Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

28.03.2016

Болницата од поинаков агол – ученици од QSI International School наши гости

На иницијатива на QSI International School од Скопје околу 100  деца со своите наставници и родители беа во посета на нашата нова болница . Идејата беше да се доживее болницата на еден поинаков начин од оној вообичаениот кога доаѓаме во болница како пациенти. Децата на возраст од 7-14 години ги поздрави д-р Жан Митрев, а прошетката низ болницата ја направи медицинскиот директор д-р Тања Анѓушева. Ентериерот, апаратурата, модерниопт изглед на болницата, специфичното осветлување, несекојдневните бои овозможија децата да се чуствуваат пријатно. Најинтересни им беа апаратите за дијагностика, компјутерот, магнетната резонанца. Со посебно внимание ги разгледуваа операционите сали, одделот за интензивно лекување и апаратурата во болничките соби. Поставија мал милион прашања на кои добија одговори.

„ Да се работи со деца е големо задоволство, посебна чест , тоа се прекрасни деца и многу ми е драго што беа наши гости. По разгледувањето на болницата  преку цртежите и пораките кои ни ги оставија можеше да ја видиме нивната експресија, реакција по разгледувањето на болницата. Како тие ја доживеале целокупната медицинска технологија. Идејата за посетата беше на училиштето, начинот и пристапот, да се прикаже дека здравјето е нешто навистина драгоцено , нешто кое што треба да се чува,  негува, дека болницата не е место од кое  треба да се плашиме туку дека е место каде што треба со задоволство да доаѓаме за да можеме навреме да ги спречиме потенцијалните заболувања кои може да ги добиеме во текот на животот. Тоа децата го сфатија многу добро преку игра и презентација адаптирана на нивната возраст“ , изјави д-р Анѓушева

Прошетката на децата низ болницата заврши со прикажување на  докуметарниот филм снимен на летниот камп во Струга инициран од страна на д-р Жан Митрев, во кои престојуваат  деца, наши пациенти кои се со вродени срцеви маани.

„Преку тој филм сакавме да им ја посочиме социјалната  работа на нашата болница. Овој камп го организираме неколку години по ред,  веќе традиционално во соработка со Црвен Крст  на Р.Македонија. Со цел да им се помогне на децата кои се со вродени срцеви мани,  како да се запознаат себе си,  како да научат да живеат со својата состојба, после третманот кој го добиваат (дали интервентен или оперативен) и како да сватат дека во суштина се здрави единки во општеството. Тоа го остваруваме така што во тој камп се организирани стручни предавања од страна на педијатар каде што и на родителите јасно им се објаснува кои се реалните ситуации со таа вродена срцева мана, како се третира, што значи таа мана по третманот и како да се живее со неа. Низ игра и секојдневни контакти всушност им се помага многу, за да сфатат што значи здравјето  и како да се живее здрав живот“, додаде д-р Анѓушева.

Децињата поминаа навистина убаво време разгледувајќи ја болницата, иако при нивното доаѓање на прашањето кој од нив сака да биде лекар потврдно одговорија едно-две, по заминувањњто од болницата за иден лекар се пријавија многу. Нивните впечатоци Ви ги пренесуваме преку цртежите и пораките.