Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

17.06.2013

Кабинет за ендоскопија и инвазивна гастроентерологија

Кабинет за ендоскопија и инвазивна гастроентерологија

Покрај тековните дијагностички и интервентни ендоскопски процедури кабинетот за ендоскопија и инвазивна гастроентерологија од ова година се воведува неколку нови дијагностицки и интервневтни процедури.Од месец април 2013 година започнува скрининг програмата за рана детекција на колоректален карцином ; изведуванјена бесплатен ФОБ тест во нашата болница , после кој доколку има потреба постои можност за изведување на безболна тотална колоноскопија со евентуална биопсија или полипектомија доколку се констатираат полипи или тумор. Во истиот период како новина започнува со работа и Центарот за лекување на хемороидна болест кој ги вклучува сите проктолошки и аноскопски прегледи за детекција на хемороидната болест.Во таа цел се воведени аноскопските прегледи кој нудат најточна проценка на хемороидниот плексус како прв-иницијален преглед. Секако покрај ова се нуди опција за инвазивно лекување на хемороидната болест со РБЛ третман (гумени лигатури ) но и оперативно лекување доколку е индицирано .Како интрервенција која се работи во нашата болница претставува неоперативно инвазивното лекување на аналната фисура во општа анестезија (Дилатација на анален канал) кој дава одлични резултати во третманот на ова болест.