Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

14.06.2013

Акад. Др Жан Митрев – говорник на Конференцијата за професионална ориентација на млади


Акад. Др Жан Митрев – говорник на Конференцијата за професионална ориентација на млади

На 13.04.2013 година во просториите на Меѓународното училиште НОВА во Скопје се одржа „Конференцијата за професионална ориентација на млади “ под мотото „ Зошто е толку важно да ја изберам вистинската професија за мене “. Меѓу неколкумината говорници , докажани професионалци во различни професионални сфери, кои ги пренесоа своите лични искуства во врска со изборот на својата професија и како може да се постане и остане успешен, своето искуство го пренесе и Акад. Др. Жан Митрев за својата професија како кардиохирург, што предизвика голем интерес кај слушателите.

Конференцијата беше организирана со цел преку пренесување на искуствата на успешни поединци на младите луѓе од 2-ра и 3- та година од средно образование да им се помогне правилно да ја изберат својата идна професија.