интердисциплинарната соработка. Неговата отвореност за промена, креативност и иновација, пристапот на можам -сѐ е возможно, и секоја добра идеја може да биде веднаш реализирана. Би сакала тоа да биде случај и во германското здравство. Др. Митрев и неговиот персонал го изградија “Филип Втори” започнувајќи од нула. Тие поминаа долг пат и сеуште постојано напредуваат. Благодарна сум за задачите и можностите кои ми беа дадени во оваа извонредна институција. Се здобив со многу пријатели и сигурно ќе продолжам да доаѓам тука.