Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

31.08.2015

Историски успех за Специјалната Олимпијада Македонија


Поддршка од д-р Митрев и болницата „Филип Втори“ за атлетите на Специјалната Олимпијада Македонија

Најголемиот глобален хумнитарен настан Летните Олимписки Игри на Специјалната Олимпијада во Лос Анџелес обединија 177 земји, 7000 атлети и 3000 тренери. Меѓу нив и атлетите од Специјална Олимпијада Македонија кои беа со најголема олимписка делегација и со најмногу освоени медали во историјата досега. Нашите 18 атлети се натпреваруваа во 4 спортски дисциплини: пливање, пинг- понг, атлетика и јунифајд кошарка .„Ова е најуспешен настап на нашата делегација на некои ОИ. Во сите олимписки дисциплини во кои се натпреварувавме, освоивме медали. Овие ОИ само потврдија дека нашите атлети со интензивни тренинзи во рамки на програмата на Специјална Олимпијада Македонија може да освојува медали во големи рингови. Им благодариме на сите поддржувачи кои веруваа во нас и нашиот тим “ – вели Ана Петровска водач на делегацијата на Олимписките игри на Специјална Олимпијада и претседател на Специјална Олимпијада Македонија..
Во продолжение е листата на носители на медали на Олимписки Игри на Специјална Олимпијада Лос Анџелес 2015

АтлетикаЈулијана Петровска – злато на 100 метри Ајвази Себат – сребро атлетика 200 метриАјвази Себат – сребро атлетика 400 метриАлбан Бајрамовски – сребро на 400 метри

ПливањеМарио Мицковски – злато 25 метри слободен стил Стефан Трпковски – бронза 25 метри слободен стилЈована Павловиќ – бронза 50 метри пливање слободен стил
Пинг ПонгФатиме Бељур – бронза Давид Стојановски – бронза
КошаркаУнифајд тим – сребро освоено во мечот Македонија – Брегот на Слоновата коска
Реализацијата на овој значаен светски настан кој се одржуваше од 25.07 до 02.08 во Лос Анџелес беше овозможена и со поддршка на 300.000 волонтери кои несебично се вложуваа во беспрекорната подготовка на настанот. Специјална Олимпијада Македонија обезбедува спортски активности на 150 атлети во државава со што овозможува преку различни спортови да ја развијат својата физичка кондиција, да покажат храброст, да искусат радост и преку своите редовни активности да го шири духот на почитување на различностите и волонтаризмот. Преку својата програма промовира иницијативи во здравствената и јавната сфера како и социјална инклузија на лицата со посебни потреби.Специјлната болница по хируршки болести „Филип Втори“ финансиски ги поддржа нашите атлети со цел полесно оставрување на нивната мисија.