Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

04.06.2012

Инфраренална абдоминална аорта


Инфраренална абдоминална аорта

Пациентот Ј.К. на 66-годишна возраст итно е хоспитализиран поради силни болки во пределот на стомакот кои почнале неколку часа пред прием. Направен e ехо преглед со наод на голема инфраренална абдоминална аорта. Веднаш потоа направена е МСКТ аортографија со наод за аневризматски проширена аорта со дијаметар 80мм (нормално е 20-30мм), во инфраренален дели со руптурирање и ретроперитонеално крвавење понагласено од десната страна.

Предоперативен 64 МСКТ наод на руптурирана аневризма на абдоминална аорта

Поради нестабилност пациентот веднаш е внесен во операциона сала и направена е замена на проширената аорта со васкуларна протеза во вид на Y и анастомозирана со илијакални артерии. Поради постоперативни компликации кај пациентот се направени и уште 4 додатни абдоминални операции: – Клиничка слика на акутен абдомен втор постоперативен ден, со наод на некротични промени на поедини поголеми делови на тенкото и дебелото црево каде е направено отстранување на овие делови и поставување на анус претернатуралис- Вклештена левострана кила со наод на перфориран јејунум и ресекција на истото- Повторна хернија левострано со абсцедирање на лев тестис со направена орхиектомија- Појава на перитонит со наод на перфорирано тенко црево каде е направено поставување на Пецеров катетер.Во текот на овој период пациентот во неколку наврати е завлезен во критична здравствена состојба со настанување на хепаторенален синдром и тешка сепса.И покрај вкупно 5-те операции и отстранување на значителен дел од тенкото и дебелото црево, како и критичната здравствена состојба во неколку наврати, пациентот сепак е поставен на сопствени нозе и започната е обезбедена самостојна подвижност и исхранување. За неговото заздравување вложени се големи напори од страна на лекарите, медицинските сестри, болничари, хигиеничари кои се грижеа околу негата на пациентот, како и од физиотерапевти кои се грижеа за воспоставување и одржување на неговата физичката спремност и секако од страна на психолози кои континуирано ја одржуваа и подобруваа неговата психичка кондиција, истрајност и желба за воспоставување на нормален живот.После 95 дена претстој во болница пациентот се испушта движејќи се на сопствени нозе и со можност за сопствена исхрана и нега со минимална помош од останатите околу него.