5 совети кои ќе ви помогнат во грижата за здравјето на вашето срце - Zan Mitrev Clinic

Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

19.11.2020

5 совети кои ќе ви помогнат во грижата за здравјето на вашето срце

Здравјето на вашето срце зависи директно од начинот на живот што го практикуваме. Физичката активност и здравата исхрана треба да се неразделен дел од нашата дневна рутина.

Пролонгираното работно време нè принудува да седиме со часови, потоа да се вратиме дома најчесто со превоз, наместо пешки, да јадеме и да си легнеме. Ваквата рутина е главната причина за седентарен начин на живот и е главен непријател на здравјето на нашето срце.

Соочени со оваа реалност, лекарите предупредуваат за уште еден фактор што директно влијае на нашето срце, потврдувајќи дека „лошата исхрана особено влијае на здравјето на срцето. Евидентно е прекумерното консумирање на сол а малку калиум,  комбинирано со недостаток или консумирање на многу мала количина разновидно сурово овошје и зеленчук, како и консумирање на лоши масла “.

5 совети за да се грижите за здравјето на вашето срце

Доколку имате седентарен начин на живот, диета/ исхрана богата со натриум и сте пушач, проверете го крвниот притисок, бидејќи хипертензијата е тивка болест, со тешки последици, кои предизвикуваат долгорочно проблеми со срцето и бубрезите.

Извршувањето на физички преглед е најефективната опција за исклучување на можни срцеви патологии, како и изведување на електрокардиограм преку ултразвук, што овозможува да се види внатрешноста на срцето и да бидат открини абнормалности кои не се манифестираат клинички.

Кардиолозите препорачуваат да ги практикувате следниве пет чекори како постапки кои ќе придонесат за здравјето на вашето срце:

  1. Бидете физички активни, минимум половина час три пати неделно за да го зајакнете срцето, да го контролирате крвниот притисок и да намалите тежина.
  2. Одкажете се од цигарите, бидејќи пушењето може да ги оштети крвните садови и да го зголеми ризикот од висок крвен притисок.
  3. Контролирајте го стресот, бидејќи учењето да се справувате со проблемите и притисокот го подобрува емоционалното и физичкото здравје.
  4. Намалете го внесот на алкохол и консумирањето на кафе, максимум 3 кафиња на ден.
  5. Консумирајте храна богата со калиум како мешунки, овошје и зеленчук и оние кои имаат полинезаситени масни киселини, особено со Омега 3.