Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

23.05.2017

Хуманоста и срдечноста е круна на стручноста на нашиот д-р Митрев


Пациентите имаат посебно место во животот на еден доктор. А кога некој искрено и со љубов го прави тоа, се грижи за нивното здравје дури и по заминување од болницата, тогаш се работи за исклучителност, инзворедност… За тоа нѝ зборуваа и потврдија нашите пријатели на кој го посветивме овој текст, а бевме почестени од нивната посебност, смиреност, енергија…

Сончевото утро навестуваше убав ден… Тргнавме кон охридско, кон манастирскиот комплекс во с. Лешани, единствениот во Македонија и Балканот посветен на Сите Светии.. Заминавме да ја посетиме мајка Илинка, како што ја нарекуваше персоналот од болницата, а која неодамна имаше операција на жолчката. Како што наближувавме до манастирот, водени по тесно алфалтирано патче низ густа шума, така енергијата која ветуваше смиреност и спокојство добиваше во интензитет. Влеговме во дрвената порта, која потсетуваше на византиско време, а камбанаријата која беше централно поставена од портата, тоа само го потврди… Ова беше стар манастир…Од 15 век, тоа ни го потврдија домаќините…Мајка Илинка и отец Вартоломеј, единствените во овој манастир… 

 

“Добро ни дојдовте“, не пречека милозливиот глас… И додека се поздравуваме, дојде и отец Вартоломеј. Како што е редот заминавме на миропозамување во големата црква. Нѝ раскажа за историјата на црквата, за реставрацијата која се уште трае, но и за нивната посветеност кон одржување на овој комплекс кој изобилува со духовен мир и спокој. Големата црква воодушевува со богатиот фрескоживопис и чудотворната икона со Сите Светии. Ги забележавме и „Страшниот суд“ и „Второто Христово доаѓање“ во чија композиција се објаснети пеколот, рајот и соборот на сите светии – царството небесно. Посебно се задржа на изградбата на новата црква посветена на Покров на Пресвета Богородица и божјото чудо кое се појавило непосредно пред да почнат со градбата…  Се префрливме во манастирскиот конак каде ни понудија топол чај и локум за добредојде. Продолживме со разговорот, за состојбата на пациентката која неодамна беше оперирана од д-р Јован Мирчевски, абодоминален хирург, субспецијалист во ZAN MITREV CLINIC. Ни кажа дека се чувствува добро, дека има незначителни болки, но и дека ги следи упатстава на специјалистите. “Со д-р Жан Митрев се запознавме пред 2 години кога имав здравствени проблеми со срцето. Инсистирав да ми закажат преглед кај него, бидејќи само во него имав доверба. Откако ме прегледа ми кажа дека со срцето е се во ред… Но, ете требало пак да дојдам кај вас во болницата“, почна м.Илинка. Откако почувствувала болка во жолчката се јавиле во болницата и закажале преглед кај д-р Здравко Стојковски. Поради итноста на ситуацијата веднаш била направена операција од страна на д-р Јован Мирчевски.  “Прифатив без двоумење, за  се успешно и за кратко време да се заврши. Голема благодарност за целиот персонал кој плени со љубезност, но и од целокупната организација во болницата. Најголема благодарност за д-р Жан Митрев за неговата хуманост, тој е исклучителен професионален, но и прекрасен како човек, многу ведар и позитивен, “дополни Илинка.

“Пред да го запознаме д-р Жан Митрев, за него и неговите дела слушавме од наши пријатели, а тоа сега и лично го потврдивме. Воодушевени сме од неговата великодушност, добросрдечност, хуманост, човекољубивост и богољубивост. Ретки се такви умови, такви срца со толку високи и длабоки знаења и кои така искрено се посветуваат на човекот и на човештвото бидејќи во денешно време, повеќето гледаат низ призмата на користољубието“, започна отецот Вартоломеј.. Восхитен е и од болницата која пред да влезе ја замислувал како едно големо срце коешто зрачи со љубов. Тоа го почувствувал, како што ни потврди, не само од надворешноста, туку и во внатрешноста на објектот. “Од секој агол како да извира позитивна енергија и љубов, се чувствува енергијата која ја пренесува д-р Митрев насекаде, и во објектот и кај персоналот. Кај нив изобилува љубезноста, културата, како меѓусебно, така и со пациентите, воодушевени сме “, дополни отец Вартоломеј. На крај, сакаше да потенцираме дека д-р Митрев е голем божји дар не само за Р.Македонија, туку и за Европа. “Добрите дела и хуманоста на д-р Митрев ги претстави како круна на неговата работа.

Поминавме исклучителен ден во овој духовен храм, а не поканија да бидеме нивни гости на манастирската слава на празникот на Сите Светии, кој годинава е на 11 јуни. А, овде секој кој го почувствувал тој духовен мир и благодатта Божја, повторно би посакал да се врати.