Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

04.07.2022

Дали сте чуле за тендoнитис?

Тендoнитис: симптоми, причини и третман

Тендoнитис познат и како тендинитис е воспаление или иритација на тетивите, тенките сврзници кои ги поврзуваат мускулите со коските. Обично се јавува по повторливи повреди на зглобовите онкретно зглобовите или глуждовите.

Иако тендонитисот може да биде предизвикан од ненадејни повреди, тој најчесто се појавува поради повторување на истото движење со текот на времето. Затоа, обично се јавува и во колената, потпетиците, лактите или рамената.

Кои се симптомите?

Симптомите на тендонитис обично се појавуваат на местото каде што тетивата се прицврстува на коската. Овие се најчестите:

  • Чувствителност
  • Оток
  • Болка, особено при движење на зафатениот зглоб
  • Ригидност

Кои се ризик фактори за појава на тендонитис?

  • Возраст – со возраста, тетивите ја губат флексибилноста, што ги прави повеќе склони кон повреди.
  • Професија: тендонитис обично се појавува во професии кои бараат повторување на движењата, голем физички напор или непродни пози.
  • Спортот – спортови како кошарка, тенис, пливање, атлетика или голф често се поврзуваат со тендонитис. Всушност, познати се различни видови на тендонитис во зависност од спортот што можеби ги предизвикал, како што се „тениски лакт“ или „пливачко рамо“. Во овие случаи, многу е важно да се следат правилните техники со цел избегнување на појава на тендонитис.
  • Болести како што се дијабетес или ревматоиден артритис.

Кој е третманот?

Тендонитисот треба да се третира што е можно поскоро за да се спречи поголема повреда на тетивата и да предизвика нејзино пукање.
Повеќето случаи на тендонитис може да се третираат со одмор, физикална терапија и антиинфламаторни лекови за намалување на болката и отокот. Меѓутоа, во потешки случаи, може да бидат потребни и други третмани како што се операција или стероидни инјекции.

Доколку симптомите се присутни неколку дена и влијаат на вашите секојдневни активности, се препорачува да одите на лекар, со цел да се направи прецизна дијагноза преку вашата медицинска историја, физички преглед и радиолошки снимања.

Службата за ортопедска хирургија и трауматологија во Клиничката болница Жан Митрев е составена од неколку медицински тимови кои имаат искуство во примената на најнапредните третмани. Пациентите добиваат персонализиран пристап за време на процесот на дијагноза, третман и рехабилитација.

Закажете го вашиот преглед на 02 3091 484.