Функционалната магнетна стимулација - Решение за проблемите со уринарна и фекална инконтиненција - Zan Mitrev Clinic

Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

30.07.2021

Функционалната магнетна стимулација – Решение за проблемите со уринарна и фекална инконтиненција

Постпарталното зајакнување на мускулите на карличното дно е главен предуслов за спречување на инконтиненцијата, бидејки за време на бременоста се зголемува тежина на матката и заедно со хормоналните промените даваат голем притисок врз сфинктерите – мускулите на карличното дно, со што се намалува нивната еластичност. Породувањето може дополнително да предизвика истегнување или оштетување на нервите или мускулите што на крајот доведува до некотролирано истекување на урината или испуштање на гасови и фекалии после породувањето.

Едноставен начин да се спречи оваа инконтиненција е навремено започнување со физиотерапија. Комбинираниот третман со кегел вежби и функционална магнетна стимулација (ФМС) им овозможува на мускулите на карличното дно побрзо да го вратат својот тонус, сила и издржливост по породувањето.

ФМС технологијата ги користи индуктивните својства на магнетното поле за длабока пенетрација во ткивата и на тој начин ги стимулира мускулите кои не можат да се таргетираат со помош на класичната електростимулација.
Третманот со ФМС ја зголемува силата и издржливоста на мускулите на карличното дно. Дополнително на овој третман пациентот се учи како правилно да изведува и вежби за зајакнување на оваа мускулатура.

Ова обезбедува ефикасно и долгорочно ослободување од неконтролираното истекување на урината и зајакнување на мускулите во долниот дел на карличното дно. Со помош на 4 ФМС апликатори успешно се третираат повеќе мускулни групи во истиот третман освен мускулите на карличното дно, се стимулураат и абдоминалната и грбната мускулатура.

Може да се користи за сите видови на уринарна и фекална инконтиненција, за побрза рехабилитација по операција или породување, па дури и при сексуални дисфункции или хронични болки во карлицата или долниот дел од ‘рбетот

Уринарната инконтиненција не може да се скрие и игнорира, затоа е потребно да се побара помош и навремено да се информирате за можностите за третман. Диагнозата се поставува од уролог или гинеколог со цел да се одлучи кој тип на третман е неопходен за решавање на проблемот.
Најчесто се препорачува третманот за почеток да биде конзервативен /нехируршки, со започнување на физиотерапија.

Третманот со FMS Care уредот е едноставен и не бара посебна подготовка на пациентот. За време на терапијата пациентот останува облечен и е удобно сместен во специјален FMS стол за инконтиненција. За време на стимулацијата, пациентот се фокусира на мускулните контракции со што се олеснува и тренингот на самата мускулатура. Третманот е неинвазивен, безболен и без несакани ефекти трае од 15 до 20 минути и се применува секој втор ден во периодот од 2 до 3 недели. Подобрувањето може да се почуствува уште по првите неколку третмани.