Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

25.09.2020

Денес е одбележува 25 септември – Светскиот ден на фармацевтите

Фармацевтите се здравствени професионалци кои имаат значајната улога во обезбедување на ефикасна грижа за пациентите. Тие имаат знаења и вештини кои овозможуваат менаџмент на терапијата со лекови, давање на совети за здравјето и превенција од болести, како и примарна здравствена заштита.

Во целиот свет, денес, на 25-ти септември, се одбележува СВЕТСКИОТ ДЕН НА ФАРМАЦЕВТИ!  Овој ден е одбран од страна на Интернационалната фармацевтска федерација – ИФФ (International Pharmaceutical Federation – FIP) во 2009 година, а всушност го означува денот на формирање на самата федерација во далечната 1912 година.

ИФФ ги претставува трите милиони фармацевти и фармацевтски научници, со цел да го потсети општеството за значајната улога на фармацевтите и фармацевтските научници како интегрален дел од здравствените тимови.

На овој ден се организираат активности кои се залагаат за промовирање за улогата на фармацевтот во подобрување на здравјето ширум светот.

Интернационалната фармацевтска федерација секоја година одбира приоритетна област како тема за Светскиот ден на фармацевтите. Мотото за 2020 година кога се соочуваме со предизвиците на COVID-19 гласи : Трансформација на глобалното здравје.

Целта е да се покаже колку фармацевтите придонесуваат во светот од кои секој има бенефит, како пристап до безбедни,ефикасни,  квалитетни лекови и медицински технологии, така и од давањето на фармацевтска грижа.  Оттука, улогата на фармацевтот е многу ВАЖНА!

Ова ќе биде 10-от Светски ден на фармацевтите и истиот ќе се искористи од страна на членовите на Интернационалната Фармацевтска федерација од целиот свет за да се потенцира влијанието и вредноста на фармацијата како професија, како и улогата на фармацевтот во подобрување на здравјето.