Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

17.02.2012

Филип Втори со признание за општетствена одговорност

Филип Втори со признание за општетствена одговорност

ПЗУ Филип Втори добија признание за својата посветеност во намалувањето на разликите со лицата со посебни потреби. Ова признание им го додели министерот за правда на Република Македонија, Блерим Беџети на манифестацијата Различни, а еднaкви што се одржа во петокот (09.12.2011) во Скопје.Специјалната болница Филип Втори пак зад своето признание има голем број активности од хуманитарен карактер кои секојдневно се преземаат од оваа приватна здравствена установа. „Лекарската професија со себе носи многу предизици. Секој ден во Специјалната болница Филип Втори се соочуваме со предизвикот – да се спаси човечки живот. А нема ништо посвето од човечкиот живот. Многу малку треба за да го направиме убав. Затоа и ние во Филип Втори знаеме дека колку ќе даруваме толку се враќа. Нашите донации не престануваат, секојдневно. Важно е да дадеме позитивно светло на секој можен начин, да дадеме смисла на некои работи кои се за нас несфатливи, да дадеме поттик напред за развој, бидејќи само така може сите да бидеме задоволни, само така ќе можеме сите да бидеме исполнети. Нема ништо поубаво од подадена рака за помош кога таа треба да се поддаде. Нема ништо поубаво од насмевката за дадената помош “, изјави доктор Иван Милев од кардиохируршката болница. Различни, а еднакви е манифестација која се одржува веќе неколку години по ред и присутни се сите организации кои придонесуваат да се намалат разликите, да се даде повеќе можности на лицата со хендикеп. Оваа година како дел од овој настан беа Маја Иванова, сопругата на македонскиот претседател Ѓорге Иванов, градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристевски, министерот за правда Блерим Беџети, министерот за образование и наука, Панче Кралев. На 5-ти декември оваа година Македонија ја ратификуваше Конвенцијата за инвалидност.