Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

02.01.2018

Хируршката корекција на деформитет на градниот кош – козметика или непоходна процедура за долгогодишен здрав живот?

 

Пектус инфундибилиформе- екскаватум (вдлабнат граден кош) е најчест вроден деформитет на градниот кош

При вдлабнатиот граден кош најчесто неколку ребра од градната коска растат абнормално, правејќи конкавитет(вдлабнување) на предниот ѕид од градниот кош и стернумот.

При деталното испитување и проценката за степенот на пектус деформитетот се прави нативна компјутерска снимка- која служи да го објективизира компресивниот ефект врз белите дробови, потоа спирометрија- со која пак се проценува функционалното нарушување на белодробието. Ехокардиографското испитување е значајно за да се процени компресивниот ефект врз десната комора и десната преткомора на вдлабнатиот преден дел на стернумот. Воедно со ехокардиографскиот преглед треба да се исклучи евентуално постоење на миксоматозни промени на самите залистоци на митралната валвула и евентуално нарушена функција на истата. Од ова е и евидентно дека хируршката корекција на овој деформитет не е само козметичка туку и превентивна процедура за трајни и тешки последици на белодробната и срцевата функција кај детето во развој.

Постојат неколку хируршки техники за корекција на градниот кош, меѓу кои и минимално инвазивната процедура на Dolnad Nuss, кој од 1987 година наоѓа се поголема примена во секојдневната пракса.

При оваа процедура со помош на метални шипки кои се нарекуваат бар-ови се влегува од едната до другата страна на градниот кош на висина на деформитетот и со свртување на шипката се поткрева градниот кош и се коригира.

Пектус бар-шипки

Шематски приказ на поставање на шипките и подигање на вдлабнатиот дел од градниот кош

 

После корекцијата на градниот кош бар шипките како остеосинтетски материјал се носат 2 години и потоа се вадат. Корекцијата е трајна. Во тек на првите 2-3 месеци следи поштеда од физичка активност и носење на товар, а потоа детето се враќа во сосема нормален живот.

Во Жан Митрев Клиник до сега се коригирани 20 вакви случаи на пациенти на возраст од 9 до 32 години. Пациентите се од земјава и пошироко од регионот (Хрватска, Косово и еден пациент од Велика Британија).

Најекстремен беше пациентот Х. Б на возраст од 25 години, кој веќе претходно имал 2 интервенции за корекција на градниот кош во друга установа.

КТ приказ – изразенкомпресивен ефект на вдлабнатиот граден кош на ткивото од белодробието и на десносрцевите шуплини

Предоперативно и постоперативно

Комплетна корекција на деформитетот

Берат Хакифи (25), пред да дојде во Жан Митрев Клиник, имал две неуспешни интервенции на градниот кош. Неговиот проблем со т.н. кокошкини гради (Pextus excavatum) му создавале проблеми по здравјето, а физичкиот изглед бил дополнителна причина за да бара решение за истиот…

“ Глад за воздух, проблеми при спиењето, како и физичкиот деформитет на градниот кош беа силни показатели за здравствениот проблем. Тргнав низ болничките лавиринти за да најдам решение за истиот, но тоа беше неуспешно, се до сега… Два пати претходно имав неуспешни операции во државните клиники, по што побарав друго решение. Од ФЗОМ ме насочија кон две приватни клиники, меѓу кои и Жан Митрев Клиник“, раскажуваше Берат. Одлуката да се прави интервенцијата овде „паднала“ по убавиот прием, професионален однос кој го добил при првиот преглед. „По деталните објаснувања и уверувања дека овде ќе биде успешна интервенцијата, се одлучив“.

На 07.12.2017 кај пациентот се направи хируршката корекција и се поставија 2 пектус бар шипки, со адекватен корективен ефект на белите дробови.

„Сега сум добро и среќен што се добро помина. Презадоволен сум од севкупната услуга и среќен што имав трета среќа“, дополни тој.